v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

 

  16.12.2018 Македонија 

Сибирскиот поход на Александар Македонски 

         

      Василеон ( господар на господарите )  Александар  Македонски  во 4 век п.н.е.  имал воен судар со древните Руси, a таму на север не успеал да поокори  само два народи Гог и Магог.  Според Источната верзија (Клитарх, Јувеналиј, Фердовси, Низами, Навои, Куран, Владимир Мономах, Шол Алехем), првично врз основа на усните преданија на ветераните, кампањата на Александар “после Дариј” ги преминува Kипчаските степи, каде ја води  битка со древните Руси, посетувајќи ја Кина, оди до Кинеското море (кое тогаш било наречено Карско море), каде ја изградил во земјата на Мракот – Железната Врата, против Гог и Магог, во горна Индија, потоа оди во долна Индија, а потоа се враќа во Вавилон. 

Дарије 3-ти (Дарио, Даријан) од династијата на аријските владетели – Ахменидите во Персија, бил убиен од стана на своите сатрапи во близина на јужното крајбрежје на Каспиското море. Од светата литературата на Аријците (древните Парси, Паруси) поточното од светите списи на Авеста (Зороастеризмот или Магизмот) од времето на Сасанидите, Сасанидска Персија самата многу изгубила, и ако се верува на персиското предание, многу оригинални книги изчезнале. Се предпоставува дека изворната Авеста, онаква каква ја разоткрил Ормазд Зороастер, а Зороастер на Вистасп, владетелот на Бактрија, се состоела од дваесет и една книга или ''Nosk'', чии поголем дел ги запалил ''Искендер Румски'' како што го нарекуваат источните поети, Александар Македонски. После неговата смрт, свештениците на зороастерската религија се собрале и ги склопувале разните фрагменти кои биле сочувани од воените разарувања и слично, кои ги знаеле напамет, тие сочиниле постоечки зборник, кој само мал дел од изворните книги, од вкупно дваесет и еден ''Nosks'' само една е сочувана во целина – Вендидад.

    Западната верзија вели дека “после-Дариј” Александар за три години ги смирил непокорните Скити и Согдијанците во подрачјето помеѓу Сирдари и Амудари, а потоа се преселил во Хинду Куш и ја нападнал Индија, пловејќи по Инд до Индискиот Океан, и од тука копнената армија ја довел во Вавилон. 

    Руските историчари сакаат да потврдат дека Aлександар нι бил во денешна Индија, туку на Север, но, најверојатно Aлександар Македонски бил и на Север и на Jуг, и во Горна и долна Индија. Даваат објаснувања за сι, освен за маршот во пустинате Гедрозија.

    Западната верзија се смета, нι, за не научна туку, за не комплетна. Таа е градена врз основата на делата на античките автори на Диодор Сицилиски, Флавиус Аријан, Јустин, Плутарх, Страбон и Квинт Куртиј Руф. Овие автори ги пишувале своите дела од 300-500 години по завршувањето на походот врз основа на мемоарите на познатите придружници на Александар: Птоломеј, Неарх, Аристобул, Онесикрит и Харет, користејќи се со “ефемериди” – царскиот дневник на походот. Нажалост, ниту еден од мемоарите на соработниците не е сочуван.

Василеон (господар на господарите) Александар Македонски, гонеjќи ги убијците на Дариј, сега негови ''новѝ'' противници, сι ''занел'' во освојувањата и стигнал до крајниот cевер, Сибир ( Горна Индија ) и Исток ( северна Кина, Кинеско 
море).

Подигнатото сомнение за историската верзија, е темелно врз база на моето внимателно проучување на античките извори и бев погоден од обилноста и тежината на откриените противречности. Утврдено е дека во историската верзија во која е “сошиена со бел конец” низата на настаните кои безнадежно збунуваат како и географијата на походот каде и “самиот ѓавол ќе ја скрши ногата.” На пример Клит, во сопственото “потопување” од Александар во Самарканд на прославата, и неговото подоцнежно учество во три битки на Инд и Хидаспе. И ова е секако, многу несоменено за Црниот Клит, командантот на владетелскиот грнизон - Чета Херои, но пред битката на Гавгамела, бил заменет од Хефестион, кој секогаш се борел покрај владетелот и го спасил неговиот живот во првата битка со Персијците кај Граника. Современите историчари, забележувајќи ја контрадикцијата, не брзаат да коментираат за тоа, бидејќи целата структура на Индискиот поход започнува да се руши. Во овој случај. тоа покажува дека по борбите на Инд, и после пловењето по реката Инд до океанот, Александар се враќа во Самарканд и логично е да се претпостави дека устието на “Инд” се наоѓало каде што е Смарканд.

Клит Црниот (375 п.н.е. – 328 п.н.е.) — македонски офицер во војската на Александар Македонски. Му го спасил животот на Александар Македонски во Битката кај Граник, а бил убиен од истиот при една нивна меѓусебна препирка. Бил син на Дропида и брат на дадилката на Александар Македонски, Ланика. Зема учество во Александровиот поход на Азија. За време на битката кај Граник, Клит му го спасува животот на Александар во моментот кога персиските благородници Ресак и Спитридат се обидуваат да го убијат. Потоа, Клит станува еден од Александровите најблиски соработници и пријатели.

Во 328 п.н.е., за време на една гозба, Клит влегува во вербален судир со Александар. Според Плутарх, повод за препирката биле песните кои на гозбата се пееле, а со кои се исмевале македонските генерали кои неодамна биле поразени од варварите. Некои од нив негодувале, а особено гласен бил Клит, кој инсистирал дека, кога се помеѓу варвари и непријатели, не е добро да се навредуваат Македонците. Кога Александар му забележал дека кукавичлакот го нарекол немање среќа, Клит го потсетил дека поради неговиот „кукавичлак“, тој му го спасил животот кај Граник и додал дека „поради крвта на Македонците и поради нивните рани, ти стана толку голем што го омаловажуваш Филип и се нарекуваш син на Амон.“ Клит не застанал на овие зборови и откако Александар го запрашал дали мисли неказнето така да зборува, Клит го повикал Александар да го остави слободно да зборува или на гозбите да не повикува луѓе кои се слободни и кои отворено зборуваат, туку да живее со варвари и робови, кои ќе му се клањаат согласно персиските обичаи.

Останатите присутни во меѓувреме се обидувале да ги смират Клит и Александар и успеале да го изнесат Клит надвор од просторијата. Сепак, тој набрзо се вратил и продолжил со инсинуации, по што Александар грабнал едно копје и го усмртил Клит.

Флавиј Аријан, кој толку добро ја збунува историјата со Клит и кој повеќе од било кој други автори го уважуваат историчарите, со голема рамнодушност која се однесува кон раскрсницата на настаните во времето и пренесувајќи ги нив на сосема друга локација. “Tука, ми се чини не треба да се премолчи за една постапка на Александар, во секој случај, без разлика дали е тоа починето порано во земјата на прапамисидите, како што некои кажуваат”. Во таа епизода станува збор за понудата на Александар од водата, за која Александар ја одбил. Уште една голема заплетканост од античите автори за индиските настани е тоа кога за прв пат дошол во пролета 327 п.н.е. во “Индија”, каде Александар, пред се, посетил два града каде во нив ги оставил гарнизоните. Овие градови ги изградиле претходно, кога тој сеуште не бил во “Индија”. Како можело ова да се случи? Ова доведува до шпекулации дека тој веќе ја посетил “Индија”, но тогаш што станува со описот на неговиот три-годишен договор со Согдијанците? Каде тој бил? Која е вистинската секвенца на епизодите во “индискиот” дел од Источната кампања? И која е причината што предизвикува конфузија на настаните? Ништо помалку не е идентификацијата на географската заплетканост на индијската “маршута”. Меѓутоа, таа одамна им е јасна на истражувачите. Еве што напишал во оваа прилика Џон О. Томсон во своето големо дело “Историјата на античката географија” : “Достапноста во описот на топографските ознаки не била јасна”, не можат да помогнат и додава: 

“Достапноста во описот на топографските ознаки не била јасна”, не можат да помогнат и додава: Деталните податоци за Александровото напредување на овие места се безнадежно контрадикторни”. 

Како тоа можело да се случи, се прашувал Томсон. Впрочем, Александар бил придружуван од страна на колоритот на тогашната античка наука: геометрите, каде со чекорите, и каде со димензионалната мерна-врвка, го мереле растојанието помеѓу точките за да се утврди должината на областа. А за представата на нејзината широчина, древните научници се повикувале на климата, што ја добивале со споредбата на висината на дрвата со должината на нивната сенка на пладне.

Набљудувањата на древните научници имале јасна географија за Истокот, и наместо совпаѓање испаднале да бидат збунети во целост. Земете го примерот со рекети во Индија. Кај Аријан може да прочитате дека Акесин се влевал во Инд, дека Акесин е најголемата притока на Хидасп, каде Хидасп се влева во Акесин, каде Хидасп се влева во Инд, и конечно, што Хидасп со двете усти се влевал во Големото Море. Кај Куртиј Руф, Акесин се спојува со Хидасп и се влева во реката Инд. Но истотака “Ганг го пресекува патот на Акесин кон морето и во моментот на сливот на устието создава непријатни вртлози”. Јустин пишува, дека Александар по Акесин допливал до Океанот, препливал долж крајбрежјето и влегол во устието на Инд. Јасно е дека со таквата “географија” не се оди далеку.

Не случајно, судејќи по се, според преводот на Страбон од староjoнcки, Александар преминал некои планини од југ кон север, оставајќи ја Индија од десна страна, а по друг превод тој ги поминал истите планини но обратно од север кон југ, притоа кај него сеедно Индија ја остава од десно. Станува збор дека Александар се приближил кон Инд од исток. Аријан пишува:

 “Oбласта на реката Инд од запад надолу кон реката Кофен се населени племиња…- и повторува – кои живеат по страната на Инд западно, надолу кон реката Кофен“.


