v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

 

10 ДЕЛ 11 ДЕЛ 12 ДЕЛ

 

  МАКЕДОНИЈА ОД 1941 ДО 1990 година   

 

   МАКЕДОНИЈА -   ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА  (ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА )

наредбата за окупација

На 19 април 1941 г. при навлегувањето на бугарските единици во Струмица,.... 

Hа територијата на Македонија при крајот на април и во текот на мај 1944 година и претходеа на нова непријателска офанзива позната како седма која германските војски ја превземаат на територијата на тогашна Југославија.

злосторства на бугарската окупаторска армија и полиција врз населението во Централна Македонија 

      Во пролетта на 1944 година, германската армиската група „Е“ со околу 400.000 војници, под командата на маршалот Лер, беше распоредена за одбрана на островите и брегот на Грција и Албанија. Меѓутоа, патните врски на оваа армиска група со Германија, беа постојано прекинувани поради делувањето на единиците на народноослободителните војски и го загрозуваа опстанокот на армиската група „Е“ во Грција и Албанија. Од друга страна, успесите на Црвената армија во Романија, како и очекувањето таа да се пробие во Подунавјето, го доведе во прашпање извлекувањето на армискага група „Е“ од Грција и Албанија.

Со цел да обезбедат контрола врз главните комуникации, германските и бугарските окупатори презедоа офанзива и на територијата на Македонија. Во исто време во кординација со единиците на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Југославија НОВ и ПОЈ, Главниот штаб на Македонија изврши подготовки за офанзива за завладување со западна Македонија, каде што е упатена Првата македонско-косовска ударна бригада.

Во оваа офанзива во Македонија и Поморавјето, која траеше од 25 април до 19 јуни 1944 година, окупаторите ја ангажираа Петтата бугарска армија, а беа доведени и единици од Бугарија, потоа четничките единици во реонот на Власотинци - Лесковац, грчките реакционерни формации „Пауџии“ и „Зервасовци“, германскиот гарнизон од Кукуш и др. во вкупна јачнна од околу пет дивизии. На територијата на западна Македонија и во Повардарјето беа ангажирани бугарски, германски и балистички единици во јачина од околу две дивизии. Германската офанзива во западна Македонија беше поврзана со офанзивните дејствија кои се спроведуваа во југоисточните делови на Албанија.

ослободување на Тетово

Во западна Макелонија Првата бригада, пробивајќи се кон Дебарца, имаше неколку поголемн судири со бугарските и германските окупаторски единици (с. Завој, с. Велмеј и други места). По ова Германците прибираат нови сили, особено балистички, и на 8 мај 1944 година преземаат офанзивни акции против Првата македонско-косовска ударна бригада, кои траат се` до 15 јуни. Во овие борби Германците и балистите беа принудени да се повлечат во своиге гарнизони (20 јуни 1944 г.). Првата македонско-косовска удариа бригада повторно стана господар на просторот меѓу Охрид, Струга, Дебар и Кичево.

  ослободување на Кичево

Во Известувањето бр. 10 на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија од јуни 1944 година (не е датирано), за борбите водени на територијата меѓу Струга-Кичево, Дебар и Гостивар, во периодот од 12 мај до 16 јуни, меѓу другото се вели:

„Македонци и Македонки, Албанци и Албанки!

Нашата храбра војска со чест ја исполнује својата света задача. Секаде каде што гази бербатната фашиска чизма таја води безмилосна борба за избркуење на окупаторот и неговото потполно уништуење.

Во големата Германо-Балистичка офанзива на нашите снаги во Дебарца, непријателот претрпе големи загуби во луѓе и материјали. Бесни заради својот неуспех, Германците го искалија својето дивљаштво над мирното населеније... Гледајќи ја невино проливената крф, гледајќи го пламенот кој како ламја ги голташе до фчера убавите села, гледајќи како се пљачка стоката и имотите на нашите селани, кај сите нас, кај вашите борци и кај целиот народ, се створи уште поцврста решеност да водиме борба до крај и да се осветиме, скапо ќе се осветиме... Нашите снаги пошто се повлекоја, без никакви загуби от Дебарца, се префрлија на други терен каде со еднаква жестина поведоја борба против германо балистичките банди.

13  мај: Единиците на македонските батаљони се сретнаја со една балистичка колона на џадето Кичево-Дебар. После кусата борба непријателот панично се разбега во правецот на Дебар.

14 мај: Истите единици го блокираја селото Лазаро Поле пошто ги уапсија сејмените (Чувари на селата, луѓе на албанските бајрактари, кои во мнозинство беа соработници на окупаторот). Околу 3 сатот по ручек една непријателска балистичка колона идејки от Гари, нападна на нашите позицији пред селото. Нашите снаги који на време го приметија непријателот од заседи отворија силен оган от сите машински оражја и после борба от 2 сата потполно го разбија непријателот, кој се разбега накај Гари. На бојиштето беја избројани 15 балистички трупој. Ние имавме само еден лесно ранет (Во оваа борба балистите имаа 38 мртви и 16 заробени).

16 мај: Македонските батаљони го блокираја селото Галичник, каде што непријателот очекувајќи напад имаше сконцентрирано извесни свој снаги и околу селото, денонокно држеше заседи. Нашите ударници који пред осонуење нападнаја на селото, со рачни бомби и шмајзери бргу разбија околу 70 балисти. Подолга борба се водеше околу како бункер утврдената жандармеријска станица. Отпорот на утврдените џандари беше скршен и тија се предадоја. Непријателот имаше доста мртви и даде 18 заробени. Заробените беја мобилисани со сила не дадоа отпор и затоа беа ослободени и пуштени дома. Ние имафме еден мртов (Балистите имаа 18 мртви и 4 заробени).

17 мај: Тој ден македонските батаљони беа во село Росоки на еден сат далеку от Галичник. После ручек, токму кога се одржаваше приредба пред селаните и пред војската, непријателот во јачина от 120 до 150 луѓе нападна на нашите претстражи. Претстражите ја примија борбата и непријателот после еден сат борба се повлече пошто претрпи осетни загуби.

