v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

Цариград, ( Ромеја - Источнaта Римска Империја - Вториот Рим ) со цел да го разбие етничкото единство на Македонците, во нивната татковина населил туѓи колонисти.

Михаил 4 во 1042 г. ги пренел Aлбанците од јужна Италија на Македонскиот Полуостров (Балканот) и ги населил во месноста Арбан, за да ги прекине и ослаби овoj дел на народoт и нивните врски.

Јован Звонара во својата "Хроника" ќе забележи дека во 1064 година:

"Узите (турска група племиња ), преминувајќи го Дунав, ја преполовиле сета земја покрај реката. Имало, како што велат, 60.000 души, такви што можеле да носат оружје. Оттука упаднале во Македонија, ја заплениле и стигнале до Елада".

Населување на Албанците во Македонија

        Многу често од албански историчари и политичари слушаме дека албанците биле автохтон народ во Македонија, НO, тоа воопшто не е точно. Сите историски извори го тврдат сосема спротивното, односно дека Албанците се најдоцните дојденци во Македонија, дури турците се дојдени порано отколку првиот дојденeц албанец во Македонија. Историските сведоштва говорат дека првите Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на 18 век. И секој човек кој логично размислува и има малку познавања од македонската топонимија и археологија, ќе знае дека сите населени места каде денеска живеат Албанци некогаш биле чисти македонски места, со македонски топоними, со македонски цркви и гробишта, без никакви пишани историски извори или археолошки наоди од албанци се` до половината на 18 или 19 век. Каде има албански џамии или цркви, албански гробишта од 17 век во тетовско, госитварско, дебарско, струшко, скопско, кумановско?! Никаде!
Според отоманскиот попис на населението од 1430-1431 г., во Македонија  немало воопшто Албанци. Веќе од средината на 15 век, со исламизацијата на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но сепак во многу минорен број. Во отоманскиот попис од 1452-1453 година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот Калканделен (Полог) и 1 католичко семејство во Скопје. Овие албанци веќе во најголем дел биле исламизирани и отоманските власти ги обележувале како АРНАУТИ или АРБАНАСИ, како би се разликувале од староседелското. Имено, во пописните тефтери, отоманците на личните имиња на албанците додавале “Арбанас“ или “Арнаут“ за да ги разликуваат од староседелците, за кои немало никакви придавки за народност.
Отоманскиот попис од 1467-1468 г. забележува само 84 албански домаќинства на територијата на цела Македонија и тоа во следниве вилаети:
Попис 1467-1468 г.
Вилает Калканделен (Полог) 20  домаќинства
Вилает Ускуп (Скопје)  2  домаќинства
Вилает Пирлепе (Прилеп) 10  домаќинства
Вилает Ќипрјули (Велес) 3  домаќинства
Нахија Крчово (Кичево) 7  домаќинства
Нахија Мариово 1  домаќинство
Нахија Манастир (Битола) 41  домаќинство
Извор: ТДИМН. ОПД, т. III, с. 35–143 (вилает Калканделен), с. 150; ТДИМН. ОПД, т. I, с. 197–199; ТДИМН. ОПД, т. II, с.139–271 (нахия Манастир), с. 271–485
 

Првите шест албански села во Македонија
 
Албанците дошле на границите на Македонија во 1572 г.  Французинот Филип Канаје го опишал заземањето на Качаник од страна на неколку како што лично запишал “албански групи на убијци и разбојници“ во 1572 г. .  Во 1595 г. за прв пат во историјата  е забележана албанска разбојничка тајфа која опљачкала неколку полошки села, а многу селани ранила и испоубила [Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38].
 
Според отомански документ од 1597 г., околу 10.000 албански разбојници од северна Албанија, ограбиле и изгореле 27 села во западна Македонија, а во 6 од тие села, во дебарската област, се заселиле првите Албанци во Македонија.
Значи, прво населување на Албанци во македонско село, временски датира 3 години пред почетокот на 17 век и тоа било во областа на Дебар. 