Заклучокот врз основа на “историјата и географијата”, е дека довербата на историчарите за која тврдат со сигурност дека ја проследиле трасата на Александар не е никако возможна. Освен тоа, можеме со сигурност да кажеме дека тој не бил на устието на Инд, а веројатно ниту во Хиндустан.

Остриот поврат кон Север

Персискиот цар Дариј 3-ти Комодан е убиен од страна на своите ближни, заверниците Бес (сатрапот од Бактрија), Барзаент (сатрапот од Архозија и Дрангијана) и началникот на персијската коњаница Набарзан. Подмолното убиство се случило во летото 330 п.н.е. источно од Касписката врата. Касписката или Персијската врата го нарекле тесниот планински премин, кој се наоѓал на планината Алборз (Елбрус) во близина на јужното крајбражје на Каспиското море. Клучот за идниот пат на Александар е преломот “после Дариј”. Историчарите го вклучуваат на југ, скоро до обалата на Индијскиот океан, а потоа нагло се обрнуваат северно и пристигаат до централна Азија, во главниот град на Бактрија, Самарканд. Всушност Диодор, Аријан, Куртиј Руф и Плутарх укажуваат јасно дека “после Дариј” Александар ја свртел својата војска кон север. “Александар во неговата незаситна жед за власт ништо не можело да го запре и тој се упатил кон североисток во потрага по Бес узурпаторот и убиецот на легитимниот владетел на Персијците. Пред Македонците се простирале бескрајните простори на Источните сатрапии – Гирканија, Арија, Партија, Дрангијана, Архозија, Бактрија, Согдијана” – пишува академик Б.Г. Гафуров. Најдобро е дефинирано од исказот на Аријан, велејќи дека Александар “… отишол во Гирканија. Таа земја лежи од левата страна на патот, што води до Бактрија”.

Картата ја составил  Новгородов Николај Сергеевич

Неговиот пат лежел долж источната обала на Гирканското (Каспиското) море. Водата била многу малку солена од останатите мориња а нивото според Л.Н. Гумилев 8 метри пониско од денеска.

Македонците се упатиле кон едниот залив на Гирканското море кој имал изглед на роговите на младата месечина (Кара-Богаз-Гол), ја запомнале положбата на племињата кои лежеле помеѓу нивниот пат:

 “Од лево се наоѓала земјата на Керкетите, Мосините, Халивите и од другата стана – Левоксирите и Амазонките; првите живеат кон запад, а последните кон север” 

Многу плиткиот северен брег на Гирканското море каде што е забележано набљудувањето на Александровата служба било подложно на поплави предизвикани од појавата на морето.

Северниот брег на Каспиското Море навистина е изложен на поплавите предизвикани од брановите на јужниот ветер. Опишана е една таква голема поплава од Л.Н. Гумилеев. И така древните авотри јасно индицират дека Александар го поминал источниот брег на Каспиското Море од југо-источниот агол од устието на современата река Урал. Во исто време, Александар морал да ја премине реката Оксус (Аму Дари), што во тие денови преку долината Узбој се влевала во Каспиското Море. Така верувал Страбон врз основа на податоците на Аристовул, Аријан и Патрокле.

"Една друга легенда го поврзува Александар Македонски со името на градот Сабаил. Искендер (Александар Македонски)
сакал да заземе некој град на брегот на 
Каспиското Езеро, но жителите на тој град
не се предавале. Така, Искендер зел 
совет од својот учител Аристотел. Градот 
бил лоциран под морското ниво, а една 
голема карпа ја спречувала водата да го 
поплави градот. Аристотел измисли посебна
течност, која можела каменот да го 
преобрати во лимон. Со оваа течност 
Искендер го тргнал каменот и водата 
навлегла во градот, по што бил потопен. 
Жителите побегнале во градот Гилан за да
си ги спасат животите. Името на 
поплавениот град било Сабаил"
 



Bо античките извори опишан е патот на Александар “после-Дариј” на источниот брег на Каспиското Море на север. Патеката завршува на реката Урал, во минатото била Јаик, а уште претходно Јаксарт. Јонците го нарекувале, Танаис, а старите нордијци, Танасквиљ. Авторот на нордијски Еди (Веди) Снори Струлсон напишал дека Танасквиљ истекува од Рипејските планини (древното име за Урал) , и служи како граница помеѓу Европа и Азија каде се влева во морето, и се поврзува со теснецот на Арктичкиот Океан. Древните ова море го нарекувале Гирканско. Во “Сагата за Инглизите” брегот на Танасквиљ бил населен со Аријските (нордијските) Аси во горниот а во долниот тек со Словените Русите. 

Ако му веруваме на Струлсон, устието на реката било руско, па одтука и името на луѓето што живеат во источната област – Уструшани (веројатно оргинално е Уструсјани). Токму овие луѓе подоцна дигнале анти-Александрово востание, бидејќи Александар неконтролирано беснеел, каде срамнил 7 градови, убивајќи повеќе од 120 илјади луѓе. “Таквото сурово уништување никогаш не било во долината Зарафшан, пред или после Александар” (Б.Г. Гафуров), каде по мислењето на историчарите две години ce движел  Александар, по сузбивањето на бунтот на Уструшаните.

Имено на оваа река Танаис бил градот Кирипол (Кирескхати), уништен од страна на Александар, и следствено на тоа е очигледното име “Кирова река”, каде согласно со укажувањата на писателот Јосиф бен Горион 9-10 век живееле Руси.

Првобитна Индија – Сибир

Ако се досега одеше, некако бавно и досадно, можеби и неразбирливо за многумина, сега започнува текстот да станува интензивно интересен.

Овие антички историчари (македонски и јонски - латински) или не ја познавале доволно географијата или пак некој намерно им диктирал, или отпосле се моделирани и пишувани наново. Промислениот читател би се запрашал и би рекол, преку движењето кон Сибир, можете ли да стигнете во Индија? Одговорот недвосмислено гласи – ДА. Еве и зошто. Фактот е дека древните говореле за постоењето на Три Индии. Примордијалната Индија, Птоломеј на картата ја сместил на брегот на Северниот Леден океан во непостредната близина на реката Индигирика и ја нарекол ''India Superior'' (Супериорна, Прапочетна, Примордијална или Основна).

 

Индија (ВЕНДИЈА) како топоним е пренесен од Словено-Аријците преку Сибир до денешна Индија (која во минатото пред аријскиот поход се нарекувала Дравидија како и самото население Дравиди) , и тек отспосле оваа земја била наречена Индија. До ден денеска во Индија постои област Виндја исто како и Хрватска Виндија или пак Српската Инџија, каде потаму и женското име Индира сеуште е присутно помеѓу нашите комшии во голема мера. Топонимите кои започнуваат со префиксот Инд, се значително присутни денеска во Русија и Скандинавија.

Да ја сумираме сега Сибиро-Индиската топонимија. Индија – земјата во Јужна Азија, на полуостровот Хиндустан. Земјата го добила името по реката Инд (Синд, Хинд). Хидронимот Инд бил пренесен во Јужна Азија во средината на II милениум пред нашата ера, од Индо-Аријците кои како мигранти дошле од Урало-Сибирскиот регион. Тоа е општо познато. Тоа е добро познато и на древните карти, каде што Индија е прилично далеку од денешниот индијски полуостров – Хиндустан. Според античките автори во древните времиња имало три главни области со името “Индија”. На мапата се читаат имињата: ''India Superior, India Meridion, India Gangptic'' па дури и Индија на полуостровот Индкокина. Мене ме интересира ''India Superior'' – Горна Индија, која се наоѓала северо-источно од Хиндустан, во Сибир. Мене ме интересира во која Индија и од кој народ Александар Македонски претрпел незаборавен пораз, за што светската историја преќутува. 

Седморечје – Хапта Хинду, Еве еден пример на индиските имиња на реки во Архангелската и Вологодската област (Ганга, Гавинга, Гангозеро, Гавјана, Индога, Индига, Калија, Лала, Лакшма, Сумера, Тара итн…) имињата на картите се земени од предреволуционерните публикации, пред болшо-јудејската револуција во Русија). Најважните имиња на местото се оставени од Индо-Аријците во Сибир – тоа се имињата на реките (хидронимите). Да споменам неколку: река Чангара, Голема, Средна и Мала р.Сала (г)ир, Салаиријски гребен, р. Шегарка, р. Чигара, Оби (Оба), Том, Вах, Пур, Порос, Индигирика…Имено оваа првобитна Индија како прароднина на индо-аријците е опишана во Ведите. До ден денеска во денешна Индија постои Индо-Аријско племе – Чангријци. Да се вратам кога Индија била една ведска супер-држава (обединета Индија – Баратасвара) каде во изворните хроники на Рг Веда и Авеста се посочува на Седморечје (Беловодје) или на санкрит Хапта-Хинду – Седум Реки, исто како и во Перуновата Веда и Велесова книга – Седморечје, кој бил домот на Словено-Аријските народи кои стигнале до Иран и Индија. Но, ако се фокусираме на историските и митолошките материјали, треба да се разгледа Хапта-Хинду со Индија Супериор (Горна Индија, Изворна Индија). Како подтврдување е локализацијата на Таимир (Темната Земја, Поларната земја) каде има множество мали рекички со Индо-Ирански формат «тари». Ератостен го ставил познатиот ’рт Тамарос во североисточниот агол на Индија. Академикот М.П. Алексеев го поврзал тој ’рт со Таимир, верувајќи дека тоа е Индија која се располагала на исток од Скитија и се наоѓала на брегот на Мрачното Море. Истотака на санскрит तम – тама означува темнина.

