... ВЕСТИ

Слобода или смрт, ВМРО за Независна Македонија

Владо Черноземски

Се додека Македонија е поробена и распарчена, Јас ќе се викам Владо Черноземски

 Владо Черноземски 

 

       Владо Георгиев Черноземски бил македонски револуционер од ВМРО. Роден е во селото Каменица во реонот на Велинград,  на 19 октомври 1897. ..... Некои тврдат дека најдобриот и најсаканиот кумитa на ВМРО бил роден во едно мало село во Разлошко, во кое неговите родители стасале како бегалци oд штипско - Македонија. Стојан Христов пишува дека Черноземски бил роден во 1899 година во штипското село Патрик кое денес не постои.

Некои друѓи тврдат дека има македонски корени и дека неговите родители потекнувале од некое битолско село.

Ма теоријата на Стојан Христов одговара на тоа, кога Черноземски бил уапсен заради атентатот на Димо Хаџидимов, софиската полиција изјавила дека Владо Черноземски е од Штип.

Завршил само трет клас во родното село. Во 1922 станува член на ВМРО под името Владо Димитров Черноземски. Како член на ВМРО, влегувал во Македонија со чети и учествувал во борби повеќе од 15 пати. По карактер бил познат како ладнокрвен и бестрашен но и како еден од најдобрите стрелци во организацијата. Како еден од најподготвените личности му се даваат голем број на задачи кои ги извршувал за организацијата, меѓу кои е и ликвидацијата на Димо Хаџи Димов.

      Некоja дpугa тeopиja: Владимир Георгиев Черноземски и Владо Димитров Черноземски се псевдоними на лицето Величко Димитров Керин од с. Каменица, Пештерска околија. Величко Димитров Керин е роден во с. Каменица на 19 октомври 1897 г. од татко Димитар Величков Керин е роден во с. Каменица во 1873 г. и мајка Риса Христоскова Балтаджиева е од истото село, родена во 1875 г. Крстен е на 26 октомври 1897 г. в црквата в с. Каменица. Величко има еден брат и две сестри.

Како малечок Владо е кротко, добро дете. Тој немал големо образование, завршил трети клас во с. Каменица, но бил многу љубопитен. Како младинец има слабост да се напива. Меѓутоа подоцна сосема се воздржува од алкохол и станува вегетаријанец.

Во 1922 г. станува член на ВМРО под името Владо Димитров Черноземски. Како член на ВМРО, под името Владо Черноземски.

'' Се додека Македонија е поробена и распарчена, Јас ќе се викам Владо Черноземски ,,.. бил заветот на Владо Черноземски.

Черноземски најпрво бил лично обезбедување на Тодор Александров, кој го унапредил и го префрлил во казнената дивизија на ВМРО.

Владо Черноземски влегува со чети во Македонија и се истакнува како многу храбар, извонредно спокоен и дрзок. За Черноземски e изјавeнo следното:

" Во 1922 г. бил шофер на еден од камионите на тутунскиот трговец Каракостов во Дупница. За време на настаните во Ќустендил во 1922 г. го напушти шоферството и станува член на ВМРО.

Владо влегувал во Македонија со чети и учествувал во борби повеќе од 15 пати, во кој се покажал како многу храбар и извонредно спокоен, коешто спокојство достигнувало дури до дрскост. На неколку пати влегувал во Штип. Додека другите се криеле, тој најспокојно одел во крчмите да пие пиво, иако не знаел српски.

Тетоважата ВМРО му e направena во затворот на 5-от полициски участок ".

Бил познат како ладнокрвен по карактер, бестрашен и еден од најдобрите стрелци во организацијата. Черноземски ја поседува и неопходната интелигенција за извршување на особено важни акции.

Во своите спомени Ванчо Михајлов ќе запише дека со Владо Черноземски се запознале во текот на 1922 година:

„ Владо беше многу тих човек и крајно исполнителен. Ги мразеше своите другари кои се пијанеа и многу читаше. Беше националист. Во затвор постојано читаше, не учествуваше во штрајковите со глад''

..., ќе го пренесе Михајлов во своите спомени искажувањето на другари на Черноземски по атентатот што го извршил во Марсеј, кога тој загинал.

Михајлов вели дека најблизок другар на Владо Черноземски му бил Хипокрит Развигоров, еден од тројцата атентатори на генералот Ковачевиќ во Штип во 1927 година.

Како на еден од најдоверливите лица во организацијата му се доверуваат исплонувањата на редица одговорни задачи. Една од нив е ликвидирањето на народниот претставник Димо Хаџидимов - еден од најактивните комунистички и прокоминтерновски функционери во македонската средина. Смртната казна ја извршува на 12 септември 1924 г. На 12 декември 1930 г., на ул. "Руен" бр.23, е убиен од заседа македонскиот деец и граѓанин на Софија Наум Томалевски.

Тој е погоден со два манлихерови куршуми, од кој едниот ги пробил црниот дроб и срцето, како резултат на што настапува смртта.

После кратко време убијците се уапсени и се укажува, дека тоа се Владимир Георгиев Черноземски од грaд Штип и Андреј Манов Димитров од с. Ранчовци, Штипско, којшто после престрелката е ранет и следното утро починува од раните.

Черноземски ќе остане забележан и по грозоморното убиство на Наум Томалевски, кого го прострелал во моментот кога засадувал младо дрвце во спомен на новородениот син. Томалевски до 1928 година ќе биде заедно со Ванчо Михајлов, но по убиството на Александар Протоѓеров ќе застане на страната на протоѓеровистите за што ќе плати со својот живот. Со тој страшен настан, случен сред бел ден, протоѓеровистите го загубиле последниот член на законското Задгранично претставништво.

Владо во четата на Трајан Лакавички, вториот од лево е Черноземски 

Владо во четата на Трајан Лакавички, вториот од лево е Черноземски


    Во средината на македонските револуционери Владо се одликува со својата скромност, смелост и снаодливост, со што ја стекнува довербата и уважувањето на Тодор Александров, на раководителите на четите во Македонија, а подоцна и на Иван Михајлов. Паѓала в очи големата негова снаодливост и изобилие на идеи за практични работи. Се покажал наполно дисциплиниран, со голема волја и главно решен на саможртва.

Черноземски - нај славниот, нај посакуваниот македонски кумита на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација - ВМРО

нај славниот, нај посакуваниот македонски кумита на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација - ВМРО

Во сите разговори за акции, каде што тој учествувал, истакнувал дека не треба да се води сметка дали тој ќе остане жив или не, туку да се мисли само за успешното исполнување на планот. Неговиот фанатизам се граничи со саможртва. Така во 1927 г. тој му предлага на ЦК на ВМРО да се опаши со рачни бомби и да експлодира во главната заседувачка сала на друштвото на народите, за да го привлече на овај потресен начин вниманието за болното македонско прашање, откако петициите и молбите на македонското население не влијаеа со соодветна рекција од светската јавност.

Од 15 јули 1932, г. трагите во Софија му се губат. ВМРО раширила глас, дека е убиен по нејзина заповед. Меѓутоа Владо Черноземски е испратен од ВМРО кај Анте Павелиќ како инструктор, во Јанка Пуста - Унгарија, како подготовка за подоцна изведениот атентат врз кралот Александар.

Ова е накратко приказната за овој голем настан во 20 век, кој е уште еден крик против неправдите врз поробениот македонски народ. Уште еден бисер во герданот на македонските херои и бескомпромисни борци во борбата за слобода. Марсејскиот атентат е важен настан спроти Втората светска војна. Во него се преплетени дипломатските и политички сплетки и интереси на големите држави и постоечките проблеми меѓу државите од југоисточна Европа. Така овој настан ќе остани вечно запаметен во сеќавањето на македонците како еден голем настан од борбата за својата слобода.



Атентатот на Кралот Александар во Марсеј

 

     >>>>>> На 9 октомври 1934 во Марсеј го врши атентатот врз кралот на Југославија, Александар Караѓорѓевиќ, и врз министерот францускиот министер за надворешни работи Луј Барту <<<<<<

Черноземски е ранет од полицијата и за кратко време умира, бил убиен од француски полицаец, кој го го исекол со сабја. Дека атентаторот е македонски кумитa Французите дознале по четирите букви ''ВМРО'' истетовирани на телото на Черноземски. Закопан е под непознати околности и на погребот присуствувале само двајца детективи и гробари. Местото каде што е закопан Владо Черноземски и ден денес не е откриено.

 

После првата светска војна и поделбата на Македонија, вардарскиот дел на Македонија влезе во новоформираната држава Кралство на СХС. Управата на новата државa ја преземаат во свои раце големосрбските монархистички кругови под раководството на крал Александар. Прогласувајќи ја како официјална доктрина теоријата за т. н. "Интегрална Југославија", согласно којашто србите, хрватите и словенците се објавуваат за единствен три имен народ, а за Македонците кои ги нарекуват "прави Срби" и за Црногорците воопшто збор не станува.

Белград им го одрекува правото на овие народи на национална самобитност, култура, автономно или национално самоопределување. Со конституцијата од 1921 г. се озаконува српската раководна дoминaција на државата. Југославија се претвора во воено -полициска држава, со корумпирана администрација, полициско самоволие и беззаконија, во којашто се спроведува угнетувачка политика спрема несрбските народи.

Владо Черноземски 

Владо Черноземски најверојатно бил обучен заедно со хравтските сепаратисти, кои во последен момент се откажале во намерата за атентатот, ма не и Владо.

Владо Черноземски најверојатно бил обучен заедно со хравтските сепаратисти, кои во последен момент се откажале во намерата за атентатот, ма не и Владо

Од денот кога Хрватите се согласуваат да ја сврзат судбината со ''браќата'' од Шумадија, тие изминуваат еден многу долг пат, додека се обидат со сите мирни, демократски средства за соработка со србите и додека се потроши до последна капка нивното трпение.

Во 1921 г. Хрватските политички партии се обединуваат во еден блок, на чело на кој застанува водачот на хрватската селска партија, познатиот општествен работник и политичар Стјепан Радич. Тој започнува активна дејност за федеративно поредување на државата, разобличувајќи ја големосрбската антидемократска политика. Неговата девиза е:

 

"Бог и Хрватска".

Во 1922 г. Радич испраќа до Светската конференција меморандум против српската тиранија, за коешто србите нема да му простат. Така на 20 јуни 1928 г. Во Скупштината црногорскиот пратеник Пуниша Рачиќ го застрелува Радиќ. Ова страшно злодело побудува голема возбуда меѓу народот. Денови со ред протестни демонстрации ја брануваат Хрватска. Знамето на борбата за слободна и независна Хрватска го прифаќа д-р Анте Павелич, формирајќи ја хрватската револуционерна организација "Усташа".

Хрватска и Македонија, преку своите национални револуционерни организации "Усташа" и ВМРО , се обединуваат во ист фронт, лице в лице со заедничкиот непријател. Како резултат на оваа соработка доаѓа до настанот кој го опишуваме во следните редови.

Пред атентатот на Александар Караѓорѓевиќ, Владо Черноземски и уште тројца Хрвати се подготвувале во едно мало италијанско село. Според Михајлов, Италијанската телевизија во 1969 година емитувала получасовна документарна емисија за нивниот престој.

Новинарите разговарале со тамошните луѓе кои ги познавале атентаторите и кои за нив кажале убави зборови.

 

На 9 октомври, 1934 г. југословенскиот крал Александар пристига на бродот "Дубровник" во Марсеј на својата прва официјална посета на Франција. Целта е да се демонстрира пред светот, цврстиот сојуз меѓу двете држави.Тоа станува во време на оживена дипломатска дејност меѓу европските држави и на случки, којшто постепено го трасират патот кон Втората светска војна.

Домаќините се потрудиле посетата да придобие голема свеченост. Ескортиран од миноносци на француската средоземна ескадрила, бродот ја фрла котвата на белгискиот кеј. Од древното марсејско пристаниште одекнуваат артилериски плотуни, на кој возвраќаат од "Дубровник". На неговата палуба се качува француска делегација, водена од министерот на морските сили Пиетри, којшто ги поздравува гостинот од името на францускиот претседател.

Во адмиралска униформа кралот слегува на брегот, каде што го пречекува францускиот министер за надворешни работи Луи Барту. Поздравниот говор го чита генерал Жорж, кој се борел рамо до рамо со српската војска за време на првата светска војна на солунскиот фронт. Потоа кралот влегува во автомобилот кој го очекува и се упатува кон општината, каде што го очекува официјален пречек. До него седнува Барту, а на резервното седиште - генерал Жорж.

Шоферот почнал да свири, за да можат граѓаните на Марсеј да го видат и да го поздрават високиот гостин. Во следната кола се југословенскиот министер за надворешни работи Јевтич и францускиот министер Пиетри. Следуваат луѓето од кралската свита и одборот за пречек.

Поради проблеми од морска болест, кралица Марија патува со воз. Нервозна атмосфера натежнува над гостите и домаќините. На бледото лице на кралот се изцртува умор од патувањето по бурното море и една внатрешна напнатост и страв од атентат. Можеби жалел, што не го послушал камердинерот да носи заштитна кошула, како при посетата во Бугарија.

Барту се труди да го потисне своето неспокојство. Веќе неколку дена во Париз се наслушнуваат гласови за возможен атентат, како што пишувало на страниците на весниците "Пари миди" и "Пари соар". Особено силно е неспокојството меѓу кралската свита.

Шефот на кралскиот двор изненаден констатира, дека мерките превземени за заштита на кралот се сосема недоволни. Од двете страни на патот, по којшто минува кордонот, се поставени околу 1500 полицајци и агенти, но непосредната заштита на автомобилот е оставена на двајца коњанички офицери. Во последен момент, од непознати причини, се менува решението кралскиот автомобил да го прати одред мотоциклисти.

Кордонот се движи по средината на улица "Ла Канебер" со брзина на пешак. Тротоарите се исполнети со граѓани. На некои места се слушат аплаузи, на други – исфиркувања. Колоната веќе навлегува на плоштадот пред пазарот.

Според кажувањата, иако Владо Черноземски обучил поголема група луѓе кои кои биле распределени во три-четири групи, за секој случај некој да не успее да го убие Кралот. Сепак неговите сомнежи се исполниле кога ги видел растреперените раце на првоименуваниот атентатор, па самиот Черноземски го презел случајот во свои раце, го земал букетот со цвеќето во кој бил пиштолот и со образложение дека сака да го подари на Кралот, испукал неколку куршуми и така му пресудил за сите неправди што ги направил кон македонскиот народ.

Часот е 4,20 после пладне. Во тој момент од толпата меѓу двајца полицајци скокнува добро облечен, со силна градба маж, којшто притрчува покрај коњот на полковникот Пиоле, викајќи:

 

"Вив л роа!" ( Да живее кралот ) ,

скокнува на прагот на кралскиот автомобил и пука неколку пати со револвер кон кралот Александар, а потоа и кон Барту. Прв се обидува да го оттурне атентаторот генерал Жорж, но неколку истрели го кутнуваат на седиштето. Шоферот го запира автомобилот. Во тоа време полковник Пиоле со брзо движење успева да го успокои и заврти коњот и со сабјата му нанесува два удари на атентаторот, којшто паѓа на улицата и продолжува да пука. Полицајци кој го заштитуваат кралот исто така отвараат оган по него.

Настапува невиден хаос. Полицајците го оттргнуваат од разјарената толпа атентаторот, му ги врзуваат рацете и во бесвест атентаторoт со санитетско возило е пренесен во најблиската болница.

Куршумите упатени кон кралот Александар се покажуваат смртоносни. Уште во автомобилот тој ја губи свеста. Го пренесуваат во префектурата, каде што после неколку минути умира.

Министерот за надворешни работи Богољуб Јевтич подоцна ќе разгласи, дека божем во последните секунди на својот живот кралот прошепнал " Чувајте ми Југославију! ",

А францускиот "Тан" ќе го доукраси кралскиот завет со: "Пазете ми ја Југославија и пријателството со Франција!". Така следбениците на Александар Карагеоргевич ќе ја дополнат митологијата на големосрбизмот со уште една легенда.

Во настанатат гужва над Барту се укажува прва помош, но неговата состојба се влошува и заедно со паднатиот во бесвест атентатор со санитетско возило е пренесен во најблиската болница, каде што му се прави успешна операција, но неговото срце не издржува и тој умира.

Наспроти тешкото ранување генералот Жорж после 5 - месечно лекување оздравува, а за настанот покасно си споменува:

 

"Со револверот атентаторот манипулираше со таква прецизност и молскавична брзина, што ми остана во сеќавање, наспроти тоа што моментот беше трагичен."

Без да дојде во сознание, атентаторот умира во 8 часот вечерта во болницата.

Во алиштата му откриваат чешкословачки пасош на име Петр Келемен, револвери " Маузер ", " Валтер " и бомба. На десната рака имал тетоважа со иницијалите на ВМРО :

 

череп, вкрстени коски и девиза " слобода или смрт " .

Погребан е на 12 октомври на марсејските гробишта во присуство на двајца детективи и гробари. Местото на погребот не е означено.

пииштолот на Владо Черноземски со кој го убил српскиот крал 

пииштолот на Владо Черноземски со кој го убил српскиот крал на  кралството СХС, Александар  Караѓорѓевиќ

Статија во ''Winnipeg Free Press''  за убиството на Александар Караѓорѓевиќ.

чешкословачкиoт пасош на име Петр Келемен

чешкословачкиoт пасош на име Петр Келемен

бугарска лажна пропаганда

 

 

 

 

Александар Македонски рекол:

 

“ Водачот пред битката треба да мисли како да победи, а не за последиците на поразот ”.

“ Јас претпочитам кратко да горам, отколку долго да чадам ”.

“ Славата не се постигнува со туѓи раце ”.

“ Во политиката нема вистина, има само насоки како да се постигне целта ”.

“ Успехот претставува најголема убедувачка сила ”.

Нема лоши времиња, има само лоши луѓе “

Во сите овие благордни македонски особини, одлика само за еден македонски владетел, можеме да го препознаеме македонецот Владо Черноземски, од штипската околија, село Патрик, нај славниот, нај посакуваниот македонски кумита на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација - ВМРО.

Бил верен на својот завет:

'' Се додека Македонија е поробена и распарчена, Јас ќе се викам Владо Черноземски ''.

Во сите разговори за акции, каде што тој учествувал, истакнувал дека не треба да се води сметка дали тој ќе остане жив или не, туку да се мисли само за успешното исполнување на планот.

Неговиот фанатизам се граничи со саможртва. Така во 1927 г. тој му предлага на ЦК на ВМРО да се опаши со рачни бомби и да експлодира во главната заседувачка сала на друштвото на народите, за да го привлече на овај потресен начин вниманието за болното македонско прашање, откако петициите и молбите на македонското население не влијаеа со соодветна рекција од светската јавност.

Неговите '' 5 '' секунди за кои напорно се подготвувал дошле и ѓи има искористено со таква прецизност, кој може да ги опише само генералот Жорж кој после 5 - месечно лекување после атентато оздравува, а за настанот покасно си споменува:

 

" Со револверот атентаторот манипулираше со таква прецизност и молскавична брзина, што ми остана во сеќавање, наспроти тоа што моментот беше трагичен."

 

За српскиот крал ( незнам само дали знаел дека '' крал '' или '' краљ '' е турски збор ) Александар Караѓорѓевиќ можеме да кажеме дека е само еден тиран, недостоен на името што неговиот кум му го има дадено. Александар Караѓорѓевиќ кој со сигурност во своите соништа се '' рамнел '' со Александар Македонски,.. ма во реалноста тој со својата војска и жандармерија проба да го уништи народот и земјата на Александар Македонски.

За секој Александар Караѓорѓевиќ ќе има и Владо Черноземски, кој во тие лоши времиња, со лоши луѓе, даде морал на македонскиот народ за да продолжи понатаму во борбата за НЕЗАВИСНА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА.

 

Од извадоци од книги и архивски списи, писмени разговори меѓу службени лица на тогашното кралство итн.

 

'' Сите пасоши и други материјали за атентатот се доставуваат од страна на италијанската и унгарската служба ''

За Адолф Хитлер e тоа што примарна цел е францускиот Министер за Одбрана Барту, кој што претседавал со комисијата која што и забранувала на Германија после поразот од 1 - та Светска Војна да формира повторно воени сили, во права смисла на зборот.

Барту бил тешко ранет, но подоцна подлегнал на повредите во болница.

Иако Хитлер е добитникот од атентатот, а постојат податоци за учество на германската амбасада во неговото планирање, сепак изгледа дека Мусолини е движечката сила, пред се заради апетитите да го освои Јадранскиот брег ( Истра и Далмација ).

Мусолини мака мачи да не биде осуден како со-учесник во атентатот. А во Италија веќе имало навестувања за можен атентат неколку месеци пред тој да се случи.

Во тоа време Италија ги подржува Усташите и Анте Павелич, ги финансира и гради кампови за обука, а истовремено ги употребува како инструмент во својата надворешна политика.

Италија е таа која ги обучва и финансира, а истовремено посредува Унгарија да им дозволи обука и длабочинско дејствување од својата територија. Сите пасоши и други материјали за атентатот се доставуваат од страна на италијанската и унгарската служба.

Посетата на Александар Караѓорѓевиќ на Франција доаѓа по неговиот воспоставен договор со бугарскиот цар Борис. Италија е единствена земја со која Југославија немала договор и е нејзин директен противник.

Извадок од книгата „Пехчево“ од група автори објавена во Штип 1990, издадена од Друштвото за наука и уметност:

Тоа се некои теории за причината на атентатот, МА има и многу македонски од кои е и долу наведенитe.

 

Извадок од книгата „ Пехчево “ од група автори објавена во Штип 1990, издадена од Друштвото за наука и уметност:

" Само во 1921 година, ретко некој од возрасните жители на Пехчево не бил изложен на некој вид репресија и затворање.

Режимот на кралството Југославија не ги толерирал дури ни децата и жените. И тие, како и мажите, биле тепани и затворани. Таков е примерот со Ванѓа Василева Цоковска која долго време била срамотена во затворската ќелија од цела десетина џандари зулумџии. Таа по излегување од затворот отишла во манастир и е закалуѓерила, но до кајот на својот живот, во сите средини со кои доаѓала во контакт, го колнела името СРПСКО на злосторниците.

Покрај Ванѓа, од страна на режимските власти биле тепани, изнудувани на бесцелни признавања и апсени: Магда Стамболиска, Марија Рендева, Марија Попова, Руса Попова и други. Последните две биле обесени за нозете со цел бавно да умираат.

Масакрирањето на неколку неполнолетни деца од потесната околина на Пехчево, предизвикала не само огорчен револт, туку и мотив кај пехчевци на кој начин да се УДРИ СРБИЈА ВО НАЈОСЕТЛИВОТО МЕСТО - ДА СЕ УБИЕ КРАЛОТ И ТАКА ДА СЕ ОДМАЗДИ ГОЛЕМАТА ПИРАМИДА МАКЕДОНСКИ ЧОВЕЧКИ ЧЕРЕПИ И КОСТУРИ, РАСФРЛЕНИ НАСЕКАДЕ ВО РАЗДЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА...

Меѓу 1921 и 1925 г. Бил убиен Иван Андонов Клепков, а Маца Мицева и ќерка и Зуица биле малтретирани и уапсени.Никола Попов Карајовов исто така бил измачуван и апсен, Миле Соколов го тепале со пиралка за белење алишта. Тој искрварил и подлегнал на раните. Иста судбина доживеале и Антим Колев, Серафим Медаров, Ефтим Василев, Глигор Аспровски, Коле Смиланов, Катерина Колева Смиланова и Елизабета Василева, додека Благој Илиев Клетнички, Крум Иванов Мицев и Андон Ефтимов Клетнички.

ДЕЦА НА ВОЗРАСТ МЕЃУ 13 И 16 ГОДИНИ, на подмолен начин биле убиени. Децата ги паселе коњите по ливадите. Преку денот си играле, а кога се измориле заспале. Тогаш им се доближиле група СРПСКИ ПОТЕРЏИИ, кои ги избоделе децата со ножеви додека спиеле. Родителите на децата три недели трагале по нив, а кога ги нашле нивните мајки, не можејки да ја потиснат родителската тага за изгубените рожби, трите умреле плачејки."

 
 

... ВЕСТИ

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

МАКЕДОНOH

 

1.

ПРЕЗИМЕ: Goran
ИМЕ: Bukovski
ГРАД: Torino
ДРЖАВА: Italia
е-маил: cecemace@yahoo.it
КОМЕНТАР: kopijata kade sto e napisan bugarski terorist se gleda deka e originalen, zatoa sto naslovot e izbleden,,, vo arhiva vo Milano imam pronajdeno dokumenti koj go govorat istoto,,, za zal

МАКЕДОНOH

Благодарам за коментарот Горан

Во кој архив е тој дукумент?.., Горан, јас го познавам Милано добро, не сум сретнал таков документ.

Има некои докази кои дополнително треба да се разгледуваат, а тоа се подготовката за атентатот била правена во Италија и финансирана од Мусолини,.. и дека имало и некоја телевизиска емисија за тоа во шеесетите на италиајнската телевизија РАИ.

После подпаѓање на Пиринска Македонија под бугрска административна управa СИТЕ жители таму, како и бегалците од другите краишта што доаѓале, добиле бугарско државjанство, a не македонско.

Значи да не ве буни тоа што Македонците од Пиринска Македонија и цела Бугарија имале бугарски патни исправи и бугарско државјанство или по весниците биле именувани како бугари.

Битно е тоа што Македонците со својата Македонска организациаја ВМРО се бореле за '' Независна Македонија'' со главен град Солун. Самото Име ВМРО е Макeдонско, на натписот на значките кои ги носеле борците на капите ќе прочитаме за: Независна Македонија.

Кога Ванчо Михајлов и ЦК на ВМРО на писмено напишале дека ќе се борат за Независна Македонија, веднаш Михајлов бил осуден на смрт, а организацијата ставена како незаконска.

И денешната бугарска политика негира отворено Македонски народ и Малцинсто.

Македонската нација е далеку по стара од бугарската.

 

 

 

 

 

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

      BACИЛEOH Alexandroy Makedonon МАКЕДОНОН

  АЛЕКСАНДРОЈ   МАКЕДОНОН

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обож
aваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.