Албанско населување во скопската област

Во отомански документ од 1595 г. за прв пат е забележано присуство на “арнаутски разбојнички групи“ во скопската област, но без албанско населување.
Албанците почнале постепено да ги освојуваат високите планински македонски села од скопска Црна Гора дури кон крајот на 17 век (Материали, 536. / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Албанците прво ги зазеле највисоките македонски села на скопска Црна Гора и после постепено слегувале кон ниските села. Село Брест до 19 век било чисто македонско село, во Љуботен албанците навлегнале на крајот на 18 век (пак таму, Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Германскиот патувач Хан во втората половина на 19 век ги посетил албанските села на скопска Црна Гора и самите тамошни албанци го известиле дека се преселени во скопските северни планини после австријските војни, што е крајот на 17 век (Hahn, Reise von Belgrad nach Salonik, Wien, 1868. стр. 70.).

До 20 век, на Китка и Црн Врв се населиле Албанци во 21 македонско село. Тие дошле од Косово во текот на 18 и 19 век, а жителите на Алдинци знаеле дека нивните предци дошле во Алдинци од Гњилане (Материали, стр. 523. / Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа. Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).

Во Скопското поле првите албанци се спуштиле дури во 19 век, за време на управувањето на Хамзи-паша, Албанец, кој етапно доселувал албанци од северна Албанија. [ J. Трифуноски, Скопско Поље, 358.]

Албанско населување на Полог


Почетокот на албанската населување т.е. заземање на Полог почнува од средината на 18 век. Сепак, тие во тој период претставувале многу мала малцинска група во Полог, се до првата половина на 19 век, кога со Полог владее албанецот Абдураман-паша, кој насилно и масовно населувал албанци од северна Албанија [ Ј. Трифуноски, Полог, с. 71-74.]. Голем дел од староседелското македонско население на Полог, било насилно поалбанчено, цели родови биле поалбанчени, како и многу жени и девојки под притисок на тетовските албански паши и нивниот зулум [ Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38-39, 50-51.]. Истото се има случено и со Кичевија, каде најголемиот дел од тие Албанци се всушност од македонско потекло. Затоа, можеме да кажеме дека Албанците во Македонија се македонски браќа.
Албанците од с. Теарце биле заселени од тетовските паши, од Мат, Долен Дебар и призренско; албанците од с. Доброште дошле од Дебар и Љума. Во с. Длабочица, с. Стража и с. Култино албанците потекнуваат од Дукачин Љума. Во последното село, Абдурахман Паша во почетокот на 19 век ги избркал Македонците и населил Албанци ( Материали (Софија), 437, 439, 446-447).
Во Жеденската област до почетокот на 19 век живееле исклучително Македонци, но подоцна почнале и таму да се доселуваат Албанци од Реч и Долни Дебар.
Од албанските зулуми, Македонците од Полог масовно бегале и ги оставале празни селата. Васил К`нчов во последната деценија на 19 век ја посетил Македонија и опишува дека селото Горно Фалише до 1860 г. броело 30 македонски семејства, а во 1890 г. опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои иста така останале опустени и празни (В. "Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100). Македонскиот етнограф Трифуноски, спомнува дека и селата Катрање и Еребино ја споделиле истата судбина на опустување (Ј. Трифуноски, Полог, 39-40). На опустените македонски имоти и цели села, албанските паши населувале Албанци.

Еве неколку потресни вистинити историски приказни, како врз Македонците од Полог бил вршен етногеноцид. Во с. Лопушник, кон крајот на 18 век се доселиле тројца Албанци и со “зулум“ купилe земја oд селаните во Лопошник, плаќајки им на македонските сопственици на имотот само 60 гроша и така Албанците постепено го зазеле селото [Ј. Трифуноски, Полог, 183.]. 

Македонците од селото Железно Речане било на удар на качачките банди во почетокот на 19 век, а населението за ситница убивано, "трган народ", велеле мештаните [Ј. Трифуноски, Полог, 191.].  Македонските селани од Горна Ѓоновица биле убивани на паша, во шума, на нивите, им ја грабале стоката [Ј. Трифуноски, Полог, 210.]. Во тогашното македонско селото Симница, најпрво се населиле три албански семејства од Мат (Албанија) и со помош на други дошљаци од Албанија ја нападнале Симница и големиот манастир, кој постоел во селото. Сите калуѓери , освен еден, кој бил надвор од манастирот, биле убиени, игуменот на манастирот запален, а манастирот разорен. Манастирот 1936 г. бил обновен, но балистите повторно го разориле во 1943 г. [Ј. Трифуноски, Полог, 213.]  И селото Џепчиште, како и сите полошки села пред 200 години било чисто македонско место, со манастир св. Богородица. Кога сите селани биле собрани на богослужба во манастирот "Турци" [муслимански Албанци] го запалиле манастирот заедно со селаните. [Ј. Трифуноски, Полог, стр. 347].