Древноскандинавската хронографија сместува во Сибир три Индланди: еден покрај – Блаланд, друг крај – Серкланд, трет на Крајот на Земјата, бидејќи покрај едната страна лежи – темната област, а на другата – морето. Овој Индланд одговара на дефиницијата на Птоломеј за Горна Индија однонсо ''India Superior''. Oчигледно, тука постоела исконската Индија на крајниот север на Сибир каде го објаснува присуството на гиндиските (индијските) самојади, на историско-етнографската мапа на Сибир на тобољскиот митропилит Корнелиус. Имено, така кај него се наречени хантајските самоједи, што ја населувале територијата помеѓу Об и Таз во близина на океанскиот брег.

Значи не е случајно што древните Македонци својот пат до Индија го оделе преку Каспиското море и реката Јаксарт (Јаик, Урал), тие точно знаеле кај одат и зошто. Подоцна во еден од своите ракописи Леонардо да Винчи сметал дека патот до Индија е преку Каспиското море и Дон. Римскиот хуманист Јулие Помпониус Лет, ја посетил Скитија во устието на Дон, ја зближил Индија со Скитија и го идентификувал Сибир со Горна Индија. Страбон истотака верувал дека може да се навлезе преку реките, кои се влеваат во Каспиското море на северо-исток. Но, заборавајаќи на Првобитната Индија, тој ја признал само онаа Индија на индијскиот потконтинент – Хиндустан. Потаму, искривената географија, која завива на југо-исток во горните слоеви на реките, поврзувајќи ги со Аму-Дари и Сир-Дари.

Пребивањето на Александар во Сибирска Индија ги објаснува сите географските и климатските апсурдности на неговата кампања, за која се тврди дека била во денешната Индија, однонсо потконтинентот – Хиндустан. И она што “неговата Индија” нема триаголна форма. како и фактот дека планините на “неговата Индија” се наоѓале во југ и реките течеле кон север, како и фактот дека бил на “Инд“, и неговата војска страдала од љути мразови и длабок снег, и конечно дека во устието на “Инд” Александар бил во земајта на темнината, односно во Поларниот круг. Како што знаеме во Арктичкиот круг денот и ноќта, траат многу долго, по неколку месеци може да биде ноќ, па затоа овој Арктички појас, симболично е наречен Крај-Земја како во Веда Словена поради самата географија или како земјата на Мракот, студот, мразот и сл. И на крај, како најглавна работа, посетата на Александар на сибирската географска ширина, ги објаснува највредните забелешки за долгите сенки на дрвата.

Од 47-ми до 64-ти степен и повеќе

Војската на Александар за време на Источната кампања била подржувана од тогашните научници, истовремено изучувајќи се она интересно со што тие се сретнале на патот. Најмногу внимание било посветено на географијата. Растојанието помеѓу точките ја мереле со димензионална врвца или чекори. Така Диодор, опишувајќи ја пејзажно ситуацијата на пределот после битката со индијскиот крал Пор, соопштува, дека дрвото со висина од 70 лакти, фрлило сенка на три плефра. Со должина од 45 лакти и величина плефра 29,6м ние добиваме тангенс на агол од 0,354 кој одговара на аголот на сонцето над хоризонтот на пладне со 19,5 степени.

Ова кореспондира со ширина на локација од 90 – (23 + 19,5) = 47,5 степени, ако мерењето се врши во текот на зимската краткоденица. Доколку мерењето се зема на пладне во другите денови (на иста географска ширина), сенката ќе мора да биде пократка, особено ако мерењето е спроведено на југ.

Ова значи дека Александар со војската бил или на географската ширина на северниот брег на Каспиското море, на северниот брег на Аралското, Балхаш, јужниот брег на езерото Зајсен, или посеверено. Можеби ќе се изненадите, но од северниот брег на Каспиското Море, од Арал, Балхаша и Зајсен на север започнува јужниот Сибир. Потаму е повеќе интересно. Страбон продолжил со Онескритовото набљудување во врска со должината на високото дрво во устието на Гиаротиди, која била притока на наводната река Инд. Таа била пет стадии. Македон стадија е рамна на 185м – 190м, египетската 158м, на тој начин должината на сенската на пладне се движела од 790м до 950м. На какви високи дрва во Индија се воодушевил Страбон. Но факт е дека ширината на устието на Гиаротиди, како што е поставена од страната на историчарите (32 степени), што е најниска позицијата на Сонцето над хоризонтот не може да биде помалце од 35 степени. Ова значи дека дрвото фрлило сенска од 900 метри а со тоа мора да има висина не повеќе од 500 м.

Убеден сум дека  Македониците јасна представа имале, што значи зголемувањето на односот на долгите сенки со висината на дрвото, како што Александар знаел од својот учител Аристотел, дека Земјата е округла. Така Аристотел тврдел, дека Земјената топка, не е толку голема, дури и најмалото преместување на север ѕвезденото небо ќе се измени. За наклонот на Земјената оска што ја предизвикувала промената на годишните времиња, древните знаеле уште од памтивек. Правоаголниот триаголник уште два века пред Аристотел успешно го решавал Питагора, истотака верувајќи дека Земјата е топка. Иако Питагора знаел за “Земјата што ротира” околу Сонцето, а Аристотел ја поместил во центарот, и го промовираше Сонцето околу Земјата, за да се реши “триаголникот во сенка” не било важно. Навистина, прв паралелно започал да го спроведува Ератостен во третиот век пред новата ера, но овој пробив бил помалку од еден век. Така што древните Македонци и Хелени биле уверени за пресметувањето на нивното мерење на сенките кое било многу важно да се одреди ширината, која тие ја имаат постигнато. Чудно е што научната заедница 2300 години не обратила внимание на овие вредни ознаки.

  • Прво Индија ''горна'' - Сибир, потоа ''долна'' Индија 

Сибирската маршута на Александар е обновена со поголеми тешкотии и само во фрагменти. Причина за тоа е горе наведената испреплетеност на низата настани и движења. Можеме уверено да кажеме дека тој бил на реките Урал, Катуна, Томи во близина на Туталските карпи, бил во устието на Об (Инд) во градот Тавала (од него е зачувано пристаништето Товопогол), бил на устието на Енисеј (Ганг). Природата на неговите движења помеѓу овие точки е двосмислена. Доволно е да се каже дека ние не знаеме по кои реки Александар пловел по океанот, по Об (Инд), или по Енисеј и Ангара, претходно се сметало, дека Енисеј – (Акесин?) се влевал во Ангара-(Ганг). Можеби тоа било на реката Мессојахе, каде бил градот Массага, главниот град на сибирска Московија и во регионот на современиот Норилск, каде бил градот Нори. Присуството на “тунелските” топоними и легенди поврзани со тунелите ја потврдуваат валидноста на оваа претпоставка.

Во јужната хемисфера на ширина од 47 степени до Јужниот поларен круг каде плискаат брановите на три океани, дрвја не раснат и висината на сонцето во сенка да се измери било невозможно. Затоа, во овие географски широчини, Александар се движел имено во Северната хемисфера и ние сме многу блиску до идеата дека тоа било Сибир.

      Пловењето по реката до океанот, Александар се наоѓал во устието на огромниот морски слив. На устието на делтата на Инд е всушност слично со на Волга. Вливот и делтата се толку различни со природниот пејзаж и формациите каде врз основа на географските податоци, се вклопуваат со сомнението дека Александар бил на устието на реката Инд. Каде бил тој? Огромните утоки на јужниот брег на Азија ги нема, но ги има на северниот брег – заливот на Об и Енисеј. На устието на реката, Александар бил принуден да  ја помене зимата. Било толку ладно што неговата војска едвај ја дочекала пролета, кога “зимата се сожалила над него”. Bo текот на “оваа песна” за огрев бил искористен поголемиот дел од флотата. Устата на Инд лежи на северниот тропик и потребата да се спалат бродовите немало потреба. Згора на тоа, флотата на Александар му била потребна за поморските војни, и тoj ги испратил во Вавилон и им дал налог да се сечат шуми и бакар за изградба на бродови.

“Индија”, по која се движела маршутата на Александар, немала триголен облик како на Хиндустанскиот потконтинет, туку четриаголна. Нејзините димензии се зачудувачки: 16 илјади стадии (околу 2560км) од запад кон исток и 22300 стадии од север кон јог (околку 3800 км). Поголемиот дел од таа “Индија”, представувала рамнина, премин кој барал четири месеци пат. Ова истотака укажува на претпоставката дека станува збор за Западно-Сибирската рамнина. При опосот на климата “Индија”,  Александоровите патеписци не штеделe епитети, опишувајќи ја суровста на тие места. 

“Земјата им лежи на крајниот север, целата покриена со снег и не достапна за другите народи, поради екстремно ниските температури. Поголемиот дел од земјата представува обезшумена рамнина”. Toj стигна до земјата на Индијците, живеејќи во своето соседство со архонтите. Армијата пропаѓаше кога минуваше по таа земја: што лежела на длабок снег и која немаше доволно храна”.

Во историските извори постојат и јаcни знаци за Арктикот (Поларот). Војниците мрмореле: 

“Кој се придобивките што ги добиваме од новите победи? “Земја прекриена со вечна темнина”? Каква награда ние добиваме?” “Mрак, вечна ноќ, расположена на неподвижните води на морето без дно?” 

Повторно ние ја гледаме вистината на поетите во спорот со историчарите. Многу народи и племиња ги пресретнал Александар на патот, едни од таквите несомнено се Сибирските племиња, како што е примерот со Аримаспите. Херодот и век пред Александар ги споменува Ариамспите како најсеверниот народ на патот кон Хипербореја. Според легендите, Скитите биле оние кои живееле на подножјето на Рипејските планини (Урал), каде престојувал богот на северниот ветар Бореј. Можеби не е случајно, што 70км северно од Катанга во близина на планината Биранга постои шумски остров, Ариј-Мас.

