v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

 

  16.09.2018 Македонија 

??????? ???? ?????????

Маја Величкова

         Дозволата за убиство (Licence to a kill) е експлоатирана тема во филмскиот блокбастер серијал за британскиот агент 007 во МИ6, Џејмс Бонд. Во серијалот Џејмс Бонд е портретиран како високообучен субверзивец, каскадер со одлична физичка подготвеност и вештини, вооружен со информации и досиеја, мажествен и згоден, кој вози ферари или астон мартин. Тоа е за на екранот. Во реалноста Метју Дан, поранешен агент на MИ6, за Фокс њуз во 2012 година открива многу разлики со Џејмс Бонд, а најконтроверзната меѓу нив е дозволата за убиство. Тој пишува дека MИ6-агентите немаат потреба од таква дозвола бидејќи сѐ што прават во странските држави е нелегално и дека тие се на милост и немилост на законодавците во земјата во која оперираат.

Јас наративот дозвола за убиство во овој текст ќе го користам ИСКЛУЧИВО како метафора.

Дозвола за убиство бр. 1
Кој ѝ даде дозвола за убиство на државното име на Република Македонија на Федерика Могерини? Таа на својот блог, пишувајќи за виенската средба со министрите за надворешни работи и одбрана на членките на Европската Унија, и осврнувајќи се на претстојниот референдум, ја ословува Македонија како идната Република Северна Македонија. Со тоа таа ги суспендира гласовите против и гласовите на неизлезените и на бојкотирам. Ова, покрај одговорите за, се одговори на македонски граѓани што имаат уставно загарантирано право да донесат одлука по распишаното референдумско прашање.

Дозвола за убиство бр. 2
Кој им даде дозвола за убиство на уставниот поредок на дипломатите во Република Македонија, кои претходниве денови изјавиле дека и со одзив помал од 50 отсто ќе може да се продолжи со процесот на уставни измени? Тие како претставници на државите од кои се назначени секако имаат дипломатски имунитет, но тие ни се гости во Македонија. Со ваквите нивни изјави тие ги поткопуваат реално изградените билатерални односи на соработка меѓу нивната земја и Македонија. Консултативниот карактер на референдумот не треба да им е аргумент за слободно толкување на одлуката што ќе ја изразат граѓаните на референдумот и недемократско суспендирање на нивната уставно загарантирана волја.

Дозвола за убиство бр. 3
Кој му даде дозвола за убиство на македонското знаме на ДУИ? На штабот, на прес-конференциите, во општините каде што ДУИ има своја управа не се гледаат македонски знамиња. На штабот на ДУИ се веат албанското, американското и знамињата на ЕУ, НАТО и на ДУИ. Македонското го нема. Ова не им пречело и не го решиле сите нивни досегашни коалициски партнери во Владата на Република Македонија. Останува простор да заклучиме дека не му е чудна симболиката ни и на Џорџ Сорос, кој за македонското знаме со симболот на Кутлеш, или како тој го нарекува сонцето на Александар, ни препорачал дека не е добро да го користиме како државно знаме во далечната 1993 година.

Дозвола за убиство бр. 4
Кој му даде дозвола за убиство на националниот консензус и утврдените црвени линии на македонскиот преговарачки тим во спорот со Грција? Во сите досегашни рунди преговори македонските делегации инсистирале на двојната формула, односно на задржување на името Република Македонија за домашна употреба и во согласност со тоа, зачувување на Уставот како неизменет основен државен акт. Впрочем во кампањата за Парламентарните избори 2016 и самиот иден премиер изјавуваше и се колнеше во истите преговарачки позиции.