Албанизација на Кичевија 


Овој поднаслов го нареков албанизација на Кичевија, а не населување на Албанците, бидејќи и сегашното албанско население на Кичевија има македонски корени. Зајаз, сега изразито албанско село, до 1740 г. било чисто македонско православно село. Првиот македонски етнограф, Томе Смиљаниќ - Браднина пред 90 години утврдил дека луѓето од Зајаз ги знаат своите муслимански претци до 7 колено, а од овие имиња после продолжуваат имињата на нивните православни предци. Православните старинци биле “Шопки“, па Албанците еден дел од нив истиснале, а друг дел исламизирале и поалбанчиле (Т. Смиљанић, Кичевија, 440-441). 
Селото Црвивци било исламизирано околу 1760 г. Албанците удриле на селото од страна на Зајаз за Велигден, кога се играло оро, убиле многу луѓе, а жените ги заробиле и се вселиле како во своја куќа (Т. Смиљанић, Кичевија, стр. 431).
Селото Бериково, било муслиманизирано околу 1785 г., кога Албанците ги исламизирале жените и децата од селото, пошто мажите им биле на печалба (Т. Смиљанић, Кичевија, с. 437). Дел од македонското староседелско население на селото Колари избегало кон крајот на 18 век во Австро-Унгарија, а оние кои останале дома биле албанизирани (Смиљанић, Кичевија, с. 444).
Албанците во с. Јагол биле преселени од селото Блаце од Албанија околу 1830 год. Тогаш било и албанизирано селото Туин. Во с. Поповјани, с. Другово и с. Белица првите албанци се населиле околу 1840 год. од Дебар.

Албанизацијата струшко-дебарскиот крај 

Иако Албанците прво проникнале во дебарскиот крај во 17 век, сепак до 19 век, апсолутното мнозинство на Голо Брдо и Дебарско Поле го сочинувале Македонци, рисјани и муслимани. Подлабоки етнички промени во дебарскиот крај настанале во 19 век, со албанизација на Македонците муслимани од повеќе села и населување Албанци од северна Албанија. 
Васил К`нчов во својата книга за Македонија обајвена 1900 г., сведочи за поалбанчувањето на Македонците муслимани и населувањето на албанци во Голо Брдо и Дебарско Поле:

 “Жителите (македонски муслимани) на селата Острени, Трново, Клене, Летен, Џепиште, Ербеле, Обоки, Макелари и др. претпочитаат да се кажуваат за арнаути и да говорат арнаутски. Торбешите од с. Раица, најјужно од подримските потурчени села, говорат повеќе арнаутски и се бројат за арнаути. Селата Вичишта, Голеишча и Писанки биле до почетокот на 19. век македонски, до пред 30 години биле половина македонски, а сега се населени од арнаути. Само во Писанки останаа уште 3 македонски куќи. Арнаутите идат од Горица и од други посеверни места. Уште посилен е притисокот на Поле (дебарко поле).  Македонците исчезнале во почетокот на 19 век од северните села, а денес бегаат од сите други села поради страшните уништувања на кои се изложени. Селото Граѓани до скоро било македонско. Арнаутите дошле пред 50 години и сега тие се мнозинство. Има уште 8 македонски куќи, но и тие наскоро ќе бегаат. Македонци имало и до пред 30-35 години во арнаутското село Балании и во турското Коџаџик, но сите избегале. Тој крај е жестоко опустошен од арнаутските полкови на Али Паша, кои го уништија Божји Град во долината на р. Дрим, кон крајот на 18 век.  Само во Река арнаутите уште не проникнале и тоа благодарејќи на торбешите од една страна и на фактот, што, тамошните македонски села се големи (види кај Васил Кънчов''.

