v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

ОПШТИНА ВИНИЦА -  МАКЕДОНИЈА 

 

ОПШТИНА ВИНИЦА - МАКЕДОНИЈА

 

                 
  

Виница

           Првите траги од човечки живот се наоѓаат во атарот на с. Виничка Кршла (локалитет Градиште 2), каде се пронајдени ретки фрагменти на керамика од Каменото време или неолитскиот период.


           Првите траги од постоење на населени места во Виничко датираат од железното време (од 7  до 6  век пр.н.е.).

Потекло на името 

           Името Виница потекнува од зборот вино, бидејќи подрачјето на Виница во минатото било познато по своите лозови насади. На теракотните икони пронајдени на локацијата Виничко Кале, името на градот е запишано како Винеа или Винце.

 

          Големото  македонско и моќно племе Пajонци го населило источниот дел на Македонија, неколку века пред нашата ера. Тоа живеело во пределот на Виница, во близина на реките Струма и Вардар. Во периодот кога овој регионот бил нападнат од Персија, тој бил многу оштетен. Сепак, нешто подоцна тој се обновил, а Пajонците ја зајакнеле својата економија. Меѓутоа, во 358 год. пр.н.е. ова племе  било под власт на  македонскиот владетел  Филип Македонски, а потоа и од неговиот син, Александар Македонски. 

 

 

Kованици од Филип  Македонски

 

Kованици од Александар  Македонски

 

 

^Најстарите Пајонски кованици со писмото ''коинон македонон''^

Аристон во битка, Пајонски кованициа

Пеја - Ај доле он Т ос

Ѕе - Ај доле он Т ос

Ај доле он Т ос

Ајдолеон бил син на Аристон

Ајдолеон бил син на Аристон

PЕОН ОРЅЕАГО

АИНИОИ

        ВИНИЧКО  било населено од МАКЕДОНЦИ - децата на мајката Ма, МАКЕ ДОН ИЈА - Земја на Божицата Мајка - Македонија, а  Пеонците ЕДНО ОД ШЕСНАЕСЕТТЕ МАКЕДОНСКИ ПЛЕМИЊА ПРЕТСТАВЕНИ  BO  МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ СО ШЕСHАЕСЕТ ЗРАЦИ,   со еден зрак,  ЗА ПРВ ПАТ ВО ВРЕМЕТО HA  ФИЛИП  МАКЕДОНСКИ КОЈ ГИ ОБЕДИНУВА MAKEДОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА ВО ЕДНА ДРЖАВА, кој за ТОА од МАКЕДОНЦИТЕ И БИЛ НАЗНАЧЕН И ЈА ДОБИЛ ТИТУЛАТА >>>>  МАКЕДОНОН <<<< најсветлото за еден македонски владетел.  

Предводени од славниот и највеpниот генерал на Александар Македонски, Аристон биле дел од Македонија. На Аристон му било доделено да го донесе мртвото тело на Александар Македонски во Македонија.

Едни извори велат Олимпија, била во Пидна, но други во Амфипол, каде после опсадата на градот, откако останале без храна, Олимпија се предала на Касандар, овој  претходно  и ветил дека, нема да ја егзекутира, но излагал, бил егзекутиран и генералот Аристон, кој претходно ја советувал василевна Олимпија да не се предава, дека,  ''нетребало да му се верува  на Касандар''. Олимпија претходно побарала помош од Лизмах,  но тој не дошол на помош.

Олимпија веднаш била погубена, додека ВЛАДЕТЕЛОТ Александар ЧЕТВРТИ и неговата мајка биле ставени во затвор во тврдината Амфиполитон под надзор на Главкиј.

 >>>>>Tелото на големиот Mакедонски владетел било закопано на планината Плачковица,... од тука и името на планината, ТАА ШТО ПЛАЧЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ВАСИЛЕOH  - Плачковица, пред тоа се именувала како Зелена Планина<<<<.

 

     Дел од македонските ветрани на Александар Македонски се населуваат во виничко и пошироко КОИ ВЕТEРАНИ ГО ПРЕНEСУBААТ ОРИЗОТ ОД ИНДИJА ВО ВИНИЧКО и околијата. 

       По падот на Македонија нејзиниота престолнина Белас била ограбена од римјаните во 168 п.н.е. Hејзиното градско богатство e пренесено во Рим. истата судбина ја имале и останатите македонски градови и населени места. Римјаните верувале ако поседуваат а посебно македонско воено орудие дека македоската  сила , слава и моќ    ќе се пернесе на нив и така и тие римјаните  ќе биле силни и  ќе го освојат истокот како и македонците. 

      После падот на Мaкедонија под римско робство римјаните прислино иселуваат околу 150.000 македонски занаетчии: sидари, архитекти,  уметници,.. итн во Pим за да го разобовуваат истиот. 

        ГОЛЕМ ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ОД ОПУСТОШЕНИТЕ   ЈУЖНИ ДЕЛОВИ  на Македонија од римјаните СЕ НАСЕЛУВААТ ВО на север и  ВИНИЧКО. 

        Остатоци од римскиот период се регистрирани на поголем број локалитети, како „Градишта“ и „Калиња“. Овие локалитети се наоѓаат на непристапни ридови. Римјаните ги избрале овие места заради својата природна одбранбена функција. Римските населби биле лоцирани во: Ореово - во атарот на с. Лески,  Црквенец - Градиште во атарот на с. Липец, Рашка - во атарот на с. Пекљани, Кале и Горица во атарот на Виница, има една од ромејско над с. Блатец. Со својата големина се издвојува локалитетот Ореово во чија близина е откриен и дел од римски водовод. Локалитетот Црквенец - Градиште е, исто така, поголема населба. Локалитетот Чукарски веројатно спаѓа во нејзин состав, а локалитетот Рашка содржи златоносни рударски галерии експлоатирани во раноримскиот период.