18  мај: Македонските батаљони беа влезени восело Гари каде беа дочекани со голема радост от населението. Но непријагелот кој имаше на тој терен сконцентрисано големи снаги, нападна на нашите единици околу 7 сатот сабаиле со снага от преку 300 луѓе. Се разви љута борба која траеше све до 12 сатот. Во оваа борба бесните балистички дивљаци многу арно го осетија смртоносното дејство на нашето машинско оражје. Јуришајки преку отворен терен тије беа добар нишан на нашите борци. Овде непријателот претрпи големи загуби. Ние имафме само 1 мртов.

24 мај: Македонските единици се удрија на планината Бистра, со една колона от преку 400 балисти наоружани со тешки митрољези и минофрлачи. Во борбата која траеше осум сати непријателот даде доста жртви.

1 јуни: Многу големи непријателски снаги, составени от Германци и балистички банди предводени от неколку дебарски и струшки бајрактари (Уке Цам, Али Малиќи, Азис Каљоши, Беќир Баута и други), превзедоја голема офанзива против нашите снаги на теренот Малесија, со цел да ги опколат и уништат нашите снаги. Главните напади се вршеја от кај Струга и Дебар. По сите патишта беја поставени заседи, а Бугарите е затворија границата и ги појачаја своите снаги. Германците имаја искомбинирано голем план за да ги поништат нашите единици, но се тоа им отиде на ветор.

Околу 7 сатот пред ручек беја нападнати македонските батаљони кај Локоф, а исто и положајите на косоварските батаљони кај село Збажди. Борбата траеше цел ден. На секторот кај Збажди непријателот беше приморан на повлекујење. Околу ручек заради специјални задачи поголем дел од македонските снаги заминаја на друга страна оставуејки во Локов една мала единица. Непријателот кој го примети тоа уште во првиот мрак со голема снага која беше неколку пати поголема од нашата, нападна на селото. Шес сати се водеше жестока борба пред селото и во самото село. Непријателот употреби минофрлачи, тешки митролези и ракетли. Пошто му зададоја на непријателот доста жртви, нашите снаги без никакви кубитци, во ред се повлекоја на кај селото Ржано које е на пол сат далеку од Локов.

2 јуни: Борбата се настави прес целиот ден. На секторот кај Збажди околу 4 сатот по ручек косоварските единици превзедоа напад од неколку страни. Еден батаљон извршуејки успешен маневар го нападна непријателот в плешти. Стегнат здраво во нашиот смртоносен обрач, непријателот беше бргу разбијен на целиот фронт и пошто претрпе сериозни загуби панично се разбега на кај Струга. Заробен беше командантот на тој сектор, 1 германски офицер, а беше отепан и злогласниот балистички мајор от Струга Бекир Ага... Кај Ржано нашите единици през целиот ден водеа жестока борба со непријателот кој покрај тешки митрољези употребуеше и минофрлачи.

3 јуни: Се настави борбата која през целиот ден со еднаква жестина се водеше на секторот меѓу Локов и Ржано. Позициите кај Локов каде беја големите непријателски снаги јако утврдени, доминираат над целата Малесија. От тие причини беше одлучено нашите снаги да извршат јуриш да го завземат Локов и да ликвидират со непријателската офанзива.

4 јуни: Во самата зора, по предвидениот план македонските батаљони вешто маневрирајки ги опколија и ги стегнаја в клешти непријателските снаги на положаите кај Локов. Во огорчената борба која траеше 5 сати непријателот беше потполно разбиен. Нашите борци јуришајки на германските митрољези и минофрлачи покажаја едина величанствена храброст и јунаштво. Избијени сет 20 Германци меѓу кои и командантот, и 30 балисти. Заробени сет два тешки минофрлача, 3 пушкомитрољези, околу 20 пушки, 1 германски шмајзер, 4 сандаци со муниција, 6 коњи, 2 сандаци за ракетли и 1 пиштољ за рекетли, бомби, ранци, кебиња и др...

Во четиридневните жестоки борби кај Локов нашите борци однесоа голема победа и потполно е разбија непријателската офанзива. Во сите овие борби ние имафме само еден мртов другар.

9 јуни: Косоварските батаљони који беја заминати накај Лазарополе пред самото село се удрија со една колона от 400 балисти предводени от злогласниот Џемо (Џемаил Хасани). На непријателот који беше изненадно нападнат, от сите страни се истури смртоносниот оган на нашите оражја. Џемовските бандити претрпеја сериозни загуби во ова борба.

14 јуни: Околу 40 Германци наидоја на една заседа на косоварските батаљони који логороваја. Непријателот беше изненадно нападнат и разбиен. Запленет е еден сандак со муниција.

15 јуни: Германците организираја потера и со поголеми своји снаги помешани со балисти тргнаја право накај логорот на Косоварите. Во самото разденуење, пошто приметија оган во логорот, почнаја да вршат опколуење. Но косоварските батаљони уште пред това го напуштија логорот, изненадно сачекаја непријателот и в плешти го нападнаја. Во жестоката борба која траеше неколку сати непријателот беше потполно разбијен и остаи на бојното поле 3 мртви... “

Во двомесечните борби во Пролетната офанзива, единиците на македонската народносолободителна војска, покрај вонредните физички и психички напори, претрпеа и загуби (ранети и убиени). Меѓутоа, окупаторот имаше неколкупати поголеми жртви. Во западна Македонија беа убиени 672 и заробени 76 непријателски војници, а запленето е и големо количество воена опрема. По завршувањето на пролетната офанзива, Македонија практично претставуваше слободна територија, освен реонот на Г. и Д. Полог. Окупаторите се повлекоа во своите гарнизони во поголемите градови.