 "Македония. Етнография и статистика", Част първа. Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).

Населување на Албанците во Гора (Корча), област Мокра - Поградец и Струга


До 19 век, македонските етнички територии се простирале скоро во цела јужна Албанија. Во Гора (Корча) и Мокренската област населението било македонско, православно и поданици на Охридската Архиепископија. Во Кодексот на Охридската Архиепископија од 1761 г. се наоѓа Епископијата Горо-Мокренска и потписот на Горо-Мокренскиот (корчанско-поградечки) Епископ Јоаким (А.Шопов и Г.Стрезов, Кодекс на Охридската патриаршия. Сб.М. X. 569).


     Охридскиот анонимен летописец од првата половина на 19 век, бележи две големи пустошења во Гора и Мокра (зап. охридски брег). Во 1805 г. арнаутски полкови ја опљачкале целата околина на Охрид, а во 1821 г. пишува летописецот Охридски за мокренската област “во Мокреница се` се запусти, сето имање го ограбија“ (Охридски летописни бележки, 6,16 / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).


Васил К`нчов во својата книга за неговото патување низ Македонија од 1900 г. запишува “арнаутски дошљаци од долината на Шкумба го иселуваат македонското население од западните делови на охридско“, селата Фердово и Калиште се поалбанчени целосно, а македонското население се иселува и од селата Лин и Радожда (пак таму).
70 години пред сведоштвата на К`нчов, доктор Муелер, кој патувал по западниот охридски брег на Струга и Поградец во 1837-1828 г., сведочи дека овој брег бил населен со Македонци, но почнале да се доселуваат и Албанци, па запишал дека селото Фердово имало мешано население од Македонци и Албанци, додека селото Калиште било чисто македонско село (D-r Joseph Muller, Albanien, Rumelien und die Osterreich-Montenegrische Granze, Prag, 1844. стр.69). Само 70 години подоцна, на почетокот на 20 век, немало трага од Македонци во тие некогашни чисто македонски села.


До 1870 г. жителите на областа Девол и Корча (денешна јужна Албанија) говореле македонски јазик. Поради албанскиот притисок, првенците на 50 села од овие области се заколнале да не говорат повеќе македонски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци (Списание "Albania", 15–30 Juni 1898, p. 32.).
Од оваа произлегува дека голем дел од денешните Албанци имаат и македонски корен . 

Шќиптари / Shqip(ë)tarët / Albanians

За потеклото на албанците, постојат многу разјаснети одговори. Мојов текст не е за да го разгатнам потеклото на Албанците, туку нивното доаѓање и од кога датира нивното присуство на Македонскиот Полуостров ( Балканот). Според сите пишани и материјални историски извори со кои што располага светската историографија и археологија, можеме да заклучиме дека Албанците најкасно се населиле на Македонскиот Полуостров ( Балканот) . Во антиката, се спомнува народ албанци, ЗА ПРВ ПАТ ВО Битката кај Гавгамела во 331 п.н.е каде Александар Македонски - Македонија го поразил Дариј 3-ти - Персија . Албанската коњаница била на страната на Дариj 3 - ти и биле поставени на десното персиско крило. 

Целокупните историски извори од средниот век говорат дека територијата на денешна Албанија ја населувале само македонци, илири и епирци. Хрватите се до почетокот на 19 век се изјаснуваа како илири, а нивниот јазик го означуваа како илирски. За разлика од народите кои и во средниот век се идентификуваа како илири т.е. потомци на илирите, не постои ниту еден историски албански извор, дека денешните албанци, некогаш и некаде до 20 век имале свест за било какво илирско потекло. Тоа секако не наведува за помислата за нивното населување на Македонскиот Полуостров (Балканот) во средниот век. Целата книжнина од Хрватска, како земја која не потпадна под турско ропство и целосна германизација и која имаше литературна слобода, на илирскиот т.е. ''словенскиот'' јазик. Хрватските интелектуалци до 20 век, својот јазик го нарекуваа илирски, a сите народи на Македонскиот Полуостров (Балканот) ги нарекуваа “илири“, а земјите беа за хрватските интелектуалци илирски провинции. И самата идеја за создавање на Југославија, како заедница на народи наречена “илирска идеја“. Во византиска географија од 10 век од анонимен автор, напишано е дека скити-словени го населувале целиот Епир (G. Müller, Geographi Graeci Minores, Paris, 1882, p. 574 (Извори за бълг. история, IX, с. 311). Византиската “Хроника на Monemvasia“ го потврдува фактот дека цела јужна Албанија (стар Епир) била словенска земја (Dujčev, I. Cronaca di Monemvasia. Palermo, 1976, p. 12–13.). Средновековната историја на Солун- “Miracula Sancti Demetrii“ спомнува само словени во денешна Албанија (lib. II:I,158, в: ГИБИ, III, с. 129.). Според византиски документ од 6 век, за Драч и северна Албанија се говори како словенска земја (ГИБИ, II, с. 129.). Византиските хроничари пишуваат и дека крајбрежните области Дирахион и Никопол биле словенски (Ferluga, J. Gli Slavi del sud ed altri gruppi etnici di fronte a Bisanzio, In: Gli Slavi occidentali e meridionali nell'alto medioevo.t.I, Spoleto, 1983, p. 303–352.).  