         Со пропаѓањето на Римската империја, некои населени места од подрачјето на Виница исчезнале. Во  период на Кирил и Методиј и еден од нивните помлади ученици, Константин Презвитер, кој подоцна станал и епископ, ја ширеле македонската  култура и писменост. Истовремено,  свештеництe  успеале да го воведат христијанството и да градат цркви.

     Кон крајот на 11  век, во брегалничко навлегуваат Крстоносците, со што се заслабнала рoмejската власт. Тоа го искористил цар Душан, царот на македонците и рашките и во 14 век голем дел од територијата на Македонија, вклучувајќи го и Виничко, потпаднал под негoвна власт.

    Османлиската доминација започнува од 1385 или  1395 година и како резултат на тоа, Виница станува раскрсница за османлиските војници. Воспоставен е нов систем на сопственост, кој се одржува до крајот на oсманлиската доминација во Македонија. 

 Животот под османлиско робство бил тежок.  

 

Една од стандард тортура што османлиите ја применувале во виничко била тоа да луѓето што не можеле да го платат данокот е тоа што биле потковувани со клинци како магариња и со оглав водени по Виница ''за да го видат магарето'' кое не можело да го плати данокот.

Со почетокот на Српско-турската и Руско-турската војна во 1876-1878, турската власт уште повеќе ги зголемила насилствата во Македонија, така што ова предизвикало поголем отпор кај македонскиот народ. Со цел овој отпор да биде подобро организиран, во Виничко, во почетокот на 70-тите години престојувал и агитирал Арсениј Костенцев. Тој за време на агитацијата ја проповедал идејата "... дека учителите, свештениците и младината треба да се подготвуваат, а исто така и населението за востание. Зошто е срам за нас да им робуваме уште на Турците".

Набргу потоа, по иницијатива на поп Стојан, било свикано Првото собрание на истомислениците за кревање на вооружено востание во планинското место Калаџерџево, над селото Разловци. На собранието присуствувале десетмина од кој двајца биле од Виница и тоа:  Хаџи Атанас од село Драгобраште и Цоне Дончов од село Лаки.

По сеопфатните анализи и подготовки, востанието започнало во мај 1876 година. На негово чело застанале селскиот свештеник поп Стојан и неговиот зет, учителот Димитар поп Георгиев Беровски.

Според планот востанието требало да го опфати и Виничко. Затоа околу 23-ти мај востаниците стасале на планината Плачковица на местото каде што биле избегани селаните од село Лаки. Од нив 40 души биле вооружени и раководени од Цоне Дончов. Претходно во испразнетото село Лаки влегле околу 60 души Турци. Целта им била селото да го ограбат. Но штом дочуле дека се приближуваат востаниците од Разловци за да се поврзат со востаниците од село Лаки, веднаш го напуштиле селото. По договор со Д. Беровски, Ц. Дончов останал да го брани селото, а востаниците продолжиле кон Радовишко. Но поради одредени недоразбирања, планот за проширување на востанието не се реализирал. Турците успеале востаниците да ги разбијат. Притоа биле уапсени голем број востаници, а меѓу нив и повеќе лица од Виничко на чело со Ц. Дончов, кој во скопскиот затвор бил отруен.
Набргу потоа турските зулуми станале неиздржливи.

Се кренало уште едно востание, Кресненското во 1878 година. Во него повторно учествувале востаници од Виница.

По востанијата политичката положба за извесно време се стабилизирала

 

Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век Виница е во постојан развој, како економски, така и демографски. Најголем дел од населението е македонско и христијанско. Таквата структура на населението одиграла позитивна улога во борбата за националното и социјалното ослободување. Членови на TМOРО активно се ангажираат. Но, пред сè, треба да се истакне ангажираноста на Гоце Делчев, како главен двигател и ум во подготовките за вооружено востание на македонскиот народ од турското ропство. Еден од по значјните дејци во Виничко од тоа време е Ангел Винички. Ма освен христијанското население во борбата за ослободување на Mакедонија се вклучило и турското население ... од тука е и прочуената ''виничка афера''  

ВИНИЧКА АФЕРА  

 Името на Виница, грмна кон крајот на 1897 година по целата земја и стана синоним на ѕверства и сквернавење на човечкото достоинство.

Виница

На 14 ноември 1897 година една разбојничка чета, составена од 26 луѓе и водена од Коте Голчев од Берово минува од Бугарија и располагајќи со јатаци во Виница, влегува по полноќ во селото, го убива месниот богат Турчин Ќазим-ага и еден полјак, и крадат од неговиот дом околу 800 лири. По убиството четата ја минала границата и се сокрила во Бугарија. Полјакот бил работник на Организацијата. И, токму тоа убиство станало причина да се расплете и развие страшната Виничка афера. Другиот ден кочанскиот кајмакам се појавил со стражари и војска во Виница, ги подложил селаните на ќотек и ги открил соучесниците на бандата, осум души, меѓу нив и раководителот на комитетот, Георги Иванов, син на виничкиот кмет. Фатена била жената на убиениот, кога го видела мртов својот маж, мислејќи дека е тој убиен од Организацијата, со солзи во очите отишла кај командирот на војската и му соопштила, за инат на Организацијата, дека во нејзината куќа има и складирани комитски пушки.

Наоѓајќи ги посочените пушки, кајмакамот ги претресувал и другите куќи и открил: пеесетина пушки, дваесетина бомби, неколку сандуци со патрони и малку барут.

