v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

          Гоце Делчев (1872 – 1903) é еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, еден од водачите на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна на Рилскиот конгрес 1905 преименувана во Внатрешна Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО) ЕДИНСТВЕНИОТ КОЈ ИМАЛ ЈАСНА СВЕСТ, ЗНАЕЛ И ШИРЕЛ ДЕКА САМО МАКЕДОНЦИТЕ МОЖАТ ДА СИ ПОМОГНАТ ЗА ДА ЈА ОСЛОБОДАТ МАКЕДОНИЈА, А ПОМОШТА ОД ДРУГИТЕ ДЕКА E ЛАЖНА.

- '',... Да застанат на чело на МАКЕДОНСКАТА ФАЛАНГА и да ја водат по патот на сигурен успех''.

- ''Додека моето рамо ја крепи пушка, Македонија е недостапна за бугарски офицер'' - Гоце Длчев - од весникот ''РЕФОРМИ''.

  Гоце Делчев  

Гоце Делчев

             
     Георги Николов Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејскиот дел на Македонија  како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви која имала вкупно девет деца.

Кукуш

Делчев произлегува од релативно добро ситуирано семејство. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. 

Никола Делчев, таткото на Гоце, потекнувал од еснафско семејство, а и самиот тој бил еснаф. Неговиот неподвижен имот се состоел од куќа, дуќан, околу шест декари лозја, од кои сам правел вино и ракија, околу осум декари ниви близу до Кукуш. Никола држел крчма на житниот пазар во Кукуш, а на пазарниот ден (четврток) станувал и гостилничар. Никола Делчев водел трговија со жито и имал мандра од неколку стотини овци (околу 600-700). 

Tатко и таткото на Гоце се занимавале со трговија на овци, кои ги купувале напролет и ги продавале есента кај трговци дојдени од Цариград или Анадолија. Кога немало трговци на жива стока, неа ја колеле и ја солеле за пастрма, а потоа ја испраќале за Драма, Кавала, Серез и Солун. Во културно-општествениот живот на Кукуш, Никола активно учествувал. Никола бил строг и правичен, оттаму неговиот патријархален однос не создал инфериорни личности од неговите деца. Напротив, сите тие израснале во самосвесни и слободољубиви индивидуи. 


Мајката на Гоце, Султана, била родена околу 1845-1850 година во селото Морарци (Мурарци), Кукушко. Ова село било едно од најголемите села и заедно со Кукуш стоело на чело на борбата против Цариградската патријаршија. Во селото бил познат родот на Јанев Нуриџиев, од кој потекнувала мајката на Гоце. За нејзиното потекло не се знае ништо повеќе. Султана била убава и скромна мома. Таа со Никола Делчев имале пет ќерки (Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена) и четири сина (Гоце, Мицо, Милан и Христо). Ѓорѓи (Гоце) Делчев е роден на 23 јануари, стар стил, односно на 4 февруари по нов стил, 1872 година во Кукуш. 

Ѓорѓи Делчев од својата мајка Султана, бил нагалено наречен Гоце, име кое било често во Кукуш. Името Гоце е галовен облик од името Ѓорѓи, spored drugji, postarata sestra ( po logjichno ), go narekla Goce.

 

Детски години


'' Гоце расте под необичната строгост на татка си и под претераната благост на мајка си... Строгиот бај Никола, кој сака со едно негово поткашлување од улицата целата куќа да биде на нозе, не направи од Гоцета некој треперко. Еднаш налутениот домаќин подига рака над којзнае во што згрешената домаќинка, петгодишниот син, обично доста кроток, се фрли меѓу скараните родители со молњи во очите и го принудил татка си да си ги преапе усните. - Мекосрдечната стрина Султана, која припаднува од секое млако нерасположение на копнеената рожба, која се мачи да ги задоволи и најфантастичните барања на својот цар на царевите, не направи од него разгален прокопсаник''...

— Пејо Јаворов, „Гоце Делчев“




Гоце половина од својот живот го поминал во Кукуш. Тоа е првата фаза што го опфаќа неговото детство. Гоце рано пројавил позитивни карактерни особини. Тој уште како петгодишник, при една меѓусебна расправа на родителите, вербално се обидел да ја заштити својата мајка Султана, притоа покажал завидна храброст пред неговиот татко. Уште од тогаш кај Гоце се развило чувството за заштита на послабите и потчинетите. 

Најраните години Гоце, сè до неговото заминување на училиште, минале низ еден период на немирни години. Кукушани и понатaму ја воделе борбата против Цариградската патријаршија.  


Кукушани во февруари 1874 година одново минале кон унија со Римокатоличката црква, со што започнало во Кукуш и во околијата повторно да се шири унијатското влијание. Причината за вториот премин кон унијата е лошото однесување на грчкото духовништво кон населението. Од 1875 година како нов фактор во Кукуш започнала да се наметнува Бугарската егзархија, меѓутоа таа не успеала да се зацврсти во Кукуш, а според германскиот истражувач Р. Мах, Егзархијата во градот била официјално претставена но немала свој владика. 

Во периодот помеѓу 1874 - 1879 година се случиле повеќе значајни настани. Во мај 1874 година во Кукуш бил празнуван празникот на браќата Св. Кирил и Методиј, а веќе почнале да се јавуваат и личности со револуционерен дух. Иван Хаџи Николов во своите спомени истакнува дека на поттик на босанското востание од септември 1875 година, почнал да размислува: 

  ''Како ние од Кукуш можеме да востанеме, и најпосле дојдов до јасна претстава за она што треба да правам, а имено, дека треба да се основе револуционерна организација која да го подготви населението на востание''. 

Подвигот бил неуспешен, меѓутоа Кукушани веќе биле револуционерно настроени и раздвижени. Во текот на Кресненското востание, од Кукуш и неговата околина имало неколку души на доброволци. Тие се сретнуваат во списокот на Македонскиот востанички комитет, како и во петата четата на Ѓорѓија Пулевски. Во таква револуционерна раздвиженост на кукушани минувале детските години на Гоце. 

Во учебната 1878/1879 година Гоце во прво одделение на прогимназијата во Кукуш. Најпрво бил во унијатското, а потоа се префрлил во егзархиското училиште. Тој бил примерен ученик, внимателен и желен за знаење. Покрај учењето, Гоце му помагал на својот татко во работата, а од него се научил на самодисциплина. Тој не ги одбегнувал секојдневните детски игри. Според едно сведоштво: 


...'' (Гоце ) си игра само кога не е во крчмата, или на работа, или има за учење за утрешниот ден. Другарите знаат кога е слободен и тогаш го бараат. Гоце не смее да се впушта во тепаници или игри што можат да доведат до повреди, зошто вечерта ќе биде строго казнет, а освен тоа веќе нема да биде пуштен да игра. Саканата игра на Гоцета е кајнаците. Нему му е дозволено да игра само со определени деца од малото. - Тоа било игра на мајсторија (вештина). Колку и да бил Гоце опитен, Гоце Такеџиев го надминувал''... 


Како дете, Гоце другарувал со Македончиња, Турчиња и Ромчиња, а меѓу нив не правел никаква разлика. Тука лежат корените на неговата интернационална ширина. На Гоце отсекогаш му биле туѓи крајниот национализам, шовинизам и национална омраза. 


    Покрај игрите и училиштето, Гоце го сакал дружењето со возрасните граѓани, особено со една група на побудни и поучени кукушани. Меѓу нив биле: Христо Бучков, Дино Попгутов и Поне Икиљулев. Бучков му раскажувал за далечните земји, а Икиљулев му носел книги што ги земал од кукушките учители. Гоце земал книги и од училиштето. Во училишната библиотека во Кукуш имало книги од западноевропските и руските писатели и по некоја стара класика. Меѓу нив се наоѓале: биографијата на Александар Македонски, житијата на Св. Климент, дела на Гете, Молиер, Шекспир, Виктор Иго, Пушкин, Гогољ, Достоевски итн. Има претпоставки дека постоела и тајна револуционерна литература, а се примале и весници и литература. 

Во таква средина се одвивало школувањето на Гоце во основното и прогимназиското училиште. Во учебната 1886/1887 година, Гоце го завршил третиот клас при прогимназијата и сакал да замине за Солун за да го продолжи школувањето. Меѓутоа Никола Делчев сакал својот син да го наследи во работата и го дал Гоце за чирак во бакалницата на Христо Басмаџиев. Но увидел дека неговиот син е повеќе склон кон учењето и книгите, а Христо Бучков и Поне Икиљулев го убедувале Никола да го испрати својот син на школување во Солун. Настапила нова етапа во животот на Гоце, чекор повеќе кон откривањето на светот, на Македонија. 

Солунската гимназија

Солун одиграл голема улога во создавањето на револуционерна клима во Македонија, а Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ се наоѓала во сржта на револуционерните пулсови. Веднаш по нејзиното создавање, веќе во учебната 1882/1883 година, дошло до бранување. Во оваа егзархиска гимназија предавале истакнати македонски и странски наставници. Солунската гимназија, и покрај егзархискиот језуитски режим, била расадник на револуционерни идеи. Во гимназијата циркулирала забранета литература, се ковале планови и се дигале ученички бунтови. Низ клупите на оваа гимназија минале речиси сите истакнати македонски револуционери од последната деценија на 19 век, кои ја имале предводничката улога во македонското револуционерно движење. 

Меѓу првите ученици на оваа гимназија биле Ѓорче Петров и Пере Тошев. Тие поради училишниот бунт во учебната 1883/1884 година биле исклучени од гимназијата. Во учебната 1887/1888 година дошло до нов бунт, поради кои била исклучена поголема група на ученици. Меѓу причините за бунтот било и барањето на учениците: дека не можат да работат на бугарски јазик, туку сакале да работат и да им се предава на нивниот домашен, македонски дијалект. 

Меѓу учениците кои заминале во Белград, за да го продолжат образованиет, биле: Даме Груев, Петар Поп Арсов, Никола Наумов, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев и итн. Кога во Солун пристигнал Гоце за да го продолжи своето образование, меѓу повозрасните ученици сè уште не била стивната возбудата од последниот училиштен бунт. Гоце се запишал во четврти клас при Солунската гимназија во учебната 1888/1889 година, заедно со тројца кукушани: Гоце Имов, Гоце Петков и Христо Тенчов. Тој се сместил во гимназискиот пансион. Со доаѓањето на Гоце во Солун и неговото запишување во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, започнала втората, мошне значајна етапа во неговото школување. 
Преку Солун, како средиште, како излез и врска на Македонија со светот, проникнуваа политичките, научните и културните влијанија и идеи. Токму затоа овој град стануваше привлечен центар за побудните македонски сили, кои во него го откриваа светот, ја учеа азбуката на образованието, на животните определувања, на револуционерното верују. (Токму затоа) за ваму се определи и ученољубивиот Гоце, кој со необичен младински жар и елан се впушти во вителот на новиот живот.
Во Солун, Гоце имал веќе шеснаесет години и бил повозрасен од своите соученици поради паузата во школувањето. Оттука, Гоце бил позрел и посериозен од своите соученици. Во почетокот на својот престој во Солун бил повлечен. Во овој период негов неразделен другар бил Христо Тенчов. Во Солун, како и во родниот град, Гоце бил солиден ученик. Особено го привлекувала математиката, за што најзаслужен бил математичарот Благој Димитров, син на познатиот македонски учебникар Димитар Македонски. Освен овој учител, Гоце го ценел и својот учител, поетот Константин Величков. Во Солун, Гоце одлично го владеел турскиот јазик, поради кукушките предзнаења за што бил најзаслужен Христо Бучков. 


Гоце покрај апсорбирањето на знаењата од училишните градива се насочил и кон сопствено духовно издигнување. Тој речиси сето свое слободно време го посветил на читање книги. Тоа му било овозможено од богатата гимназиска библиотека. Меѓутоа Гоце не се задоволувал само со нејзиниот фонд туку позајмувал книги и од своите соученици. Гоце ја порачал книга на Иван Тургењев од Одеса, која што ја добил по пошта. Во Солунската гимназија, Гоце се зближил со најталентираниот ученик Јордан Николов од Прилеп. Од него позајмувал бројни книги, а меѓу нив биле и делата на Дарвин, Писарев, Фламарион. Гоце речиси наизус го знаел Писарев. Во Солун, Гоце проучувал и социјалистичка литература. Гоце бил првенствено насочен кон филозофско-историската, револуционерната и природно-научната литература. Притоа, ја занемарувал белетристиката, со исклучок на поезијата, особено револуционерната. Гоце бил голем поклоник на делото на Св. Кирил и Методиј. Кога еден ученик во гимназијата се обидел да ги исмее двајцата браќа просветители, Гоце го пресекол со зборовите: 

''Овча главо, запомни дека оние на кои им ја должиш можноста да го напишеш своето име човек, треба да стоиш без шапка и кога ги пцуеш''. 

Во гимназијата Гоце сретнал другари од разни краеви на Македонија. Во Солун одблиску ја осознал ропската положба на Македонија под власта на Абдул Хамид 2. Тука кај Гоце се зародила мислата за борба против Османлиска Империја и во тој правец сакал да го осмисли својот живот. Оттука Гоце: 


...'' повторува дека слободата се искупува со крвави жртви, дека тие жртви треба да се дадат, но како? Македонецот не беше се простил уште со надежите за едно евтино ослободување''.


Првиот познат јавен настап на Гоце датира во април 1890 година, на свеченоста посветена народенденот на османлискиот султан. Учениците по установен ред со учителите оделе до конакот на валијата да ги покажат своите поданички чувства. Еден од учителите кажувал пригодна реч и учениците пееле. Потоа се извикувало Чок јаша (Да живее). Сите викале, меѓутоа: 

''Само Гоце надул усни, се заѕурил кон земјата и молчи замислено. Ти зошто не викаш? - го потурнува еден од надзорниците на пансионот. Ашà а? (Долу) - скреснува Гоце осамено, за голем ужас на сите. Но тој вик минува незабележано и скандалот беше избегнат. Бев се замислил, надзорникот ме дувна, сакав да извикам како другите, а пак тоа излезе друго, изјави Гоце пред директорот''.


Овој заташкан инцидент силно го подигнал угледот на Гоце во солунската гимназија. Долго се носел слухот за тој чин на Гоце. Неговите соученици рекле: Кукушанчето денеска беше искрено за сите нас. Револуционерниот дух бил сè повеќе присутен меѓу учениците на Солунската гимназија. Во 1889 година во пансионот на гимназијата делувале три ученички кружоци: литературен, филозофско-научен и бунтарски (револуционерен). Со револуционерниот кружок раководеле Борис Сарафов и Димитар Пажев. Во револуционерниот кружок членувале Гоце Делчев, Христо Чемков, Атанас Мурџев и други.  Во есента 1890 година, по заминувањето на Борис Сарафов и Пажев, Гоце станал раководител на училишниот револуционерен кружок. 

Во 1891 година, Гоце завршил 4 клас и бил удостоен со делата на Александар Пушкин, кои му биле врачни лично од солунскиот валија. Гоце бил воодушевен бидејќи Пушкин му бил омилен книжевник. Остроумниот кукушанец Дино Попгутов на Никола Делчев пророчки му рекол: Умно момче имаш, Кољо. Голем човек ќе излезе од него. 

По завршувањето на шестиот клас, Гоце се нашол на крстопат, дали да ја доврши гимназијата со матура и да стане учител или да го продолжи своето образование во некое воено училиште. Последното било попривлечно, бидејќи: да бидеш офицер изгледа како да се спремаш веднаш да влезеш во битка за она што е право на македонскиот народ. Офицер, тоа е како им се чини на мнозина млади Македончиња тогаш - речиси готов водач кој застанува на чело и ги поведува напред своите вооружени одреди. 

Дилемата која ја имал Гоце, конечно била решена со рекламната порака на неговите познаници, потпоручникот Димитар Жостов и јункерот Димитар Атанасов, за бугарското Кнежевско воено училиште во Књажево (Софија). Гоце знаел дека таму се наоѓа и Борис Сарафов. Гоце, убеден во ползноста од воената едукација, со својата реч успеал да убеди свои четворица блиски другари и соученици, членови на училишниот револуционерен кружок, да ја пригрлат реализацијата на оваа крупна замисла. Гоце не сакал да ја напушти Солунската гимназија и да замине за Софија без благослов на својот татко. Повторно проработила кукушката врска, овој пат преку дедото на Гоце Имов. Тоа е последниот пат кога Гоце своите намери ги верифицирал со родителска дозвола. Натаму, тој ќе ја земе сопствената судбина во свои раце. 

Ќе одат во Софија да се учат за офицери, велеше Гоцевата мајка, и да ја ослободат Македонија...

— Н. Манолев, „Гоце ја напушта гимназијата и заминува за Бугарија“




   Во јули 1891 година петчлена група на незавршени солунски средношколци (Гоце Делчев од Кукуш, Стамат Стаматов од Дебар, Илија Кондураџиев од Прилеп, Гоце Имов од Кукуш и Стефан Стрезов од Копривиштица), се нашла во бугарската престолнина Софија. Целиот солунски револуционерен кружок се нашол во военото училиште. Во Кнежевското бугарско воено училиште за трите години, меѓу другите, се школувале и педесетина Македонци. Групата на Гоце и припаѓала на 13 - та класа. На претходната, 12 - та класа питомци и припаѓале поранешните солунски ученици Борис Сарафов, Георги Апостолов и Димитар Атанасов, кои го поздравиле доаѓањето на новата група. Со запишувањето на Гоце во военото училиште, започнал неговиот прв тригодишен престој во кнежеството Бугарија. 

Со актот бр. 192 од 23 јули 1891 година Гоце станал воен питомец (јункер) во Кнежевското воено училиште во Књажево, Бугарија, со што започнала последната етапа од неговото школување. Овој последен негов тригодишен образовен период во Бугарија се поклопила со владеењето на Стефан Стамболов. Власта на овој бугарски политичар била протежирана од бугарскиот кнез Фердинанд 1. Стамболов ги гушел слободољубивите пројави во бугарското општество и ги експлоатирал бугарските народни маси со што се создала дефетистичка претстава за бугарската држава. Таквата состојба се чувствувала и во военото училиште каде што владеела крута касарнска дисциплина проследена со груба дресура. Целта била да се создадат послушни офицери амбицирани единствено кон полковнички и генералски еполети. Секоја слободољубива мисла била сосекувана во корен, оттука сите Гоцеви илузии поврзани со ова воено училиште се срушиле. Своето разочарување Гоце го изразил со зборовите: 


''Зошто не останав во Солун, зошто не станав учител''.