Но, во истиот ран среден век, никаде не наоѓаме историска или археолошка трага на присуство на албанци на Балканот, ниту во Албанија. Само да се погледа топонимијата во Албанија, станува јасно секому дека Албанија била исклучиво словенска земја во средниот век. Албанските топоними се чисто словенски како Кукуш (алб. Кукс), Белград (тур. Берат), Коњух (тур. Елбасан), Горица (тур. Корча), Лесковиќ, Ќоровода, Леска (алб. Леш), Кроја (алб. Круја), река Војунита (алб. Вјуса), планина Мокра, Девол, Вагенеција итн.Во 1308 г. е издаден “Анонимен опис на источна Европа“, каде за албанците е напишано дека “немаат градови, замоци, тврдини, укрепини и села, туку живеат во колиби и постојано се движат од место во место со своите дружини и родови (Белчовски, J. Опис на Источна Европа од 1308 година. 

Вo : Споменици за средновековната и поновата историjа на Македониjа, т. 2 ,Скопjе, 1977, с. 470–473.). Како што сите знаеме, сите илирски населби биле утврдени уште во антиката, како и подоцна во средниот век, со што Албанците не може да се поврзат со Илирите. Населувањето на Албанците на Македонскиот Полуостров ( Балканот ) во 11 век  Која е татковината на Албанците?! Албанците се кавкаски народ, кој потекнува од кавказка Албанија. Прво биле освоени од Александар Македонски и Македонците после битката на Гавгамела 331 п.н.е  Потоа според нив, кавкаските албанци биле нападнати, заробени и одведени од страна на Арапите како арапски војници во Италија, при арапските напади на Италија во 11 век. Дел од албанците биле заселени од арапите крај италијанскиот град Тоска, па се поврзува името на албанското племе Тоски со нивното привремено живеалиште во Италија. Од тука е присуството на латинските позајмици во албанскиот јазик, но и во подоцнежните албанско-влашки контакти и албанизацијата на епирските власи. 

[ Константинопол т.е. Источното Римско Царство - Ромеи (Византија - Називот Византија прв пат се користи во 1557 (нешто повеќе од стотина години по падот на Константинопол од страна на германскиот историчар Хероним Волф, во неговото дело Corpus Historiae Bizantinae ), која во тој период ја контролираше и јужна Италија, ја одбрани оваа територија од арапите и нив ги протера. Во “Historia, Corpus Scriptorum Historiae Byzantinae. Impensis ed. Neberi, Bonnae” е објаснето дека Ромеискиот воен лидер Michael Ataliotos во 1042 г. ги пренел албанците од јужна Италија на Македонскиот Полуостров (Балканот) и ги населил во месноста Арбан (денешна северна Албанија), на тромеѓето меѓу Македонците, Србите и Црногорците, за да ги прекине и ослаби овие народи и нивните врски.] Значи како резултат на ова населување настанале Црногорците, Рашките па потоа Србите , а коренот им бил Македонија. За кавкаското потекло на Албанците може да се надоврзат и топонимите во кавкаскиот регион. Во денешна Грузија, во земјата на некогашниот аварски каганат, постојат топоними исти како и имињата на албанските племиња. Така, постои село Бушати во Грузија, а воедно Бушати е име на албанско племе заселено околу Скадар. Во Грузија воедно постојат села со имиња како Гегути, Гегени и Геги. Гегите се северните Албанци. Исто така, мноштво албански зборови се исти или имаат ист корен како и кавкаските јазици од Чеченија, Дагестан, Грузија итн. Ако на ова се додаде дека прв пат писмени документи на албански јазик се јавуваат дури во 15 и 16 век, несомнена е нивната средновековна колонизација на Македонскиот Полуостров. 

[Then in 1042, the Byzantine Empire attacked by macedonian insurrection under command to the macedonian leader Petar Delian, after having defeated the Arabs in Sicily and having brought the Sicilian Albanians under their command and christianizing them. The leader of the Byzantines who led the Albanians was named Georgius Maniakos. Maniakos brought Albanian mercenaries from Sicily to fight the Macedonians insurrection and they settled in two waves in modern day Albania, first the mercanaries came, and then came the women and children. After the defeat of Maniakos, the Byzantines would not let the Albanians return, thus the Albanians requested that the Macedonians let them stay on the land. They settled under mount Raban and the city of Berat and from this, the macedonians called them "Rabanasi" or "Arbanasi". The city of Berat was known as Belgrad also, before the Albanians came to settle there. They mostly tended sheep and cattle.]

1. Населување во област Арбан  

Прв пат историските извори спомнуваат присуство на албанци/арвани/арбани на Македонскиот Полуостров - Балканот во втората половина на 11 век.  Византискиот хроничар Скилица пишувајки за историски настани од 1078 г., првпат во историјата спомнува Албанци на Македонскиот Полуостров - Балканот (ГИБИ VI, с. 338–339.). Михаил Аталиат пак спомнува Албанци во втората половина на 11 век.  Византиската принцеза Анна Комнена ги лоцира Албанците во 11 век во областа Арбан (северна Албанија), (Анна Комнина, Алексиада. Съст. Я. Любарский. Москва, 1965, с. 351; Ферjaнчић, Б. Албанци у византиjским изворима, В: Илири и Aлбанци, Београд 1988, 287–292... 

Пред втората половина  на 11 век никаде не се спомнува народ Албанци или било кое од другите имиња користени за овој народ  на Македонскиот Полуостров, а не се спомнува и областа Арбан. Затоа Албанците може да кажеме дека се најдоцните колонизатори на Македонскиот Полуостров - Балканот. Историските пишани извори утврдуваат дека до 1280 г., немало Албанци во други делови на територијата на денешна Албанија, освен во областа Арбан.

2. Населувањето на Албанците во Драч и драчката област  

Албанците од 11 век до 1280 г. живееле исклучиво во областа Арбан, откога почнале да ја напаѓаат и населуваат драчката област. Кон крајот на 13 век е датиран првиот историски податок за албанско присуство во Драч, кога албанците го нападнале и ограбиле Драч, а потоа го напуштиле (Ibidem, 1, p. 357.).  Историскиот доказ вели дека тие не биле домороден народ во Драч, бидејќи дошле, го опљачкале и потоа заминале од него. Некаде во 1280 г. имало голем земјотрес во Драч, кој го разрушил градот и староседелското население од Драч се иселило, а тогаш прв пат Албанците го населиле Драч (Pachymerеs, Georgii. De Michaele et Andronico Palaelologis. 1, Bonnae, 1835, p. 508.). Драч бил голема македонска колонија, кој бил во рацете на македонскиот господар Ивец, еден од првенците на царот Самоил. Poмeиските средновековни хроничари опишуваат како македонскиот војвода Ивец имал голем дворец наречен Проништа, на драчката планина Врохот (така се нарекувала во тие времиња). Појужните области на денешна Албанија ги владеел македонскиот господар Николица, исто така првенец на Самоил (Скилица-Кедрин, ГИБИ, 7, с. 292.)

3. Населување на Албанците на југ од Драч

  Византискиот историчар Лаоник Халкокондил сведочи дека Албанците откога го зазеле и населиле Драч, почнале да постепено да се селат на југ во 14 век (Веселаго, Е. Известия Лаоника Халкокондила об албанцах, ВВ, 10, 1956, с. 140).  Воедно и Јоан Кантакузин, друг византиски хроничар, пак опишува дека Албанците како номади за прв пат почнале да доаѓаат во областите на Белград (дн. Берат), Канина и Колонија во 30-те години на 19 век. (Cantacuzeni, I. Eximperatoris Historiarum. Bonnae, 1, 1828, p. 279–280, 450, 474, 495.).  

Но, тоа не била права и масовна колонизација на Албанци во овие места, зошто според турскиот попис од 1431 г., имало само неколку албански семејства во спомнатите области ( Stanescu, E. La population Vlaque de l'empire Byzantin aux 11e–13e siecles, BF, 7, 1979.).

4. Населување на Албанците во областите на Коњух (турски Елбасан), Горица (тур. Корча) и Белград (тур. Берат)

Според турскиот попис од 1431 г., нема присуство на албанци околу градовите и во самите градови Коњух (турски Елбасан), Горица (тур. Корча) и Белград (тур. Берат) ( Stanescu, E. La population Vlaque de l'empire Byzantin aux 11e–13e siecles, BF, 7, 1979.). Овие места почнуваат мали групи албански номади да ги населуваат дури во 17 век, но не станаа албански доминантни места се` до крајот на 19 век. Турските податоци за Албанците до 15 век Османлиските пописи ни кажуваат дека во 15 век албанци живееле само со турскиот санџак Арванид, а географски тоа е поречието на реките Шкумбин и Матија, околу рамнината на Кроја. За тоа сведочи и пописот на населението од 1431-1432 г., каде Албанци се зебележуваат во санџакот Арванид, но не и во другите места на територијата на денешна Албанија, со исклучок на неколку семејства (İnalcık, H. Higri 835 Tarihli Süret-i Defter-i Sancak-i Arvanid. Ankara, 1954.). Според сите историски извори, може да забележиме дека албанската експанзија и албанизација на макдонското домородно население од територијата на денешна Албанија започнува од 17 век, со исламизација на албанците и нивно зајакнување како отомански исламски сојузници против христијаните староседелци.

Шкрети - етнички Македонци кои го прифатиле албанскиот јазик Шкрети е македонски назив за етничките Македонци, кои го примиле албанскиот јазик и кои во Република Македонија живеат во областа Горна Река (мавровско, денеска општина Ростуше-Маврово). Етимилогијата на македонскиот збор шкрет потекнува од гегскиот (албанскиот) збор ШКЈА, кој што означува словен.  Самите Албанци (геги) ги нарекувале етничките Македонци кои го примиле албанскиот јазик ШКЈА или СКЈА т.е. словени, за да се разликуваат од етничките Албанци. Но, шкрети нема само во Горна Река, туку албанизирани Македонци во најголем број живеат во Голо Брдо, околиите на градот Коњух (преименуван од Отоманците во Елбасан), Белград (преименуван од Отоманците во Берат), Горица (турски Корча), Бобовишта, Поградец, Девол, итн. Поконкретно, ШКЈА е термин кои гегите (Албанците) го користеле и за сите останати словенски народи. Српскиот етнограф Цвијиќ, забележал дека Албанците ги нарекуваат и Србите и Црногорците “само Шкја, Скја и никако поинаку“ ( J. Cvijić, Balkansko Poluostrvo, Beograd 1931, II, 31 i d., 61). 

Според етимилошкиот речник на хрватскиот и српскиот јазик, албанскиот збор shqa (шкја) означува словен (Petar Skok, Etimologijski rječnik hrvatskoga ili srpskoga jezika, JAZU, Zagreb 1973).  

Општопознато е дека Македонците, како хрстијани во Отоманското царство, трпеле големи зулуми од страна на исламизираните Албанци, кои биле главни отомански сојузници на Македонскиот Полуостров - Балканот. 

Поради тие притисоци, за заштита на својот живот, голем дел од Македонците од западна Македонија и она што денеска е држава Албанија се исламизирале, а оние кои останале верни на својата прадедовска христијанска вера, само го прифатиле албанскиот јазик. Тоа се денешните шкрети.  Многу од шкретите со тек на време се исламизирале, па целосно се претопиле во Албанци. Денеска исламизираните шкрети од Горна Река се сметаат исклучиво за Албанци, иако етничкото потекло им е чисто македонско. Се претпоставува дека шкретите го прифатиле албанскиот јазик во 19 век.  Постојат белгиски сведоштва од 19 век, кои се однесуваат на селата во Корча (Горица) и Девол, населени со етнички Македонци, но под арнаутскиот притисок морале да го прифатат албанскиот јазик т.е. да се албанизираат или пак да се исламизираат и да добијат Отоманска заштита.  Забележано е дека масовно, македонските селани од Корча и Девол, кои го говореле македонскиот јазик како мајчин, го прифатиле албанскиот јазик некаде околу 1870 година. Првенците на подесетина села од овие области се заколнале групно да не говорат повеќе македонски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци (Списание "Albania"Bruxelles, 15–30 Juni 1898, p. 32.). Пишаните историски извори и факти, ни откриваат дека голем број од денешните Албанци имаат македонско етничко потекло.

Негушко востание

Негушкото востание е востание подигнато од македонскиот народ помогнат од месните жители Власи во април 1822 година, против турската власт.Изложеноста на населението на Негуш и околните 130 села на чести напади и грабежи од страна на многубројните aрамиски банди, како од нападите на солунските Турци, така и од долгогодишните напади на разбојничките банди на Али-паша Јанински, била главната причина поради која Негушаните одлучиле да подигнат востание.
Почеток и тек на востанието

Поттикнати од почетниот успех на грчкото востание (1821), Македонците кои живееле во Негуш и околните села, измешани со Власи, на 3 март 1822 кренале востание.

Востанието избувнало во западниот дел на Солунското поле во градот Негуш и во околните воденски села. Македонците од овие краишта помогнати од своите сожители Власи  востанието го кренале под раководство на Атанас - Каратасе (Македонец, познат и како Караташо или Каратошо) и Ангел Гачо (Влав), а учество зеле и ајдутските војводи Зафиракис Логотет и Дијамандис.

Востанието почнало да се шири со голема брзина на исток од градот Негуш и ги зафатило сите села до утоката на реката Бистрица. Според податоците на англискиот конзул, бројот на востаниците се качил на 2000 (речиси сите Македонци), а постоела голема опасност тие да го нападнат и градот Солун, своевиден центар на османлиската власт на Балканот.

Меѓутоа востаниците своите напади ги насочиле врз турските чифлици на крупните земјопоседници и на полските кули. Востаниците запалиле околу 134 турски чифлизи и помали села, потоа го зазеле градот Негуш, го заробиле турскиот кајмакам во него и ги убиле малубројните Турци во околните места.

Османлиската власт брзо реагирала. Против востаниците била испратена голема војска која го опколила Негуш. Опсадата траела од 24-ти март до 20-ти април, кога градот бил освоен.

Востанието било брзо задушено од страна на турските власти со оглед на тоа дека востанието било просторно многу оддалечено и отсечено од центарот на Грчкото востание кое се одвивало во истото време, аскерот многу лесно ја опколил слободната територија од сите страни. Со бројност од 15000 војници, Турците успеале да го скршат отпорот на востаниците и да го вратат назад градот Негуш.

Поради турските жестокости врз месното население настанало општо бегање и раселување на луѓето од овие краишта. Околу 30 млади негушанки и невести со деца за да не паднат во рацете на османлиите се фрлиле во водите на реката Арапица.

Самите водачи на востанието, Атанас Караташо и Ангел Гачо, со дел од востаниците се префрлиле во Грција и таму зеле активно учество во Грчкото востание, кое било во тек.


Причините за пропаѓањето на Негушкото востание главно лежат во фактот што востанието имало локален карактер. Востаниците не успеале да ги прошират воените дејствија надвор од Негуш; во Македонија тогаш имало концентрирано голема османслиска воена сила, особено во Битола и Солун, која можела да угуши секаква востаничка акција. И покрај неуспехот, Негушкото востание зазема важно место во историјата на македонскиот народ. Од ова востание се стекнале драгоцени револуционерни искуства, кои подоцна биле користени во последователните востанија.

 

 

 

 

 
 
 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.