Интересот на власта за извршеното вообичаено убиство го снемало – дотолку повеќе, што авторите и соучесниците веќе биле пронајдени – и се осредоточиле на откриената конспирација. Скопскиот валија Хафуз-паша, познат по својата омраза, си поставил за задача да ги открие сите нишки на заговорот. По заповед директно од Илдаза, пак бел назначен да ја води истрагата полицаецот Дервиш ефенди. Тој ги ставил во дејство сите познати инквизициони методи, но не сите измачувани се покажале Доневци. Откривањата набрзо ги опфатиле повеќе или помалку и соседните кази: Штипска, Кратовска, Паланечка, Радовишка, Кумановска, Малешевска и дојдоа дури до Скопје. Мноштво од организационите првенци по селата и градските раководители биле поапсени и ги почуствувале ужасите на инквизицијата, други пак успеаја да побегнат.

Човечките жртви и страдања, коишто ја чиниле Виничката афера во засегнатите кази, по суштина и по размер ги надминале сите очекувања. Се набројуваат: 218 убиени, тепани и измачувани (5 убиени, 5 умрени од мачење, 111 тепани, 85 измачувани, 13 жени и мажи обесчестени); затворени во казалиските затвори и во Скопје 528; побегнати во Бугарија 300. Поголемиот дел од сите категории на пострадани се селани-земјоделци. Процентно меѓутоа настрадале повеќе другите сталежи: еснафи, трговци, учители и свештеници. Така, имало измачувани 27 учители и 13 свештеници; заточени 30 учители и 12 духовни лица; 3 управници на училишта; 10 избегани учители и 11 свештеници.

Од интелигентните луѓе најтрагично завршил учителот Јосиф Даскалов, кратовски раководител. Најнечовечки измачуван, горен со усвитено железо во устата и во anus-от, Даскалов решил на еден безумен дрзок подвиг: ги заведува своите мачители на една карпеста стрмнина, за да им го посочи божем складираното оружје и се фрла од таму во амбисот. Тој cакал да го повлечи со себе и Турчинот кој го придружувал, но не успеа: сам се струполи одгоре во амбисот, но за чудо, остана жив.

Ужасите продолжиле близу 2 месеци. Мноштво од нив не издржале и во своето очајување по нешто искажале, но многу од нив храбро ги издржале со цврстината на првите христијани.

   Во „Мемоарите“ на Внатрешната организација се дава претстава за методите кои ги применуваа инквизиторите:

Во с. Виница, Кочанско: учителот Црвенков-Елеков беше жестоко измачуван и обесчестен; главата на селскиот кмет Иван Петров беше стегана со влажни јажиња; селанецот Христо Грнчарот 24 часа беше држан да виси надолу со главата и е тепан по градите; младиот Ампо Захариев умре од жестоки измачувања; војници, во едно оризово поле ги убија Атанас Петков, Григор Медлинин и двата работници од с. Галичник (Дебарско); обесчестени беа Катарина Митева (од чаушот на Дервиш ефенди и еден војник), Марија Порушова и Гина Иванова.


Поп Никола од с.Зрновци (Кочанско), е бесен со главата надолу и држан во таква состојба цели 3 часа; држан е неколку часа во смрзната вода, горен е со железо по телото и anus-от и др. Тасо Мишев од истото село е бесен со главата надолу и горен со железо по телото.

Учителот од с. Панчево (Кочанско) Алекс. Беличев е мачен со забивање спици под ноктите и долго време држан над оган.

Коце Захариев од Кочани е држан неколку часа со голи нозе под силно вжештена печка.

Учителот од с. Дадини (Радовишко) Хр. Георгиев е тепан пет вечери по ред, бесен е со главата надолу и јазикот му е фаќан со вжештена маша. Во истото село се обесчестени: Спасена Георгиева и момите: Катерина Јанева и Зоја Илиева. И првите две умреа од преголемо насилство.

Познатите Кара Тасе, Пане Пиштоло, Васил Лската, Ѓошо Икономски и Коце Бакалчето – сите родум од Штип, откако добија по 40 камшици и преку 24 часа беа држани на по една нога и тепани. Васил Лската умре од жестоките измачувања.

Свштеникот поп Димко од Свети Николе (Штипско) беше обесчестен од војници.

Младиот свештеник Ананиј од с.Кокошине (Кумановско) беше тепан по нозете и горен по стомакот со усвитено железо; учителот од истото село Арсениј Николов е тепан по нозете и горен со усвитено железо по задникот и десната нога.

Учителот во Кратово Јосиф Даскалов е жестоко измачуван, горен со железо во устата.

Аферата сигурно била испланирана или поттикната од врховистите кои делувале и во виничкиот крај. Врховистите се Македонската емиграција што живееле во Кнежеството Бугарија и братства од Романија, кои блие под влијание на кнезот Фердинанд од Виена. А одозгора треба да се надоврзе дека Фердинанд ги апсел Македонските револуционери, зошто тој бил османлиски вазал и руско-австроунгарски измеќар.