Меѓутоа и покрај таквата внатрешна состојба, Гоце поради користа од военото образование како и честољубивоста, не го напуштил военото училиште, но се обидел да ги одврати другите Македончиња од запишувањето. Гоце упорно се обидел да го разубеди кукушанецот Петар Дрвингов да не се запишува во военото училиште. Оттука Стамат Стаматов заклучил дека кај Гоце веќе созреала идејата дека интелектуалните сили на Македонија ќе бидат пополезни во своите родни места, отколку да идат во Бугарија. Ваквото размислување на Гоце, било распламтено од македонската младина во Софија. Тој се движел сред македонската емиграција, а особено се спријателил со охриѓанецот Коста Шахов, чиј весник Македонија силно делувал во раздвижувањето на Македонците во Бугарија. Престојот на Гоце се совпаднал со појавата на Македонското студенско друштво и Лозарското движење. Кружокот кои бил формиран во военото училиште на чело со Гоце одржувал врски со Лозарите. 

Од овие контакти произлегла и средбата помеѓу Гоце, Коста Шахов и Иван Хаџи Николов, во Борисовата градина во јули 1893 година. Кај Хаџи Николов веќе била созреана идејата дека само една револуционерна организација може да го пресече патот на странските пропаганди и да ја ослободи Македонија. Тој дошол во Софија и побарал од Шахов да му препорача лице кое би можело да учествува во формирањето на една револуционерна организација. Шахов го препорачал Гоце. На средбата Хаџи Николов ги претставил начелата врз кои требало да со основа организацијата: 


1. Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србите и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарското правителство, ќе основаат и тие организации и од нашата организација нема да биде ништо. Поради тоа треба да биде тајна. 

2. Основачите да се Македонци, чесни, да се ползуваат со добро име и да живеат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат изложени и тие на истата опасност , на каква што ќе бидат изложени и нивните последувачи, преку кои полесно ќе ја спечалат довербата на населението.

3. Лозинката треба да биде Автономија на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот конгрес за да се надеваме на успех. Да се постигне Автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турција туку и од Србите, Грците и Бугарија. Оцртани еднаш границите на Автономна Македонија, Србите, Грците и Бугарите веќе не ќе можат да бараат делови од неа. Наша задача треба да биде да ја споиме Македонија цела, а тоа може да биде преку една Автономна Македонија.

 4. Организацијата треба да биде самостојна и независна. Да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не ѝ влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади. 

5. Од Македонците во Бугарија  ќе бараме морална и материјална поддршка.



Делчев ги прифатил овие принципи но имал намера најпрво да го заврши военото училиште, па потоа да пристапи кон реализацијата на таквата замисла. Оттука Гоце истакнал: 

  ''Г-не Хаџи Николов, толку време поминало, нека мине уште една година. Јас догодина го завршувам военото училиште и ќе ме произведат во офицер. Ќе поднесам оставка на офицерството, ќе дојдам во Солун и ќе формираме револуционерна организација. Откако ќе почнеме да работиме, ние ќе спечалиме авторитет и нема да има потреба да бараме друго авторитетно лице''. 

Меѓутоа настаните добиле позабрзан тек, па упорноста на Гоце да го заврши военото училиште, му ја одзела можноста да се вброи во корифеите на Македонската револуционерна организација. 

Во военото училиште Гоце се повлекол во себе, бил молчелив, скромен и добродушен но покажувал солиден успех. На професионален план не сакал многу да се истакнува и затоа се наоѓал во златната средина. Неговото напредување се одвивало нормално. Со наредбата од 15 септември 1892 година бил преведен во средниот клас, со наредбата од 5 октомври 1893 година се нашол во последниот, завршен клас на военото училиште. Во овој период Гоце се зближил со Минчев, а кон нив се приклучил и Марин Пеев. Околу нив имало уште неколку јункери кои биле блиски до социјалистичките идеи. Групата била оквалификувана како социјалистички кружок. Тие се однесувале игнорантски кон училишната забрана за читање на весници, списанија и книги со револуционерна содржина, меѓу нив тајно циркулирала забранета револуционерна литература, особено од социјалистичка провиниенција. Под перницата на Гоце се наоѓале секогаш делата на Маркс, Енгелс, Кауцки, Шалгунов, Чернишевски, Доброљубов, Херцен. Во јуни 1894 година, на годишните испити за последната завршна година, Гоце постигнал општ успех од 9,45, со поведение проценето со 12 (во 12-балниот систем). Со тоа школувањето на Гоце во военото училиште завршило со успех. Гоце тогаш се изјаснил за стажирање во 22-от тракиски пешадиски полк во Татар-Пазарџик. Останала само промоцијата на завршените питомци во првиот офицерски чин, меѓутоа тогаш избил скандал. 

Новата влада на Константин Стоилов, за да заштеди финансиски средства, најавила пролонгирање на рокот за прокламирање на новата класа офицери до 1 јануари 1895 година. Оваа најава предизвикала силен револт кај завршните јункери. Две анонимни јункерски писма биле испратени до воениот министер и началникот на Кнежевското воено училиште. Писмата биле протолкувани како жесток напад на воената дисциплина. Со цел да се задуши таквата појава во корен, биле притворени тројца јункери: Васил Минчев, Владимир Ковачев и Марко Ванков, блиски пријатели на Гоце. Набргу потоа уследило и апсењето на Марин Пеев. По оваа апсење, Гоце ја презел сета одговорност врз себе, изјавувајќи дека тој ги напишал анонимните писма, со што притворените јункери биле невини. Властите оваа изјава не ја прифатиле но, го уапсиле Гоце поради неговата социјалистичка насоченост. Заедно со Гоце бил притворен и Жељасков. 


Гоце со својот пријател Гоце Имов, како јункери, бугарскиот кнез Фердинанд од Австрија бил вазал на османлискиот султан, не бил независен, туку зависен од султанот, од тука можело да се школуваат во кнежевската воена академија и жители од Османлиското царство, а не како што манипулираат бугарите денес
Гоце со својот пријател Гоце Имов, како јункери, бугарскиот кнез Фердинанд од Австрија бил вазал на османлискиот султан, не бил независен, туку зависен од султанот, од тука можело да се школуваат во кнежевската воена академија и жители од Османлиското царство, а не како што манипулираат бугарите денес


Анонимните писма биле повод за пресметка на бугарските власти со младината која била блиска до социјалистичките идеи. Во обвинението против Гоце се тврдело дека не само што: тој е социјалист, туку (и) дека врши таква пропаганда во училиштето. На 6 октомври 1894 годин била издадена наредбата под број 107, со која биле исклучени шестмина јункери. Во параграфот 5, од истата наредба, било истакнато: 


Врз основа на актот од 16 септември, под бр. 133, јункерите од повереното ми училиште: Васил Минчев, Владимир Ковачев, Марко Ванков, Господин Жељасков, Гоце Делчев и Марин Пеев, се исклучуваат од повереното ми училиште и се префрлаат во резерва во армијата како редовни. Првите двајца без право на повторно запишување и претставување за производство во офицерски чин, а последните четворица со право да бидат примени одново во служба, затоа што пишувале анонимно писмо до господинот Воен министер. Притоа, оние на кои им се дозволува повторно да стапат во армијата ако го сакаат тоа, претходно треба да постапат по сопствена желба во некои од воените единици, од каде што и ќе се претстават за производство во првиот офицерски чин.
Наредбата била ригорозна и во неа се инсистирало на исклучување на шестмината јункери од списоците на училиштето. Според Пејо Јаворов, Гоце бил исклучен од военото училиште како социјалист. Ваквиот пресврт на настаните кај Гоце не предизвикале некое растажување, туку напротив го развеселиле. Се почувствувал како слободен како птица. Совеста му била потполно мирна бидејќи со туѓа помош бил ослободен од стегите на армиската стажантура. Сега, пред него ширум се отворала нова револуционерна перспектива. 

Набргу по оваа афера, Гоце имал средба со Туше Делииванов од Кукуш. Во разговорот кои уследил Гоце истакнал: 

''Нашава ропска положба јасно определува што треба да правам. Неопростиво е за нас, издигнати духовно повисоко, да трпиме, да теглиме и да чекаме други да нè ослободуваат''. 

Гоце сè уште не знаел за формирањето на конспиративната Македонската револуционерна организација. Делииванов придружник на Гоце во тие денови истакнува: 
Тој ќе отиде во Македонија и ќе се одаде на револуционерна дејност, организирајќи го населението за борба против угнетувачите. Овде ништо позитивно не дознал за таквата дејност во Македонија, ниту попаднал на некого што би го упатил.




''Во организациските работи или на нашите собранија со членството, никој од нас не зборуваше за организацијата и идеологијата. Работна беше нашата работа, а не идеолошка. Што се однесува до социјализмот на Делчев, неговата дејност зборува сама за себе - спротивно. Во суштина, водачите си имаа свои основни погледи и свои разбирања за положбата и работите, коишто стоеја пред нив и ги завршуваа со голема упорност, настојчивост и насоченост. Значи, идеологија имаше, само што нивната идеологија имаше своја оригиналност. Македонија денеска, чиста рожба на животот и положбата во Македонија, кои му служеа како база на неговите побуди, беше дејност која имаше потреба од ум за да си најде своја смисла. Таквата идеологија и заемното дејство на умот и срцето му помогнаа на Делчев да не се занесе по патот на својата идеологија... Во суштина, Организацијата и нејзините водачи имаа свои разбирања за работите и положбата во идеен поглед, но тоа беше врската, животот и положбата во Македонија и го внесуваа во својата идеологија гласот на своето срце, и на крај, прибегнуваа до умот, за да најдат смисла или да ѝ дадат. Тоа содејство и заемен сооднос на умот и срцето му помогнаа на Делчев да ја држи својата идеологија во сообразност со положбата на работите... Водачите навистина направија една жртва бидејќи на населението не му зборуваа за своите мисли и идеи. Тие се одрекоа од секаква субјективност во своите мисли. Целта беше да не се зголемуваат целите и задачите како и преданоста во работата. Населението не можеше да ги разбере овие идеи''...

— Ѓорче Петров, Беседа за Гоце





''Делчев беше свесен оти конкретната тогашна ситуација во Македонија не трпеше шаблонска примена на научните погледи и револуционерни идеи, кои не одговараат на специфичните услови кои тогаш беа присутни во Македонија. Токму поради тоа, тој дејствуваше како типичен револуционерен демократ и трибун, кај кого заради специфичните објективни услови и прилики, национално-ослободителната револуционерна идеја стоеше на преден план. На прво место, таа имаше евидентно и првосходно значење''. 

„Гоце Делчев“, Андонов Полјански, Христо, Пула, 1985


И покрај сите проблеми Гоце Делчев успеал да го заврши Военото образование

Гоце на дваесетидвегодишна возраст, по завршената општа и воена школа, оставал впечаток на рано созреан, високо квалитетна личност со оформен прогресивен светоглед. Интелектуалниот развој на Гоце минувал низ неколку етапи. Во Кукуш стекнал основни знаења за светот и луѓето. Во солунската гимназија ги продлабочил и успеал да проникне во сферата на науката, литературата и социјализмот. Во военото училиште неговиот интерес се разбистрил по низа прашања, особено од областа на разните научни и социјалистички доктрини. Гоце бил заплиснат од идеите на Француското просветителство, Француската револуција, Американската револуционерна војна, Револуциите од 1830 и 1848 година, Париската комуна од 1871 година. Гоце особено се интересирал за ослободителните борби, од Американската војна за независност, преку карбонарите, италијанското националноослободително движење на чело со Џузепе Мацини, до револуционерните концепции на балканските ослободителни движења (српското, грчкото, романското и бугарското). За тоа најмногу придонел неговиот тригодишен престој во бугарската држава. Гоце ја прочул литературата за ова прашање, особено Записите на бугарските востанија.

Неговиот примарен интерес бил свртен кон ослободителните борби на македонскиот народ, особено кон оние од времето на Големата источна криза: Разловечкото востание, Кресненското востание, Демирхисарскиот заговор. Гоце подоцна стапил во контакт со водачот и идеологот на Разловечкото и Кресненското востание, Димитар Поп-Георгиев Беровски, контактите зачестиле при активирањето на Саблерската бомболеарница. Од овој контакт, Гоце изворно се информирал за светлите настани од македонската историја. Гоце бил добро запознат со македонските национални пројави од своето време. Лично, непосредно бил поврзан со лозарите и Македонската социјалистичка група од Софија. 




Гоцевото инклинирање кон социјалистичките редови имало декларативен карактер. Гоце Делчев, пред сè, е класичен национален револуционер. Според Стаматов, Гоце: одлично знаеше дека ни со теоријата на Дарвин, ниту пак со онаа на Маркс ќе биде ослободена Македонија. 

Односот на Фердинанд со македонските револуционери најдобро го претставил Крсто Гермов во разговор со Лазар Колишевски во 1961 г., кога истакнал:

„ ... Дојдов да ти кажам уште една работа: сите пишувате, и порано пишуваа, внатрешни, надворешни, врховисти, централисти и слично, е, па дојдов да ти кажам дека на Дворот (кај Фердинанд б.н) влегувавме сите: едни низ главната врата, други низ малата врата, некои низ капиџик, некои низ прозорец, некои преку таван, а некои богами и преку баџа! Туку да знаеш, сите влегуваа... (Трите точки се ставени од Д. Кљакиќ) освен еден човек... Таму не влезе само Гоце Делчев...

Кон македонскиот пантеон


Делииванов летото 1894 година, поради здодевност и недоразбирање со училишното настојателство поднел оставка на учителската должност во Кукуш. Тој вели дека без определена цел заминал за Софија, каде се сретнал со Делчев. Дали целта на Делииванов во Софија била неопределена? Дали средбата со Делчев е случајна или, пак, режирана од Хаџи Николов, кој ги знаел Делчевите определби уште од летото 1893 година и овој пат ја искористил кукушката линија преку Делииванов ?!

— Ванчо Ѓорѓиев, „Слобода или смрт...“




    Вклучувањето на Гоце во Македонската Pеволуционерна Oрганизација е посебен настан во историјата на македонското револуционерно ослободително движење. Со тоа започнала последната трета револуционерна фаза (1894-1903) од животот на Гоце. Оваа фаза од дејноста и животот на Гоце се состои од две етапи. Првата етапа го опфатила легалното учителствување на Гоце во Штип и Банско (ноември 1894 год - ноември 1896 год.), во втората етапа Гоце целосно се посветил на револуционерното дело и таа трае сè до крајот на неговиот живот (декември 1896 год. - 4 мај 1903 год.). Влегувањето на Гоце во Револуционерната организација сè уште содржи неразјаснети моменти. Главните актери во вклучувањето на Гоце во Организцијата се Туше Делииванов, Иван Хаџи Николов и Даме Груев. Меѓутоа Делииванов во своите спомени за оваа случување, и воопшто за својата револуционерна дејност од овој период, не дава конкретни податоци. По средбата со Делииванов, Гоце испратил молба до Егзархијата за учителствување во Македонија, истото го сторил и Делииванов, по десетина дена речиси истовремено двајцата биле поставени за учители, Гоце од страна на Штипското училишно настојателство, а Делииванов од страна на Егзархијата. Во октомври 1894 година, Гоце дознал за своето прво работно, учителско место во штипското Ново Село. 

Историската средба помеѓу Гоце и Даме Груев се случила во почетокот на ноември 1894 година во Штип. Гоце и Делииванов уште неслезени од коњите биле пречекани од Даме, кој тогаш учителствувал во Штип. Даме од порано го познавал Делииванов, меѓутоа со Гоце Делчев имал прва средба. Меѓутоа, името на Гоце не му било непознато. За него, Даме првпат слушнал есента 1893 година во Солун, при сондажата за формирање на Македонската револуционерна организација, најверојатно Иван Хаџи Николов информирал за високото мислење кое Коста Шахов го имал за Гоце. Пречекот на Даме не бил случаен, а уште помалку неговата упорност за одвлекување на дојденците од анот во кој се сместиле - во куќата на стариот учител Мите Теранцелиев, кадешто и самиот Даме Груев, за време на својот престој во Штип, живеел. Истата вечер, на Дамевото провокативно прашање, зошто ја напуштиле Бугарија! Гоце одговорил: 


''Може ли да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа отколку Македонија? 
Воодушевен од Гоцевата концепција, Даме широко го отворил срцето со зборовите: Добро сте ми дошле!''

, при што го врачил Уставот на Организација. 

      Следниот ден, Гоце положил заклетва пред првенецот на Организацијата, со што станал полноправен член на Македонската револуционерна организација. Од првата средба на срцето и волјата на револуционерна Македонија, на прагот на Гоцевата револуционерна дејност, па сè до нивната последна, која се одиграла во драматични околности, во предвечерието на Гоцевото загинување, меѓу двајцата апостоли владеела ретка блискот и длабоко меѓусебно почитување. 


''Делчев веднаш ми направи впечаток со својата отвореност и чесност. Тој беше, при првите обиди да зачленува, дури и претерано отворен, па требаше да го контролираме за да не ја издаде нашата слабост, слабоста на Организацијата. Тој се стремеше да си ја каже вистината, мислејќи дека секој треба да ја усвои идејата така како што тој ја усвоил. Беше многу пргав''. 

— Даме Груев , „Спомени“ 



Гоце во двокласната Новоселска гимназија при II клас ги предавал предметите: геометрија, историја на природата, географија и француски јазик. Тој бил правичен и строг учител. Гоце особено внимание посветил на образованието на возрасните. Тој, заедно со своите колеги Даме и Делииванов, во неделното и вечерното училиште разработувал теми од американската, европската и особено од балканската историја со што се создала револуционерна клима во Штип. 


Гоце со учителската дејност вешто ја прикрил својата вистинска револуционерна дејност пред тамошните османлиски власти. Учителствувањето било одличен параван за разгранување и зацврстување на организациската мрежа. Гоце се пројавил како неуморен организатор и и агитатор. 

Гоце требало да дејствува само во Ново Село и околните села. Меѓутоа неговите аспирации биле поголеми. Според Делииванов: Секоја саботна вечер тој (Гоце б.н) исчезнуваше од Штип, кога преоблечен, кога не, и се враќаше во недела или рано понеделник. За два месеци тој го заврши тоа и кон Водици една вечер самозадоволно и насмевнувајќи се рече дека можеме веќе и карвани да праќаме за Бугарија и од Бугарија дури до Радовиш и Струмица. Даме Груев бил сведок на историската улога што Гоце ја имал за омасовување на револуционерното движење и организирањето на значајниот канал на МРО на релацијата Македонија - Бугарија. 