Дозвола за убиство бр. 5
Кој му даде дозвола за убиство на името Република Македонија на Собранието на Р Македонија? Македонскиот парламент двапати, со просто мнозинство, а под европското знаме го гласа Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН, за престанување на важноста на привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување стратегиско партнерство меѓу страните. Во оваа спогодба клучни елементи се територијалниот интегритет и непроменливоста на меѓународните граници, името што Република Македонија се обврзува да го промени, важност на ова име ерга омнес и сите промени што тоа ги имплицира, откажување од досегашните придобивки од билатерални признавања на името Република Македонија од околу 140 земји, кои сочинуваат 80 отсто од Земјината мапа,

Дозвола за убиство бр. 6
Кој му даде дозвола за убиство на македонската историја на македонскиот преговарачки тим? Со ова преговарачот ја ставил историјата како наука под капата на политиката преку формирање билатерална комисија за историја. За иронија министерот Димитров во ноември 2017 година има изјавено дека историјата треба да им се остави на историчарите, а неговиот потпис на членот 6 од спогодбата ограничува какво било дејство што би поттикнало шовинизам, иредентизам, непријателство и ревизионизам. Дали тоа значи дека само историчарите што ќе учествуваат во оваа комисија ќе бидат единствените што ќе може да истражуваат и да нудат историски факти, и конечно да се занимаваат со историја?

Дозвола за убиство бр. 7
Кој им даде дозвола за убиство на прашањето за егзодусот и геноцидот на Македонците во Егејска Македонија на сите досегашни владејачки гарнитури во македонското собрание? Во 1993-1994 грчкиот парламент поведува иницијатива, поднесена од ПАСОК и од Неа деморкатиа за признавање на геноцидот врз Грците од страна на Турција. Во 2007 година Меѓународната асоцијација на истражувачи на геноцид има донесено Резолуција за признавање на геноцидот што го извршила Отоманската Империја во периодот помеѓу 1914 и 1923 година врз христијанските малцинства сочинети од Ерменци, Асирци, Понтиски и Анатолиски Грци.

Дозвола за убиство бр. 8
Кој му даде дозвола за убиство на сопствената способност и капацитет на премиерот Зоран Заев? Тој во кампањата за референдумот изјавува дека сами не сме можеле, не сме знаеле и ни требаат ЕУ и НАТО како камшикар за да ни воведат ред и поредок. Тргнувајќи од него лично па сите надолу да сме биле превоспитани во духот на камшикот. Истиот наш премиер, од позиција на кандидат за премиер преку програмата за живот во Македонија ветува одговорна власт и контрола над власта.
Во продолжение извадок од програмата за живот во Македонија (стр. 20):

Во изминативе десетина години, актуелната власт ја претвори Република Македонија во земја со нарушена демократија во која владее самоволието, а не правото. Мала група луѓе од власта се над правото, над Уставот и над законите на Република Македонија. Ним им е дозволено неказнето да ги кршат правилата, неказнето да влегуваат во криминални и коруптивни зделки и да ја злоупотребуваат својата моќ. Институциите кои се задолжени да ги спречат или по закон да ги гонат ваквите појави се целосно подредени на партијата на власт. Судовите се претворија во партиски судови. Обвинителството работи според партиска агенда.
Полицијата стана поклопена од партиската машинерија што им служи на малата група луѓе од власта. Известувањето на медиумите за состојбата во државата е нарушено поради груби притисоци врз нив или поради нивна корупција со безмилосно трошење народни пари од страна на власта.

Дозвола за убиство бр. 9
Кој му даде дозвола за убиство на членот 162 за поткуп при избори и гласање од Кривичниот законик на премиерот Зоран Заев? Тој на јавен настап во Крива Паланка раскажува за неговата средба со инвеститорот од компанијата Минстрој и нивниот разговор во кој се согласиле дека да се излезе на овој референдум е добро и за Македонија и за Крива Паланка, но и за Минстрој. Претставникот на Минстрој до своите вработени веќе упатил таква порака, а ветил и дека ќе ги награди. Ваков пример имало и кај други македонски компании, вели премиерот Заев. И на крајот од своето излагање Заев АПЕЛИРА: Ај почастете ги малку работниците!

Авторката е истражувачка, магистрантка на Општествен развој ИСППИ


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.