Неарх во Македонија донел извештај за Серите, долговечните-народи (дека живееле неверојатно до 200 години). Серите подоцна често се состанувле во описите на северните, сибирски народи. Во близина на реката Кофен (Котен), живееле воинстените Катаи, кои Александар, сепак ги покорил. На средновековните карти на Сибир е прикажана земјата Катаи и Кара-Катаи на брегот на реката Катуњ. Тие Катаи ги навеле персиските поети за представата за тоа дека Александар ја посетил Китаја (Кина).

Се сретнатле со него и малите барските жители, кои во нивна близина живееле Сибите, Великиот освојувач изјавил:

 “Ние со вас сме иста крв”, како и Сабарите

Тука некаде Александар го поставил сатрапот на Сибиртија. Сатрапитите тој начесто ги поставувал на местото на локалните кнезови. Споредувањето на Сабарите со Сибирите ги добивате беспрекорно Сибирците. Во изворите постои одличен опис на некои од планините во кој Александар упаднал. Планините биле многу високи, до две илјади стадии. Секако, не вертикално, туку по должината на патеката. Конкавни падини, рамни во подножјето, а на врвот – вертикални камени литици. Планините биле со рамни површини и обемни шуми, пасишта и извори. На нив собирало и до 30 илјади бранители. Очигледно, ние не зборуваме за алпските завиени планини. Во Евроазија има две такви платоа: Декан во јужниот дел на Индија (15 сепени гео. ширина) и платото Путорана во севеверен Сибир. На Деканското плато, висината е 800 метра, што ја исклучува можноста за снег, а војниците на Александар, се распаднале при едно невреме од овие карпи, и не можеле да бидат погребани, бидејќи не можеле да ги најдат во снегот. Сега, на врвот на планината Путорана нема никакви шуми, како што нема ниту обработливо земјиште. Но во ерата на Александар, можно е во Сибир да било малку потопло. Неопходно е да се земат примероци од земјата на Путоранските планини и да се истражуваат комплексите за проверка на оваа хипотеза.

Така во многу древни историјски извори има доволно докази за Сибирскиот а не Хиндустанскиот поход на Александар. Единствена препрека на сибирскиот поход е честото споменување на слоновите. Можеби во 4 век п.н.е. во Сибир и да било нешто потопло и слоновите да бидат водени?

Согласно со скиците од патешествието на Марко Поло, можеме да видиме, дека освен камилите и слоновите можеле бродски да се транспортираат во која земја и да посакаме.

  • Доказ за престојот на Александар во Сибир

Словенските летописи и хронографи се полни со извештаии за контактите на Словените со Александар. Но, ние не ги забележуваме внимателно. В.Н. Татишчев познатиот руски историчар, повикувајќи се на Јоакимскиот летопис, напишал дека “во времето на Александар Македонски, владееле три словенски кнеза:

 - првиот Великосан, 

- вториот Асан  и

- третиот Авенхасан. 

Доказ од споразумот со Александар сочуван е и во оваа руска хроника.  

Кнезот “на храбриот ''словенски'' Скитски народ, најславен од најблагородното руско потекло” и Александар Македонски што ја разграничил сферата на влијание, ветувајќи им, дека нема да се впушти во туѓата земја. И го испратил Александар Македонски словенското писмо - (најверојатно станува збор за писмото ''црти и ресѝ'', тоа писмо е и на средниот текст од ''Каменот од Розета'', значи  тоа писмо Mакедонците го користелѐ ), сакајќи да  ги описмени ”. 

*** Македонците  гласовно сι СЛОВЕНИ - слово венето -  сло вен - словен, да не ''искривувааат'' ''xроничаритѐ''.

Oбично историчарите дури и не коментираат на ова соопштение, мислејќи дека Јоакимовиот летопис бил фикција на Татишчев. Меѓутоа во контекст на новото толкување на Источниот поход на Александар, неслучајно се поклопуваат звучно словенските имиња од Јоакимскиот летопис со античките автори. 

Кај Аријан и Куртиј Руф споменат е “индијскиот” (вендскиот) народ Acсакени и нивниот цар Ассакен. Главниот град на тоа царстрво го нарекле Массака (Массага). Во Јоакимскиот летопис, сочуван е преносот на фамозниот историчар Василиј Татишчев (1686 – 1750), каде експлицитно се наведува, дека, русите потекнуваат од двајца браќа, Словен и Скит.

 “Словен отишол кон полноќта и град голем создал, а Скит останал да живее на истото место, во Понт и Меотис“; 

За предците на Рускиот народ, Татишчев директно се повикал на Скитите.

И.В. Шчеглов во “Хронолошката листа на најважните податоци од историјата на Сибир” издадена во Сургут во 1993 година, приведува соопштение за походот на Hовогордците под предводство на Улеб кон железната врата во 1032 година. Походот завршил неуспешно, така што тие биле победени од Југорците, “ и обратно нивните малку се вратиле, но многумина погинале”. Југрите традиционално живееле кај Камне. Отука следува, дека Hовогордците речиси еден и пол милениум го помнеле доаѓањето на Александар во северниот дел на Сибир, и згора на тоа организирале експедиција кон вратата во камен, што ја воздигнале.

Во Несторовата хроника од 1096 година го содржи познатиот разкас за новогордецот Ѓорат Рогович за тоа, како тој го пратил својот слуга кај Југрите, и рекол дека тие се таинствен народ. Овие луѓе, “седат во планините”, и преку малите прозори прават гестови. Барал железо, а за железо давал крзно. Ѓорат Рогович раскажал за тоа чудо на Владимир Мономах, а Мономах не бил изненаден и му објаснил на новогордецот, дека станува збор за народ, закопан во планината и му помогнале на Александар Македонски за Железната Врата.

Во текстовите за походот на Александар Македонски можете да го видите фактот дека тој изградил голема карпа, и во знак на одмазда поради поразот во битката на Истокот тој ја изградил Железната Врата. Дали сте успеале да најдете нешто што одговата на овој опис, во Сибир? Ѕидината (Карпата) и Вратата е еден објект, а не два различни. Фирдоуси, Низами и Навои пишувале, дека Александар изградил ѕид и Железна Врата против Гогите и Магогогите. Во 18 Сура на Куранот се споменува изградбата на овој објект, по што се спомнува некои плаќања, или “ќе ви платат за вашиот проблем,” дали “ќе ни плати за нашите загуба.” Јас веќе пишав дека треба повнимателно да се читаат текстовите на древните арабисти. Верувам дека овој објект бил изграден во планината Тонел (Путорана), што успешно би го блокирал преминот за излез од пештерскиот комплекс. Таа врата ја видел и опишал по налогот на калифот Ал-Васик, арапскиот паташественик Саллам ат – Тарджуман. Томскиот архитект и етнограф Генадиј Скворцов ја реконструирал сликата на Железната Врата. Го составил проектот за објекот, поднел две апликации за финансирање и не добил ништо, се обидел да организира и еден експедитивен поход во тие области, но се уште не го совладал.

На картата на сибирскиот картограф Семен Ремезов на устието на најголемата сибирска река има натпис:

 (До ова место царот Александар Македонски стигна и го сокри оружјето и камбаната и ги остави луѓето).  

Постои легенда дека Александар Македонски во областа на езерото Туручедо скрил огромни количини на различни оружја.

 „Ова е потврдено со натпис на мапата Семјон Ремезов "До ова место  цар Александар Македонски стигнал и го скрил оружје и ѕвоно со луѓе оставил." Точно Ремезов по грешка го стави овој натпис во устието на реката Амур, а мораше да ја стави во областа Мангу (дел од устието на Енисеј), кој Тунгузите го нарекува Амур.“ - вели Николај Сергеевич Новгородов рускиот автор на "Сибирски поход на Александар Македонски".

Овие податоци се од рушевините на Тирскиот храм, на ѕидината со натпис на четири јазици најдена од руските козаци во зимата 1655-1656 година. Содржината на оваа линија покажува дека Александар на крајот на кампањата навистина се разделил со оружјето.
Само тоа не било во устието на Амур, како што е наведено во мапата на Ремезов, туку во устата на Енисеј. Тука, според германските легенди, во близина на езерото Турџедо скриен е голем број на различно оружје. Александар го оставил оружјето и оклопот украсен од редовната војска во сребро, а од офицерите во злато. Па кога се пронајдени оружја во близина на езерото Турчедо, лесно се докажале дека тие припаѓале на армијата на Александар. 

Никаноровскиот летопис, Мазуринскиот летопис, Полската Голема хроника, Чешката хроника, «Летописот на целиот свет» на Марчин (Мартин) Белски сведочат за посетата на Александар Македонски на Славјанските земји и писменоста, каде тој се им се пожалил на словенските народи што поседуваат земја. Во Полската хроника се говори за тоа што Александар бил лукав и немал срам за него, и ја посетил нивната земја.

Војната со Александар оставила силен отпечаток врз душата на рускиот народ. Во руските биљини (сказни) Александар се споменува како Тугарин Змеевич, интересно име зар не? Руските предци знаеле, дека Александар се позиционирал себеси како син на бог, дали Зевс, или пак Амон. Мајката Олимпија која била посветеничка на змиските култови го уверила Александар, дека Зевс влегол во нејзиниот кревет во вид на змеј, за што сурово се смеел Плутарх. Кој спиел со Олимпија? Дали можеби спиел некој од рептилските натрапници за што ни говори и Дејвид Ајк, познатиот анти-глобалист кој што бескомпромисно тврди дека денеска светот е предводен од хибридни елетни семејства – социални паразити кој имаат не-човечка природа. 

      Во меѓувреме, надвор од Русија до идејата за “Aлександар во Сибир” е многу повеќе толерантна. На пример, Aл-Омари роден во Дамаск, секретар на египетскиот султан во 14 в. во книата “Патотот на погледот до главните центри на државите”, напишал дека: “Во земјите Сибирски и Чулимански е многу ладно (струже), ниски температури и снег…. трговците Бугарски одат до Чулиманите, а трговците Чулимански одат до земјите Југорски кои се на крајниот Север. Зад нив нема населеност, покрај големата кула, изградена од Искендер”. (Александар).