Даме бил понесен од невидениот елан и ентузијазам на Гоце и во учебната 1894/95 година заедно со Делииванов и Тодор Лазаров организирал нови души во Штип и неговата околина. Делииванов истакнува дека : Целиот град и Ново Село беа опфатени од револуционерна треска. Зборовите на Делииванов потврдуваат дека Штип израснал во бастион на македонската револуционерна борба. 

Велигденска мисија

„Велигденска мисија од 1895 година“.



За време на велигденскиот распуст Делчев и Делииванов заминаа за Кукуш, со обврска да свратат во Солун, каде што ги препорачав, за да проверат каква дејност развиваат другите. Се вратија наполно разочарани: таму работата беше подзаспана. 

— Даме Груев , „Спомени“




Првата голема мисија на Гоце низ Македонија се датира во април 1895 година за време на велигденскиот распуст. Гоце на пат заминал заедно со Туше Делииванов. Во Велес се сретнале со Петар Поп Арсов. По оваа средба со воз заминале за Солун каде што требало да се сретнат со актуелниот претседател на Централниот комитет на МРО, Христо Татарчев. На Велигден се нашле во Кукуш каде што покрстиле 15 души во Организацијата. Меѓу зачленетите била и сестрата на Гоце, Руша Делчева, една од првите жени во МРО. Во текот на престојот во Кукуш, Гоце успеал да собере 180 лири, а непосредно пред неговото заминување сумата се искачила на 330 лири, парите биле доставени на Централниот комитет на МРО. На враќање за Штип, Гоце навратил во Дојран каде што ја формирал месната организација. Оттаму се упатил кон Фурка, Богданци, Гевгелија, Струмица и Радовиш. 

По заминувањето на Даме и Петар Поп Арсов од Солун, Централниот комитет останал без своите најактивни членови и тоа влијаело врз неговата работата, состојбата била со организациско мртвило. Штип и Битола, благодарение на тандемите: Даме Груев - Гоце, Пере Тошев - Ѓорче Петров, во секој поглед ја надминувале солунската централна организациска метропола. Оттука, Даме се вратил во Солун, но сосема спокоен бидејќи во Штип го оставил Гоце кој веќе ги пројавил своите високи организациски способности. 

Гоце се истакнал како изразит масовик на македонското револуционерно движење, пред сè поради динамиката на зачленувањето, брзината на плетењето организациона мрежа и проширувањето на организациските канали.Даме Груев и Гоце својата дотогашна заедничка дејност ја крунисале со проштално собрание на раководителите од штипскиот регион, коешто го одржале во близината на Кежовица во почетокот на јули 1895 година. Тогаш била разгледана дотогашната дејност и биле дадени насоки за во иднина. 


Првите контакти со Македонскиот комитет

 „Македонски комитет“.


ЦК на МРО, веднаш по појавата на Македонскиот комитет во Софија, се изјаснил против секаков паралелизам во македонското ослободително дело. Свесен за опасноста по самостојноста на македонското националноослободително движење, ЦК на МРО преку Иван Хаџи Николов и Даме Груев се обидел да ја сопре дејноста на Македонскиот комитет во Софија, или, барем, да ја сведе неговата улога на спомагателна морално-материјална институција сврзан за македонското ослободително дело. Кон нивните напори се приклучил и Гоце Делчев. Меѓутоа успехот изостанал.

— Димитар Димески, „Гоце Делчев“ 





Трајко Китанчев како претседател на Братскиот сојуз на 19.02.1895 година ја повикал македонската емиграција да испрати свои делегати на конгресот кој требало да се одржи на 19 март 1895 во Софија. Конгресот своето заседание го започнал на 19 март, а со својата работа завршил на 28 март 1895 година во Софија. На него присуствувале 60 претставници на македонските друштва, братства и колонии во Бугарија и Романија. Конгресот, останал во историјата познат под името 1-ви македонски конгрес на кој дошло до обединување на македонската емиграција и до обединување на македонските друштва на чело со Македонскиот комитет. 

Организирањето на четите кое го започнал Трајко Китанчев во својство на претседател на Братскиот сојуз, продолжило и по формирањето на МК но сега со поддршка на бугарската влада и бугарскиот кнез, а особено со поддршка на воениот министер Рачо Петров. Трајко Китанчев имал контакти со бугарскиот кнез Фердинанд 1 и бугарскиот премиер Константин Стоилов. Стоилов се обидел да ја контролира активноста на МК и нејзината дејност да ја искористи во интерес на бугарската политика. Активноста на Македонскиот комитет кулминирала со т.н. Мелничко востание. 

Даме Груев во летото 1895 година пристигнал во Софија. Груев бил испратен од ЦК на организацијата, за да го запознае Трајко Китанчев со целите на Македонската револуционерна организација и да побара морална и материјална поддршка. Во Софија, Груев имал средба со Наум Туфекчиев, Андреј Љапчев и со Трајко Китанчев. Подоцна во Софија се нашол и Иван Хаџи Николов кој имал средба со Китанчев и од него исто така побарал морална и материјална помош за организацијата. 


Активноста на Македонскиот комитет придонела да се влоши положбата за револуционерно дејствување во Македонија. Затоа во летото 1895 година било одржано Солунското советување на Македонската револуционерна организација. Советувањето било свикано од Даме Груев и се одржало под маската на учителски собир. На советувањето присуствувале Пере Тошев, Гоце Делчев, Иван Хаџи Николов и други дејци на Организацијата. На собирот било решено Организацијата да застане на патот на надворешното мешање. 

Гоце презел нова обиколка на Солунско, Кукушко, Гевгелиско и Дојранско за време на летниот распуст во 1895 година, тој тогаш презел мерки за зацврстување и проширување на ефектите од Велигденската мисија. Пејо Јаворов истакнува дека пред Мелничкото востание, Гоце остварил средба со Трајко Китанчев, раководителот на Македонскиот комитет, меѓутоа историчарите таквото тврдење го отфрлаат. Во учебната 1895/96 година Гоце бил унапреден во директор на штипските училишта, што подразбирало и главен инспектор на штипските селски училишта. Назначувањето на Гоце за директор било под влијание на Македонската револуционерна организација. Како училиштен инспектор можел полесно да ја прикрие својата револуционерна агитација сред македонските селски средини. 



Од овој период потекнува и едно писмо на Гоце упатено на 29 октомври 1895 година до Ефрем Каранов, претседател на Македонското ќустендилско друштво. Гоце на еден јасен начин ја претставил сопствената концепцијата за самостојноста на македонското револуционерно движење. Во писмото: Гоце Делчев ги изјаснува основните принципи на кои треба да се изградува и на кои тој ја гради македонската револуција... Гоце ја покажува тука и целта на македонската револуција... слободна државичка... Тој го посочува средството да се постигне таа цел: 

внатрешно востание. 

Преку ова писмо, Гоце по писмен пат ги ставил на знаење своите погледи до Македонскиот комитет, преку неговиот огранок во Ќустендил. Тој јасно истакнал:

 ''Во Македонија се развива систематска агитација за едно општо внатрешно востание, која има земено големи размери и нема катче во Македонија што не е опфатено... Должност е на секој родољубец да помогне колку што може повеќе, а уште повеќе на комитетите со таква цел, особено на Ќустендилскиот, којшто би можел во се да помага... Луѓе има многу, но за жал страдаме од недостиг на најнеопходното за едно востание: без оружје сме и Вие, ако сакате да ни помогнете, помогнете ни во тоа, пратете колку што можете повеќе оружје''. 

Кон крајот на 1895 година, Гоце извршил нова ревизија со цел да ги зацврсти пограничните реони во правец: Штип - Пехчево - Владимирово - Берово - Горна Џумаја - Дупница - Ќустендил. Тој ги обезбедил врските, патиштата, назначил одговорни за пунктовите и го уредил начинот на сообраќајот и врските со внатрешноста. Во оваа дејност се појавиле два важни пункта: Ќустендил на чело со Никола Зографов и Дупница на чело со Никола Малешевски. Наскоро Ќустендил и Дупница прераснале во важни центри на Македонската револуционерна организација на бугарска територија. 


     На 2-от македонски конгрес во декември 1895 година Македонскиот комитет бил преименуван во Врховен Македонски Комитет, а за претседател бил избран генералот Данаил Николаев. По изборот на генералот Николаев за претседател, Македонскиот комитет манифестирал тенденција за потчинување на Организацијата и претворање на нејзиниот Централен комитет во орудие за остварување на неговите цели. во есента 1895 година во Виничко, Врховниот комитет го испратил Александар Чакаров со цел агитира за едно востание. Неговата дејност била спречена од организацијата и тој морал да се врати назад во Бугарија. Уште пред одржувањето на 2-от македонски конгрес, Комитетот го поканил ЦК да испрати свој делегати, но поканата била одбиена. По конгресот, и покрај тоа што Организацијата ја одбила поканата за учествува, од своја страна ВМК до ЦК испратил писмо од 28.12.1895 година во кое известува за работата на конгресот и било истакнато дека конгресот го овластил комитетот да стапи во тајна врска со Организацијата. Со ова писмо, Комитетот се обидел да ја објасни својата улога и улогата на Организацијата во македонското револуционерно движење. Комитетот за себе си го задржал правото над дипломатијата, а според погледите на самиот Комитетот, Организацијата требала да претставува средство за притисок. На оваа писмо ЦК одговорил со свое писмо од 20.01.1896 година, потпишано од Татарчев и Даме во кое било истакнато дека: 
''Hие продолжуваме да го подготвуваме народот во духот на зацртаната програма и остануваме согласни со сите, кои ја споделуваат нашата девиза''.




     Меѓутоа Врховниот комитет продолжил со својата дејност и во јануари 1896 година бил испратен Александар Чакаров во Ќустендилско за да го преземе тамошниот транзитен центар. Малку подоцна Андреј Љапчев се обидел да го придобие Никола Зографов. И покрај овие недоразбирања, контактите помеѓу ВМК и МРО. Во февруари 1896 година претседателот на ВМК генералот Данаил Николаев имал средба со Гоце Делчев во Софија. На оваа средба станало збор за заемните односи, притоа генералот Николаев истакнал ако МРО сака да добие поткрепа и помош од македонската емиграција во Бугарија, тогаш ВМК мора да биде главен раководител на целото македонско ослободително дело и да го има главниот збор по прашањето за востание. Гоце Делчев притоа остро протестирал истакнувајќи дека: 


''Ние, знаете ли кои сме ние: селаните, македонското население, народот. Ние не можеме да правиме политика, ниту да дозволиме други да првата политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме, и кога. Кога да се прави востание ќе реши народот. Нема да оставиме да ни командувате од тука, за да не втерате, како што се обидовте лани во игра со востание... Ние сметаме на Вас, од Комитетот и од емиграцијата можеме да добиеме братска помош. Но знајте, ние не бараме покровители, а уште помалку, господари''.


Гоце се разишол и со потпретседателот на Врховниот комитет, Јосиф Ковачев. Откако не можел да се разбере со раководителите на Врховниот комитет, одржал неколку средби со членовите на дисидентскиот Македонски комитет на Наум Туфекчиев и Антон Бозуков. Гоце првенствено бил заинтересиран за набавка на оружје. Оттука имал средба со познатите лиферанти на оружје: браќата Иванови и Туфекчиев. За оваа средба, Гоце добил помош од резервниот поручник Димитар Жостов, тогашен благајник на дисидентскиот Македонски комитет, инаку Жостов била клучната личност што го иницирала школувањето на Гоце при Кнежевското воено училиште. Гоце тогаш имал средба и со Борис Сарафов, при што му предложил да заминат во Македонија и да станат горски цареви. Според некои историчари, оваа понуда на Гоце укажува дека тој уште тогаш ја имал визијата за идниот Четнички институт на ТМОРО. 


По враќањето во Штип, Гоце испратил писмо до пунктовниот началник во Ќустендил, Никола Зографов. Во писмото Гоце истакнал: Тој комитет (Врховниот) таков впечаток ми направи, такво силно оладување предизвика кај мене што јас не гледам дали ќе помогнат, туку се плашам да не му нанесат и голема штета на делото. При овие средби со раководителите на ВМК во Софија, Гоце првпат се нашол во улога на емисар на Централниот комитет, а што е најважно: за првпат Гоце ги прогласува отворено во лицето на софискиот врховизам - самостојноста и независноста на Внатрешната организација. 

Солунски конгрес од 1896 година

 „Солунски конгрес од 1896 година“.


По Солунскиот конгрес започнува нова фаза на македонското револуционерно и национално ослободително движење. Со широкото отворање на организациските врати за сите незадоволни елементи, се создале претпоставки за брзо масовизирање на движењето. Организацијата цврсто застанала на патот на надворешните влијанија, манифестирајќи го принципот за одбрана на самобитноста на Македонија.

— Ванчо Ѓорѓиев, „Слобода или смрт...“ 




Развојот на организацијата на преден план исфрлила голем број на внатрешни и надворешни прашања, потоа се покажало дека постојните нормативни акти се тесни за понатамошен развој на Македонската револуционерна борба, а истовремено дошло до засилување на странските пропаганди кои носеле опасност за организацијата. Овие, како и други прашања биле разгледани на Солунскиот конгрес 

На конгресот присуствувале: Даме, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев, Антон Димитров и Ѓорче Петров како членови на Централниот Комитет. Додека како претставници на револуционерните реони присуствувале: Гоце Делчев - Штип, Пере Тошев - Битола, Христо Матов - Скопје, Петар Поп Арсов - Прилеп, Велко Думев - Велес, Кирил Прличев - Воден, Благој Калејчев - Сер и Христо Поп Коцев како претставник на Одрин. Организацијата од овој конгрес излегла со ново име:

 Тајна Mакедонско-Oдринска Револуционерна Oрганизација (ТМОРО). 

На дневен ред имало голем број на прашања по што биле донесени следните одлуки: Организациската територија да се подели на 7 окрузи: Солунски, Битолски, Скопски, Велешко-Тиквешки, Струмичко-Џумајски, Штипски и Одрински. Прилеп и Цариград имаат право директно да кореспондираат со ЦК, додека пак Централниот комитет со внатрешноста на Македонија кореспондира преку окрузите и затоа било решено ЦК да има посебни шифри за комуникација со окрузите, посебни за комуникација меѓу ЦК и Задграничните претставници, а окрузите имаат посебни шифри за комуникација меѓу себе. 



Во врска со децентрализцијата, бил одбиен предлогот на Пере Тошев окрузите да имаат посебни печати, на тоа се спротивставил Даме. Било решено во организацијата да можат да членуваат сите без разлика на верата и народноста и дека делото ќе има чист македонски карактер. За Одринско било решено да биде третирано одделно од Македонија, но Македонија и Одринско претставуваат единствена кауза преку извојување на автономија за двете области. 

Гоце Делчев

По прашањето за вклучување на жените во организацијата, кое било поставено од Ѓорче Петров, било решено самите реоните да одлучуваат. Тенденцијата на Врховниот комитет да се наметне над ЦК на организацијата и да ја претвори во орудие за остварување на своите цели, била оценета како опасна по целото македонско ослободително дело и да се заземе став да се разубедува ВК да ја напушти таквата тенденција. Било решено да биде отворено Задгранично претставништво во Софија кое ќе има задача да ја претставува организацијата и да застане пред надворешните посегања. Во врска со проегзархиските групи во Македонија, било истакнато дека портите на организацијата се отворени за секого кој ќе ги прифати начелата на организацијата. 

Ставот кој организацијата го зазела кон странските пропаганди се гледа во членот 2. од уставот на ТМОРО во кој се истакнува дека: Тајната македонско-одринска револуционерна организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области. На крајот било решено Гоце Делчев и Ѓорче Петров да го изработат нов устав и правилник врз основа на конгресните одлуки. 

Уставотворец

 „Устав на ТМОРО“.


Член на ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува и се задолжува да му биде корисен на револуционерното ослободително дело.

— Член 4, Устав на ТМОРО


Солунскиот конгрес од 1896 година ги задолжил Ѓорче Петров и Гоце Делчев, кои биле носители на новата линија во македонското револуционерно движење и први иницијатори за промени, да изработат нацрт на нов устав и правилник, согласно промените на организацискиот курс извршен на Солунскиот конгрес. Новиот Устав и Правилник биле изработени врз основа на постарите акти, но сега се дал акцент на конгресните одлуки од 1896 година. Уставот на ТМОРО се состои од 19 члена поделени во 4 глави. 

Со новиот устав, започнува втората повисока фаза на развојот на македонското револуционерно движење. Во оваа фаза, Македонската револуционерна организација од градска добила карактер на претежно селска организација. Оваа промена настанал со омасовување на движењето, селаните ја сочинувале грамадната маса на македонското население. Тоа било постигнато со Солунскиот конгрес и новите публикувани правни акти на Организацијата, кои ги елиминирале бариерите што стоеле на патот на масовизирање на македонското ослободително движење. Улогата на Гоце, како еден од главните креатори на Солунскиот конгрес е неодминлива. Овој конгрес претставувал историска пресвртница за развојот на движењето. 



Донева афера

„Донева афера“.


''Во неделата вечерта колчиите на тутунот при св. Недела во Битола го фатија кираџијата штипјанецот со 10 празни бомби во вреќи со ориз по силното спротивставување и обиди да се извлече. Во продолжение на две деноноќија бил тепан до онесвестување. Досега ништо друго не кажувал освен фразата: Оризот го купив во Виница и го носам на пазар, без да знам што друго содржел. Турското население е во паника и мисли дека и други се внесувани порано. Претресувања уште нема никаде''.

— Даме Груев, Спомени - Коресподенција... 






Доне Стојанов Тошев


Битолскиот окружен комитет на МРО се свртел кон набавка на оружје и муниција, покрај револвери и пушки се започнало и со набавка на бомби. Главна улога во овој првичен копнеж одиграл Гоце, кој веќе имал уредено канал за Бугарија. Ѓорче Петров истакнува: 

''Бевме побарале бомби од Делчева, да ни прати неколку да ги видиме, да се насрчиме, да им се порадуваме... Уште не се надевавме на народната сила, но баравме спас во бомбите''. 

На 19 април 1896 година при доставката на бомби во Битола бил фатен и затворен Доне Стојанов Тошев со што пламнала Доневата афера. Со оваа афера Македонската револуционерна организација прв пат се соочила со крупна опасност, откривање на нејзината конспиративност. Меѓутоа мерките на Организацијата и Доневата цврстина ги ограничиле размерите на аферата. Според Ѓорче Петров во Штип: 

''Hашето соопштение од Битола го испреварило она на властите за два дена, што дало можност на Гоце и другарите да ги преземат сите можни претпазни мерки. Директниот испраќач на бомбите, Коце Ефремов, заминал за Бугарија за секој случај, жената на Доне била предупредена и даскалосана, а Гоце, откако се појавил низ чаршијата за да го видат сите, седнал дома во исчекување и пишува училиштен рапорт''. 