(извор: „Документи од борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, том втори, Скопје, 1981, стр. 515 – 518 / АМ. - Ф. НОБ, К. 87, арх. бр. 1629.; „Историја на македонскиот народ“, Скопје, 1988, стр. -354 - 356)

 

 

 ЗА БУНТОТ НА КАЛЕ ВО ЈАНУАРИ 1945-ТА
Српски шпиони го поттикнувале револтот на војниците, за ОЗНА да почне со апсења




Недела претпладне, 7 јануари 1945 година - Божиќ. Во Офицерскиот дом на плоштадот во Скопје се одржува Вториот конгрес на Народната младина на Македонија на чело со Крсте Црвенковски. Свечена, а како што милуваа комунистите да кажат, истовремено и работна атмосфера. Многу челници на тогашна Македонија се во салата. Меѓу нив и генералот Михајло Апостолски, началник на Генералштабот.

Одеднаш, влегува аѓутантот на Апостолски и му шепнува вознемирувачка вест. Стотици војници, вооружени, се симнувааат од Калето и преку Камениот мост доаѓаат пред Офицерскиот дом. Транспаренти, извикувања, мешаница, изненадувачка атмосфера која на политичката елита во Домот не и’ се допаѓа. Никој не знае што се случува и зошто е сето тоа. Апостолски излегува надвор и не му се верува во тоа што го гледа: неговата војска излегла со оружје, а тој поим нема што се случува.


Така започнал бунтот на војниците од Калето во јануари 1945 година. Тој ќе предизвика една серија настани која ќе го претвори јануари 1945 година во еден од најкрвавите месеци во македонската историја. По бунтот на Кале следи тој во Штип, па стрелањето на 53-та велешани, стрелањата во Куманово и Ресен, а сето тоа води кон не баш славен почеток на новата комунистичка власт во Македонија.

ПЕТТЕ МИНУСИ НА МАКЕДОНИЈА

Кон крајот на 1944-та, додека народот се привикнува на југословенските точки наместо бугарските купони, далеку од неговите очи се одвива трескавична битка меѓу македонски ориентираните водачи на НОВ, предводени од Методија Андонов-Ченто (тој во тоа време ја предводи државата) и експонентите на белградската политика на чие чело е Лазар Колишевски (тој е на чело на партијата). Од Македонија немилосрдно заминуваат т.н, индустриски култури -афионот, сончогледот, памукот и тутунот. Ченто и неговите истомисленици се почесто и погласно прашуваат кој ќе го плати трудот на македонскиот земјоделец кој се движи само во правец кон север. Се оди нагоре, ама ништо не се враќа назад.

Додека Ченто негодува, праќа пораки преку разни говори за кои се расправа дури и на Политбирото во Белград, Лазо е поинаков човек - гледа што се случува, но наместо да негодува, ги бележи имињата на тие што негодуваат.

Неколку дена пред Новата 1945 година, во Скопје се одржува Второто заседание на АСНОМ, означено и како вонредно, на кое ‘великиот’ Јосип Броз не доаѓа. Тоа само по себе веќе е некаков знак кој не е добар. Го испраќа Словенецот Едвард Кардељ - Бевц. Маѓепсан од величината на гостинот, Колишевски понизно го слуша, а тој пак, без стеснување, на заминување му соопштува непријатни работи. Се ближи крајот на војната, му рекол Кардељ на Колишевски, а со тоа се ближи и денот кога ќе се поднесуваат сметки кој колку сторил. На сметката на Македонија има пет големи минуси: најдоцна почнала со востанието, најудобно ја минала окупацијата, имала најмали разурнувања, имала најмалку жртви и конечно, не учествувала во ослободувањето на Југославија.

Лазо избезумен го прашува Кардељ што да се прави. Овој ладнокрвно му вели: ‘Првите три работи не можете да ги исправите, но четвртата и петтата може да се поправат. Затоа ОЗНА треба веднаш да почне да апси и стрела, а вие под итно да испратите голема единица на Сремскиот фронт.’

Колишевски го повикал Апостолски, и тогаш почнуваат интензивните подготовки на војската стационирана на скопското Кале. Формиран е 15-от Корпус, а војниците со обука и искуство од герилска војна, сега се обидуваат да се подготват за сремската рамнина каде германските војски се добро закотвени. Тоа, ним, очигледно не им се допаднало.

12 СМРТНИ КАЗНИ

Борис Поп Ѓорчев, еден од најистакнатите македонски новинари, кој неколку децении се обидува да ги дознае сите детали за случувањата во јануари 1945-та сврзани со убиството на неговиот татко Богдан (заедно со други 52-ца од затворот во Велес на 15 јануари истата година), деновиве имаше можност интегрално да ги прочита пресудите на неколку десетици војници кои учествувале во бунтот од 7 јануари 1945-та.

‘Своевремено, целата документација за овој настан, но и за бунтот во Штип од 14 јануари била пренесена во Белград. Оттаму е сместена на сигурно во некои босански бункери, за на крај, пресудите да завршат во архивот на поранешниот Воен суд во Сараево. Од Сараево, снимени на микрофилм, своевремено ги донесе д-р Растислав Терзиоски и ги предаде на Архивот на Македонија’, ја раскажува Поп Ѓорчев одисејата на документите во кои е запишана судбината на многу луѓе, учесници во настаните од 1945 година.

       -‘Македонија ја дочекува 1945 година со пораките на Кардељ до Колишевски кои лебдат во воздухот. Исполнувањето на тие пораки веројатно се една од причините за бунтот. Кога војниците го исполниле плоштадот очигледно никој не знаел во што сето тоа може да се изроди. Тогаш всушност започнува јануарската драма во Македонија која потоа ќе прерасне во хистерија и ќе зацрни стотина македонски семејства’, вели Поп Ѓорчев.

За него, интересен показател е содржината на транспарентите со кои војниците дошле пред Офицерскиот дом: ‘Покрај стандардните пароли за тоа време - ‘Да живее Тито’, ‘Да живее Апостолски’ и на јавноста веќе познатите пароли ‘Не сакаме на Срем, сакаме на Солун’ и ‘Не на Берлин, туку на Солун’, во пресудите е запишано дека имало и пароли ‘Нејќеме Срби да не управуваат’. Тоа, да бидам искрен и мене ме изненади и внесува нов правец во обидот да се реконструира настанот. На плоштадот полн со вооружена војска било развиорено и едно знаме со бои чија комбинација во македонската историја ретко се сретнува: црвена, црна и бела’, ја пренесува Ѓорчев соржината на пресудите против војниците.

По собирањето на војниците на плоштадот, веднаш е алармиран Апостолски. Тој изглегува пред нив, успева да ги смири и да ги убеди да се вратат назад. Горе, на Калето, војниците го оставаат оружјето, а потоа ОЗНА почнува да апси.

      - ‘Така, за кратко време завршува тој дел од првиот и единствен вооружен бунт на една војска во Втората светска војна. Тоа е прв излив на еден своевиден патриотизам, кој некои го сквернават како национализам, обид за обединување на Македонија. Во незавршена војна, македонската војска сака да војува за Солун, а не за целите што ги определило партиското раководство под контрола на Белград. Тоа е тежок удар за политиката што ја води македонското раководство, само некоку дена по заминувањето на Кардељ, но и за безбедносната служба која не насетила што се подготвува. Натаму, бунтот ја покажал мекоста на паролата за братството и единството. Што му е гајле на Македонецот за Срем - тој сака на Солун. Интересно е што во тоа време за настанот со месеци молчат двете гласила во Македонија: весникот Нова Македонија и Радио Скопје. Не само во јануари, туку и подоцна, како ништо да не се случило. Општ молк. Спорадично настанот е претставен како незадоволство на група војници, националисти и пробугарски настроени, па дури и Бугари’, вели Поп Ѓорчев.

Но, исказите во истрагата и судењето на многу од судените војници, ја разбиваат таа теза. Навистина, војниците главно се од Источна Македонија -Струмица, Кочани, Штип итн., но судејќи според имињата и податоците кои Поп Ѓорчев ги забележал во пресудите, меѓу нив имало и такви со потекло од Кавадарци, Прилеп, Гевгелија, од Велес, од охридското село Велестово и од селото Лера, битолско.

‘Значи, покриена е цела Македонија, па не може да стане збор за тоа дека биле само неколку побугарчени војници од Источна Македонија. За самиот настан во пресудите се вели дека е ‘воружен бунт на регуларна единица’ што е веројатно единствен таков случај во Втората светска војна. Апостолски ги враќа војниците на Калето, тие го оставаат оружјето и тогаш ОЗНА почнува да ги апси. Следи истрага, а потоа војниците се изведени пред суд. Главното обвинување е дека станува збор ‘за отворен оружан бунт против установениот ред и поредок во НОВ на Југославија, што са фрлани пароли противни на единството на југословенските народи, што са организирале оружан бунт во касарните на Кале и на плоштадот пред Официрскиот дом во Скопје’. Во Скопје судења има веќе на 20 и 30 јануари и 1 февруари, кога се изречени 12 смртни казни, 12 војници добиле пресуди со кои се осудени на временски казни затвор со тешка принудна работа од 5 до 20 години. Други деветмина добиле помали казни, а петмина со недокажана вина биле ослободени’, раскажува Ѓорчев.

БЕЛГРАД ИСПРАТИЛ НЕДИЌЕВЕЦ

Осудениците на смрт биле издвоени во две групи: во првата се четворица од кои дури тројца се Срби што е мошне индикативно: зошто Срби би си ја ризикувале главата за да подбуцнуваат македонски војници наместо да одат да се борат на Срем, да сакаат да тргнат кон Солун?

‘Индикативни се исказите на обвинетите пред судот дека ‘откако дојдоа српски началници и инструктори во бригадата, меѓу војниците се осеќава некакво незадоволство, нарочно след случката во интендантството каде еден од дојдените Срби е говорел нешто за крал Петар, како тој ќе се врател назад, дека ќе се врати и Југославија, а Македонија ќе биде Јужна Србија’, цитира Поп Ѓорчев.

Во документите кои тој изворно одново ги препрочитувал во Архивот, а кои се објавени од страна на македонскиот Институт за национална историја во 1997 година (‘Настаните на скопското кале на 7 јануари 1945 година документи’), запишани се всушност повеќе дилеми на војниците околу заедништвото на Македонија со Србија и различното сфаќање на последиците од тоа.

Во целата таа приказна, меѓутоа, се чини недоволно е расветлена улогата на тројцата Срби. Тоа не се Срби од Македонија кои тука живееле па биле мобилизирани меѓу партизанските единици, туку очигледно станува збор за нешто друго.

‘Во протоколот за распит од 9 јануари 1945 година на Слободан Бранковиќ (23) од Белград стои и дека е приватен чиновник, водник во противавионска батерија, а пред да биде мобилизиран во НОВ бил на служба кај Недиќ (српски генерал и премиер во Кралска Југославија) и бил еден од најактивните функционери во организацијата Национална слога. Тој лично учествувал во многу борби против партизаните, а потоа кога видел кој победува во војната, се вовлекол во НОВ и како стручњак бил испратен во Скопје. За овој човек е запишано и следното:

‘Но, и тука продолжува со активност - засилена пропаганда во полза на големосрпската реакција и се опитува да направи неред во артилериската бригада, откриен од ОЗНА и предаден на војниот суд и осуден’.

‘Вториот Србин е Александар Вељковиќ (22) (во докуменитте пишува Александар Велкович) од Ресен. Живеел во Ниш, потоа работел во Германија, се вратил назад, а од 15 ноември 1944 година мобилизиран во НОВ и пратен во Скопје како инструктор. Третиот е некој Душан Бечиќ. Тројцата најпрвин биле осудени на смрт, но потоа изненадувачки настанува пресврт - биле ослободени по поднесените жалби, иако како што ви цитирав еден од пониските судови за недиќевецот, немало сомнеж дека роварел против НОВ, што во тоа време се казнувало без многу размислување. Како и на кој начин биле ослободени, најкарактеристично објаснува случајот со Бечиќ. За него, по жалбата за која решавал белградскиот воен суд, во ослободителната пресуда било запишано:

‘Во однос на него работата е уште потемна. Просто е необјасниво како се појавил тој човек пред судот, а не се споменува ниту во истрагата ниту во обвинителниот акт. Тој упорно останувал при својата изјава: ‘Останувам при показанијата дадени во ОЗНА’. Но тие ‘показанија’ односно изјави не му биле презентирани на судот. Како и зошто, не ми е јасно’, вели нашиот соговорник.

Всушност, од тоа се заклучува дека тројцата Срби имале една од битните улоги во целиот настан со бунтот на Кале, дека поради тоа ОЗНА ги испитувала, а потоа и биле осудени на смрт. Но, кога нивните жалби биле поднесени се покажало дека ги нема материјалите од испитувањето, па затоа во ослободителната пресуда за Бечиќ се вели дека е необјасниво како тој се нашол пред суд, што внесува тотална забуна во случајот. Каква била улогата на овие Срби и кој на крајот ги заштитил? Дали нивната улога не била токму во тоа: луѓе со проблематично минато за тоа време, испратени од ОЗНА да подбуцнуваат на бунт за потоа да може да се изврши чистка меѓу македонските војници и со тоа во корен да се исече желбата наместо на Срем да се оди на Солун? Поп Ѓорчев нема одговор на овие дилеми, но признава дека случајот е прилично чуден. Посебно што во материјалите наишол и на еден струмичанец кој во касарната на Калето дошол вечерта на 6 јануари во цивилна облека и таму преноќил, што е прилично несфатливо. Како може туку-така цивил да влезе и да преноќи во касарна, потоа за него да се констатира дека ‘внел голема забуна меѓу војниците со својата агитација и создал голема експлозија која довела до бунтот’, но, сепак, да не му биде судено? ‘Сето тоа е прилично чудно и покажува дека таму се случувало нешто што засега за нас е непознато. Како и да било, македонските судови продолжиле да ја извршуваат директивата за строга рака и чистки што на Колишевски му ја пренел Кардељ, па претседателот на Вишиот воен суд при Генералштабот во Скопје чиј гроб сега се наоѓа во алејата на великаните на скопските гробишта во Бутел, на 30 јануари 1945 година, спроти судењето на војниците обрнува ‘внимание на скопскиот суд дека во Штип судот донел смртна пресуда против 6 лица’, објаснува Ѓорчев.

Тоа вродило со плод, па биле донесени 13 смртни пресуди, но подоцна, истиот тој претседател на Судот е пописник на пресудата со кој повисокиот суд се откажал од ригорозните казни и ниту една смртна пресуда не опстојала до крај. Што се случило во меѓувреме? Интересно е што меѓу оние кои биле осудени на смрт па ослободени, бил и братот на еден од највисоките комунистички функционери на Македонија (неговата прва реакција била дека нема одвишок браќа за стрелање). Потоа следело и помилувањето од август 1945 година на Президиумот на АСНОМ, по што работите добиле поблага димензија. Но, во август 1945-та веќе немало спас за осудените на смрт од штипската касарна, за убиените од затворот во Велес, за кумановските и ресенските жртви. Тие засега остануваат нерешлива тежина за македонската историја и држава.

   1944 во денешна Република Македонија се врши општа мобилизација,.. се собираат 80.000 борци СИТЕ се за ослободување на Македонија.


Mеѓу време бугарските окупатори под притисок на Советскиот Сојуз капитулираат и СЕГА ПОД ВОДСТВО НА БУГАРСКАТА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА ОБЈАВУВААТ војна на нацистичка Германија, НО БУГАРСКИТЕ ОКУПАТОРИ во Македонија пред да се повлечат тешкото оружје СЕПАК го ПРЕДАВААТ НА ОКУПАТОРСКИТЕ ГЕРМАНСКИ ВОЈСКИ КОИ СЕ НАОЃАТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (во тоа време ).
ТОГАШHАТА МАКЕДОНСКА ВОЈСКА БЕЗ ПОМОШ НА НИКAKOB НАДВОРЕШЕН ФАКТОР ЈА ОСЛОБОДУВА ТЕРИТОРИЈАТА НА Р. МАКЕДОНИЈА И СЕ ПОДГОТВУВА ДА ОДИ НА СОЛУНСКИОТ ФРОНТ (Егејска Македонија).

Tогшаната ситуација на Тито и неговата комунистичка организација БИЛА НЕИЗВЕСНА, четничкото движење во Cрбија, Босна и Црна Гора било огромно и добро вoоружано,.. исто така и ХРАВАТСКОТО И СИТЕ ДРУГИ.
ТИТО го праќа Иво Лола Рибар со задача Македонските вооружени сили да ги ПРЕНАСОЧИ НА СРЕМ(сега веќе во блиско време ИДЕН Сремски Фронт).
Така Иво Лола Рибар, Светозар Вукмановиќ Темпо заедно со Лазар Колиешвски дел од македонските водачи ги собираат на СКОПСКОТО КАЛЕ под изговор дека треба да се договорат ШТО ПОНАТАМУ. НО КОГА ДОШЛЕ МАКЕДОНСКИТЕ ВОДАЧИ БИЛЕ СТРЕЛАНИ. Иста судбина ја имале и стотици други ВО СИТЕ МЕСТА ВО Р МАКЕДОНИЈА. ТОА СЕ СЛУЧИЛО ЗА ВРЕМЕ НА БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ 1944-45.


Во завршните операции за ослободување на земјата, до 15 мај 1945 година, организирана во три корпуси, 7 дивизии, 22 ударни, 4 артилериски, 3 пионерски и 1 коњичка бригада, македонската војска брои 110.000 борци и старешини.

               Ченто и другите НЕОДДЛУЧНИ МАКЕДОНСКИ КОМАНДАНТИ БИЛЕ НАГОВОРЕНИ: ДА СЕ ОСЛОБОДИ ЈУГОСЛАВИЈА ПА ПОТОА ТИЕ ДА ОДЛУЧИЛЕ ЗА МАКЕДОНСКА САМОСТОЈНОСТ.

ТАКА Првата Mакедонска и 41. Југословенска дивизија БРИГАДА СЕ ПРАЌА во Сpбија и ДАВА ЗНАЧАЕН ПРИЛОГ ВО БОРБEНАТА РАМНОТЕЖА МЕГУ ТИТО И ДРУГИТЕ ШТО БИЛЕ ПРОТИВ НЕГО. ПОСЛЕ ослободувањето на Белград НЕКАДЕ ВО ХРВАТСКА МАКЕДОНСКИТЕ БОРЦИ БИЛЕ ВО ОПАСНОСТ ДА БДАТ ЕЛИМИНИРАНИ (СИТЕ ЦЕЛА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА) ОД СТРАНА на СРБИТЕ, HO генерал од СОВЕТСКАТА АРМИЈА СЕ СПРОТИСТАВИЛ, ВЕЛЕЈАЌИ ДЕКА ТОА БИЛЕ СОЈУЗНА АРМИЈА И ДЕКА ТОА НЕ Е МОЖНО (ОВОЈ историски факт е потврден од мојот дедо Пане Тодорoв (бог да го прости) кој бил учecник во 4 Mакедонска ударна бригада).

Друга верзија е дека Југословенските, Бугарските и Грчките комунисти се бореле за Југословенско-бугарска-грчка Федерација. Имено Грчкиот крал и Југословенскиот крал направиле Југословенско-грчка конфедерација 1944 во Лондон.



Четврта македонска ударна бригада

Постоење
24. јул 1944 мај 1945.
Место оснобање:
Лисец, планина Плачковица 

????????? ? ???????? ?? ???????? ????????? ?????? ?????????? ????????? ? ???????? ?? ???????? ????????? ?????? ??????????


Формација
Плачковички НОП одред, 
делови 2. и 3. НОУ бригадае 

Дел
Народноослободилачке војске Југославије 

Ангажирања

Завршне операције за ослободување на Македоније 1944, потоа е дел од Првата Македонска дивизија



Одликовања
Орден заслуга за народ 


Команден состав

Командниот состав на бригадата го сочинувале: 
Борис Милевски - командант од 23 јули до 3 октомври 1944 година
Никола Пеев - Груев - командант од 3 октомври 1944 година

Политички комесари биле: 
Кирил Михајловски - Груица - од 23 јули 1944 година
Раде Гогов - Црноречки - до 17 септември 1944 година
Момчило Митревски - од 17 октомври 1944 година

Команден состав според руски избори, биле добро информирани

Никола Груев командир[4] (с 3 октября 1944)
Борис Милевский командир (с 24 июля по 3 октября 1944)
Васко Карангелевский заместитель командира (с 24 июля по 17 сентября 1944)
Димитр Аргир Шутаревский заместитель командира (с 17 сентября по 17 октября 1944)
Саво Петралички Якимов заместитель командира (с 17 октября 1944)
Кирил Груица Михайловский политрук (с 24 июля по 17 сентября 1944)
Раде Црноречки Гогов политрук (с 17 сентября по 17 октября 1944); заместитель политрука (с 24 июля по 17 сентября 1944)
Момчило Митревский политрук (с 17 октября 1944)
Драган Лефтер Зафировский заместитель политрука (с 17 сентября 1944)
Ката Лахтова политрук батальона
Ацо Караманов
Мито Димитриевский начальник штаба (с 17 октября 1944)
Александар Минчев начальник штаба (с 17 сентября по 17 октября 1944)


Биле многу лесно вооружени, имале многу проблеми при напад од воздух


        Бригадата водела борби против бугарските сили кај с. Митрашинци, Беровско (14 август), на пл. Плачковица (16 август), кај Берово (23 август), извршила напад на Виница (30 август). По борбите со германските сили ја ослободила Струмица (9 септември), по што влегла во составот на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ (17 септември до средината на октомври 1944) и продолжила со борби со германските сили кај Струмица, селата Нова Маала и Амзали и по комуникацијата Струмица - Берово (22 септември - 3 октомври). Во содејство со други единици, бригадата го ослободила Берово на 13 октомври и продолжила да ги напаѓа германските колони во реонот на Голеш, кај Костурино, на комуникацијата Валандово-Струмица, а потоа ги ослободила Валандово, Удово и Дојран на 7 ноември, по што била упатена да ја затвори југословенско-грчката граница од Гевгелија до тромеѓето со Бугарија.

Во рамките на завршните операции за ослободување на Македонија, оваа бригада учествувала во борбите за ослободување на Кочани, Струмица и други населени места од Источна Македонија. 


       1946 тајанта jугословенска полиција го АПСИ ЧЕНТО ПРВИОТ ПРЕЦЕДАТЕЛ НА НР МАКЕДОНИЈА И ГО ОСУДУВА НА ЗАТВОР 8 ГОДИНИ, ПАНКО БРАШАРОВ ПОДПРЕЦЕДАТЕЛОТ НА АСНОМ Е ПРАТЕН НА ГОЛИ ОТОК НА 60 ГОДИШНА ВОЗРAСТ. Тито и комунистите ПАК ПОВТОРНО ГИ ДЕЛАТ МАКЕДОНЦИТЕИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ПОМОШ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА. И ДРУГИТЕ ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА. ТАКА ПРОПАЃА ПОСЛЕДНИОТ ОБИД НА МАКЕДОНЦИТЕ ОБЕДИНУВАЊЕ HА МАКЕДОНИЈА.

Меморандум од британскиот конзул во Скопје, 1945 год.

Пропусница за второто заседание на АСНОМ

“…Комунистичката партија чија потчинетост кон Тито е без секое сомневање, се повеќе и повеќе ја контролира македонската влада. Во првата македонска влада, формирана во април, претседателот Лазар Колишевски е секретар на Македонската Комунистичка Партија; двајцата потпретседатели се комунисти и сите останати со исклучок на двајца министри. Во локалните национално ослободителни комитети секретарот, кој нормално е нејмоќен член, секогаш е непроменливо комунист. 

       Се повеќе и повеќе клучните места се непосредно контролирани од централната влада. ОЗНА која се чини има право на вето на многу одлуки на федералната влада и од корпусите за национална одбрана, кои дејствуваат како гранична стража, се засилени во Македонија и се одговорни непосредно на Министерот за национална одбрана. Границата со Бугарија е обновена и преминувањето меѓу Бугарија и Македонија стриктно се контролира. Дозвола за премин се добива само во Белград или Софија. Рудниците и железничките линии се ставени непосредно под контрола на Министерството на рудници и комуникации во Белград. Во овие две служби Македонците се обврзани да примаат српски техничари. Системот такса со исклучок на малите локални такси за локалните служби и снабдување на пари на федералната влада наскоро ќе биде координиран од страна на централната влада.

Формирани се граѓански судови и службата на јавниот правобранител за Македонија ќе биде директно одговорна на Министерот на правдата во Белград за водење на судските работи во федералната единица. Секој важен предлог закон од федералната влада мора да биде во детали упатен до Белград пред да биде активиран. Скопското радио, досега независно, е ставено под контрола на Белград. 

Во почетокот на јуни македонската воена команда беше распуштена и 5-та југословенска армија беше преселена во Македонија со Главен штаб во Скопје. Иако оваа армија се состои од македонски единици, се верува дека содржи најмалку една српска дивизија и една хрватска дивизија размислува да им се придружи. Таа е команда на генералмајор Родиќ кој со својот штаб, политичкиот комесар и поголемиот дел од неговите службеници се Срби. Се чини, исто така, дека Белград ја држи Македонија сосема изолирано од некои основни потреби и покрај тоа што помошта од УНРРА се очекува, таа се уште не почнала да пристигнува. 

Ова секако може да е чекор на централната влада за да им стави на знаење на Македонците колку се тие зависни од Белград…”

“Велика Британија и Македонија” (1945-1948)
документи, ИНИ, Скопје 1996, том II, стр.45-47;

Една поучна лекција до Македонските раководители, а тоа е кога станува збор "за" Македонија, немојте да верувате на никого.

Ченто веруваше на Тито, наместо да го неутрализира Темпо и ОЗНА, потоа да ја прати Македонската армија на Солун.

 



Македонците се бореа за сопствена држава


Со признавањето на правото за национална определба на Македонците и правото на сопствена држава во која македонскиот јазик се признава како посебен, Комунистичката партија на Југославија го постигна најголемиот успех во Македонија, и покрај тоа што мнозинството Македонци се до 1943 година не беа наклонети кон комунистите предводени од Тито, стои во извештај на разузнавачката служба на САД од 1945 година што се чува во Сојузна Република Германија.




„Со недвосмисленото признавање на постоење македонска нација, југословенските комунисти успеаја да го минимизираат влијанието што меѓу Македонците го имаше водачот на ВМРО Иван Михајлов", пишува во анализата посветена на создавањето на македонската држава во рамките на Југословенската федерација, заведена под архивска ознака ЦДА, КФМ 36, 780/8.

Во неа се вели дека клучно за успехот на КПЈ меѓу Македонците е признавањето на вековните национални стремежи на македонскиот народ за сопствена држава. Според податоците на Американците, до 1943 година КПЈ имала 300 членови во Македонија и 400 приврзаници во организацијата на комунистичката младина.

„И покрај превирањата што постоеја меѓу Македонците во првите две воени години од Втората светска војна, сепак, мнозинството од нив во 1943 година се вклучија во ослободителната борба предводена од комунистите на Тито. Нивната цел да се приклучат во борбата беше создавање своја држава, а мотивот го добија во довербата што ја имаа во даденото признание на нивното право на национално самоопределување, иако тоа беше предвидено во рамките на доктрината на југословенскиот национален федерализам", е запишано во овој документ на САД.

Според Американците, со ваквиот став кон Македонците, КПЈ која до 1943 година има само 700 приврзаници, успеа да ги истисне до тогаш влијателните пробугарски елементи меѓу Македонците. За ваквиот исход, според Американците, клучни биле два фактора.

Прво, цврстото признание на аспирациите на Македонците за своја држава од страна на КПЈ, наспроти дотогашната насилна српска асимилација преку полицисковоениот апарат на Владата во Белград во вардарскиот дел од Македонија. И успехот на КПЈ која докажа дека политиката на ВМРО под водство на Михајлов е истоветна на бугарските националистички претензии спрема Македонија. Вториот фактор е пасивноста на ВМРО, односно на водачот Михајлов, кој во тој период бил протеран од Бугарија (за време на Втората светска војна И. Михајлов престојува во Хрватска и е советник на водачот на НДХ, Анте Павелиќ).

„Михајлов во тој период, наместо да ги мобилизира Македонците во борба за своја држава, сметаше дека бугарската окупација на Македонија е првиот чекор кон воспоставување автономна Македонија. Поради ваквиот став, на што се должеше и неговата пасивност и нерешителност, доведе до губење на неговата поддршката и популарност меѓу Македонците, и покрај големиот ореол и славата на ВМРО. Дополнително влијаеше и отпорот на Македонците кон бугарската окупација", пишува во анализата.

Во таа анализа се констатира дека македонскиот национализам е производ на жестоката асимилаторска политика на националистичките кругови во Србија и во Бугарија врз Македонците. Србите се обидоа од 1919 година до почетокот на Втората светска војна да ги србизираат Македонците, или ако не успеат да ги направат Срби, тогаш да ги приклучат кон другите националности што живеат во Македонија. На тој начин се обидуваа да го ферментираат македонското национално чувство.

„Нема подобро потхранување на национализмот кај еден народ од обидот да му се одземе правото да си го зборува својот јазик за да му се наметне туѓ. Мерките на Србите за негирање на македонскиот јазик, колонизаторската политика, високите даноци, отсуството на инвестиции, исклучувањето од партиципирање во власта, беа контрапродуктивни и го предизвикаа македонскиот национализам", заклучиле Американците во 1945 година. Од друга страна, Бугарија преку националистичката окупација во текот на Втората светска војна, во обид да ги врати границите од Санстефанскиот договор, ја уништи добрата волја што постоеше во Македонија спрема Бугарија.


„Бугарските националисти не можеа да го прифатат фактот дека Македонците можат да имаат поинакви аспирации, освен да бидат апсорбирани како чисти Бугари во бугарската држава. Од друга страна, ниту бугарските комунисти не успеаја да се соочат со реалноста дека Македонците се посебен народ, како што тоа го направија југословенските комунисти предводени од Тито. Бугарските комунисти не можеа да се приспособат на реалноста, пред тоа да стане доцна", заклучуваат Американците.

Во ваквата состојба лежат причините и за неуспехот на Иван Михајлов да ја исполни задачата поставена од Германците, во септември 1944 година, под нивни патронат да основа независна македонска држава.

Истовремено СССР и објавува војна на Бугарија. Непосредното навлегување на советските трупи во балканската држава што следеше потоа, како и нивното напредување до германската основната сврзувачка линија во Вардарската долина, доведуваат до драматично изострување на воената ситуација. Како резултат на тоа, Рибентроп го притиска германскиот амбасадор во Софија СС - обергрупфирерот Адолф Хајнц Бекерле:

„ Денес фирерот одново нареди да биде прогласена Hезависноста на Македонија - овојпат без повеќе одлагања “. 

Германија и званично ја признава Независна Држава Македонија

Фотографија го прикажува тајниот документ од 05. септември 1944 со кој по наредба на Фирерот Македонија мора да се признае без одложување. Иако фашистичка, Германија ја признала реалноста во Македонија, се разбира заради свои стратешки цели, но сметала на симпатиите на Македонците и нивна неутрализација, но било предоцна. Македонското револуционерно движење, подржано од народот, веќе прогласило своја држава на АСНОМ и покажало во кој правец ќе се движи правичната борба за слобода и сопствена држава.

????????? ? ???????? ?? ???????? ????????? ?????? ?????????? ????????? ? ???????? ?? ???????? ????????? ?????? ??????????

На Вермахтот не им пречела картата со границите на етничка Македонија


На истиот 5 септември Михајлов патува од Софија за Скопје, каде на 6 септември има повеќе средби со активисти на ВМРО и со месни првенци како и средби со комунистички партизани и со претставници на граѓанското антибугарско ослободително движење на Методија Андонов - Ченто. Вечерта тој го соопштува своето решение, кое веднаш е е испратено од германскиот генерален конзулат во Скопје до амбасадата во Софија:

„ Комитетот (скопските вмровци) се откажува категорично да прогласи независност на Македонија, убеден од Ванчо Михајлов, и по опстојна анализа на стекнатите состојби.

Аргументирајќи го своето решение, Михајлов се запира најмногу на:

Прво, отсуство на приврзаници анти - комунисти, кои ќе се подготвени да застанат зад независноста и да ја наметнат

и

Bторо, непрекинато и агресивно деморализирање на целото население. 



Додека Хитлер, Химлер и Рибентроп се нервираат поради откажувањето на Михајлов, началниците на Вермахтот го преземаат управувањето на Македонија во свои раце во моментот кога таа е „ оголена“ заради повлечените бугарски окупаторски сили. На 12 ноември 1944 година, последните германски единици го напуштаат Скопје и заминуваат во насока кон Приштина, а наредниот ден во Скопје навлегуваат партизаните. 



Откако Михајлов се сретнал со свои приврзаници во Скопје, заклучил дека веќе е доцна и нема услови да се реализира проекгот. Според американската разузнавачка служба, голем број млади интелектуалци меѓу Македонците, кои пред војната биле наклонети кон Михајлов, сега веќе се бореле за добивање државни позиции во македонската држава во рамките на Југословенската федерација. Според Американците, македонската интелигенција решила да го прифати предлогот на Тито како најповолен, за подоцна да заклучат дека и немаат друг избор. Решението на КПЈ не било веќе алтернатива, туку единствена можност. Во извештајот посебно е нагласено дека во прокламацијата од конституирањето на македонската држава, била поздравена новата југословенска држава на чело со Тито, но немало поздравни зборови кон СССР и Црвената армија, Бугарија, Грција и Албанија. Во Прокламацијата била истакната надеж дека народната демократска власт ќе се распространи врз целата територија на Македонија.

„Македонците кои се надеваа дека државата ќе ја воспостават на целокупната географска Македонија, се распоредуваа надвор од Македонија, или пак против лицата со такви тенденции се преземаа репресивни мерки", пишува во извештајот.

заклетвата

ПОЧЕТНИТЕ ПАРТИЗАНСКИ ФОРМАЦИИ ИМАЛЕ ИМИЊА НА МАКЕДОНСКИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ

Одред Даме Груев 1942

Припадници на Одредот Димитар Влахов 1942

Одред Јане Сандански

Одред Гоце Делчев 1942

Шарпланински Одред 1943

  

Формирање на Првата Mакедонска ударна бригада Локов,08/04/1944

 

Формирање на Втора Mакедонска ударна бригада 1944

Формирање на Трета Mакедонска ударна бригада 1944

Формирање на Петта Македонска ударна бригада 1944

Формирање на Петнаесетта Македонска ударна бригада 1944

Партизански марш

Влез во Прилеп

 

Првата Егејска Ударна Бригада дефиле во Битола 1944

   

дефиле во Скопје 1944

Влез во Охрид, со траспарент ''на Солун'' 

Kоја е оваа единица?

 

 

 

 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.