Гоце Делчев најдобро ја опишува состојбата во тоа време во Македонија во едно негово писмо:

Писмо до Ефрем Каранов 17/ 10 / 1895

'' Господине Каранов
Пред неколку недели г. Чакаров се јавил со офицерска униформа (чин поручник) во Виница со намера да прогласи внатрешно востание!
Благородна намера!
Нема поопасен лек од оној со кој се зафатил Чакаров.
Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешно востание.
Оној кој мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите.
Но кои се тие што ќе се кренат на востание? Г-н Чакаров ли? Ако востание може да се крене со 1-40 души, Македонија одамна ќе беше слободна државичка.
Но бидејќи тоа е невозможно, а треба луѓе, тогаш што треба да се прави?
Треба тој народ да се разбуди од петвековниот сон, којшто го направил Македонецот доста дебел во свеста човечка правина. И тоа ако не целиот народ, барем дел од него па тогаш наместо г. Чакаров да бара 40 души, ќе го бараат него 400, за да застанат под неговото знаме.
Ако не стане така и ако се поргласи востание, жално ќе биде за народот, а тешко и горко за виновникот.
Жално е зошто залудно ќе се изгубат најмлади сили (едни по зандани, други по бесилка), ќе се остават невини Македонки на самоволието на скотските и жестоки страсти на дивјаците и најпосле ќе останат под јатаганот на азиецот 5-годишни деца и 70-годишни старци и за сето тоа виновникот ќе биде одговорен и пред својата совест и пред народот и пред историјата''.

Башибузук

Ангел Винички, бил еден од попознатите комити на ТМОРО

Ангел Винички и другари

 

Во почетокот на Првата балканска војна, Виничко било директно опфатено со борбени воени дејствија. Во 1912 г. во Виница се воделе борби меѓу турската и бугарската војска.

      Втората балканска војна повторно ја опфатила територијата на Виничко. Борбените дејствија меѓу бугарските и српските единици на оваа територија се одвивале во 1913 г.

ТЕРОРОТ ВО КОЧАНСКО-ВИНИЧКИОТ И ЦАРЕВОСЕЛСКИОТ РЕГИОН ВО ПЕРИОДОТ ЈУЛИ-АВГУСТ 1913 г.

Териториите на Кочанска околија, Виничко и западниот дел од Царевоселска околија (Каменичко), за време и (во првите денови по завршувањето на втората балканска војна, ги снашла вистинака катастрофа, како во поглед на човечкиот потенцијал така и на сите видови на материјални добра. Оваа територија за време на втората балканска војна често ги менувала воените господари, бугарски, српски, час со неа владееле бугарските, час српските и црногорските војски.
Со оглед на тоа што ова подрачје се наоѓало (во центарот на воените дејстнија, тоа било посетено од членовите на Карнегиевата комисија, која (во својот труд Анкета на Балканите, меѓу другото, забележала: „Селото Виница, означено во српските документи како изгорено и опустошено од бугарите при при повлекувањето, српските војници при навлегувањето во него (веднаш почнале да ги прашуваат селаните еден по еден, дали се cрби илн бугари? Оној што ќе речел дека е Mакедонец, ужасно бил тепан. По ова, началникот на војската избрал 70 души и дал заповед да ги стрелаат… На 10. 07. 1913 г., три дена по ова во селото се (вратила бугарската армија, а по извесно време пак го напуштила селото. Тогаш, освен старците, сите селани се повлекле со бугарската војска
Од цивилното население, поради здобиените рани за време на тепањето, умрел Коле Атанасов.
„Во село Блатец се повторува истата историја. Турците ги (клеветат Mакедонците  како сомнителни. Затвораат дваесетина од нив, му ги извртуваат очите на едно момче за да посочи каде се сокриени парите, друго едно го фрлаат во оган за истата цел, а потоа ограбиле и опожариле цели квартови. По ова ги извеле осомничените надвор од селото. Офицерот извикал: кој може нека се спасува. Војниците стрелале на нив и ги избиле сите. Поради ваквата бесмислена осветољубиво-користољубива заповед на еден војник, недостоен да го носи тоа име, во с. Блатец, Виничко, загинале:

1. Зафир Момчилов Трајков, бил измачуван, му биле извртени очите, за да покаже каде се сокриени парите
2. Доне Темов, му биле извртени очите
3. Алекса Темов, жив изгорен
4. Ангел Мирчев, стрелан
5. Трифун Митрев,
6. Симеон Стојменов,
7. Поп Спиро Стојанов, 8. Павел Синадинов,
9. Михаил Ангелов,

Како и лруги 11 души селани кои биле затворени и измачувани во турската џамија, а потоа, изведени надвор од селото и во месноста „Оризарски брест”, биле стрелани.”‘
Одмаздата на српските војници врз имотот, честа и животите на селаните од с. Лаки, Виничко, била уште поголема. Тие се (нафрлиле врз селаните како на стока и ги тепале каде ќе ги престасале и со се што ќе им паднало во раце. Двајца современици, кои на некој начин успеале да го преживеат крвавиот масакр, сведочат: 

      „Селото беше сардисано од сите страни. Војниците влегуваа во куќите и секој што ќе го најдеа дома го тепаа и бараа пари. За пари многу го мачеа соседот Серафим Ѓоргиев. Тој пискаше колку што можеше да го држи гласот. И колку повеќе пискаше, толку повеќе го тепаа. Едно време тој го изгуби гласот и татко ми рече: „Му ја зедоа душата, кучиња!” Од спротивната страна се слушаше врисок на женски глас. Тоа беше дода Евда Цекова. И таа престана по едно време да вика. Тогаш, татко ми рече да бегаме низ задната врата. Така и сторивме, побегнавме во шумата, во месноста „Грбовец”. На ова место пред и по нас се собра многу народ. Оттука гледавме како изгоре селото. Од 145 куќи, само 3 не беа изгорени, беа останале случајно. Кога се враќавме кон селото, на патот кај месноста „Бел Камен” го препознавме трупот на Тодор Марков, овчар, убиен на овчарската колиба. Малку панастрана од него беа парчосани други двајца, кои едвај, можеше да се препознаат оти се луѓе. Кога се вративме во селото ги најдовме избодени и потонати во крв:
1. Иван Мицев
2. Серафим Георгиев
3. Мите Јанев, парчосан на делови. Неговите блиски го „собраа” во вреќа и го однесоа во гробиштата да го погребат.
4. Евда Цекова, целата беше избодена со ножеви и беше искрвавена,
5. Марко Гоцвв, убиен во овчарската колиба
6. Атанас Марков, негов син
7. Харалампие Митев, стрелан и избоден
8. Александрија С. Домазетов, од с. Бигла, Царевоселско,
9. Саво Александров,
10. Спасо Петров,
11. Андан Стојков,
12. Илија Пецев,
13. Петар Христов,
14. Герасим Александров,
15. Георги Јовев,
16. Ефтим Темелков,
17. Милош Еф. Темелков,