И арапскиот калиф Aл-Васик потаму и организирал експедиција кон Железната Врата, за да бидат убедени во нивниот интегритет и целовитост. Експедицијата била предводена од страна на Салам Ал-Тарджуман, кој познавал триесет јазици. Враќајки се после 28 месеци, Салам изјавил: “Портата е непроменета, гаризонот не спие”. Тоа било во средината на 9 век. Односно, пред повеќе од илјада години, овој објект му бил познат на целиот свет, а не само на некои новогордци кои отишле до Железната Врата. (***** најверојатно го видел ''Кинескиот Ѕид, бидејќи во тоа време постоел.)

Стариот Томск е распослан над катакомбите,  огромен древен подземен град, каде на старите мапи околу тоа место е означен градот Грустин. Биле ли истражени овие зандани? За кое време се однесуваат овие катакомби, имало ли обиди за нивно датирање?

Координатите на Томск и Грустин се совпаѓаат до степен. Една од верзиите е што етимологијата на Грустин била Гросс-Тињи (живееле во близина на Готите). Тините се опишани како доста голем народ. Ако му веруваме на Низами, некаде во подземен град Александар ги сокрил своите богатства. А со неговиот екипаж, имале сандаци со околу три илјади тони злато. Нажалост, занданите не се простудирани во Томск, бидејќи е “затворен” објектот.

 

  • Гого-Маговската Топонимија

На почетокот на светото писмо за Евреите и христијаните – Библијата (според европско небо 8 в. п.н.е.-2 век по Христа.) Мојсеј во книгата Битие вели дека Ное го преживеал потопот, и дека имал три сина, Сем, Хам и Јафет. Сем стигнал до јужната територија, Хам на источната и Јафет на северната. Синовите на Јафет: Гомер, и Јаван, Mадај, Магог, Мосох, Тирас и Taвал. Мосох тоа е- библискот предок на Росомосховитите. Бидејќи географски Јафет бил одговорен за северната насока, можеме да претпоставиме дека Магог бил и во северниот дел. Но, каде на север се шири библиската географија, не знаеме.

Во книгата на Езекиел заедно со Гог се споменува и Магог, кнезот на Роша (Роса), Мешех (Мосох) и Фувал (Тавал), каде што може да се заклучи дека земјата Магогска се наоѓала на територијата на Русо-Московија.

Еремија пророкувајќи за инвазијата на северниот народот на Израел, вклучувајќи ги традиционално Гог и Магог, вели дека тој ќе дојде “од рабовите на северот” (што би рекол – далечниот север), додека да се спомене некој брег и острови во областа. Што значи дека брегот на Јеремија, нам не ни е познат. Во светата книга на муслиманите Куранот, истотака се споменуваат Гогите и Магогите, каде тука се нарекуваат Јаджудж и Маджудж. Тоа може да изгледа чудно, но тие во овој документ се поврзуваат во врска со името на Александар Македонски, наречен во тој спис како Зулкарнаин, што се преведува како оној со двата рога. Овој херој ги заклепал Јаджуджите и Маджудите во планината, подигнувајќи ѕид против нив, Железната Врата и браната.

 Mуслиманите биле убедени дека Јаджудж и Маджудж (Гог и Магог) ја разрушиле Вратата и струеле во оперативниот простор, доаѓајќи до крајот на светот. Потаму,  арапскиот калиф Ал-Васик (средината на 9 век.) му се сонило сон, дека вратата е разрушена, тој испратил експедиција со некој преведувач Салам, кој познавал дури триест јазици. Се вратил само со 14 придружници од вкупно 50, каде потоа Салам го известил Калифот:

 “Вратата е целосна, гарнизонот не спие, самиот видов”. 

Каде тој лутал цели 28 месеци – ние не знаеме. На својот пат тој го пресретнал главниот град на Хазарија во долна Волга кога одел натака (16 месеци) и Самарканд по патот за назад (12 месеци). Како резултат на тоа, потрагата за земјата на Гог и Магог следува дека е северно и источно од устието на Волга. Важно е да се напомене, дека планините, во кањонот каде што стоела Вратата, Салам ја опишал како бела (заснежена), лишена од вегетација, округол облик (односно не алпска, туку столовна) и “висока како до небото”. (***** најверојатно го видел ''Кинескиот Ѕид, бидејќи во тоа време постоел.)

Големиот арапски географ Ал-Идриси (средината на 7 век.) ја ставил земјата на Јаджудите и Маджудите во планината Кукаи, која е во близина на морето на Мракот, односно во Поларот во близина на Северниот Леден океан. Еве каде не одвел нас овој арапски Сусанин, каде во срцето ќе воскликне внимателниоста на читателот. И тоа ќе биде точно. Бидејќи во планината Путорана пронајдена е богата Гого-Маговска топонимија. Tопонимија – тоа е наука за имињата ( и самите имиња). Луѓето кои живеат на било која територија, ги даваат имињата на практично се што било околу нив: реките, мочуршта, шумите, планините, населените места, патишта итн. Понекогаш овие имиња се задржуваат уште од далечното минато до сега, па дури и се појавуваат и на современите топографички мапи. Преку анализата на топонимијата на местата ние ги носиме нашите заклучоци за тоа кои народу тука живееле и како ти се селеле на други места преку трасирањето на својот пат и протокот на познатиот синџир на топоними. При работа со топонимските карти од платото Путорана во подготовка на експедицијата “По Сибирските стапки на Александар Македонски”, ние откриваме десетина Гого-Маговски хидроними. Меѓу нив е реката Тонелигагочар (тунелска река Гог), Ирбегагочар (рибарска река Гог), Гогочонда, Могокта (две реки и залив на Хантајскиот резервоар), река Мокогон, Умокогон, Могади, Моген ( и истоимениот залив-резервоар). Сето тоа “богатство” е локализирано на подрачјето на радиус од само 15 км. Важно е дека таму се локализирани тунелските топоними, пленините – Тунел, езерото-Тунел, реката Тунел, кои се во тесна врска со горе споменатата река Тонелгагочар. Тесната врска на Гого-Маговската и тунелската топонимја на локалната област сугерира дека Александар не ги прекривал неговите порти на клисурата, туку тунелски, преку кои на површината доаѓале подземните жители – Гогите и Магогите. Словенските летописи се полни со извештаи за Александровата посета на Југрите и за изградбата на Железната Врата. 

Во делот од Лаврентијскиот летопис го содржи поглавјето “Поучение Владимира Мономаха”, каде Великиот кнез со апсолутна убеденост говори за тоа дека Александар ги посетил Југрите и ја изградил Железната Врата. 

Новогордската хроника зборува за походот на Улеб со својата дружина кон Железната Врата за 70 години пред Мономах, Јоакимскиот летопис (од Татишчев) соопштува за писменоста, испратена од Александар кон словенските кнезови. 

Полската “Хроника” на краковскиот епископ Викентиј Кадлубек како и “Чешката Хроника” (1348 год.) говорат за контактот на Словените со Александар Македонски. Арапскиот патеписец Ал-Гарнати во книгата “Подарок на умовите.” напишал: тие говорат дека преку Булгарите одел Зул Карнаjан (Александар) за Јаджуд и Маджуд (Гог и Магог). Рашид Ал-Дин напишал дека монголската армија, враќајќи се од Запад кон Исток ја посетила Железната Врата. Во 4 в. на картата “Патот на Александар”, изработена за римскиот император Констанциј, неговиот пат е означен во земјата на Мракот (Арктикот). Секретарот на египетскиот султан Ал-Омари напишал дека Железната Врата во облик на кула била поставена од Александар “ за Југрите”.

Се разбира, уверено се говори дека Александар Македонски бил во Сибир и ја подигнал во планината Путорана – Железната Врата, и ова ќе биде возможно да се докаже отакако ќе се пронајде портата, што воошто не е лесна задача. Сосема друга работа е Гого-Маговската топонимика, бидејќи тие се веќе пронајдени. Произлегува дека библиската земја на Гог и Магог била лоцирана на планината Путорана во близина на езерото Кета. Тешко е да се поверува но произлегува дека во библиските времиња, луѓето биле познати по одалеченоста од Палестинската територија. Како е тоа можно? Некои од народите се распространиле по земјата од Таимарската Прароднина? Останува да одкриеме, кои ги нарекувале “Гоги и Магоги”? Какви племиња и народи се тие? Навистина ли тие биле толку моќни и воинствени, што после нивните напади оставиле само спржена земја и градови разрушени до темел? Прашањето воошто не е лесно. 

Постојат три пристапи на ова прашање: библиско, етногенетичко и антрополошко (поетско). Согласно со Библијата, како што е споменато погоре, “Гог и Магог” се директни потомци на Јафет, преведено на современиот научен јазик потомци на евреопејците и во антрополошка смисла се користеле со индоевропски јазик.

На етногенетскиот план кај Гогите и Магогите постои целосна дисхармонија: еврејскиот писател Јосиф Флавиј пишува, дека joнцитe  ги нарекувале Магогите како Скити. Претходно евреите ги сметале Гогите за Кимерејци.
◾Види за:
◾Поврзаноста на Кимбрите со Кимерите
◾Велика Скитија – Античката Славија

Мордман смета дека дека Магогите се Армјани (Аријани, Армени, исконските Ерменци), принцот Јусуф Камал Гогите и Магогите ќе нарекол Лапи, западно-европејците постојано ги нарекувале Гогите и Магогите како Гуни, Сабири, Татари, Хазари, а подоцна после навалата на Викинзите ги прогласиле за норвшеки Нормани. Арапите ги сметале Јаджудите и Маджудите (Гогите и Магогите) за Турки, подоцна за Монголи. (*** има преданија дека Татарите ( Монголите) потекнуваат од Македонците) .