Меѓу осомничените се нашол и Гоце. Тој особено го привлекол вниманието на османлиските власти по враќањето од Софија, кога се појавил како организатор на протестната штипска мартовска демонстрација насочена против турското убиство на еден 18-годишен македонски младинец. По пламнувањето на Доневата афера, Гоце бил одведен пред штипскиот кајмакам, но поради отсуство на докази, Гоце бил ослободен. 


Според Пејо Јаворов, по еден месец, по наредба на скопскиот валија, Гоце бил повторно приведен и префрлен во Скопје. Меѓутоа според Константин Пандев, Гоце бил спроведен во Скопје на 2 јули 1896 година. Димитар Димески истакнува дека второто тврдење е поверодостојно, бидејќи последното писмо на Гоце, напишано на слобода, до Никола Зографов датира од 6 јуни 1896 година. Гоце бил сместен во злогласниот Куршумли ан каде што му сугерирале повеќе да не се враќа во Штип. Тоа било сериозна опомена. Ѓорче Петров истакнува дека со оваа афера во Организацијата не произлезе зло за неа, но сами по себе излегоа две пакости: 

1. Фактот за постоење завера во Штип и Битола ѝ стана познат на турската власт, и 

2. Гоце Делчев го сврте вниманието на властите врз себе во Штип. 

Доневата афера му навестила на светот дека нешто ужасно се подготвува во Македониј. Од друга страна, настанот силно го импресионирал македонскиот народ, кој во својата фантазија ја хиперболизира силата на МРО. Доневото име станало синоним на револуционерната нескршливост и истрајност на македонскиот човек во неговите натамошни борби за национална и социјална слобода. 


Банско 


Банско
''Целта му беше да го поврзе и подигне духот на населението во целата Пиринска област, којашто тој ја нарекуваше непобедлива тврдина, сакано живеалиште на ајдутите и идна света област на револуционерите. Неговата цел беше постигната од Сер и Драма до Горна Џумаја, по долините на Места и Струма. Во главните населби основа и уреди револуционерни комитети, им влеа вера во иднината, им даде директиви и план за натамошна дејност''. 

— Лазар Томов, Гоце Делчев сред Разлошката котлина

Во септември 1896 година Гоце бил назначен за главен учител (директор) на второкласното училиште во Банско во учебната 1896/97 година. Во летото 1896 година по заминувањето до Скопје, Гоце престојувал во Кукуш, каде што присуствувал на свадбата на својата сестра Тина. Престојот го искористил за ревизија на кукушката организациона мрежа. Поради Доневата афера, Гоце се нашол во немилост кај османлиските власти и полуилегална положба. 

Назначувањето за главен учител на Банската прогимназија го вратил во легалната сфера, меѓутоа за кратко. По нешто повеќе од два месеци, Гоце ја прекинал педагошката дејност, исто како што се откажал од офицерската кариера, за да се посвети целосно на македонското револуционерно движење. Во Банско, Гоце повторно се пројавил како добар педагог. Неговиот милозвучен акцент во наставата по француски јазик незаборавно се врежал во сеќавањето на неговите млади ученици. 


Веднаш по пристигнувањето во Банско, Гоце започнал со плетење на разлошката организациска мрежа. По основањето на револуционерните комитети во Банско и Мехомија (Разлог) постепено ја раширил организациската мрежа и во селата Белица, Годлево, Драглишта, Недобарско, Бања, Добриништа, Јакоруда, Елешница и Бачево. Потоа, Гоце основал револуционерни комитети во Горна Џумаја и Неврокоп. Во текот на учителствувањето, тој уредил и два канала за Рилскиот манастир низ Годлево и низ Драглиште - Добрско. Истовремено тој уредил и канал од Банско за Србиново (Брежани) и Горна Џумаја. Гоце имал примарни заслуги за втемелувањето на Македонската револуционерна организација во овој дел на Македонија. 

Одбојноста на банските чорбаџии и желбата за целосно посветување на револуционерната дејност, придонеле Гоце на 13 ноември 1896 година писмено да поднесе оставка на директорската функција, притоа известил дека привремено со училиштето ќе управува Георги Голев. Така Гоце ја завршил својата двегодишна педагошка дејност, со цел потполно да се нагрби со разгорената македонска револуционерна борба. 

Гоце Делчев во своето писмо до Ефрем Каранов од 1897 година пишува: 

'' Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешно востание. Оној што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите. Треба тој народ да се разбуди од петвековниот длабок сон, кој го направил Македонецот доста дебел во свеста за човечката правина. И тоа ако не целиот народ, тогаш барем еден дел од него''. 

Максимата на Гоце Делчев, големиот идеолог на Внатрешната организација, беше дека '' ропството се должи, пред сѐ, на самиот роб и се крепи од него повеќе отколку мачителот и дека кога робот престанува во душата да биде таков, ропството исчезнува''. 

         Гоцевите спознанија за ропството се речиси идентични со оние на Александар Кожев. Овој француски филозоф истакнува дека сите човечки антропогенетички желби – желбите што ја создаваат самосвеста, човечката стварност – се, конечно, функција на желбата за признавање. И ризикувањето на животот, преку кое човечката стварност излегува на виделина, е ризик во името на таа желба. Затоа, за да говориме за потекло на самосвеста, нужно е да говориме за борбата за признавање – до смрт. 

Задграничен претставник

 „Задгранично претставништво“.


''ТМОРО не можеше ни да најде попогоден тандем од нив обајцата (Гоце и Ѓорче Петров б.н) да раководат со една таква важна институција каква што била Задграничното претставништво. Тие од него направиле непробојна тврдина на македонската самостојна борба, заштитник на македонската вистина и слобода. Решението на ЦК на ТМОРО да упати во средиштето на врховизмот такви силни креатори на македонската политика и заштитник на македонските интереси, таму каде се вдахновувала и кроела антимакедонската завојувачка, се покажало мошне далекувидно зашто великобугаризмот правел сè да навлезе во Македонија, да ја преземе одвнатре револуционерната организација''.

— Христо Андонов-Полјански, Гоце Делчев



Ѓорче Петров, Никола Малешевски и Гоце
Ѓорче Петров, Никола Малешевски и Гоце

Писмо (ракописот) на Гоце Делчев до Н. Малешевски 1899 година

Според Христо Андонов Полјански, Гоце веднаш по напуштањето на Банско во ноември 1896 година се нашол во Софија. Меѓутоа Димитар Димески истакнува дека Гоце најверојатно во периодот помеѓу 13 ноември и 16 декември 1896 година, најпрво кратко се нашол во Солун каде што од Централниот комитет бил назначен за прв задграничен претставник на МРО во Кнежеството Бугарија со седиште во Софија, при што му било врачено полномошно со соодветни ингеренции, а потоа подолго време се задржал во инспектирање на пограничните пунктови во Бугарија: Дупница и Ќустендил. Со сигурност може да потврди присуството на Гоце во Софија од средината на декември 1896 година. 

Гоце Делчев

Јас не познавам друг народ кој страдал од предаствата на своите синови - изроди како Македонскиот - Гоце Делчев

Tреба да знаете неколку работи.

-1. Тататрите го презедоа Македонскиот јазик и писмо од Македонците, нé обратно и тоа насилно било спроведено. Државата на татарите се именуваше Паристрион не ''бугарија'', кое е наметнато име од странците на татарите. ''Bolgar'' или ''volgar'' на латински означува прост. До 1908, Бугарија беше зависно османлиско ''кежество'' - османлиски вазал. Kнезот Фердинанд 1-ви ги искористи Македонските револуционери за свои потреби. Гоце Делчев не бил никогаш кај кнезот Фердинанд. Исто и српскиот кнез и грчкиот крал Ото ги користеа Македонците за нивни потреби, попрецизно тие да ја окупираат Македонија, не за да ја ослободат.

-2. Гоце зборувал народен Македонски јазик кој денес е сличен на народниот јазик во Југо-исочна Македонија.

-3. Литератрниот Македонски јазик е малку поразличен од народниот јазик кој останал непромент, за разлика од литературниот Македонски јазик кој претрпе драстични измени во последните 50 годин.

-4 Со текот на историјата после 1913 бугарите имаат зепленето многу црковни летописи, писма на револуционерите и фотографии па ги фалсификуваа, затоа не реба да им се верува.
Кнезот Фердинанд планирал со Русија и Австро-унгарија, Македонија да биде нивна колонија но под администрација на Фердинанд, една такава слична работа била и направена со Егејскиот дел на Македонија, кој првенствено беше француско-англиска ''колонија'' која ја администрираше грчкиот крал, а по 195-16 му ја подарилe за да биде нивни сојузник во Првата Светска Војна.

Врховистите се Македонската емиграција што живееле во Кнежеството Бугарија и братства од Романија, кои блие под влијание на кнезот Фердинанд од Виена. А одозгора треба да се надоврзе дека Фердинанд ги апсел Македонските револуционери, зошто тој бил османлиски вазал и руско-австроунгарски измеќар.

Гоце Делчев најдобро ја опишува состојбата во тоа време во Македонија во едно негово писмо:

Писмо до Ефрем Каранов 17/ 10 / 1895

'' Господине Каранов
Пред неколку недели г. Чакаров се јавил со офицерска униформа (чин поручник) во Виница со намера да прогласи внатрешно востание!
Благородна намера!
Нема поопасен лек од оној со кој се зафатил Чакаров.
Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешно востание.
Оној кој мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите.
Но кои се тие што ќе се кренат на востание? Г-н Чакаров ли? Ако востание може да се крене со 1-40 души, Македонија одамна ќе беше слободна државичка.
Но бидејќи тоа е невозможно, а треба луѓе, тогаш што треба да се прави?
Треба тој народ да се разбуди од петвековниот сон, којшто го направил Македонецот доста дебел во свеста човечка правина. И тоа ако не целиот народ, барем дел од негопа тогаш наместо г. Чакаров да бара 40 души, ќе го бараат него 400, за да застанат под неговото знаме.
Ако не стане така и ако се поргласи востание, жално ќе биде за народот, а тешко и горко за виновникот.
Жално е зошто залудно ќе се изгубат најмлади сили (едни по зандани, други по бесилка), ќе се остават невини Македонки на самоволието на скотските и жестоки страсти на дивјаците и најпосле ќе останат под јатаганот на азиецот 5-годишни деца и 70-годишни старци и за сето тоа виновникот ќе биде одговорен и пред својата совест и пред народот и пред историјата''.

 

Задграничното претставништво на Организацијата започнало да функционира во втората половина на декември 1896 година по доаѓањето на Гоце во главниот град на Кнежеството Бугарија. Назначувањето на Гоце за прв задграничен претставник го најавило најплодниот период од неговиот живот. Тогаш неговите умствени и организациски способности се расцветале во многустрана револуционерна дејност. Неполни пет години, Гоце се наоѓал на постот на задграничен претставник во Софија. Тој временски интервал одговара на поголемата половина од Гоцевата организациската дејност. 

Шапкарев, Чакаларов и Делчев

Гоце Делчев како задграничен претставник се ангажирал најмногу во обезбедувањето на Организацијата си материјални средства, нејзино снабдување со оружје, муниција и револуционерна литература и весници, со препраќање на револуционерни сили во земјата, со обезбедување на пограничните пунктови и со грижата околу состојбата на револуционерното дело по окрузите и реоните на Македонија. Тој бил и бескомпромисен борец против врховизмот и ги разобличувал и осуетувал врховистичките акции во Македонија. Се занимавал и со други дејности сврзани со македонското ослободително дело. 

Поради инсистирањето на Гоце, Централниот комитет во март 1897 година го проширил Задграничното претставништво со уште еден член - Ѓорче Петров, чиј мандат загаснал заедно со Гоцевиот во октомври 1901 година. Гоце и Ѓорче Петров со своето отворено разобличување на врховизмот, се закитиле со неизмерни заслуги за заштита на самостојниот карактер на македонското револуционерно движење. 


Нивниот мандат се состоел од три етапи. Првата етапа го опфатил временскиот период од нивното доаѓање во Софија до 1899 година, втората етапа започнува со улогата на Задграничното претставништво при формирањето на Врховниот комитет на Борис Сарафов, мај 1899 година, а третата и воедно последна етапа од мандатот ја одбележува клучната улога на претставништво во турбулентното време по Солунската афера, 1901 година. 

За заедничката дејност во Софија, Ѓорче Петров истакнува дека: 

''Кога дојдов во Софија работев заедно со Делчев на другарски начела, без секакви формалности распоредени во работата... Обајцата знаевме се''. 

Меѓутоа според Христо Силјанов постоела поделба во работата на Задграничното претставништво. Така црната макотрпна катадневна организациска работа ја вршел Гоце Делчев, дипломатската Ѓорче Петров. По пристигнувањето во Софија, Петров ја водел коресподенцијата со Централниот комитет во Солун, при што користел посебна шифра, за нешто подоцна да употребува три шифри. По Ѓорчевото доаѓање, Врховниот комитет бил упатен на комуникација со Македонската револуционерна организација преку Задграничното претставништво, по специјално преку Ѓорче Петров. Колкава била довербата на Централниот комитет во Задграничното претставништво, се гледа и од фактот што Архивата на ЦК, до апсењето на неговите членови во 1901 година, била депонирана кај Петров во Софија. 

Набавка на финансиски средства

''Делчев беше дојден тука (тоа беше пролетта 1896 год.). Ми кажа дека се мачеле да стокмат нешто како комитет внатре, дека идејата е прифатена од сета интелигенција, но дека немаат оружје, а немаат ни средства. Тој ми предложи да отидеме да станеме „горски царови“. На сцената се постави прашањето за средства. Од кај да најдеме? - Со грабежи''...

— Борис Сарафов, Спомени 

    Засиленото вооружување на Организацијата покажало дека финансиските средства добиени од членските влогови и добротворни прилози не можеле да ги задоволат потребите за набавка на оружје и муниција. Оттука се прибегнало кон примена на насилни методи за набавка на парични средства, преку: уцени, закани и киднапирања. Во тие немирни времиња главна преокупација на Гоце била набавката на финансиски средства. 

Првата поголема акција во тој правец била поттикната од Гоце. Според Никола Зографов: на 6 јануари 1897 година телеграфистот Андон Златарев, во интерес на македонското револуционерно дело, ја ограбил ќустендилската пошта, од каде што подигнал 28.000 лева. Пред да побегне Златарев, врз претходно постигнат договор, им предал 25.000 лева на Васил Главинов и Александар Кипров кои требало парите да ги предадат на Гоце за потребите на Македонската револуционерна организација. Меѓутоа тие ја злоупотребиле довербата, преливајќи ги средствата во социјалистичката благајна. Гоце го излажале дека парите ги закопале во река, па надојдената вода ги одвлекла незнајно. Гоце долго време не можел да се помири со нечесната игра на Главинов, за што сведочат неговите писма. 


Во пролетта 1897 година, во предвечерјето на Грчко-турската војна , Гоце се нашол во Одеса каде што со Константин Кондов, стапил во контакт со двајца ерменски револуционери, пиротехнички верзирани за бомби и пеколни машини. Оттука, четворицата со рускиот брод Вороњеж се префрлиле на Света Гора, со цел да изнудат пари од Зографскиот манастир. 

Гоце се обидел да се специјализира за киднапирање на бегови. Во 1897 година неуспешно завршиле обидите за грабнувањето на турскиот богаташ Черкез, виничкиот бег, струмичкиот Мафи-бег. Успешно завршило киднапирањето на струмичкиот бег Назлам-бег, за кого биле побарани 6.000 турски лири, но поради непретпазливост, бегот им се извлекол од раце. Слични обиди Гоце направил и во 1897 и 1899 година. Меѓутоа според Михаил Апостолов - Попето:

 ''Tој занает не е за Гоцета, нему ич не му оди со бегови''. 

     Во мај 1900 година никнала најкрупната киднаперска замисла на Гоце. Тргнувајќи од релативно добрата соработка со Врховниот македонски комитет на Борис Сарафов, како и фактот што акцијата требало да се изведе на територијата на Кнежеството Бугарија, Гоце предвидел оваа акција да биде заеднички спроведена од страна на Македонската револуционерна организација и Врховниот македонски комитет. Било предвидено да биде извршено киднапирање на синот на бугарскиот државник Иван Гешов, од кого требало да се извлечат 1,5 милиони златни лева. Врховниот македонски комитет го прифатил планот, при што биле определени обврските. Сарафов требало да изнајми куќа, каде што требало да се чува детето, Тома Давидов да купи еден пајтон и да најде верен пајтонџија, а Гоце требало да го грабне детето. Ѓорче Петров бил задолжен за примањето на парите од Гешов. Но планот не се остварил бидејќи детето на Гешов заминало за Париз. 

Гоце Делчев го ополномоштил Михаил Герџиков да изврши едно киднапирање во Македонија но турските сили сѐ уште биле раздвижени поради Солунската провала и затоа овој обид останал неуспешен. Во летото 1901 година се одржало советување во Ќустендил на кое присуствувале Гоце Делчев, Јане Сандански и Христо Чернопеев и тие заклучиле дека: ситните грабежи само го нарушуваат престижот на Организацијата, а не придонесуваат за нејзино финансиско закрепнување. Затоа Јане Сандански предложил да го киднапира кнезот Фердинад при неговата посета на Рилскиот манастир, но оваа иницијатива на Сандански била отфрлена од страна на Гоце Делчев кој предложил војводите да спроведат акции за собирање на пари, но надвор од границите на Бугарија. Раководството и војводскиот кадар се нашле во дилема. Имено помошта од Бугарија не била прифатлива, ситните акции биле непожелни, а големите биле опасни по Организацијата и ослободителното дело, но сите разбрале дека мора нешто да се стори за да се дојде до пари. 

Во 1901 година некаде околу Петровден, Јане Сандански, Христо Чернопеев и Сава Михајлов подготвиле плана за киднапирање на Сулејман-бег од Горна Џумаја но поради болест на бегот таквата акција била откажана. Бидејќи таа акција била одложена Јане Сандански и Чернопеев се нашле во Разлошко и решиле да го грабнат д-р Хаус кој бил протестантски мисионер од Солун. Меѓутоа тој го одложил патувањето и затоа тие решиле да ја киднапираат протестантската мисионерка Мис Стон која се наоѓала во Банско. За акцијата најпрво бил известен ОК во Банско на чело со Димитар Лазаров, потоа бил утврден планот кој се состоел од неколку точки. За целиот план притоа биле известени Гоце Делчев и Ѓорче Петров, притоа Делчев се двоумел додека пак Ѓорче бил на мислење дека со грабнувањето нема да се добијат големи финансиски средства. Треба да се истакне дека Јане и Христо Чернопеев решиле на своја рака да ја покренат сета акција. 