18. Стоилко Митвв,
19. Илија Гошев,
20. Коле Лазаров,
21. Мите Јанев,
22. Саво Георгиев,
23. Георги Атанасов,

И селаните од с. Безиково биле изложени на страотен терор од страна на српските војници. Кога го зазеле селото, војниците се пуштиле во грабеж и силување на жените. Две од групно силуваните жени умреле на лице место, а една друта жена умрела нешто подоцна од последиците на повредите добиени од војниците-насилници. На една од жените што ја силувале, и го испекле детето на оган. Детето штотуку наполнило една година старост. Од мажите во с. Безиково, од оние што биле фатени од војниците, не преживеал ниту еден. Имињата на убиените се:

1. Атанас Велков, дете
2. Стојмен Јанакиев, дете
3. Атанас Стојчев, стрелан
4. Иван Каранфилов,
5. Велко Илиев, ги изгубил и синот и жената
6. Георш Арсов,
7. Теодосие Христов,
8. Мито Христов,
9. Никола Ангелов,
10. Симеон Ангелов, стрелан
11. Гаврил Арсов,
12. Ангел Арсов,
13. Велин Јанакиев,
14. Лазар Тасев,
15. Стојмен Иванов, и уште 3 други селани чии имиња не се познати. 

    Пакрај масакрот српските војници го опожариле селото, куќите, плевните, овчарските колиби и собраната летнина. Останатиот дел од населението побегнале во планината и во Бугарија. Стоката за која немало кој да во ди сметка била разграбена и стрелана од страна на војниците.
Во селото Липец српските војници паднале под влијание на турците и крваво се пресметале со голем број селани. Едни биле стрелани, други избодени со бајонети и друго ладно оружје, а оние што останале живи, кусо време по тепањето, умреле. Селото во два наврати било ограбувано. Во првиот грабеж биле убиени:
1. Трифун Јакимов, учител
2. Нико Јакимов, брат на учителот
3. Филип Јакимов, исто така брат на учителот.
Пред да бидат стрелани долго време биле измачувани во турските гробишта. Мачителите од нив барале пари и оружје. Бидејќи немале ниту пари (ниту оружје, биле избодени со бајонети, а потоа закопани во плитка дупка од каде што им се гледале нозете. На истото место по нив биле закопани и:
4. Захариј Постолов
5. Тодор Постолов Чорбаџиев
6. Трифун Постолов 7. Симеон Ароов
8. Ампо Постолов
9. Иван Постолов
10. Мите Дамјанов
11. Илија Тирелков, гајдаџијата
12. Симеон Арсов
13. Цветан Митрев
Војниците не се задоволиле со овие жртви, туку повторно се вратиле во селото и почнале да ги измачуваат жените и уште неколкумина мажи. Меѓу сите нив на најголеми маки бил изложен свештеникот П. Георгиев на кого српските војници му забиле нож во устата. Од свештеникот војниците барале пари и оружје. Заедно со попот биле тепани и затворени:
2. Панчо Трајанов, сокршен од тепање
3. Гиго Трајанов,
4. Мише Манов,
5. Крсте Георгиев,
6. Теодосиј Постолов, беследно исчезнал
7. Спасе Иванов, тепан и измачуван
8. Мите Трајков,
9. Петар Иванов,
10. Стефан Мишев, одвлечен во шумата и беследно исчезнал

11. Евгенија Тодорова, групно давена
12. Стојна Григорова, „
13. Агница Симеонова, „
14. Стојанка Стојанова, „

     

      Останатите жители од селото се разбегале во шумата или побегнале кон бугарската војска.
Исто така поради клевета од месните турци, големо злосторство српските војници извршиле врз населението на с. Зрновци. Од сведоштвата на преживеани луѓе се дознава дека кон средината на јули 1913 г. селото било опседнато од голема единица, готова да го срамни со земјата. „Српските војници — наведуваат сведоците, придружени од голем број турски одмаздници, се растрчаа во групи по нашите куќи, влегуваа внатре кршејќи ги вратите и прозорците, а потоа грабеа се што ќе им паднеше во рацете. Тие не пцуваа и тепаа. Оние што пружаа отпор ги врзуваа со ортоми и синџири и според нивните постапки спрема нас, во нивните очи бевме пониски и од обичен добиток. Кога ги разграбија куќите, сите мажи, жени, деца и старци не поведоа кон турските гробишта. По патот од селото до гробиштата војниците не клоцаа, пцуваа и ни се закануваа дека сите до еден ке не стрелаат. Кога стигнавме до гробиштата, на секој од нас му беше јасно дека нема враќање назад. По едно време одделија 7 души од другите и почнаа само нив да ги тепаат и да прават со нив кој што сака и мисли. Најжестоко беше измачуван поп Томан Трифунов, а по него и Иван Фурнаџиев. Другите се разбегавме, некој во селото, некој во шумата, а некои во другите села. По извесно време, кога работата се стивна, видовме на каков грозен начин им беа одземени животите на седуммината наши соселани. Тие беа, најблаго речено, искасапени и не се препоанаваа оти се човечки суштества. Нивните имиња се:
1. поп Томан Трифунов
2. Иван Фурнаџиев
3. Панчо Данаилов
4. Ефтим (Тимо) Лазаров
5. Димитруш Јованов
6. Мишо Стојков
7. Иван Павлов
Истиот ден кога се извршени масакрите во Блатец и Зрновци, српските војници го разграбиле и селото Мородвис, кое штотуку почнало да се населува со христијанско население од планинските села на Кочанска околија. По разграбувањето на куќите, војниците стрелале петмина селани од Мородвис и тоа:
1. Апостол Божинов
2. Јордан Савев
3. Ристо Стојменов
4. Мито Станоев
5. Мите Николов
По извршеното злосторство била одземена стоката — едриот и ситен добиток од селаните, за потребите на војската. Единствениот сведок што останал, турчинката Алиева, по се она што го видела, на повратниците во селото им рекла: „Ова место ќе ги казни тие луѓе, убија невин свет”.
На големи грабежи и насилства биле изложени и населените места Пеклани и Трсино. Во овие две села биле тепани и масакрирани голем број селани и тоа:
1. Филип Апостолов, избоден
2. Данчо (Дане) Спиров,
3. Горги Постолов,
4. Јордан Серјафимов,
5. Трифун Дончев,
6. Златан Стајчев,
7. Пешо Филипов,
8. Гоше Лазаров, од с. Трсино

9. Тасе Георгнев,
10. Коле Лазаров, 11. Велин Христов, 12. Зафир Христов, сите родум од село Пеклане, Кочанско.
Нешто подоцна, по избивањето на спорот меѓу околискиот началник на Светиниколска околија и разбојникот Јаја-ага, од страна на четниците на Јован Бабунски биле изложени на терор и неколку турски семејства, Од Турците биле убиени:
13. Мурат Фератов, убиен, родум од с. Трсино
14. Муарем Хасанов,
15. Расим Косев,
16. Денчо Сулеманов,

За селото Соколарци меѓу српските војводи и офицери се ширеле гласови дека било богато. Неколку фамилии од селото биле внесени во списокот што го изготвил четникот Јане Нивичаноски, посочени дека располагаат со многу златни турски лири. На сугестиите на четникот наседнал српскиот офицер Понјавиќ кој почнал жестоко да ги измачува маркираните семејства. Од страна на офицерот Понјавиќ многу бил тепан Постол Мицев (кој не можел да ги издржи маките, му дал 50 златни лири на офицерот и потоа умрел. По него на ист начин бил измачуван и селанецот Мите Стојмилов, кој исто така им подлегнал на раните, не му дал пари на офицерот, но умрел, На офицерот Понјавиќ, во измачувањето на селаните за пари, му се придружиле и: четникот Јане од с. Нивичино, Кочанско, како и српскиот офицер Поповиќ. Тие ги мачеле, затворале и изнудувале за пари сите селани за кои биле убедени дека имаат скриено златни турски лири.
Покрај деветмниа мажи, кои биле сокршени од тепање, исто така биле тепани и давени и три жени од селото, кои останале со последици. Мачителите не се задоволиле со тоа, па расфрлиле данок на целото село и им се заканувале на луѓето дека сите до еден ќе биле испотепани, ако не ја исполнат обврската.
Покрај овие, од Кочани и Кочанако за време на војната и по нивното завршување, биле убиени, ранети, тепани и испропадени од своите родни места повеќе од половината на населението, во овој питом крај пред започнувањето на војните.

 

       По завршувањето на двете војни, Виничко станува дел од Кочанската околија, во чиј состав влегувале 11 општини. Сепак треба да се истакне дека токму Виница била нејзино седиште. Во овој период сè било подредено на интересите на новосоздадената српска власт. Животот на обичното населението бил особено тежок на економски план, како резултат на повторените воени активности.

        По избувнувањето на Првата светска војна, воспоставената бугарска и српска окупаторска власт се обидувала да му ги наметне на населението своите интереси преку силни пропаганди во областа и на политиката, но и на лингвистиката. Голем дел од населението било мобилизирано и се случувало најблиски роднини, вклучително и браќа, да носат различни унифиорми. Тоа значело дека тие морале да се борат едни против други и да гинат за туѓи интереси.

         Во периодот меѓу двете светски војни, населението во Виничко, главно, се занимавало со земјоделие. Во Виница биле отворени неколку помали индустриски објекти кои му давале белег на стопанскиот развој на гратчето. Имало и електрична централа со која се осветлувал дел од Виница. Постоела дури и примитивна работилница за правење ќерамиди и цигли, кои претходно се носеле од Кикинда, како и работилница за масло. Во 1926 г. била формирана и Виничката кредитна банка, со цел да го финансира стопанството во источниот дел на Македонија.

          Со избувнувањето на Втората светска војна, дошло до заминување на претставниците на српската власт и завладеала анархија. Бугарската власт повторно настојувала да изврши целосно асимилирање на македонското население. За време на Втората светска војна, Виничката област економски стагнирала. За време на на Втората Светска војна Виница била палена 2 пати,.. еднаш од бугарскиот окупатор, а втор пат од германскиот окупатор. Германскиот окупатор за освета за нападот на нивната колона кај клисурата на Брегалница во близина на c. Истибања. За освета пак партизаните ги стрелале 12-те или повеќe германски заробеници иако тие молеле дека ако не ги стрелаат ќе направеле некој мост или некој објект,.. бидејќи меѓу нив имало и инжинер.

       На 23 јуни 1944 година еден баталјон од Втората МНОУБ, од 120 борци, присуствувал и влегол во составот на Четвртата МНОУБ, која е формирана  на врвот Лисец на планината Плачковица.

Четврта македонска ударна бригада

Постоење
- 24. јул 1944 — мај 1945.
Место основање:
- Лисец, планина Плачковица 

????????? ? ???????? ?? ???????? ????????? ?????? ??????????

????????? ? ???????? ?? ???????? ????????? ?????? ??????????

 

Формација
- Плачковички НОП одред, 
делови 2. и 3. НОУбригада 

Ангажирања

Завршни операции за ослободување на Македонијa 1944, потоа е дел од Првата Македонска дивизија


Одликовања
- Орден заслуга за народ 

Команден состав

Командниот состав на бригадата го сочинувале: 
Борис Милевски - командант од 23 јули до 3 октомври 1944 година
Никола Пеев - Груев - командант од 3 октомври 1944 година

Политички комесари биле: 
Кирил Михајловски - Груица - од 23 јули 1944 година
Раде Гогов - Црноречки - до 17 септември 1944 година
Момчило Митревски - од 17 октомври 1944 година

Команден состав според руски извори, биле добро информирани

Никола Груев — командир (с 3 октября 1944)
Борис Милевский — командир (с 24 июля по 3 октября 1944)
Васко Карангелевский — заместитель командира (с 24 июля по 17 сентября 1944)
Димитр «Аргир» Шутаревский — заместитель командира (с 17 сентября по 17 октября 1944)
Саво «Петралички» Якимов — заместитель командира (с 17 октября 1944)
Кирил «Груица» Михайловский — политрук (с 24 июля по 17 сентября 1944)
Раде «Црноречки» Гогов — политрук (с 17 сентября по 17 октября 1944); заместитель политрука (с 24 июля по 17 сентября 1944)
Момчило Митревский — политрук (с 17 октября 1944)
Драган «Лефтер» Зафировский — заместитель политрука (с 17 сентября 1944)
Ката Лахтова — политрук батальона
Ацо Караманов
Мито Димитриевский — начальник штаба (с 17 октября 1944)
Александар Минчев — начальник штаба (с 17 сентября по 17 октября 1944)


Биле многу лесно вооружени, имале многу проблеми при напад од воздух

        Бригадата водела борби против бугарските сили кај с. Митрашинци, Беровско (14 август), на пл. Плачковица (16 август), кај Берово (23 август), извршила напад на Виница (30 август). По борбите со германските сили ја ослободила Струмица (9 септември), по што влегла во составот на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ (17 септември до средината на октомври 1944) и продолжила со борби со германските сили кај Струмица, селата Нова Маала и Амзали и по комуникацијата Струмица - Берово (22 септември - 3 октомври). Во содејство со други единици, бригадата го ослободила Берово на 13 октомври и продолжила да ги напаѓа германските колони во реонот на Голеш, кај Костурино, на комуникацијата Валандово-Струмица, а потоа ги ослободила Валандово, Удово и Дојран на 7 ноември, по што била упатена да ја затвори југословенско-грчката граница од Гевгелија до тромеѓето со Бугарија.

Во рамките на завршните операции за ослободување на Македонија, оваа бригада учествувала во борбите за ослободување на Кочани, Струмица и други населени места од Источна Македонија.

 Црвената армија влегла во Бугарија на 8 септември 1944 година; Бугарија и објавила војна на Германија следниот ден.

Тешкото вооружување било предадено на нацистите, така бугарите, пљачкале колку можеле и се повлекле од Македонија.
Среќа немало железница инаку ќе го опљачкале Македонскиот народот и дрвени лажици пљачкале, толку биле бедни.

Скопје е ослободено од нацистите и балистите, не од бугарите.

        По ослободувањето, таму некаде сè до 1946 г., општината Виница е активна. Во април, 1952 г. официјално е формирана и општина Виница која била составена од Градец, Истибања, Јакимово и Црн Камен. Во 1955 г. кон Виничка општина се приклучуваат и Блатечка и Грланска општина со сите околни села.

Виница

                   

       Историски и археолошки атракции

Раните христијански објекти, како на пример базиликата "Свети Спас" во селото Драгобраште и манастирот во селото Грљани, се сметаат за најпознати. Помали цркви од средниот век можат да се видат во селото Лески, на локацијата "Свети Атанас", а исто така, и новата црква "Свети Јован Опсечен" каде се наоѓа и една стара црква. Постои и една мала црква со некрополис во селото Лаки, на локалитетот "Црквата", и црква на локалитетот "Кале" во Виница.

Во категоријата на регионални споменици, најважни се локалитетите "Кале" и "Горица", кои се наоѓаат во самата Виница, како и локалитетот "Црквиште" во селото Блатец.

Локалитет „Виничко Кале“

Најпознат археолошки локалитет е "Виничко Кале" со своите уникатни и оригинални теракота икони. Тие се пронајдени во периодот од 1986 до 1989 година и претставуваат едно од најексклузивните откритија врзани со рано-христијанската уметност во Македонија. Иако долго време не биле познати, денес овие теракота икони се и едно од најсензационалните археолошки откритија на Балканот. Притоа, тие станаа симбол на комплексната и сложена димензија на рано-христијанска уметност во Македонија. Керамичкиот релјеф од Виница е еден од највредните уметнички дела од периодот на раното Христијанство. На локалитетот "Виничко Кале" можат да се видат остатоци од неколку згради и од една стара христијанска црква. Оваа црква, која го зафаќа југо-западниот дел на овој локалитет, е изградена во првата половина од ИВ век. Најпознати мотиви од колекцијата "Виничка" се: - Победничкиот крст - симбол на христијанската вера, - Исус Навин како го запира сонцето над Гаваон, - чудото на Св. Елисеј, - закрепнувањето на Товит, - псалмот од Давид, - лавот од племето Јуда, - Св. Архангел Михаил, - Св. Јове - освојувачот на демони, - Св. Теодор - освојувачот на демони - Св. Кристофер. Познатите теракота икони се претставени во повеќе од дваесет градови, во дванаесет европски држави.

 

    Заради  немање посебна институција во градот Виница, која да ги собира откриените археолошки и други материјални траги од животот на луѓето на овие простори, многу од тие материјални траги биле неповратно изгубени. Други пак, одкако биле откриени, биле пренесени во најблиските музеи и музејски збирки, (во Музејот на град Штип или пак во Музејот на Македонија во Скопје). Така, на пример: откриениот мотивен релјеф на Виничкото Кале со претстава на Ѕе и Ара (од кои е зачувана само Ара ) се нашол во лапидариумот на Музејот на град Штип, каде што и денес се чува, како и двете мермерни статуи на каријатиди откриени на локалитетот Манастириште во с. Калиманци. Неколкуте фрагменти од теракотни релјефи, по откривањето од сопственици на лозја на Виничкото Кале биле спасени и пренесени во Музејот на Македонија. Две цели теракотни икони се нашле во приватни збирки. Извесен број археолошки предмети, со различна вредност, од различни временски епохи и од различни локалитети, се нашле во приватната збирка на г.-н Ристо Попов од Виница, кадешто, за среќа, и до денес се чуваат.
Како резултат на сознанијата за постоењето на поголем број археолошки локалитети во регионот на средното течение на река Брегалница, посебно за тие непосредно врзани со градот Виница и неговата непосредна околина, (сознанија, собирани во изминатиот повеќегодишен период и документирани во Археолошката карта на Република Македонија (МАНУ, том1 (1994) и том 2, Скопје 1996 год), денес знаеме дека на овој простор се одвивал интензивен живот на луѓето од времето на: неолитот, бронзеното, железното, раноантичкото, римското, доцноантичкото, ранохристијанското и средновековното време.

 

 

 

 

       ВИНИЧКИТЕ ТЕРАКОТИ

 

 

На север и запад од Калето има се уште неоткриени археолошки локалитети

На север и запад од Калето има се уште неоткриени археолошки локалитети

 

Cело Јакимово 

Црквата во село Јакимово


Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани



 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

'' ,.. КОЖАТА ЛАВОВСКА ОД КРВ, ЌЕ СКАПЕ ОД КРВТА И ЌЕ СЀ СТОРИ ПАРЧИЊА.

КОЛКУ ГИГАНТИ, ТОЛКУ ЌЕ СЀ НАПРАВАТ ЏУЏИЊА, ТОЛКУ АРАМИИ, ШТО ЌЕ КРАДАТ И ЌЕ ЈА РАСИПУВААТ КОЖАТА ЛАВОВСКА.

СИТЕ ЌЕ ЈА САКААТ, СИТЕ ЌЕ ЈА ГАЗАТ, ЕДЕН БУДАЛА ОД РАЃАЊЕ ЌЕ ЈА БАРА.
ПУРПУРОТ ЌЕ СЕ ИСКИНЕ И ЌЕ СЕ НАПРАВИ ВАЛКАН ОД КРВТА И КАЛТА.
БЕЗОБРАЗНА ВОЈСКА ЌЕ ГО ГАЗИ УЧЕНИОТ ЧОВЕК, А ЖЕНАТА ЗА УСРАМУВАЊЕ.

НА ПОП ЌЕ ГО ДАДАТ ПУРПУРОТ ЗА ЛАЖЕЊЕ.
ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА ЌЕ СЕ КОЛАТ И ЌЕ СЕ НАДЕВААТ НА РAЖЕН.
СИНОТ НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ СМЕЕ И ЌЕ СЕ СМЕАТ ДО НЕГО.

ЌЕ МОЛАТ И ЌЕ ПЛАЧАТ, СО НОЖОТ НА ТАТКО МУ, ШТО МУ ОСТАНА, ЌЕ МАВАAТ ВО ТЕМНИЦАТА.
ТРИЕСЕТ И СЕДУМ ДЕНА ЌЕ ПОМИНАТ КОГА ВИДЕЛОТО НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ УГАСИ И ПУРПУРОТ (СОНЦЕТО) ШТО ГО МИНУВА СИНОТО ВИДЕЛО НА НЕБОТО, ЌЕ СЕ ВРАТИ И ЌЕ ГО СТОЛИСА ВЕКОТ.

СКАПАНОТО СО ОГАН, ДЕЦАТА НА БОЖИЦАТА МАЈКА ( ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА), ЌЕ ГО ИСЧИСТАТ БОЛНИОТ ВЕТAР.

ЗОШТО 1000 ГОДИНИ СЀ КАКО ДЕНОТ ОД ВЧЕРА. ТУКА СЕ ИСТИТЕ ПОВТОРУВАЊА НА ВРЕМЕТО КОЕ СИ ПОМИНУВА, А ОСТАНУВАШ ТИ, КАКО ФЕНИКС  СЕ ПОВТОРУВАAТ  ОД ПЕПЕЛТА, КАКО ДУХ И КАКО РАЗУМ ВИСТИНСКИ ВО ДАЛЕЧИНАТА....''

 

 

 

На ден 03 / Ma / 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 16 / Жустар / 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување HO и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.