 Конечно словото Гог и Магог постанало заедничко име за нордијските милитантни пагани, кои не припаѓале ниту на христијанската ниту на муслиманската ниту на еврејската религија. Во книгата на Битие и во пророштвото на Езекиел во непосредната близина со Гог и Магог представени се Мосох, Тавал, Рос. Со обзир на причината дека топонимите кои одговараат на овие библиски етноними кои ги сретнал на патот Александар, како и откривањето на Гого-Маговските топоними во планинската висорамнина во планината Путурана, можеме да направиме некои претпоставика за локализацијата на библиските Роса, Мосох и Тавал.

Во античките извори главниот град на Гадросија бил наречен Пур. Реките со името Пур, Пура се наоѓаат во областа меѓу реките Об и Енисеј, во близина на океанот, како и на десниот брег на сливот на Енисеј, односно реката во Пјасна. Главниот град на мосохенците, пишал Јосиф Флавиј, бил градот Масага. Покрај наведената Пура била и реката Месохија – можеби преработено од Масага.

 Потаму, Диодор пишал, дека во устието на Инд на островото Александар го посетил градот Тавала (библискиот Фувала), управуван од страна на одборот на старешините и два наследени крала за решавање воените прашања. Бидејќи Инд, Александар ја нарекол Об, не случајно може да биде присуството во устието на Об островот со пристаниште по име Товопогол. Да и името на првиот град, поставен од кoзаците во Сибир, го носи името наречено Тобољск по реката Тобол, име кое е едноставно и апсолутно созвучно со библискиот град Тавала (в=б).

Можеби бил во право Герман Вирт, кој верувал дека библиската историја започнува во Арктикот. Жално е што неговата “Книгата за Палестина”, над која тој работел половина век, била украдена од непознати натрапници. Кој би можел тоа да го направи?




◾ Војна со Скититe

Славниот азербејџански поет Низами Ганджеви во самиот почеток на 13 век напишал роман во стихови со наслов «Искандер-наме». Во својата работа Низами се повикал на делата на персиските и арапските историчари кои биле ослободени од христијанската цензура. Самиот тој напишал: “Јасноста на моите мисли е директно од изворите на знаењето. Сите науки ги познавам, а за тоа имам постигнато признание.”

Во својата поема Низами го опишал престојот на Александатр во Кина (но за која Кина станува збор ќе објасниме подолу), неговата војна со Русите, пребарувањето на изворот на живата вода, како и посетата на земајта на Мракот. Изненадувачки е, но сите важни позиции ќе најдат исправност кај поетот во долготрајниот спор со историчарите. Низами, значаен дел од прославните походи на Александар ги опишл во “Искандер Нама” (1203 година) каде посветен е описот на војната на Александар со Русите.

Пишува Низами, благодарение на личниот влез во битката на боженствениот Александар, го освои пехарот и неубедливо падна во ползата на македонците. Добро познато е дека во Кина, Александар Македонски не бил. За каква Кина (Китае), во тој случај говори Низами? Факт е дека, што средновековната Кина (Китае, Катае) е наречена земјата во јужниот дел на Западниот Сибир, каде можат да се видат на средновековните мапи на Меркатор, Хондиус, Сансон, Хебрштајн и другите автори. Оваа земја се располагала во Горниот Об и неслучајно Телецкото езеро на сите карти се нарекува Китајско. Од ова Китаја-Катаја, може да се видат мноштво на хидроними Китат и Катат. Најблиску до Томск има извори во близината на станицата Сураново, во непосредна близината на тајгата.

Под претпоставка дека Александар ја посетил оваа конкретна Кина, не е тешко да се поверува дека на тоа се водел Низами, патем овој регион одговора на она што и самиот антички автор Куртиј Руф го опишува во поглед на суровата клима и вечната ноќ. Тука во Земјата на Мракот, Александар пешачел месец дена. Истовремено тој марширал “два дена” во ноќта.

Совладувајќи ја оваа врста на потешкотија

По два дена Царот го направил преминот.

Цел месец на патот тој бил. 

Сонцето вечната сила на небото се изменила. 

Светлината од крајниот север се појавила не небото.

Во тој миг, го гледале залезот и излетот на сонцето.

Далечната северна ширина лебдела над себе. 

Тогаш трупите биле на маргините, 

Каде што Сонцето спие во соништата,

Каде земјата ја зграбувала светлината на небесниот крст,

Само темнината била крал на овие суморни места.

Таков фигуративен опис на Артикот укажува на тоа дека Низами знаел што напишал: Искендер – и потаму во Артикот ја изградил Железната Капија против Јаджуд и Маджуд (Гог и Магог). Но, тешкотии се јавиле поради брзиот продор на 1.100 км од географската ширина од 56 до 66 степен во последните месец дена? Тој го оставил поголемиот дел од екипажот во пештерите и сите слаби и болни поради природните и вештачките фактори. Еве како не известува Низами:

Изобилството ја збуни силата на својата војска,

Во областа на Мракот сам одличил да оди. 

Немало ниту една голема пештера

Во близината на местото, каде бил логорот на царот Искендер (Александар).

И тогаш царот ја удостоил желбата

Да се дојде до пештерата со вишокот од екипажот.

Таму се потомците воини на Румската сила.

Потоа според делото на Низами ние може да го утврдиме и поводот за тој поход:

“Во темнината јас отидов со Искендер за живата вода! .. – што по примерот на царот, се облеков во црно, во потрага по духовно просветлување”.

….како живата вода да е заклучена во темнината. – Според легендата изложена во «Искендер-Наме» Низами, изворот на епската “жива вода” се наоѓал во царството на вечниот мрак. – Низами Ганджеви > Пета поема > Стр. 284

Ќе се вратиме подоцна на Живата Вода, и ќе објасниме подетлано за истото.

Тука интервенирало божјото провидение, и Александар, како божји избраник, чудесно ги победува Русите во оваа епизода. Тој се помирува и на сите им се заблагодарува. Тоа беше забележано во првиот дел од текстот каде има нејасни историски споменувања за ова помирување и за писменоста што била дарена од Александар кон Славјаните. Александар во текот на сибирската кампања имал вкупно три воени судури, односно три целосни војни со древните руси.

Првата војна е со Уструсините (Уструшани) на Јаик-Јаксарт, која веќе ја споменавме во првиот дел. Александар никогаш не ги победил Уструшаните со својата војска, особено оние кој останале во последниот дел, никогаш потполно не ги покорил Скитите (Скитите во овој случај биле наречени Уструшани ).

Втората војна била со “индијскиот” (вендскиот) цар Пор ( Πῶρος, Pτros – Порус). За оваа битка, било посветено многу внимание во античките извори. Овој цар владеел со огромното царство на бреговите на реката Хидасп. Куртиј Руф го опишува Пор како најпаментен и најпросветлен човек на сите индијски (вендски) народи. Јустин пишува, дека пред битката Пор го повикал на дуел, и во првата пресметка со него Александар бил “исфрлен од седлото” и лежел во калта под нозете на коњот Букефалус (“Воловската глава”). Ако не биле телохранителите кои ги прекршиле условите на борбата, крајот на битката ќе била сосема поинаква. Сепак, Плутарх тврди дека битката со Пор, ги потиснале Македонците, што тие потаму категорично одбиле за понатамошен поход. Кој е овој Пор и на кој народ тој бил цар ? Порус бил царот на Југорските Анти!

Од оваа позната графика на Алонсо Чапел (1865) јасно е прикажан козачкиот изглед на високиот Порус.

Така од Плиниј Постариот и Страбон следува, дека во областа на Сирастрани (Sarauceans) се наоѓала територијата на древниот град Аseni, во областа која Александар ја основал својата друга Александрија (Букефалија) и каде што ја преминал реката Хидасп во времето на војната со царот на сибирските индијци (венди), Порус.

''Aseni'', тоа е недвосмислено Асино, градот во Томскиот регион на бреговите на реката Чулим (Ус). Tочно се поклопува името. Од  кои ја пишувале кампањата на Александар во Индија, ние знаме дека Александар по победата над Пор (Порус) на местото на битката е основан друг град – Никеја, од другата страна на реката, од спротивната страна на Александриската Букефалија.


Денеска гледаме дека од спротива е градот Aсино кој се наоѓа во селото Првомајско (Пишкино-Троцко). На станицата во селото Белаев, кон крајот на првиот милениум пред новата ера, имало утврден град (населба). Денеска јужно од Асино, во градот на Томскиот регион протекува река, која го носи името на Пор – реката Порос. (види за: река Порос – лева притока на Том). Течат истотака реки, не многу далеку, во Новосибирската област – Порос, и Поросик. (види за: река Порос – притока на Об ; река Поросик )



Страбон во “Географија” носи соопштение на Никола Дамаскин дека тој е во Антиохија во близина Дафне каде се сретнал со индијските посланици, на нивниот пат кон Цезар Августул со порака од царот Пор. Тоа е напишано на кожа со хеленска азбука и потпишан е Пор. Тој владеел над шестотини цареви, но сепак имало големо мислење за честа да се биде “пријател” со Цезар и му ветил помош во сите негови праведни претпријатија. Очигледно, ние имаме тука работа со цела една династија што го носи ова име што одговара на името на народот.

Се разбира, Пор тогаш неможе да го испраќа кон амбасадата на Август по три и една четвртина век подоцна од Александар Македонски, и не може да биде истиот тој Пор. Очигледно, ние имаме тука работа со цела една династија. Од тогаш, Пор современникот на Август, не бил последното дете на тој свет, а во индијската династија на Мауријците царот Пор не се појавува, не ќе биде лошо да се знае, каде владеел и над кој шестотини цареви – Великиот цар Пор.

Одговорот веројатно е во тоа дека во обско-наримските Ханти имало фратерија (род), наречен Пор. Од време на време овој род ги организирале т.н. “спорадични” мечкини празници. Комбинацијата «пор-спор» укажува на тоа, дека и обските Ханти и царот Пор заедно со својот народ припаѓале на ист етнос, каде грците или ромеите (византијците) ги нарекле спори. Еве еден пример за тоа: ''Apart from respect to older historians, Jordanes narrative style was shaped by his polemical debate with his contemporary – Procopius.[25] Whilst Jordanes linked the Sclaveni and Antes with the ancient Venedi, Procopius states that they were both once called Sporoi'' (Procopius. History of the Wars. VII 14.29).

Растот на Пор бил расен и изнезувал 4,5-5 лакти (тоа е околу 2,3 метра), а од историјата знеме дека Антите како посебна група на Словено-Аријските народи биле познати по својот колосален изглед, каде силата и висината биле физички нагласени, па одтука и самиот поим Гиг-Ант, како и самиот поим – Антика, произлеува директно од овој народ, како и многуте имиња и презимиња што се денеска присути помеѓу нашите народи (Антон, Анте, Антевски, Антич итн). Спори биле оние Антски народи кој биле предводени од царот Пор.

Прокопиј Кесарски (6 в.) исто така забележал кај Словените и Антите многу висок раст и огромна сила. Лав Прозоров укажува на тоа дека во фолклорот на Блискиот Дунав, Антите ги гледа како гиганти. Ова очигледно укажува на тоа дека царот Пор бил Словен, имено Ант. И каде се тука Хуните, ви се молам? И покрај фактот дека постои причина да се претпостави дека Хуните потекнуваат од Антите. Незаборавната меморија на В.Н. Демин, нажалност, одамна го напушти своето телото, во својата книга “Нордијска Русија“, во 2007 напишал дека за време на својата посетата на Обскиот Север во летото 2002 година, тој ја запишал хантската легенда, според која во далечното минато, хантите и русите биле еден народ, кои зборувале еден ист јазик. Исто како што дефинитивно се поврзани зборовите Инди и Хинди, исто така слични се и зборовите Анти и Ханти (Хуните). И тоа не се само обични зборови, зад нив стојат и исти народи.

Венгриските (Унгарските) етнографи кои го бараат домот на нивните предци кај Об, се запознале со легендите на крајот од 19 век. Унгарците денеска во огромна мера имаат словенска генетика а тоа го покажува и физичкиот изглед, сепак биле блиски роднини со Хуните, за што не биле задоволни поради нивната блискот со Русија и повеќе од оден век се молчи на оваа тема. Но, во голема мера може да се радуваат на фактот дека нивните предци заедно со Пољаците го “чистеле клунот” на Александар Македонски. Освен тоа, се разбира, ако за истото покажат љубопитност.

Третата војна на Александар била со сибирските московјани. Нивниот главен град бил наречен Масага (Масаха). Се вели дека на реката Месохија го основал внукот на Ное по име Мосох (Моск). Населението на градот било мосохенци (московити), а со нив владеела царицата Клеопида.

******додаток од друг извор:

Bо Московската народна библиотека се чува Летопис од 7 век чиј автор е Јеремија Русо. Во тој документарен научен труд, Јеремија го запишал следното:

“… Ние, Русите и Московитите, сме потомци на древните антички Македонци. Ние, денес, го зборуваме јазикот на кој зборуваат античките Македонци на Македонскиот полуостров, кои освен со други земји, 307 години владееле и со Египет…”



        Диодор соопштува, дека Александар ја разделил армијата на три дела. На чело на едниот дел тој го поставил Птоломеј, каде му наложил да го пустоши крајбрежјето. Леонит за истата цел, го испраќа во подножјето на планинскиот регион кој постанал рушевина. Во текот пламнале пожари, биле извршени грабежи и убиства, бројот на жртвите се проценува на повеќе од десет илјади луѓе. Се чини дека оние кои се бореле во близината на Норилск зачувале многу “воени”топоними: реката Барајка и нејзината област кај месноста Војнар, реката Убојна, р’тот Оружило, реката Могилна и Покојницкаја.

Кај Јустин може да прочитата дека на деветиот ден на нападот на Масагите, кралицата Клеопида сфатила дека градот не можел да се одржи. За спасение на народот самата му се предала на Александар. Синот од него го таа го нарекла истотака Александар, а потоа тој станал цар.


◾ Словенска Прародина

Александар оставил значајна трага во историјата. Што е тоа што го довело да агресивните кампањи: Жедтта за моќ, слава, или неискажаните индијски богатства? В.Н. Демин верувал дека Алаксандар трагал за својата Прародинска земја, за живата вода на бесмртноста, која се споменува и други словенски митови и легенди. Но зошто Александар отишол во Сибир? Ние го пронаоѓаме одговорт кај С.И. Верковиќ: Александар сакал да го посети огништето на Македонци, нарекувајќи го симболично”Крајот на земјата”, каде според древните преданија тука се наоѓала легендарната и епската прататковна на белите луѓе, каде во многу дамнешните еони, пред катаклизмата, потопот и пред настанокот на ледената доба, овој простор бил ослободен од лед и суровост и имал идеални климатски услови за живот. Тоа е света земја Даарија, или  Хипербореја.

Глобусите од националниот музеј во Фрнација со приказ на континентот Даарија (Хипербореја) како и територијата на Велика Тартарија – Словено Аријската Империја. Секој ден имаме се повеќе и повеќе нови факти кои укажуваат на тоа дека историјата на нашата цивилизација е многу намерно искривена. Малку внимание и грижа ние посветуваме на тоа да ги расвлетиме овие случувања на нашето волшебно минато. 55 глобуси од 15-19 век дигитализирани во 3D форма: Француската национална дигитална библиотека, како и обично, се ретките кои се охрабруваат да продрат подлабоко.
Тие се дигитализирани и испратени во отворен пристап, 55 старински глобуси (глобус на земјата и на ѕвезденото небо).
Највпечатлива работа што сите глобуси во 3D форма се со одлични детали и квалитет. Прикажуваат големо задоволство. Извор :https://youtu.be/tcPNsWh52hI


Хипербореја на средновековните мапи: 

 



Најважните изјави во “Веда на Словените” е тврдењето дека домот на Словенските Предци (потенцирам со големи и здебелени букви) не било местото каде што Словените живееле во доцниот 19 век. Ведите јасно велат во врска со исходот на Предците на Словените дека бил од далечниот или крајниот север – Арктичката прататковина , која што Македонците ја нарекувале “Крајната-Земја“. “Крајната-Земја“која навистина била на работ на Евроазискиот континент, во близина на Темното Море, она кое било прекрено со мрак и вечен мраз, морето, во кое се влевале двата Бели Дунави (покриени со мраз и снег). Во “Крајната-Земја” зимата и летото траеле пола година – шест месеци, што укажува не само на Арктичките услови на таа земја, туку и за неговата близина со Северниот Пол.

Раселението на Белата РАСА низ светот пред 120 000 години, после првата планетарна катастрофа, потоп и климатско пореметување.

Значи, словенската прародина била “Крајот на Земајта” која се прострирала во Евроазијското Заполарје, односно Арктикот, кој, да повторам, во далечните доби бил со идеални климатски услови, а за истото може да ја погледатe и емисијата на генијалниот Крешимир Мишак, поточно: “На Руби Знаности – Предпотопне Цивилизације”. Арктикот е голема територија, од Колскиот полуостров до р’тот Дежнева. Пробајте, погледнете ги погледате мапите!

Сепак во “Веда на Словените” постојат и други индикации кои ни овозможуваат тесна локализација за пребраување во оваа област. Во”Ведите” се споменуваат народите Јуруци. Арапскиот патеписец Ибн Фадлан и Ал- Гаранти кој ја посетиле Волжка Бугарија, Јуруци ги нарекле Југрите. Ако е така, “Крајот на Земјата” се наоѓала во непосредна близина со Југрите, а тоа е Приполарниот Урал и Зауралието.

Покрај тоа, во “Крајот на Земјата” имало свети планини. Во руското Заполарие (Арктикот) се планините на полуостровот Кола (Коло, Коледе), Приполарниот Урал, тука е планината Бјаиранга, Путоранското плато, тука постојат Верхојанскот и Черескиот сртови. Од овие рударски планини нашето внимание главно е привлечено од Путоранските планини. Зошто? Бидејќи во “Словенски Ведите” се споменуваат топоними и “херои”, многу слични фонетски со путоранските топоними.

Прво, во “Ведите” се споменува некој Дракон (Змеј), кој живее во планинско езеро и не ги пропуштал луѓето преку плалнинската клисура и езерото. Змејот бил наречен Сурова Ламија. Тоа не е далеко од Норилск во планинската клисура на платото Путорана каде имаме езеро, кое до денеска се нарекува Лама. Тоа е можно бидеќи езерото Лама во близина на Норилск е наречено во чест на Суровата Ламија.

Второ, во “Крајот на Земјата” согласно со “Ведите” се споменува Чета-Земја (Четајска земја, која е всушност Читајска земја). Рускиот преведувач на “Словенските Веди” Aлександар Игоревич – Асов, смета дека е можно оваа Читајска земја да е всушнот Китајската земја (Кина). Во овој случај не станува збор за денешната држава и територија на Кина, туку сосема друга локација. На средновековните карти на Витсен (17 век) реката Китаем ја нарекувале Енисеј, а Китајската земја се сметала за земјата помеѓу реките Об и Енисеј. Јужно од езерото Лама во Пуоранските планине е езерото Хета. На современите карти било напишано одвоено во загради името Кита (Кина). Целиот северен Сибир помеѓу Об и Енисеј и источно се карактеризираат со изобилство на хетски хидроними. Поместувањето на «х» во «к» (Хатанга – Катанга, Хетта – Кета) е резултат на туркизацијата која е карактеристична за Сибир и не само за Сибир.

Трето, во “Крај на Земјата” се наоѓало Харапското поле. Во Харапската земја во близина на двата Бели Дунави се наоѓала земјата на Правдата (Вистината). На север од платото Путорана има река Горбита, а јужно од платото е реката Горобиачин. Со оглед на законот на бувкоизмението («г» – «х», «п» – «б») во присуство на форматот «чин» Горбита и Горобиачин ја појаснуваат локализацијата на Харапското поле за локализација на земјата на Правдата.

Четврто, во “Ведите”, се вели дека до Харапското поле живееле диви луѓе. Тие не ја орале земјата, ниту пак сееле, никаква продуктивна работа, живеат од грабеж и во основа се дивјаци, пештерски троглодити. Дивовите, Дивите луѓе познати се во рускиот и словенскиот фолклор. Овие влакнести гиганти кој биле опасност за луѓето, биле опеани во битките со непобедливте херои. Речиси истиот мит го гледаме кај скандинавците, односно нордијците каде славните богови се борат против смрзаните џинови (Frost Gigants – Jφtunn, Yetin, Jeti).

Низами истотака за ова пишувал во својата песна “Искендер-Наме”. Патувајќи во Волжка Бугарија, арапскте патаписци истотака имале можност да ги видат. На Једгеј татаринот му биле подарени двајца такви влакнести дивови фатени во Сибир на планината Арбус.

На истокот Дивовите биле наречени Деви, и така настанало побркувањето на термините Диви и Деви, каде воедно истот овој термин постанал симбол за нешто демонски или диво (диавло, девил, девијантност, диво) а потоа тоа било погрешно пренесено поради терминот што се користел за некаква колосалност и големина – Деви, односно, девично, девичанствено-боженствено, чисто, непорочно. Професорот В.Ф. Поршнев, докор по историски науки, верува дека дивовите-девите се остаток на хоминоиди, неандрталци, кој успеале некако да достигнат до тие денови на неодамнешното минато, а можеби и денеска сеуште. Овие џинови-неандрталци многу потсетуваат на општо познатите приказни за Јетите. Многу физички докази говорат за ова, особено остатоците од нивните стапки. Во моментов тие се нарекуваат снежни луѓе (big foot). Хантите снежните луѓе ги нарекле “Магики”, сугерирајќи дека тие се легендарните Гог и Магог. Низами ги опишал како влакнести гигантски дивјаци кој напаѓале и ограбувале населби во тоа време.

Во западниот дел на платото Путорана помеѓу реката Горбиачин и езерото Хета (Кита, Кина) ние откриваме повеќе од десетина Гого-Маговски хидроними: реката Тонелгагочар, (тунелската река Гог), реката Ирбегогочар (рибарската река Гог), реката Гогочонда, Хантијскиот залив Могокта, реката Мокогон и Умокогон, реката Макус, заливот Моген и Могхадам. Таквото изобилство на Гого-Маговските хидроними на површина од 30 на 30 км покаува јасно дека тука живееле дивите снежни луѓе.

Сумиранњето на погорното совпаѓање на Путоранските топними со топонимите од “Словенските Веди“може да се каже дека не е воопшто случајно. Повторно, може да тврдиме со силни аргумент дека ова совпаѓање воопшто не е бесмислено. Со значителна сигурност може да тврдиме дека Словенската Прародина била “Крајот на Земјата” а тоа е Таимир, Арктичкиот регион каде во многу далечното минато пред првиот потоп било рајско место за живот.

Можеме истотака со сигурност да утврдиме, дека предците на Словените имале контакт со Александар Македонски (Тугарин Земеевич, како што го нарекувале Словените фигуративно во древните хроники, за кои ќе говориме во следниот текст).



Во античките извори има мистериозна епизода која целосно ја деморализирала војската на Александар.

“Тоа беше невозможно, да биде без никакво оштетување по луѓето или да останат тука или да се движат нанапред – во кампот на угнетените од нивниот глад, а попатно се повеќе и повеќе болни. Сепак, по патот не биле оставани само мртви трупови, туку и живи луѓе кои умираат. Да ги следат сите не било возможно дури и за лесно болните, бидејќи движењето на четата се повеќе и повеќе се забрзувало; бидејќи што побрзо се движат напред тие ќе бидат поблиску до своето спасение. Затоа заостанатите побарале помош од пријателите и непознатите. Но немало тука никакви животни, за да ги носат, и самите војници едвај го влечеле нивното оружје, и застанаа пред очите на ужасите на престојните катастрофи. Затоа, тие не се ни гледале во честите извици на своите луѓе: сочувството го задавувало чувство на страв.”


“Во поголемиот дел од годината имало толку многу неверојатен снег, каде речиси никогаш немала видлива трага од птици или било која друга ѕверка животинска. Вечната темнина и магла го опфатила небото, и денот не се распознавал од ноќта, едвај можело да се препознаат блиските предмети. Војската, заведена во соновите на просторните снежни пустини, каде што совршено не постоела никаква човечка помош, биле подложени на секакви несреќи, глад, студ, замор и очај кој ги совладал сите. Многу погинале од непроодните снегови, за време на страшните мразови проследени со неверојатно силна и неподнослива треска. И лишени од гледката: другите потиштени од замор упаѓале во смртоносните мразови и останувале неподвижни, вкочанети од студ, а потоа не можеле нагоре “.


****** Според тоа што го кажува писателот, Александар Македонски бил победен од ''студот'', не од ''борбенитѐ'' Руси, кои ги изгубиле сите битки, со Македонците.

 Гог и Магог не биле народи, туку според некои руски истражувачи, ''диви луѓѐ' ( нандерталци или Јети ), живееле во пештери. Можеби таа '' Железната Врата'', е направена во некоја пештера, во некој тунел, за да ги сопре ''дивите луѓѐ' да излезат, можеби и тоа е причината што ''Железната Врата'' во земјата на Мракот, не е пронајдена. 

1. предание:

Неодамна, на крајот на 17 век, Монголите во неколку наврати изјавиле дека се директни потомци на Александар Македонски. Во објавената книга во 1692 и 1705 година, "Северна и Источна Татарија", градоначалникот на Амстердам Николај Витсен напишал:

 "Во 1675 година, наводно, во Москва пристигнаа четири монголски амбасадори. Првиот од амбасадорите рече дека тој бил потомок на Александар Македонски, за кого раскажал многу работи". 

Цитирано од М. И. Казанин: 

"24 септември 1686 г. во Даурскуја земја на ополмоштениот руски амбасадор, околискиот и Брајанскиот гувернер Головин му се јавиле неколку монголски пратеници од Гаган Хутухти Очисарај Шаин Кан и на другите кнезови на оваа земја. Еден од нив рече дека кнезовите монголски се потомци на Македонскиот цар Александар".

Татарите и Монголите се променети имиња.

 „Татарите во античките времиња биле освојувачи и владееле со поголемиот дел од племиња, вклучувајќи ги и Монголите, и се издвојувале со својата величина, моќ и чесност од другите. Тие биле најбогатите номади. Нивниот број изнесувал 70 илјади домови. И како Татарите беа победници, така сите други Турци почнаа да се викаат Татари ".

„Зборот “Монголи" прво значело “безопасни" и "простосрдечни“. Подоцна, околу 400 години, пред тоа, кога божествена помош е донесена на Монголите и нивниот број се зголемил и ги надминал другите народи, потоа поради моќта на Монголите други турски племиња почнале да се нарекуваат себеси Монголи; исто како пред тоа кога сите се нарекуваа со името на Татарите.

2. Народно предание:

Александар Цар Македонски 

 

Имаше еден македонски цар кој живеел деведесет години, а деца немал. Тогај се помплил на бога он: 
''Дај ми боже едно дете па макар и да е еден сфетиот дуx''
И он како се на Бога помолил, Бог така му дал. Тоа дете се викаше Александар. Преди Крале Марко бил тој. 
Кога Александар напуни петнаесе години изговорил на татко си: 
''Море татко многу малку земја држиме ние, ќе се биеме, ќе земеме повеќе''.

Татко му рече:
'' Нека ти, синко, ако имаш јуначка сила, а народ да не пропастиш''. 
Тоа дете, Александар цар Mакедонски, зеде да се бие, .... прегази цела Земја, и кога немаше повеќе, влезе во Темнина Земја. Одиле тамо три години. Најпосле наближија до Божјата Градина, а војската ја запре. Тамо он го најде свети Петар, се најдоа cвети Јовани, побратими и си отидоа зедно во Божјата Градина.
Свети Петар му рече: 
''Побратиме ќе ти дадам нешто да однесеш во вашата земја од овие слатки плодови. Знам ја дека во твојата земја сите растенија диви са. И му дате пресад да ги калеми дивите растенија.
Александар виде дека таа земја не е за народ, се вратил ма не дочекал да скрши едно дрво кое било нај слатко за јадење и кое го немало во наштата земја. 
Се вратиле од Божјата Градина во Темнина Земја и цар Aлександар рече на војската:
'' Од оваа земја кој ќе земе пишман ќе биде, а кој нема да земе пак пишман ќе остане ''. 
Така некој зел, ма некој не зел, земја. Излегнаа од тамо во Светлина Земја . И видел народот, тие што земале земја од каде газиле, оти таа златна земја била... И сите пишман биле. Tој што зел вика: 
''Оти малку земав''. 
А тој што ич не зел, викана: ''Оти ич не зедов''. 
И тие шо не земале им посакале земја од тие што земале, ма тие што земале земја не давале. Се збиле самите, еден по еден, еден по еден, ....се избиле сите до еден. Тогај Цар Александар видел дека пропастил  цел народ.

Кога му загинало царството Aлександар се прибрал кај Бога оти имаше божја сила. Tој Александар цар Mакедонски беше, светиот дух, на овој свет, прегази Земја цела. 
И он си беше како Крале Марко, со божја сила, божествен човек. 


 

 

 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.