Контакти со македонската емиграција и бугарската влада

Гоце Делчев ги зачестил контактите со офицерите од 1895 година, односно со учениците во Мелничкото востание, кои по расцепот во Врховниот македонски комитет се нашле надвор од него, а од нив повремено добивал материјална помош за потребите на Македонската револуционерна организација. Тој ги продлабочил и врските со Наум Туфекчиев од кого продолжил да набавува револвери и бомби. Меѓутоа во тој период бил најблизок со браќата Иванови, познати лиферанти на оружје. Оваа активност на Гоце имала своја позадина. 

Организацијата поради заткулисните игри на Врховниот комитет започнува контакти со бугарската влада. Целта на Централниот комитет е да се побара материјална и финансиска помош од владата во Софија. Првите контакти биле остварени со посредништво на офицерите кои учествувале во Мелничкото востание, Борис Сарафов, Антон Бозуков, Стојчо Гаруфалов и поранешниот воен министер Рачо Петров. На 22 јуни 1896 година Ѓорче Петров имал средба со бугарскиот премиер Константин Стоилов, на оваа средба Ѓ. Петров побарал 5-10.000 пушки и 100.000 лева. Бугарската влада сметала дека треба да се вооружи населението во Македонија и на тој начин да се држат работите во свои раце. Првото количество на оружје за организацијата биле испратено кон крајот на 1896 година и станувало збор за пушки од системот ''кримки''. 

Делчев барањето за проширувањето на Задграничното претставништво се базирало првенствено на неговиот ангажман околу префрлувањето на пушките. Најпрво Гоце, а потоа заедно со Ѓорче Петров добиле бесплатно, со одобрение на бугарската влада 4.000 пушки од браќата Иванови, но без патрони. Објаснување за патроните искажал бугарскиот воен министер, полковникот Иванов, кој бил категоричен: 

''Не сме луди да ви дадеме фишеци: така силата ќе ја држиме во свои раце, инаку Вие ќе се одвратите од нас. Најголемиот дел од овие пушки биле префрлени во Скопскиот, Штипскиот и Струмичкиот округ на Организацијата. Меѓутоа голем дел од нив биле проголтала Виничката афера. Во однос на контактите со бугарската влада и нејзините игри''.

 Ѓорче Петров истакнува: 


''Рачо (Петров б.н) се опушти да ми каже дека се воделе преговори за поделба на сфери на влијанија. . . Овој и сличните признаци ни вдахнаа увереност дека има опасност да се прават политички комбинации на наш грб и без наше знаење. Тоа нè натера да бидеме уште попретпазливи и посамостојни во своите акции, да не даваме можност да се прават слични комбинации на сметка на Македонија. . . почетното мислење за општа искреност на бугарската влада кон ослободителното дело било проста наивност''.


Биле направени обиди за згаснување на дејноста на Задграничното претставништво во Кнежество Бугарија. Најпрво бил направен обид за отргнување на Ѓорче Петров, кога му било понудено местото: секретар на новоотвореното бугарско трговско агентство во Солун. Целта на Константин Стоилов била да се компромитира, а подоцна преку Атанас Шопов да биде претворен во бугарско орудие. Кога тоа не успеало бил направен обид, сега преку Врховниот македонски комитет, да се предизвика раздор помеѓу Гоце и Ѓорче Петров. На 4 македонски конгрес, Гоце неочекувано бил избран за редовен член на новиот состав на Врховниот македонски комитет. Ѓорче Петров истакнува: 

''со цел да го отцепат Делчева од мене''. 

Меѓутоа, Гоце ја проѕрел намерата и во писмото до Јосиф Ковачев, претседател на 4 македонски конгрес, категорично изјавил: 

''Мојата положба во Делото не ми овозможува да го примам изборот''. 

Набавка на оружје

Свештеник не ја бакнува иконата на Христос кога проповеда со таква топлина и воодушевување, како што Гоце ја бакнуваше својата кама, пред да ја стави во нејзината футрола... Камата, неговиот (Гоцевиот б.н) најсилен инструмент, беше моќно средство за изразување на самоувереноста и терористичката дејност на Организацијата, затоа што со неа можеше да се користи само човек со полна самоувереност... Камата одигра крупна улога во животот на Организацијата во прво време, а пушката подоцна... Гоце ја опеваше камата како оружје на теророт во Организацијата и дејствуваше со неа како агитатор... Камата како најсигурен инструмент на двојна смрт (убиство и евентуално самоубиство) дејствуваше без грешка и како симбол на самоувереност беше предодредена да игра и воспитна улога за создавање кај работниците дух на самоувереност и саможртва, затоа Делчев ја засака, ја избра и ја претпочиташе пред револверот... 

— Ѓорче Петров, „Беседа за Гоце“

     Една од главните задачи на Македонската револуционерна организација било вооружувањето. Без оружје не постоел воениот фактор, а без воен фактор немало ни револуција. Најпрво се набавувало ладно оружје (првенствено ками) и огнено оружје (револвери и бомби). 

Од пушките најпрво биле набавени од домашно производство (тетовки и дебранки). Првото големо количество на пушки, кримки, датира во 1897 година по извршената модернизација на бугарската армија. Приливот е нераздвојно поврзан со името на Гоце. 

Kримкa

По Грчко-турската војна се започнало и со набавка на грчки пушки од системот Гра. Паралелно биле набавувани и помали количини на пософистицирани пушки манлихерки, како и муниција и динамит. Покрај од Кнежеството Бугарија и Грција, оружје и муниција почнало да се набавува и од Кнежеството Србија, Романија, Белгија, Австро-Унгарија, Грција, Швајцарија и Англија. Меѓутоа предничелo Кнежеството Бугарија. Голема заслуга во набавката на оружје и муниција од Кнежеството Бугарија и нивното транспортирање во Македонија имал Гоце. На јануарското советување во селото Загоричани, Гоце се заложил за поорганизирана набавка на оружје од Грција. Во есента 1902 година, Гоце преку Тома Карајовов реализирал набавка на оружје и муниција од Берлин и Виена. Коресподенцијата на Гоце е со бројни податоци за набавка, депонирање и транспорт на оружје и муниција во Македонија. Импресивно делува Гоцевата неисцрпна енергија, самопрегор и ентузијазам. 

Пушкa манлихеркa

Комитска кама

Многу рано, кај Гоце и Ѓорче Петров се родила идејата за сопствено производство на оружје, пред сè бомби. Тие ја осмислиле Саблерската бомболеарница (фабрика) на Осоговските Планини. Прио тоа посебна улога одиграл тогашниот околиски ќустендилски началник, познатиот македонски револуционер Димитар Поп-Георгиев Беровски. Саблерската бомболеарница започнала да функционира во мај 1897 година. Во неа работеле грст на ентузијасти во скудни околности. Главен мајстор бил ерменскиот револуционер Киркор, а негови први помошници биле Гоце Текенџиев и Атанас Мурџев. Таму повремено престојувале и помагале Гоце и Ѓорче Петров. Инспекција на бомболеарскиот процес извршил eрменецот Леон. Во Саблерската бомболеарница, меѓу другото, биле произведени околу 1000 до 1500 бомби од разни големини. Бомболеарницата била напуштена непосредно пред интервенцијата на бугарската полиција. 

Саблерската бомболеарница (Приказ - можеби оваа фотографија е од некоја друга бомболеарница, eвнтуално на таа од Крушево, или некоја друга)

Имало 2 типа на Бомба Македонка

Македонската сферична рачна бомба била леана железна топка со внатрешна сегментација. Ѕидовите на телото биле околу 7мм. Имала голема навојна дупка на врвот, која била затворена со приклучок за запалката на телото од обработен месинг или сиво леано железо.

Приклучокот имал дупка во средината за безбедносната запалка и две затворени странични дупки кои биле користени да го зацрстат приклучокот. Кога навојот е во позиција, приклучокот го држи адаптерот на место. Адаптерот формира менгеме за одржување на безбедносната запалка во место.

Историчарите искажуваат разни мислења околу времетраењето на оваа бомболеарница. Според Константин Пандев таа постоела само неколку месеци, Пејо Јаворов истакнува дека таа работела десетина месеци, а според спомените на Ѓорче Петров, година и неколку месеци. Меѓутоа според Димитар Димески бомболеарница егизтирала повеќе од две години. Саблерската бомболеарница одиграла значајна улога за стекнување на силна самодоверба во сопствените сили и можности. По примерот на неа никнале слични бомболеарници низ Македонија. 

      Бугарската влада на Константин Стоилов била фрапирана од неочекуваните димензии на Македонската револуционерна организација што делумно излегле на виделина со Виничката афера, затоа презела мерки за неутрализација на Револуционерната организација. Во март 1898 година, Гоце испратил писмо до Малешевски, во кое огорчено констатирал: 

''Не беше доста оној гром од Виничката афера за да се разниша делото, туку и овдешната (бугарската демек) влада се зазела да ја ослободи турската власт од прогонства, натоварувајќи се самата да го уништи она што не се уништува. Прогонствата над нас се во најсилен разгор, ќе видиме дали ќе се овенчаат со успех. Тешко ним! ''.



На почетокот на јануари 1898 год. се установува четничкиот институт, а Гоце Делчев е назначен за испектор на сите чети во Македонија.

За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономија или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.

Творец на четничкиот институт

 „Четнички институт на ТМОРО“.


'' Пред да се засили Организацијата, господари на денот и ноќта беа Турците. Подоцна, штом наближи ноќта, Турците се прибираа по домовите, а потерите и војската во касарните. Организациските луѓе, имено тогаш почнуваа да излегуваат на работа и започнуваше комитското царство''...

— Г. И. Белев, 

 

     Гоце Делчев, како воено лице, бил еден од првите кој увидел дека дотогашните терористички групи не можеле да се носат во отворена борба со османлиските сили. Тие ја одживеале својата улога. Бил потребен поразвиен борбен механизам, способен да се спротивстави на бројните непријатели на македонското ослободително дело. Оттука датира појавата на Четничкиот институт со кој Организацијата зачекорила во повисока фаза од својот развој. 

Прв посериозен практичен чекор презел Гоце. Во април 1898 година, со цел побрзо да се отстранат последиците од Виничката афера, Гоце испратил во Македонија три вооружени групи, т.н. летечки илегални групи на чело со проверени поранешни легални раководители на Организацијата. Ефрем Чучков бил определен за Малешевско, Тодор Станков за Радовишко и Стојан Георгиев за Струмичко. Овие летечки групи биле предвесници на големата борбена метаморфоза на Организацијата. 

Првата чета која со право го носи епитетот агитационо-организациска, била четата на Михаил Апостолов - Попето, која ги спроведувала наредбите на Гоце. Главната грижа околу оформувањето и разгрнувањето на Четничкиот институт ја презел Делчев. Дури и нешто повеќе. Задграничното претставништво ја изработиле правната регулатива за посочениот институт, издавајќи го, во 1900 година, Правилник за четите на ТМОРО. Создавањето на Четничкиот институт е неразделно поврзано со името на Гоце. Тој како ревизор (инспектор) на вооружените сили на Организацијата стекнал редок углед и израснал во неприкосновен авторитет. Најважните организациски борбени кадри од овој периоди израснале под закрила на Делчев. 

Четничките школи одиграле голема улога за разгранување на Четничкиот институт. Во тоа посебна улога имале блиските Гоцеви соработници: Михаил Апостолов - Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев, Марко Лерински, Никола Петров Русински и др. 

Делчев, од вклучувањето во Организацијата па сè до смртта, ја обиколувал Македонија. Притоа, не го спречувало ни нарушеното здравје, проследено со силни стомачни болки. Секаде каде што престојувал, Гоце оставал светли траги, влевајќи свежина, оптимизам и нескршлива верба во успехот на македонската ослободителна кауза. Оттаму, неговото име, многу лесно прераснало во легенда. 


        За да го отстрани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и другата организацијата на македонските емигранти во Бугарија тн. "Врховен македонски комитет", Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на Организацијата. 

Соработка и недоразбирање со Врховниот комитет на Борис Сарафов


   ''Се размислувавме кои луѓе треба да бидат поставени на чело на тукашниот Комитет. Бевме на мислење на чело на Комитетот да го избереме Цончев. И Ѓорче и Делчев и јас и други мислевме така... Најпрвин се зафативме со исплаќање на долговите. Ги активиравме друштвата. Најпрвин почнавме со Софија. Не можеше толку лесно да се соберат луѓето и тие да го почувствуваат авторитетот на Комитетот, додека не сфатат дека сме решени да одиме докрај. Малу по малу почнавме да ги наметнуваме своите барања. Од 30 друштва станаа 250 друштва, градски и селски... Со Ѓорче и Делчев работевме сложно. Тие заседаваа заедно со нас, ги потпишуваа записниците во Комитетот. Прашањето за востанието кога да се крене, не се поставуваше на дневен ред... Потоа во 1900 год. во февруари Делчев замина во Одринско. Ние го снабдивме со сe, литографии и сл. - потрошивме околу 3.000-4.000 франка''... 

— Борис Сарафов, Спомени

Гоце уште по своето пристигање во Бугарија стапил во контакт со офицерите од 1895 година, односно со дел од учесниците во Мелничкото востание. По доаѓањето на Ѓорче Петров за задграничен претставник соработката со офицерите била продлабочена. Во тој период Македонската револуционерна организација поради лошите односи со ВМОК барала нови извори за помош на револуционерната борба во Македонија. 

Оттука кај Ѓорче Петров, Гоце Делчев и офицерите Антон Бозуков и Стојчо Гаруфалов се појавила идејата за формирање на Тајните офицерски братства, a се поставило прашањето и кој би можел да застане на нивно чело. Гаруфалов за раководител на Офицерските братства го предложил Иван Цончев бидејќи тој имал углед меѓу офицерите, меѓутоа Бозуков истакнал дека тој имал врски со кнезот Фердинанд 1 и неговиот двор. Задграничните претставници поради тоа долго се колебале но на крајот се одлучиле за Цончев сметајќи дека обвинението на Бозуков е од лични амбиции. Во летото 1897 година, од името на Офицерските братства, Цончев го посетил Солун. По враќањето на Цончев во Софија соработката меѓу Офицерските братства и Организацијата била продлабочена. Братствата во почетокот укажале значајна материјална помош за Македонската револуционерна организација. Преку Офицерските братства биле врбувани и испраќани првите кадри за Четничкиот институт. Затоа, Ѓорче Петров забележал дека Цончев во прво време многу им помагал. За соработката со офицерите, Ѓорче Петров истакнува: 


    ''Борис (Сарафов б.н) дружеше со мене. Тој правеше разни обиди за пари. Делчев и Борис доста не се сложуваа. Делчев како бивш питомец прилично не ги сакаше воените лица, иако дружеше со многу офицери, воодушевен не беше. Јас го штитев Бориса пред другите офицери. Беше многу активен, многу жив и наполно расположен да ни служи... Такви беа и другите офицери од 1895 - та година, без лични цели трчаа да ни услужуваат''.


    Увидувајќи ја ослабената положба на Врховниот комитет, Задграничните претставници во договор со Централниот комитет на Организацијата, решиле индиректно да го стави ВМК под своја контрола. Затоа Ѓорче Петров започнал силна агитација во Бугарија и сакал да најде лице кое ќе има силен авторитет да застане на чело на Комитетот и да ја зацврсти неговата позиција. Сарафов и Антон Бозуков се понудиле но тие не биле по вкусот на ТМОРО, а Ѓ. Петров барал некој кој имал поголема улога во бугарското општеството. Притоа тој имал средби со голем број на македонски интелектуалци од Бугарија и се сретнал со учителот Паунчев во Варна, адвокатот Панов и адвокатот Иван Иванович. Исто така имал средба и со Димитар Благоев но сите го одбиле. Работат премногу им изгледала опасна. На крајот Петров морал да се задоволи со Борис Сарафов. Задграничните претставници на ТМОРО направиле договор со Сарафов и неговите приврзаници, односно ТМОРО ќе ја поддржи кандидатурата на Сарафов за претседател на Комитетот, а за возврат Врховниот комитет нема да презема никакви дејства без знаење и согласност на задграничните претставници. 

      На 1 мај 1899 година во Софија започнал 4 - ти македонски конгрес на кој Борис Сарафов бил избран за претседател на Комитетот, со поткрепа на Ѓ. Петров и Гоце Делчев. Затоа не треба да зачудува изјавата на Сарафов: Ние сме фирмата, а Ѓорче е комитетот, Ѓорче Петров во своите спомени тоа и го потврдува со зборовите: Ние го уредивме Сарафовиот комитет, тој беше наш продукт. Сарафов во својот прв мандат давал голема материјална и финансиска поткрепа за ТМОРО. За време 5 македонски конгрес било констатирано дека за потребите на ТМОРО биле дадени 11.990 златни левови и 23.327,20 левови во сребро.
 

Меѓутоа, Сарафов бил од далеку од тоа да биде послушник на ТМОРО. Уште од самиот почеток тој почнал со заткулисни игри, неговата цел било да ја преземе токму тој ТМОРО во свои раце и тоа било евидентно за време на преговорите помеѓу ТМОРО и Бугарското тајно револуционерно братство кога Сарафов се наметнал како посредник и претендирал да биде раководител на целото македонско револуционерно дело, поради што ќе дојде до судир со ЦК и ЗП на ТМОРО. 

По самото составување на Комитетот, Сарафов финансиски и морално ја помагал ТМОРО, меѓутоа уште додека се составувал комитетот Сарафов планирал да го заземе ЦК на ТМОРО. Имено, тој направил договор со полковникот Иван Цончев и потполковниците Атанас Јанков и Стефан Николов. Според овој договор Цончев требало да даде оставка на офицерската должност и да го зазеде претседателското место во Комитетот, а Борис Сарафов со 14 до 16 офицери требало да навлезе во Македонија да го преземе Централниот комитет и потоа да се крене востание. Било предвидено територијата на Македонија да се подели на 14 востанички окрузи на чело со по еден офицер, а полковникот И. Цончев со големи сили да навлезе од Бугарија. За планот не требало да дознаат Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Подоцна кога Сарафов и Иван Цончев ќе дојдат во судир, за овој договор преку Сарафов ќе дознае Ѓ. Петров. 

     Офицерите и покрај договорот со Сарафов не се осмелиле да дејствуваат без согласност на задграничните претставници и затоа им предложиле во Централниот комитет да влезат двајца офицери како претставници ВМК, а истовремено околу 16 офицери да бидат распоредени по окрузите на ТМОРО во Македонија. Гоце Делчев и Ѓорче Петров во принцип не го отфрлиле предлогот. Оттука произлегла компромисната мајска спогодба. Таа била потпишана на 1 мај 1900 година, ТМОРО бил претставен од Гоце Делчев и Ѓорче Петров додека Врховниот комитет бил застапуван од полковникот Иван Цончев, потполковниците Јанков и Стефан Николов, поручникот Стојчо Гаруфалов и Атанас Мурџев. Спогодбата предвидувала: 


а) да му се предложи на ЦК во својот состав да прими 2 членови , во кои ВМК има полна доверба;

 б) по нивниот прием во ЦК, ВМК станува клон на ЦК, а ЦК ќе има решавачки збор по сите прашања за делото;

в) да му се предложи на ЦК за раководители на реоните да прифати воени лица испратени од Софија; 

г) тие даваат клетва според Правилникот на ТМОРО, го почитуваат тој Правилник и ги прекинуваат сите врски по делото со Бугарија. Во таа смисла исклучок се прави само по наредба на ЦК; 

д) ЦК да ја прекине приватната коресподенција по делото со задграничните претставници и раководителите на реоните, а исто важи и за членовите на ВМК со Македонија;

 ѓ) при какви било околности лицата од сегашниот состав на ВМК остануваат неразделно поврзани со ТМОРО; 

ж (е) со овој протокол се поништуваат старите писма за регулирање на односите помеѓу ТМОРО и ВМК.


По потпишувањето на спогодбата Врховниот комитет се обидел да ги протурка предлозите. Тие го предложиле капетанот Димитар Венедиков за член на ЦК на ТМОРО, а за Битолскиот револуционерен округ бил предложен поручникот Софрониј Стојанов. Меѓутоа Венедиков одбил да замине за Солун, додека пак Софрониј поради Поп Ставревата провала не можел да замине за Битола и затоа било решено тој да оди во Солун. Софрониј Стојанов во Македонија пристигнал во декември 1900 година, во Солун престојувал под името Хаџиасенов како претставник на друштвото Бугарија, и таму се задржал до Солунската афера, и откако му биле издадени од страна на Иван Хаџи Николов пет бланко потврди за офицерите во случај на востание, се вратил во Бугарија. 

На 8 македонски конгрес, Задграничните претставници првпат присуствувале на собир на македонските друштва во Бугарија. За конгресот Ѓорче Петров истакнува: 

''Првпат јас и Делчев присуствуваме на конгрес. Сите беа задоволни од нас, не пречекаа со ракоплескање. Приход од 450 илјади. Кој можеше да противречи... Јас бев на врвот на среќата... Тогаш конгресот го прими од мене преработениот устав и правилник на овдешнава (Врховниот комитет б.н) организација во духот на кажаната идеја, дека овде се прегрнува револуционерниот пат и се дава предимство на Внатрешната организација. Тоа беше огромен успех на македонското дело, револуционерната идеја веќе беше влезена и во овдешната организација ''. 


     На 23.01.1901 година во Солун започнала Солунска аферата која била една од најтешките за ТМОРО. Имено целиот Централен комитет бил затворен додека пак оваа провала го исфрла Бугаринот Иван Гарванов, со што ТМОРО зазема друг правец на дејствување. Дел од историчарите при расветлувањето на причините за Солунската афера сметаат дека е можно учество на Врховниот комитет на чело со Борис Сарафов во провалата , притоа се истакнува дека Комитетот имал свој човек кој го поткажал ЦК на турските власти. Се става под знак прашање улогата на Софрониј Стојанов, како можен предавник, меѓутоа за тоа нема конкретни докази, а еден од најголемите предавници за време на провалата, Милан Михајлов бил човек на Борис Сарафов и како таков тој пристигнал во Солун. Гоце Делчев и Ѓорче Петров во окружното од март 1901 година испратено до револуционерните комитети во Македонија, било истакнато дека Солунската афера е внатрешен удар против ТМОРО, а обидот за востание на Врховниот комитет е надворешен удар против ТМОРО. По провалата, Сарафов се обидел да се наметне над Делчев, но тој ги одбил сите предлози и барања на Сарафов. 


Набргу по Солунската афера паднал и Комитетот на Борис Сарафов. Сарафов од своја страна дошол во судир со Задграничните претставници на ТМОРО, со новоизбраната бугарска влада на чело со Петко Каравелов, но и со Иван Цончев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров ја знаеле амбицијата на Сарафов за преземање на целото македонско револуционерно дело во свои раце, и затоа тие во согласност на ЦК на ТМОРО намерно го одолговлекувале спроведувањето на Мајската спогодба. Тоа придонело да дојде до влошување на односите помеѓу двете организации. Гоце Делчев бил обвинет дека сака да стане врховен командант на сите востанички сили, и дури бил физички нападнат во просториите на врховниот комитет од страна на Христо Саракинов . За овој настан Ѓорче Петров истакнува:

 Делчев велеше: ''Или тие ќе те газат, или ти ќе ги газиш..''. 

Тој настан не остана без значење во подоцнежниот однос на Делчев кон комитетот и воопшто кон офицерите. Тој веќе не можеше да ги трпи. Од тој настана, Гоце престанал да ги посетува седниците на Врховниот комитет на Сарафов. 

Биле влошени односите и со Ѓорче Петров кој спротивно на Мајската спогодба ја продолжил директната коресподенција со ЦК. Сарафов пак од своја страна успеал да го придобие Никола Зографов кој бил пунктов началник на ТМОРО во Ќустендил. Поради оваа постапка биле прекинати односите помеѓу двете организации кон крајот на 1900 година, а од своја страна Врховниот комитет од почетокот на 1901 до мај 1902 година не давал никаква помош за ТМОРО. 

Помошта била обновена кога на чело на ЦК на ТМОРО ќе застане Иван Гарванов

Судирот со Иван Цончев


    ''По конгресот се собравме јас, Ѓорче и Делчев. Јас им реков дека Комитетот на Цончев ќе направи што сака, затоа што го прифати нашиот систем - теророт, додека ние се откажавме од него. Затоа, реков, на ним треба да им се спротивстави пак само со терор, за да се заземе наново изгубената позиција. Делчев беше разочаран оти го избраа Цончев. Јас в лице им реков дека тие, Делчев и Ѓорче, се виновни за тоа, бидејќи ги обединија со него листите против мене, што сепак му бев поприврзан на Делчев. Делчев призна дека згрешил. Ѓорче се извинуваше што не зел учество во тие работи''... 

— Борис Сарафов, Спомени


      Влошената положба го принудила Сарафов да го повика Иван Цончев да застане на чело на Комитетот според претходно постигнатиот договор, од своја страна Цончев во Софија се нашол во јануари 1901 година. Меѓутоа во меѓувреме доаѓа до Солуската афера и Сарафов под влијание на своите блиски и пријатели го менува решението сметајќи дека ќе може да владее и со Врховниот и со Централниот комитет. На тој начин Цончев бил измамен и ќе дојде до поделба на Врховниот комитет на две крила: сарафисти и цончевисти.

 Меѓутоа, судирот меѓу двете крила бил решен од страна на бугарската влада кога 23 март 1901 година Борис Сарафов бил уапсен со дел од комитетот и бил обвинет за двете убиства. Апсењето и судењето на членовите на Комитетот било политичка фарса со цел да им се овозможи на цончевистите да го преземат Комитетот во свои раце, а Иван Цончев успеал во тоа на 8 македонски конгрес. Гоце Делчев на 7 април 1901 година се обратил пред 8 македонски конгрес и притоа истакнал: 


''Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, туку и да го разбие нивниот ропски дух. Пред да влеземе во врска со комитетот од 1899 година, нам ни помагаа офицерите. Врската сега не постои бидејќи Борис Сарафов сакаше да прати од тука свои луѓе за раководители на Внатрешната организација... Се спротивставивме на Сарафов, зашто ако тој испратеше од тука луѓе за раководители.. ќе се создадеше катастрофа... Само ако тукашната Организација го одобрува духот на Внатрешната организација и не се стреми да ѝ дава импулс, воздејство, т.е. да не ѝ се меша во нејзините работи, само во таков случај може да постои врска меѓу тие две организации''.


Бидејќи мајската спогодба од 1.05.1900 година не била спроведена, таа станала предмет на разговори меѓу новиот состав на Комитетот и ТМОРО. На оваа средба ТМОРО била претставена од Гоце Делчев, д-р Владимир Руменов и Михаил Герџиков, а како трета група која учествувала во овие преговори, била претставена од Иван Цончев и полковникот Стефан Николов. Во овие преговори преовладува тенденцијата на Врховниот комитет да се наметне над ТМОРО иако нејзината самостојност била потенцирана во овие разговори, а од овие преговори произлегла новата мајска спогодба од 16 мај 1902 година и со неа било предвидено да се постават двајца офицери во ЦК на ТМОРО, како воени специјалисти кои би можеле да го помогнат делото. Овие двајца офицери би требало да имаат еднакви права и должности со останатите членови на ЦК. 

Било договорено поставување на офицери при секој округ на ТМОРО во Македонија и овие офицери имале исто така еднакви права како и раководните тела на окрузите. Од друга страна, првата на задграничните претставници биле ограничени бидејќи тие можеле да присуствуваат во работата на Врховниот комитет само по прашањата кои се однесувале за ТМОРО. Двете организации се договориле дека каналите и пунктовите на бугарска територија се неприкосновена сопственост на ТМОРО, додека пак магацините со оружје по бугарската граница, да бидат под контрола на Врховниот комитет. Поради последната точка Ѓорче Петров сметал дека Делчев се подлизнал, бидејќи станувало збор за 700-800 пушки кои биле складирани од Сарафов и тој сакал да ги предаде на ТМОРО, дополнително на тоа Ѓорче Петров истакнува дека: 

''Со тие пушки после нè тепаа''. 

Кон крајот на јули и почетокот на август 1901 година се одржал 9 македонски конгрес. Во текот на овој конгрес цончевистите успеваат да го земат Врховниот комитет во свои раце. Претходно претставниците на ТМОРО, Владимир Димитров и Иван Кепов поднесуваат оставка, а за време на конгресот од раководните позиции во Врховниот комитет се отстранети приврзаниците на Сарафов. За претседател на комитетот бил избран Стојан Михајловски додека пак Иван Цончев бил избран за потпретседател. На тој начин комитетот се нашол во рацете на Цончев и тој веднаш започнал со подготовките за кревање на едно востание во Македонија кое му требало на кнезот Фердинанд I. Иван Цончев сметајќи дека ја имаа поддршката на Гарванов, се свртел против задграничните претставници на ТМОРО притоа сакал да воспостави директна коресподенција со Централниот комитет на Внатрешната организација и почнал да гo игнорираа ЗП. Цончев меѓу другото истакнал дека: 


...Задграничните претставници се главната, ако не и единствената причина за досегашните недоразбирања... делегатите (се мисли на Гоце Делчев и Ѓорче Петров б.н), кои досега ништо друго не правеле, освен да сеат раздори, да трошат средства на тукашната организација (ВМОК б.н) и да се издигнат во трета организација, која не е одговорна за ништо, била вистинска господарка и на двете организации (ВМОК и ТМОРО б.н).
Под притисок на Цончев, Делчев и Ѓорче Петров морале да се откажат од должноста задгранични претставници, но од друга страна Гоце Делчев успеал да го оддели Гарванов од Иван Цончев. Гарванов имајќи ја поткрепата од Дамјан Груев и Делчев се спротивставил на Цончев, оваа дистанцирање на Гарванов нема никогаш да му биде простено од цончевистите, и тие по неговото убиството во 1907 година ќе истакнат: ''Така му треба, предавник''. 



Цончев откако ја зацврстил својата позиција во комитетот, се нафрлил врз пунктовите на ТМОРО во Бугарија. Во некое од ќустендилските села по наредба на Атанас Мурџев бил тепан работник на ТМОРО, а по наредба на Тодор Саев, јавно бил тепан Ефрем Чучков и тоа пред куририте на ТМОРО. Поради ваквата постапка на Саев, Дупничкото друштво ги прекинало врските со Врховниот комитет, и затоа друштвото на 20.11.1901 година било исклучено од ВМОК. 



Генерал Цончев (во средината) со својата чета. 

Десно од Цончев е Стефан Николов, а од лево Алфред Хејлс. Вториот од лево на десно е Борис Тагев.
Поради сите овие постапки новите задгранични претставници, Туше Делииванов и Димитар Стефанов поднеле нови барања до ВМОК. Била побарана 30-километарска зона на бугарската територија, пункт во Софија, пари за Задграничното претставништво, останатите пунктови на ТМОРО во Бугарија и за издавање на еден весник во Македонија, отстранување на Тодор Саев од Дупница. ВМОК намерно ги одолговлекувал преговорите и истовремено презел активности за нарушување на авторитетот на ТМОРО меѓу македонското население. Пушките кои ТМОРО ги платил на Врховниот комитет, а комитетот за нив добил расписка не биле испорачани. Врховниот комитет притоа истакнал дека нема пушки, дека не веруваат во пунктовите на Никола Малешевски и дека ќе ги вратат парите. 

Дополнително Врховниот комитет побарал причина за барањата на задграничните претставници, откако ги добиле ја потврдиле мајската спогодба, а по десетина дена повторно се откажале од неа и било побарано од нив да продолжат преговорите помеѓу двете организации. 

На 2.11.1901 година ВМОК испратил окружно до своите друштва во кое било истакнато дека односите помеѓу двете организации се во хармонија и дека се дејствува во согласност со протоколот кој бил утврден заеднички. Задграничните претставници на 8.12.1901 година поставиле ултимативен рок од 48 часа за отповикување на окружното од страна на ВМОК, a бидејќи тоа не било направено, на 14.12.1901 година задграничните претставници ги известиле македонските друштва дека ТМОРО за секогаш ги прекинува контактите со овој состав на Врховниот комитет. 


Изградба на раководен и воен кадар


Шифриранa азбука за конспиративна преписка на Револуционерната организацијата, составена од Гоце Делчев

''Кажете му на тој чудесен јунак дека сакам да го видам и да му се поклонам: ние сите, од царот до последниот заптија одамна сме заморени, само тој не се уморува''...

— Дервиш ефенди, 




Јустиниjана (Јанка) Каневчева, учителка, активистка на TМOРО, девојка на Гоце Делчев
Јустиниjана и Гоце Делчев Јустиниjана и Гоце

Јустиниjана и Гоце Делчев Јустиниjана и Гоце вepидбa

Гоце ДелчевГоце Делчев

„Никогаш не заборавајте дека ние не си припаѓаме себеси. Нашиот живот веќе е пожртвуван пред олтарот на делото... И така, нека не се плашиме од смртта. Каде и да нè најде, да ја пречекаме со презир и да ја победиме!“
(Гоце Делчев, јануари 1902 год.)

Гоце значајно внимание посветил и на изградба на раководен и воен кадар на Македонската револуционерна организација. Тој имал бројни средби, состаноци, советувања, па и неколку конгреси. Главно свртилиште во Софија му бил хотелот Батемберг. 

Гоце често крстарел низ Македонија, особено низ нејзиниот источен дел, а особено бил чест гостин на задграничните пунктови на TМOРО. Од мај 1902 година се датира Гоцевата коресподенција со Иван Белешков, пунктов началник во Лџене, близу Велинград. Лџене било главен пункт на Организацијата кон каналот за Сер, а со самото тоа се вброило во клучните задгранични пунктови на TМOРО, покрај Ќустендил и Дупница. 

На самиот почеток на 1900 година кога избила Новоселската афера, по борбата на Сандо Невенин од штипското Ново Село (Штипско), Гоце се наоѓал во Радовишко, а оттаму се префрлил во Струмичко и Петричко. Аферата имала судски завршеток на Скопскиот процес од 1901 година. Притоа, Гоце бил осуден на смрт, во отсуство, според чл. 13, 31, 43, 55, 56, 57 и 63 од Османлискиот кривичен закон. Оттука за крилестиот ѓавол била распишана потерница со висока проценка за Гоцевата глава, 500 или 1000 турски лири, според Пејо Јаворов. Без оглед на тоа, Турците со голем респект се однесувале кон личноста на Гоце. Во пролетта 1900 година Гоце го реализирал т.н. огнен пат низ Одринско. Од октомври па сè до март 1901 година, Гоце ги обиколил Разлошко, Горноџумајско, Малешевско, Радовишко, Струмичко, Мелничко и Петричко. 


Голем поход


   '' Некои беа помислиле дека Гоце се покажува и исчезнува како метеор во реоните, без сериозни траги зад себе. Целосно не. Основна ревизија и реорганизација на Организацијата - е работата која тој ја завршуваше секаде, користејќи ги најцелесообразно условите на секоја околија, штедејќи го своето време, но и не жалејќи го кога се однесува на важни дела, тешко решливи без негово учество. Во таа трескавична работа повеќе од се му помага славата на неспоредлив летечки војвода и неподелениот впечаток што го остава неговата физичка и духовна личност уште при првиот контакт. Оние кои го знаат само од Софија, кога тој, корисник на скромната соба бр. 9 во хотелот Батемберг - небрежно облечен, малку невешт и дури срамежлив во средбите со непознати, ја вршеше својата прозаична и здодевна работа, не би можеле со никакви описи да добијат претстава за Делчев како - апостол и водач. Со таков впечаток останав и јас летото 1900 - та година кога, штотуку завршен гимназијалец, ја имав долгоочекуваната среќа да се запознам со него во Софија. Требаше две и пол години подоцна да го видам во Загоричани, на дело, во неговата Хаџидимитровска носија и во сета волшебна сила и над простите и над учените четници и да се инспирирам целосно и јас од другите, внатрешниот Делчев, тој многу поразличен од софискиот и да го опеам восхитот не во проза, туку во стихови. Еден Марко (Лерински б.н) - за момчињата и да не зборувам, го боготвореше. Сите се сметаа за среќни што им беше овозможено да другаруваат со него и да научат нешто од неговото искуство. Секаде кај што ќе минеше оставаше длабоки бразди во македонската почва и светли траги и во најпримитивните и сурови души...

— Христо Силјанов, Ослободителните борби на Македонија




     Кон крајот на август 1901 година, Гоце го започнал својот голем поход низ Македонија. Единствен по својата должина, времетраење (половина година) и успешност. Зголемената опасност од разбивање на монолитноста на Македонската револуционерна организација, поради можното навлегување на врховистички сили во револуционерните окрузи на Организацијата, како и поради зачестените провали, довеле Гоце да изврши ревизија на неколку области во Македонија 

Гоце своето долготрајно патешествие го започнал во Ќустендил, па преку Малешевско, пристигнал во Радовишко. Притоа извршил ревизија на Радовиш и околијата. Потоа се префрлил преку реката Вардар и пристигнал во Неготино, каде што извршил инспекција на тамошниот револуционерен комитет. Оттаму, се префрлил во Кавадарци каде што дознал дела Мис Стон била грабната и дека предвидениот план бил извршен. По вообичаената ревизија пристигнал во селото Ваташа каде што посебно внимание посветил на создавање на селска милиција. Неговиот престој, на секаде бил исполнет со бројни средби, кои биле драгоцени за зацврстување на организациските редови и проширувањето на организациската мрежа. 

Од Тиквешко, Гоце се префрлил во прилепскиот реон со што започнала неговата мисија низ Југозападна Македонија, која била најзначајната етапа од неговиот голем поход, и инспектирање на Битолскиот револуционерен округ. Мисијата на Гоце во Битолскиот округ произлегла пред сè од промените што настанале во Централниот комитет по Солунската афера, освен тоа Гоце имал намера да се сретне и да се консултира со Даме Груев за солунските настани. 

Гоцевата неколкумесечна мисија во Битолскиот револуционерен округ се одвивала во есента и зимата 1901/2 година, мисијата започнала со ревизија на организациската мрежа во Прилепско. Делчев заедно со четата на Никола Петров Русински и Иван Манолев, ги посетил прилепските села: Тројаци, Плетвар, Ореовец, Леништа и Селце. Потоа го посетил Прилеп, каде што извршил ревизија на Прилепскиот револуционерен комитет. Тогаш, пред Гоце бил изнесен главниот проблем на прилепскиот реон: вооружувањето, покрај тоа Гоце ја прифатил оставката на Никола Петров Русински на должноста Прилепски околиски војвода. 

     Во ноември 1901 година Гоце пристигнал во Битола, центар на Битолскиот револуционерен округ и Битолскиот вилает. Таму Гоце престојувал три недели. Тој во текот на 20 дена, Гоце извршил рутинска инспекција на Битолскиот окружен комитет, имал две средби со Даме Груев во Битолскиот затвор, мноштво активности и средби со Окружното раководство. Тој бил свесен за можноста од исфорсирано востание. Оттука, тој со аргументи настојувал да ги убеди членовите на Битолскиот окружен комитет дека востанието е средство, а не цел. Тој ги информирал битолските организациските првенци за моменталната состојба околу аферате мис Стон и воедно го покренал прашањето за вооружување на Прилепско, при што успеал да издејствува од окружниот комитет 80 пушки за прилепскиот реон. 




Четата на Ѓорѓи Сугарев (седнат, во средина)
Битолскиот окружен комитет пред Гоце изнел некои од проблемите, нагласувајќи го прашањето за зацврстување на четничкиот институт во Битолскиот округ, бил подвлечен недостатокот од недостиг на интелигентни и војнички изградени војводи. Во присуство на Гоце, со знаење и одобрение на Даме Груев, бил реорганизиран Битолскиот окружен комитет. Во новиот состав влегле: Георги Поп Христов, Ѓорѓи Сугарев, Аце Дорев, Атанас Лозанчев, Ѓорѓи Пешков и Неделко Дамјанов. Покрај тоа бил формиран и Битолски околиски комитет во кој влегле: Александар Евтимов, Лука Ѓеров и Кирил Лозанчев. Мошне биле драгоцени инструкциите и насоките на Гоце кон овие две раководни тела. Георги Поп Христов истакнува: 


''По доаѓањето на Делчев веднаш се почувствува засилување на револуционерниот дух во Округот. Нарасна борбеното настроение и вооружувањето мошне многу се засили. Револуционерната дејност стана поактивен, понападна''.


Во рамките на Гоцевата инспекција на Битолскиот револуционерен округ, спаѓа и неговата мисија во Костурско и Леринско. Негови најважни цели во овие реони биле: да се санираат последиците од Иванчовата афера и да се создаде солидна база за отворање на канал за префрлање на оружје од Кралството Грција. 

      Во декември 1901 година, Гоце пристигнал во Костурско. Својата обиколка ја започнал во селото Кономлади, заедно со костурските раководители: Пандо Кљашев, Лазар Москов, Васил Чакаларов и Кузо Стефов, како и со Марко Лерински и Ѓорѓи Пешков, со нив се обидел да ги реши напластените проблеми. Активноста на Гоце се одвивала во неколку правци. Новоформираниот револуционерен трибунал, чија острица била насочена кон ликвидирање на моралната декаденција и ситните кавги, ја покажал силата и способноста на Македонската револуционерна организација да решава проблеми и од овој домен. Никој не се изненадил кога новоформираното управно тело, покрај старите овластувања, добило за првпат судски прерогативи. Со негирањето на османлиските суски установи и придавајќи им на револуционерните комитети елементи на власт, Македонската револуционерна организација се покажала дорасната на епитетот држава во држава. Интересно сведоштво за селските судови дава Славејко Арсов во своите спомени каде истакнува: 



Славејко Арсов со својата чета 

''Во Кономлади, Костурско, Делчев беше дал слобода на сите селани да се жалат пред него за што има за сите неволји, дури и против четата. И се јавија сите селани, имаше дела за развод, за кражба, за расправии меѓу жени, бидејќи се убедија дека им се разгледуваат делата. Тоа траеше четири дена. Делчев седеше со реонските раководители како претседател. Реонските раководители распрашуваа, тој слушаше, се советуваше со раководителите и даваше заклучоци, се соопштуваше на селаните и веднаш се извршуваа помирувања итн... По шест дена се одржа општо собрание од целото село, во црквата... им се покажа еден нов ред: им се забрануваше да се судат пред турски судови, се забрануваа кражби, блуд, пијанство, крамоли, се наложуваше послушност спрема селското управно тело... Се усно, не беше напишано во уставот. Се наредуваше да се чува во тајна, што станало во селото и да не се зборува во друго село, ниту да се распрашува. Сето тоа: чета, општо собрание, суд, за мене беше ново... Пред една година Марко ги обиколувал неколкуте села од Леринско. И во тоа време духот на населението бил ослабнат, се јавила непокорност спрема легалните раководители и злоупотреби, се јавиле и шпионите. Од Лерин ни пишаа и ни ги посочија лицата, а ние се помачивме и фативме два-тројца (од с. Борешница), меѓу кои и еден учител по име Петар... Ги одведовме на Ниџе Планина кај попадиските трла. Таму ги пресудивме и се увиде дека обвинетиот како шпион е невин, а другите се покажаа како непокорни злоупотребувачи и убијци. Тие се признаа, пресудата им се прочита пред 20-тина селани од с. Попадија и беа казнети на една месност - Маркови кули... Во Ресенско обично свадбите се правеа во есента. Често се случува свршената мома да ја остави свршеникот и таа останува до идната година немажена. Со тоа се нанесуваше удар на момата и семејството. Еден случај даде повод Организацијата да се вмеша и во тие работи и тоа заради онеправдената страна. Дојде една мома од Дупени, ја оставило момчето, и веднаш за друга се свршило. Момата не можеше да оди во уќуматот бидејќи немало да ја пуштат селските првенци, а да оди при архијерејскиот намесник, треба да троши пари. И таа нашла за згодно да се обрне до четата: ги донесе даровите од момчето (прстен, една меџидија пари и една крпа) пред мене и рече дека таа дошла да ја бара својата чест, молејќи ја четата да се застапи за неа, бидејќи се уверила дека нашиот уќумат (четата) поарно средува. Се повика момчето и татко му, се разгледа делото во присуство на управното тело и најпосле се осуди момчето да внесе 4 турски лири на момата за нејзината чест и по половина лира во двете каси, во Дупени и во Езерани (од тоа село беше момата)... Таа вест се разнесе по целиот реон, и сите такви онеправдани се радуваа и сите се обрнаа кон четата. Имаше и накажување со тепање, ако некој не сака да го исполни решението''... 


Покрај тоа Гоце презел активност за масовен прием во Организацијата. Низ Костурско, Гоце насекаде дејствувал на кономладски начин, а во селото Смрдеш дури формирал и женско момитетско друштво. Насекаде дошол до израз Гоцевиот стил на работа. Раководителите инспирирани од Гоце, целосно ги прифатиле неговите методи на работа и со полн елан пристапиле кон реализација на неговите замисли.
 


Круна на Гоцевата мисија било советувањето во селото Загоричани. Тоа било одржано од 14 до 17 јануари 1902 година, со еднодневен прекин, поради предавството на гркоманот Илија Поп Анастасов од селото Куманичево. Советувањето имало регионален карактер, иако на него била разгледана општата состоја во округот. На советувањето присуствувале: Гоце, Георги Поп Христов, Лазар Поп-Трајков, Михаил Николов, Лазар Москов, Пандо Кљашев, Кузо Стефов, Васил Чакаларов, Андреја Кожуваров, Марко Лерински, Славејко Арсов и Михаил Чеков. Темите кои биле третирани на советувањето биле тесно поврзани со целите на Гоцевата мисија. Била разгледана положбата на Битолскиот округ, биле санкционирани новите начела на Гоце, коишто биле прокламирани во Кономлади. Овде на прво место доаѓа до израз проширувањето на правата на управните тела со придодавање на судски прерогативи. Снабдувањето со оружје, особено уредувањето на канали за пренесување на оружје од Грција, биле во центарот на вниманието. Преовладала констатацијата за неодложно организирање на канал за транспорт на оружје и за продолжување на специјалната мисија на Васил Чакаларов во Грција. Пред донесувањето на конечната одлука за овие прашања, новопристигнатиот Христо Силјанов, поднел извештај за својот престој во Грција. На крајот, за подобро реализирање на програмата за санација на Костурската организациска мрежа, било решено да биде извршена прераспределба на раководните организациски сили во костурскиот реон. 

На 17 јануари, по шестнеделен престој, Гоце го напуштил Костурско и во придружба на четата на Марко Лерински се префрлил во селото Зелениче, Леринско. Престојот на Гоце во Леринско, за разлика од Костурско, бил краткотраен. Поради тоа, единствено во селото Екшису дошле до израз Гоцевите организациски способности. Краткиот престој на Гоце во Леринско бил условен од фактот што тој нашол реон примерен во секој однос: работници ентузијазирани, организации стегнати, чета дисциплинирана и во целосна смисла на зборот агитационо - организаторска. Освен тоа, леринската чета цели два месеца го придружувала Гоце, при што имала доволно време, изворно да ги апсорбира неговите идеи. 

Двомесечната Гоцева мисија во костурско-леринскиот регион била мошне плодотворна. Во неа доминира улогата на Гоце како крупен организатор и масовник на македонското ослободително движење. Неколкумесечната мисија на Гоце во неколку реони на Битолскиот округ, претставува еден вид на пресврт, особено на планот на забрзано омасовување на движењето во Битолскиот округ. На враќање Гоце Делчев помина по каналите на Организацијата ко Струмичко, Кочанско, Горноџумајско и во Ќустендилско. Таму се сретна со главните актери во аферата Мис Стон, Јане Сандански и Крсто Асенов. Потем, заедно со нив отпатува за Софија, којшто комисиски се прифатени парите од откупот на Мис Стон. Со тоа завршил големиот поход на Гоце низ родната Македонија. 

      Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и војводи на врховистичкиoт македонски комитет. Најпечатливи одгласи од неговата борба за зачувување на единството од надворешните мешања имала неговата отворена реплика со претседателот на Врховниот комитет, генералот Николаев, кого го предупредил дека: 

    - ''Додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија''.

- '',... Да застанат на чело на МАКЕДОНСКАТА ФАЛАНГА и да ја водат по патот на сигурен успех''. - Значи Македонските комити се споредувале со МАКЕДОНСКАТА ФАЛАНГА''.

- ''Додека моето рамо ја крепи пушка, Македонија е недостапна за бугарски офицер'' - Гоце Длчев

Исечок од весникот ''РЕФОРМИ'', кој се издавал во кнежеството Бугарија, нормално со тоа на бугарски службен јазик, но кажува јасно кои биле Македонските комити и Гоце Делчев

      Иста цел имала Директивата на Гоце Делчев во 1902 година за забрана на влегување на врховистичките чети од Бугарија, како и предупредувањето до бугарското кнежество да не мисли за Македонија, туку да си си го чува ''бугарското кнежество'', зашто Македонците ќе си ја чуваат Македонија.

Исечок од весникот ''ДЕЛО''

Солунскa афера

На 23.01.1901 година во Солун започнала Солунска аферата која била една од најтешките за ТМОРО. Имено целиот Централен комитет бил затворен додека пак оваа провала го исфрла Бугаринот Иван Гарванов, со што ТМОРО зазема друг правец на дејствување. Дел од историчарите при расветлувањето на причините за Солунската афера сметаат дека е можно учество на Врховниот комитет на чело со Борис Сарафов во провалата, притоа се истакнува дека Комитетот имал свој човек кој го поткажал ЦК на турските власти. Се става под знак прашање улогата на Софрониј Стојанов , како можен предавник, меѓутоа за тоа нема конкретни докази, а еден од најголемите предавници за време на провалата, Милан Михајлов бил човек на Борис Сарафов и како таков тој пристигнал во Солун.

    По бранот на апсења последен на слобода од Централниот комитет останал Иван Хаџи Николов. Тој очекувајќи го своето апсење и опседнат со мислата дека се пропаѓа ги повикал Иван Гарванов и Спас Мартин и им го соопштил начинот на комуникација со внатрешноста и Врховниот комитет. 

На втората средба тие решиле да издадаат 5 бланко потврди за офицерите во случај на евентуално кревање на востание, а овие потврди во Софија ги однел Софрониј Стојанов. 

Во овој момент на очај, Иван Х. Николов Централниот комитет го предала на идејните противници на Организацијата, односно на членовите на поранешното Револуционерно братство. 

Подоцна Хаџи Николов пред Татарчев се правдал дека на Иван Гарванов, Спас Мартин и Димитар Мирчев им ги предал само печатот на ЦК, шифрите и списоците и дека Спас Мартин го задолжил да им пише на задграничните преставници во смисла: 

„ Држете ја вие од таму здраво ситуацијата “ 

      Меѓутоа некои историчари сметаат дека Хаџи Николов ја разбрал својата грешка и дека најверојатно поради грижа на совест посегнал по својот живот односно си ја пресекол радијалната артерија и поради тоа подолго време се нашол во болница.


За можната улога на Комитетот се посочува изјавата на Софрониј Стојанов кој истакнал по враќањето во Софија дека си го уредил прашањето, притоа историчарите ја поставуваат дилемата дали оваа изјава се однесува на 5 бланко потврди или пак на предавството. 

Исто така се истакнува дека Софрониј не бил единствениот човек на Врховниот комитет во Солун и дека најголемиот предавник Милан Михајлов всушност бил нивни човек. 

Во однос на избивањето на аферата се доведува во прашање и улогата на членовите на поранешното Бугарско тајно револуционерно братство кои тогаш веќе биле дел од Организацијата, имено Јосиф Кондов бил член на Централниот комитет, а Иван Гарванов бил член на Солунскиот окружен комитет. 

Ни еден челен на поранешното Братство не бил уапсен иако биле на раководни и важни места во Организацијата. 

    Ангел Динев истакнува дека аферата не дошла дирекно од Милан Михајлов туку од Кочо Карловалијата кој бил предаден од Мито Петров од Мурарци кој го предал Карловалијата, а овој пак Милан Михајлов и дека така се разврзала аферата.


     На редовното советување во декември 1902 година, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други водачи на ТМОРО решаваат да не се крева фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил Гоце требала да биде: 

                           - „Не ние да ги победиме османлиите туку тие да не не победат нас“

          Потоа Гоце оди на терен, а зад грб бугарскиот агент Иван Гарванов свикува јануарско советување, кое според В. Думев (кој работи со Иван Гарванов):

Солунки Koмитeт 

 "НЕ БЕШЕ СВИКАН ДА РЕШАВА". (Зборник Илинден 1903-26, стр.114).

 


Гоце со комити (назад, втор од десно, eдинствен што не носи капа)


    Во средината на декември Христо Татарчев имал средба со бугарскиот премиер Стојан Данев и кнезот Фердинанд 1- ви и известил дека акциите идната година се неминовни. Кон крајот на ноември 1902 година ЦК на Гарванов и Задграничното претставништво ја донеле конечната одлука за кревање на востанието. Таа требало да се санкционира и затоа Иван Гарванов на 24 декември 1902 година испратил окружно за одржување на Конгрес. 

Задграничното претставништво откако го примило окружното од ЦК организирало советување во Софија кое траело неколку дена. На оваа советување присуствувале: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Матов, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Борис Сарафов, Михаил Герџиков, Кирил Прличев, Туше Делииванов, Христо Силјанов и други. На ова советување Матов и Татарчев ја поддржувале идејата за општо востание, додека пак Ѓорче Петров и Гоце Делчев се залагале за перманентно востание. 

Ѓорче Петров предложил да дојде до засилување на четите и терористичките акции кои постепено требало да водат кон востание кое не требало официјално да се објави. Михаил Герџиков предложил терористички напади кои би ја засегнале османлиската власт и европскиот капитал. Тој планирал да се формираат терористички групи по градовите кои би биле во контакт со Централниот комитет, а кон овие идеи клонел и Гоце Делчев. 

         Делчев истакнал дека Турција треба да се фрли во анархија, да се разниша Царството во неговите основи со што би се предизвикале Големите сили да интервенираат за решавање на Македонското прашање. Меѓутоа Делчев се решил за комбинирано дејствување со чети и терористички акции. На крај од советувањето се дошло до компромисно решение за засилени партизански дејства. По советувањето бил известен Централниот комитет дека тие се против општо востание но за партизански дејства. Треба да се истакне дека оваа советување не влијаело во одлуката за донесување на востанието бидејќи Солунскиот конгрес без да ги сочека резултатите од советувањето донел одлука за востание. 

       „Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата - или ќе водиме говеда на касапница.“- Гоце Делчев

        Во јануари 1903 година, Гоце Делчев се изјаснува отворено како прв против кревање на востание во Македонија таа година, познато потоа како „Илинденското востание“, како преран и неподготвен чекор. По негова иницијатива во Софија било организирано советување на група македонски револуционери меѓу кои биле: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Михаил Герџиков и други македонски револуционери од централистичкиот лагер на TМОРО. Се разгледувал предлогот за подигање на востанието, кое пред се било заговарано од врховистичкиот лагер на TМОРО (грешката на ТМОРО е да ги вклучи припадниците на ''бугарското тајно револуционерно братство''  во своите редови од кoи произлегува и Иван Гарванов), а најмногу од представниците на Организацијата во Костурско. 

         На собирот свои излагања имале Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и др. Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание; собирот се искажал против решението за подигање на востание.

    ... '' централна организација не била создадена, туку имало неколку мали организации. За неколку години, како и да е, една станала доминантна, таа која што го имала Делчев за лидрер (до убиство). Груев, сегашени војводи на битолскиот округ, Ѓорче Петров и Христо Татарчев како надворешни претставници, тие ги зеле зборовите на Гледстоун за нивно мото:

 „Македонија на македонците“

Тие се изјасниле како различни од бугарите и македонците врховисти слуги на Фердинанд во Бугарија кои имале оформено постар комитет со центар во Софија.

     Според Пејо Јаворов, поет и чест сопатник на Гоце Делчев, Гоце заклучил дека: 

"... TМOРО всушност тргнува по патот на самите врховни комитетети против кои беше војувала најжестоко...... кога Гоце ги читаше писмата, а тој ги беше препрочитал неколку пати од очите му се одронија солзи, кои паднаа врз шифрираните редови. 

Гоце чувствуваше дека останува сам: со своите планови, со своите мечти, со своите идеали , со деcетиците чети и со целиот македонски народ!" 

Прашање за востание


    ''Пристигнав во Софија, се најдов со Делчев. Со него зборувавме за положбата во Одринско. Во однос на окружното упатство од Солун, Делчев ми рече дека тоа бездруго станало по настојување на битолчани, но тој самиот рече, дека и тој бил повикан, но не сакал да оди во Солун. Уште тогаш тој признаваше дека по востанието кренато од цончевистите, положбата е затегната во целата земја - во Македонија, дека ние не можеме веќе да ја тераме онака како дотогаш, но дека не бива ни да се прибегнува кон некакво масовно движење, туку треба да се размисли за некаков нов начин на дејствување. Јас бев приврзаник на една теорија за терор, терор над административните власти во Турција. Делчев го знаеше ова мое гледиште; на вакво мислење јас бев уште во Женева, пред да влезам во редовите иа внатрешната организација. Делчев си спомни за ова мое гледиште, и ме замоли да напишам една брошура за тоа прашање. Јас немав време за такво нешто, но имав еден превод на една брошура, - речта на Емил Анри (Emile Henry) (тој фрлаше бомби во Париз во една кафеана). Делчев со средства на Организацијата го овозможи печатењето на таа брошура. Атанас Раздолов го стави своето име како издавач. Целта беше да се подготват одделни терористички кружоци, кои на своја лична иницијатива, ќе преземаат терористички акции. Делчев настојуваше јас самиот да заминам во Македонија, и по градовите да основам такви кружоци, кои од друга страна да бидат во врска со ЦК, да дејствуваат во согласност со него, и да го известуваат за сe. Јас сметав дека такви терористички кружоци можат да постојат врз автономни начела, и поради тоа не прифатив, а освен тоа бев мошне ангажиран во Одринско. И така тоа прашање остана нерешено, туку само разменивме мислења''.

— Михаил Герџиков, Спомени 

     Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Гоце Делчев, Иван Гарванов, Тома Карајовов, Туше Делииванов, Владимир Руменов, Никола Наумов, Лазар Димитров, Атанас Мурџев и домаќинот Бојан Биолчев. На оваа средба било разгледано барањето на битолчани за кревање на востание. Гоце Делчев, Руменов и Карајовов остро се спротивставиле за востание и била донесена одлука против дигање на какво и да е востание. 

Кога веќе било евидентно дека ќе дојде до Горноџумајското востание, Централниот комитет сметал дека движењето на Врховниот комитет не е сериозно и опасно, се искажал против него и го осудил. Но по избувнувањето на востанието, ЦК почнал да наклонува кон востание. Нa 26 септември 1902 година ЦК во преписката до Задграничното претставништво истакнал дека „ако бугарската влада се ангажира да го покрене прашањето, да не се држи многу остар јазик кон врховистите јавно, подобро ќе биде и ние да го развееме знамето“. Кореспонденцијата меѓу ЦК и Задграничното претставништво укажува дека: 
... прашањето за востанието се наметнало постепено, под притисок на врховистичкото востание. Евидентно е дека ЗП тоа го допуштало доколку дојде до усложнување на состојбата, и ако врховистичкото движење продолжи во зимата. Сфаќајќи го тоа, ЦК на чело со Гарванов, почнал алармантно да ја прикажува ситуацијата. Во реалностa било поинаку
Во почетокот на ноември „Врховистичкото востание“ спласнало и тогаш Иван Гарванов со новоназначените задгранични претставници Христо Матов и Христо Татарчев, во тајност од другите членови на Централниот комитет се решил за востание. Матов и Татарчев веднаш откако пристигнале во Софија на својата должност започнале преговори за помирување со Врховниот комитет врз основа за проширување на востанието. Тие тврделе дека тоа е желба на Централниот комитет, а за сето тоа ја имале поддршката на Иван Гарванов кој сакал помирување по секоја цена. Гарванов на 29 ноември 1902 година му пишал на Задграничното претставништво и истакнал: 


''Ќе треба да се распределат сите горски сили и уште отсега да навлезат во земјата, да се стокми набрзо динамит и повеќе пушки, та напролет дај боже здравје да си ја пробаме среќата''. 


Во средината на декември Христо Татарчев имал средба со бугарскиот премиер Стојан Данев и кнезот Фердинанд I и известил дека акциите идната година се неминовни. Кон крајот на ноември 1902 година ЦК на Гарванов и Задграничното претставништво ја донеле конечната одлука за кревање на востанието. Таа требало да се санкционира и затоа Иван Гарванов на 24 декември 1902 година испратил окружно за одржување на Конгрес. 

Задграничното претставништво откако го примило окружното од ЦК организирало советување во Софија кое траело неколку дена. На оваа советување присуствувале: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Матов, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Борис Сарафов, Михаил Герџиков, Кирил Прличев, Туше Делииванов, Христо Силјанов и други. На ова советување Матов и Татарчев ја поддржувале идејата за општо востание, додека пак Ѓорче Петров и Гоце Делчев се залагале за перманентно востание. 

Ѓорче Петров предложил да дојде до засилување на четите и терористичките акции кои постепено требало да водат кон востание кое не требало официјално да се објави. Михаил Герџиков предложил терористички напади кои би ја засегнале османлиската власт и европскиот капитал. Тој планирал да се формираат терористички групи по градовите кои би биле во контакт со Централниот комитет, а кон овие идеи клонел и Гоце Делчев. 

   Делчев истакнал дека Турција треба да се фрли во анархија, да се разниша Царството во неговите основи со што би се предизвикале Големите сили да интервенираат за решавање на Македонското прашање. Меѓутоа Делчев се решил за комбинирано дејствување со чети и терористички акции. На крај од советувањето се дошло до компромисно решение за засилени партизански дејства. По советувањето бил известен Централниот комитет дека тие се против општо востание но за партизански дејства. Треба да се истакне дека оваа советување не влијаело во одлуката за донесување на востанието бидејќи Солунскиот конгрес без да ги сочека резултатите од советувањето донел одлука за востание. 

Солунски конгрес

 „Солунски конгрес од 1903“.


 ''Конгресот по својот состав беше незаконит: според Уставот прецизно се бара, денот на востанието да го определи ЦК и окружните и околиските комитети. Конгресот траеше два дена. Немаше опозиција: единствено јас бев опозиција и затоа траеше два дена. Јас бев против: прво - затоа што нашиот, серскиот реон не беше подготвен за востание, а знаев дека и другите не се подготвени и, второ - затоа што мислев дека тој период не е соодветен, откако Ламсдорф категорично се искажа против движењето. Освен тоа, однапред го знаев мислењето на Сандански, на Делчев и на другите, кои беа против''.

— Лазар Димитров, Спомени 

Во јануари 1903 година се одржал Солунскиот конгрес. Меѓутоа еден дел од делегатите немале доволно време да стигнат на Конгресот и најверојатно тоа било и посакувано од Иван Гарванов. Гоце Делчев бил поканет на Конгресот но неговото појавување било непожелно. По добивањето на поканата Делчев истакнал:

 
... '''прашањето (за востание б.н) било наметнато од битолчани, и дека тој не сака да оди за Солун... по Џумајското востание, ситуацијата била затегната во целата земја, дека тоа не може да се толерира како дотогаш, но и дека не треба да се прибегне кон масовно востание, туку да се обмисли нов начин на работа''.

На третото заседание, на 16 јануари, кое траело само час и половина се прифатил и потпишал Протоколот за извршената работа и преземените решенија. Решително против востанието се изјаснил само серскиот делегат Димитров, но на крајот и тој се присоедини кон заедничкото мнение. Скопскиот делегат Димитар Ганчев, испратен со директива да дејствува за одлагање на востанието бар на една година, исто го потпиша затоа што и другите потпишале. Нај важниот аргумент против востанието – недостигот на доволно оружје во повеќето реони – било до извесен степен демантирано од уверувањата на Иван Гарванов, дека за скоро време ќе се случат крупни доставувања, како и од надежта, дека при општо востание, четите од Бугарија ќе префрлат значително количество пушки и други материјали. По донесување на решението за востание од страна на Солунскиот конгрес, окружните комитети биле задолжени да ги преземат потребните мерки за забрзување на подготовките за кревање на востанието. 

1902 Гоце Делчев со фамилијата

Нова концепција за борба

„Последна обиколка на Гоце Делчев“.


''Кај Делчев пред да загине, беше се јавило едно расположение за атентаторство. Јас го толкувам како резултат на неговото очајание за иднината на организацијата. Тој со своето влијание, со своето лично настојување, веднаш создаде јако расположение во тој правец. Толку јако, што Матов, Татарчев и Сие, макар и да беа против, не можеа да се противат, а требаше да содејствуваат. И јас не му го одобрував ова, предостанувајќи ги атентатите за после, кога ќе стане востание. Делчев беше незадржлив занесен по овај пат, сметајќи ги атентатите за едно од средствата на нашата програма. Главно се беше одушевил за атентат против железници и мостови. Под тоа влијание тогаш тргнаа неколку чети со експлозивни материјали. Освен Делчевата чета, друга тргна за Одринско, друга Савовата, друга со Пушкаров во Скопско. И станаа неколку обиди, колку да докажеме, дека не е по нашите способности оваа работа. Огромна беше количината на внесениот материјал од бомби и динамит, а резултатите ништо. Се покажавме просто некадарни''.

— Ѓорче Петров, Спомени 

Енигматично е прашањето: Зошто Гоце Делчев не ја искористил можноста за присуство на Солунскиот јануарски конгрес на МРО од 1903 година, иако добил уредна покана, во својство на подвижен член на ЦК. Можни се неколку одговори, но кој е вистинскиот? 

     Димитар Димески истакнува дека е можно, Гоце и Ѓорче Петров да имале постигнат договор за бојкотирање на Солунскиот конгрес. Главни носители на востаничката линија биле Иван Гарванов и Димитар Мирчев, поранешни дејци на Бугарското тајно револуционерно братство. Гоце не можел да најде заеднички јазик со нив. Меѓу другото, Димески истакнува дека Гоце застанал на чело на антивостаничката струја во македонското револуционерно националноослободително движење. 

Гоце бил убеден дека битката треба да се извојува внатре, во Македонија, преку преточување на новата концепција за борба. Најдобро тоа можел да го стори со серските револуционери, кои просто ги голтале неговите идеи. На 20 јануари 1903 година Гоце се упатил кон нив, па ако се изземе краткотрајната солунска епизода, тој останал со нив сè до својата смрт. Во Серскиот револуционерен округ постоеле силни цврсти столбови за Гоцевиот курс, како Јане Сандански, Таската Серски, Димитар Гуштанов и др. 

Веста за солунското решение, Гоце го примил во Неврокопско, коешто било насетувано, го изненадило како зимска грмотевица. Веднаш потоа, Гоце се договорил со Јане Сандански, Гуштанов и Пејо Јаворов, да вложат најголеми напори за отфрлање на солунското решение. За таа цел било одржано февруарското советување на Серскиот округ во селото Караќој, на тромеѓата помеѓу Серско, Демирхисарско и Неврокопско, при што Гоце добил целосна политичка поддршка за својата концепција. 

1903 Серскaтa чета

       Гоце извесно време престојувал во пештерата Капе на Али Ботуш. Во ова време Гоце фанатично се стремел да ги покаже предностите на новиот стил на борба пред едно можно востание. Тој имал на располагање четири товари на распрснувачки материјал. Дел од овој материјал бил искористен за еднонеделна обука на серските чети во пештерата Капе на Али Ботуш. Делчев во почетокот сакал да го разнесе мостот на Струма во Демирхисарско, но тој бил добро обезбедуван и затоа заминал за Драмско каде на 18/19 март бил разнесен мостот на Драматица (Ангиста), дел од тунелот, била прекината железничката линија и две телеграфски линии. Делчев му пишал на Пејо Јаворов сета акција во весникот Слобода или смрт да ја прикаже како дело на Организацијата, а не како на чета. Овој став на Делчев не претставувал скромност, туку желба за промовирање на новата тактика од името на целата Организација. 

Пештерата Капе на Али Ботуш

Токму тогаш кај Гоце пристигнала веста дека во Солун се вратил корифејот на Македонската револуционерна организација, Даме Груев. Гоце се упатил кон Солун за да се сретне со својот најсакан другар. 

    На 19 јануари 1903 година, Гоце Делчев со четатa  тргнува за Македонија; со него е и Јаворов. Истиот ден пристигаат во Самоков. На 19 март Гоце Делчев со својата чета го минира мостот на р. Ангиста; во воздух бил дигнат и тунелот на железничката пруга. На 19-20 април истата година Гоце Делчев пристигнува во Солун, а сместен е во просториите на Солунската бугарска машка гимназија. Тој има неколку среќавања со Даме Груев и со него го разгледува прашањето за подигање на востанието. 

Последна средба со Даме Груев


    ''Делчев тргна со силна желба да го види Груев, да размени мисли со него; во него имаше уште надеж, но отиде загрижен за организацијата. Тој стигнал во Солун. Тие вешто го оставиле само со Дамета, кој што 2-3 дена го држел во една стаја при себе и се мачел да му го разбие убедувањето против востанието. Даме успеал со тоа само да му го нанесе последниот удар на разочарение, како што беше се исповедал пред Пере Јаворов и други, со кои што се беше сретнал после во Серско. Овај дух на очајност проличува и во едно писмо до мене, во кое што тој ми велеше, дека ништо не може да се направи и дека оди во Серско, „да си ја даде главата“. Во Солун му ја возложиле мисијата да ги убеди другарите во Серско за востание и да го организира таму. Јане Сандански пратил чета да го пречека во Серското поле и да го одведе в планина''...

— Ѓорче Петров, Спомени 

     Особено значење имала средбата меѓу срцето и волјата на револуционерна Македонија. Средбата помеѓу Гоце и Даме била одржана во предвечерјето на Солунските атентати. Оваа нивна последна средба била мошне исцрпна. Даме за оваа средба оставил скржави зборови: Дојде Делчев во Солун. Правеше приговори. Главно наоѓаше дека Серскиот санџак е наполно лишен од оружје. Ние го утешивме со ветување дека ќе се достави потребното, Делчев се успокои. Дополнително светло за оваа средба фрла Лазар Димитров кој бил единствената опозиција на Конгресот кога била донесена одлуката за востание. Тој вели дека лично го информирал Делчев дека тој и Даме постигнале согласност по прашањето на востанието, да започне кон крајот на летото и да не биде масовно, односно да има четничко-партизански карактер. Според Лазар Димитров се: 


''(Со средбата се) ставило крај на спорот за подигањето на востанието... по оваа средба веќе немаше разлики меѓу Централниот комитет и дејците околу Делчев по прогласувањето на востанието''.


Априлската средба ги разбила Гоцевите илузии за ревизија на солунското решение. Во Солун, Гоце се сретнал и со гемиџии, но не успеал да ги убеди да ги одложат акциите за подоцна. Гоце имал посебна слабост кон нив. Своевремено им донирал 5.000 лева од мисстонките.

Елен Стон

Но гемиџиите не го послушале Гоце. По неговото напуштање на Солун, одекнале Солунските атентати. 

Натписи во весниците за атентатите на Македонските гемигии

Солун

      Гоце го напушта Солун и излегува низ вардарската капија и со воз се префрла во правец на Сер.

ПОСЛЕДНАТА АКЦИЈА

Последната акција кажува дека се многу подобриле во однос на користење на динамитот.

Гоцевата чета на 18/19 Март 1903 со динамит ќе го сруши мостот на реката Драманица (преименувана од грците по 1925 во Ангиста), близу градот Драма, Егејскиот дел на Македонија.
Со рушење на мостот на Драманица, Македонските комити ќе срушат и дел од тунелот, со што ќе ја прекинат железничката линија и две телеграфски линии.

      Вечерта на 2 мај Гоце Делчев пристига во с. Баница, на мала оддалеченост од Серез. За престојот на Гоце Делчев во Баница известена е турската управа  за движењето на Гоце и неговата чета.

           >>>>>> Гоце бил предаден уште во Cолун кога бил во бугарската гимназија од страна на ''бугарското тајно револуционерно братство''  и  Иван Гарванов, кое сега делувало во редовите на ТМОРО,  уште кога бил во Солун а потоа следен. <<<<<<

     Во зорите на 4 мај 1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба се известени од јатаците дека се опсадени од турската војска (аскер). Гоце наредува да излезат од куќата каде биле сместени и да се повлечат за да го спасат селото од зулум. Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од село Баница, Гоце Делчев бил погоден во левата града, паднал врз пушката, се обидел да се крене и паднал мртов.

Османлиска телеграма за убиството на Гоце Делчев - предна страница

Османлиска телеграма за убиството на Гоце Делчев - задна страница

       Постојат повеќе верзии за неговото загинување, изнесени од непосредните сведоци на неговата смрт. Михаил Чаков истакнува дека взори бил разбуден од еден полјак од селото кој му јавил дека Баница била полна со аскер. Потоа го упатил кај Гоце за да му го соопшти истото. Меѓутоа штом полјакот слегол доле бил прибран од аскерот. Чаков слегол долу и се упатил кон куќата каде што бил сместен Гоце. