Гоце Делчев (1872 – 1903) е еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, еден од лидерите  на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна на Рилскиот конгрес 1905 преименувана во Внатрешна Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО) ЕДИНСТВЕНИОТ КОЈ ИМАЛ ЈАСНА СВЕСТ, ЗНАЕЛ И ШИРЕЛ ДЕКА САМО МАКЕДОНЦИТЕ МОЖАТ ДА СИ ПОМОГНАТ ЗА ДА ЈА ОСЛОБОДАТ МАКЕДОНИЈА , А ПОМОШТА ОД ДРУГИТЕ ДЕКА E ЛАЖНА.

      Гоце Делчев

             
     Георги Николов Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија  како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви која имала вкупно девет деца. Делчев произлегува од релативно добро ситуирано семејство. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. Во 1879 - 1880, Гоце (Георги) Делчев започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш. Гоце потоа го завршил средното образование во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Се запишал во Военото училиште во Софија во 1891. Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето. Делчев станал учител во Бугарското машко трикласно училиште во Штип (Ново село), заедно со Туше Делииванов во 1894 каде што се запознава со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895 набрзо станувајќи еден од нејзините водачи.

Во летото 1896, во Солун се одржува конгрес на македонските и одрински револуционерни сили. На конгресот присуствува и Гоце Делчев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров се ополномошни да изработат Устав и Правилник, а изработениот устав носи наслов: „Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација". Кон крајот на летото на 1896 година станува главен учител во бугарското православно второкласно училиште во Банско, Разлошко. На 1 ноември истата година поради здравствени проблеми си подава оставка.

На почетокот на јануари 1898 год. се установува четничкиот институт, а Гоце Делчев е назначен за испектор на сите чети во Македонија.

За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономија или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.


        За да го отстрани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и другата организацијата на македонските емигранти во Бугарија тн. "Врховен македонски комитет", Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на Организацијата. 

      Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и војводи на врховистичкиoт македонски комитет. Најпечатливи одгласи од неговата борба за зачувување на единството од надворешните мешања имала неговата отворена реплика со претседателот на Врховниот комитет, генералот Николаев, кого го предупредил дека : 

    - ''додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија''.

      Иста цел имала неговата Директива во 1902 година за забрана на влегување на врховистичките чети од Бугарија, како и предупредувањето до официјална Бугарија да не мисли за Македонија, туку да си ја чува Бугарија, зашто Македонците ќе си ја чуваат Македонија.

     На редовното советување во декември 1902 година, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други водачи на ТМОРО решаваат да не се крева фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил Гоце требала да биде: 

                           - „Не ние да ги победиме османлиите туку тие да не не победат нас“

          Потоа Гоце оди на терен, а зад грб бугарскиот агент Иван Гарванов свикува јануарско советување, кое според В. Думев (кој работи со Иван Гарванов):

 "НЕ БЕШЕ СВИКАНО ДА РЕШАВА". (Зборник Илинден 1903-26, стр.114).



         Во јануари 1903 година, Гоце Делчев се изјаснува отворено како прв против кревање на востание во Македонија таа година, познато потоа како „Илинденското востание“, како преран и неподготвен чекор. По негова иницијатива во Софија било организирано советување на група македонски револуционери меѓу кои биле: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Михаил Герџиков и други македонски револуционери од централистичкиот лагер на TМОРО. Се разгледувал предлогот за подигање на востанието, кое пред се било заговарано од врховистичкиот лагер на TМОРО (грешката на ТМОРО е да ги вклучи припадниците на ''бугарското тајно револуционерно братство''  во своите редови од кoи произлегува и Иван Гарванов), а најмногу од представниците на Организацијата во Костурско. 

         На собирот свои излагања имале Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и др. Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание; собирот се искажал против решението за подигање на востание.

    ...централна организација не била создадена, туку имало неколку мали организации. За неколку години, како и да е, една станала доминантна, таа која што го имала Делчев за лидрер (до убиство). Груев, сегашени војводи на битолскиот округ, Ѓорче Петров и Христо Татарчев како надворешни претставници, тие ги зеле зборовите на Гледстоун за нивно мото:

 „Македонија на македонците“

Тие се изјасниле како различни од бугарите и македонците во Бугарија кои имале оформено постар комитет со центар во Софија.

     Според Пејо Јаворов, поет и чест сопатник на Гоце Делчев, Гоце заклучил дека: 

"...TМOРО всушност тргнува по патот на самите врховни комитетети против кои беше војувала најжестоко......кога Гоце ги читаше писмата, а тој ги беше препрочитал неколку пати од очите му се одронија солзи, кои паднаа врз шифрираните редови. 

Гоце чувствуваше дека останува сам: со своите планови, со своите мечти, со своите идеали , со деcетиците чети и со целиот македонски народ!" 

    На 19 јануари 1903 година, Гоце Делчев со четатa  тргнува за Македонија; со него е и Јаворов. Истиот ден пристигаат во Самоков. На 19 март Гоце Делчев со својата чета го минира мостот на р. Ангиста; во воздух бил дигнат и тунелот на железничката пруга. На 19-20 април истата година Гоце Делчев пристигнува во Солун, а сместен е во просториите на Солунската бугарска машка гимназија. Тој има неколку среќавања со Даме Груев и со него го разгледува прашањето за подигање на востанието. 

      Гоце го напушта Солун и излегува низ вардарската капија и со воз се префрла во правец на Сер.

      Вечерта на 2 мај Гоце Делчев пристига во с. Баница, на мала оддалеченост од Серез. За престојот на Гоце Делчев во Баница известена е турската управа  за движењето на Гоце и неговата чета .

           >>>>>> Гоце бил предаден уште во Cолун кога бил во бугарската гимназија од страна на ''бугарското тајно револуционерно братство''   и  Иван Гарванов, кое сега делувало во редовите на ТМОРО ,  уште кога бил во Солун а потоа следен <<<<<<

     Во зорите на 4 мај 1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба се известени од јатаците дека се опсадени од турската војска (аскер). Гоце наредува да излезат од куќата каде биле сместени и да се повлечат за да го спасат селото од зулум. Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од село Баница, Гоце Делчев бил погоден во левата града, паднал врз пушката, се обидел да се крене и паднал мртов.

   Гоцевата саможртва за делото на ослободувањето на народот во Македонија и Одринско и создавање на независна или автономна македонска држава му  донесе  признание и почит. Неговото име стана легенда, вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги возбудуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.

       Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало „Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребени во главниот град на независна Македонија. Август 1923, Илинден“. Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.


Неколку градови и села го носат името На Гоце.

Постојат повеќе теории за тоа што довело до загинувањето на Делчев. Една од најистражуваните е таа што вели дека предавник е Андреј Хрлев од Броди, учител и благајник на Организацијата, кого и Даме Груев го споменува во своите спомени. Него го посочува и Пејо Јаворов, бугарски поет со ерменско потекло, прв биограф на Делчев, близок пријател на војводата, а пред неколку години и бугарскиот историчар д-р Димитар Тулеков објави ексклузивни материјали за можните предавници на Гоце, меѓу кои го спомнува и името на Андреј Хрлев. Но и тој не ја расчистува мистеријата. Со Хрлев посебно се има занимавано д-р Христо Андонов Полјански, за на крајот да заклучи дека прашањето за предавството на Делчев и „натаму останува под превезот на таинственоста“.

УЧИТЕЛОТ ОД БРОДИ

Андреј Хрлев имал зет Турчин, а пролетта 1903 година веќе бил разочаран од македонското ослободително движење. Тој навистина би можел да биде предавникот, но симптоматично е што бил поштеден од одмаздата на Организацијата, која наместо него убила десетина селани од Баница и од Броди, сметајќи ги за виновници за смртта на Делчев. Меѓу ликвидираните е и Ѓорѓи Агов од с. Старчишта, Неврокопско. Обвинението е дека тој бил облечен во турски алишта и ја водел потерата кон Баница. Во декември истата година, во речиси изгореното село Баница, Марин Георгакиев е исечен на парчиња токму на местото каде што е убиен Гоце, а Коста Маџаров, Ѓорѓи Орешков и Коста Петров се заклани врз гробот на Гоце. Неколку ликвидации извршил и војводата Таската Серски, а од страна на четата на Илија Тешовалијата биле убиени и таткото Апостолов од селото Баница, неговите двајца синови и едната снаа. Како учесници во други предавства биле ликвидирани и Георги Дурата, Михаил Каптовали и Атанас Костов.

Триесетина години подоцна, Андреј Хрлев, за кого уште во тоа време по весниците се пишувало дека го предал Делчев, напишал текст во кој тврди дека предавството е извршено од двајца врховисти во врвот на Организацијата во Солун. Меѓутоа, ниту тој ниту кој било друг наведува поконкретни податоци за тоа кои би можеле да бидат тие двајца предавници. Интересно е, меѓутоа, што во една турска шифрирана телеграма поврзана со убиството на Делчев стои дека даскалот од Броди, Андреја Ѓорѓи Хрлев, на 16 мај 1903 година примил „бомби донесени од Неврокопско и ги внел во црквата“. Значи, власта знае дека скрил бомби. Зошто тогаш не го уапсила, кога за такви работи се одело дури и во Дијарбакир?

Следната линија на предавството ја загатнува Ѓорче Петров, кој, повикувајќи се на разговор со сестрата на Делчев, Руша, во своите спомени вели дека војводата бил откриен уште во Солун. Гоце во Солун пристигнал на Велигден 1903 година, за да се сретне со Даме Груев и да расчистат за различните ставови околу самото востание. Двајцата останале три дена затворени во соба во солунската гимназија и што разговарале таму никогаш не е разјаснето.

БУГАРСКА ТРАГА

За разговорите во Солун главно е прифатено искажувањето на Груев во неговите спомени дека Делчев бил вознемирен поради одлуката за востание, зашто сметал дека недостига оружје. Меѓутоа, Груев наводно успеал да го смири убедувајќи го дека ќе се отворат нови канали за снабдување, по што наводно Делчев бил принуден да го прифати аргументите на Даме.

Наспроти тоа, Ѓорче Петров тврди дека Делчев во Солун го доживеал „последниот удар на разочарување“ и дека во градот имало некој „шпион близок до нашите луѓе“, кој, според него, ги известил турските власти за движењето на Делчев. Трагата може да оди до врвот на ЦК на ВМРО, но и оваа линија засега не може цврсто да потврди, ниту отфрли. Една од последните траги во истражувањата за убиството на Делчев е откритието на д-р Михајло Миновски од пред неколку години, кој во Софија дошол до еден текст во весникот „Македонско знаме“ од 1934 година, во кој е отпечатено сведоштво на учесник во Илинденското востание. Сведокот ги пренесува искажувањата на Георги Думчев Карчо (загинува со Даме Груев во декември 1906 г.), кој бил со Гоце во Баница. Според сведоштвото, кога сфатиле дека Баница е опколена, Карчо му предложил на Гоце да откријат послабо бранет пункт низ кој би можеле да се извлечат од опсадата. На тоа Гоце му одговорил со следните зборови: „Карчо, ако бевме предадени од овде, ќе најдевме можност да излеземе од опсадата, но изгледа дека сме предадени од Софија. Затоа не можеме да се спасиме“.

Интересни моменти за загинувањето на Делчев пред неколку години раскажуваше еден потомок на славен македонски револуционер од тоа време, според кого во архивот во Истанбул постои телеграма што јасно посочува на предавство на Делчев, а која била испратена до турските власти од лице чие име се наоѓа во македонската химна! ... ( se odnesuva zbor za Даме Груев) ,.... Тука некаде се и шпекулациите што велат оти уште одамна турски извори им сугерирале на нашите научници дека е подобро и да не ја дознаеме вистината за загинувањето на Делчев.
     

       Народот македонски за Гоце испеал многу песни

 

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ ☼ MAKEDONIJAeSE.com ☼ Сите Права Задржани

Македонија е СЕ ☼ Партија на Народот на Слободата ☼ МС ПНС
Историја на Македонија
Македонија

Makedonija

Macedonia

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

Мода СуперМодел Мистер Лав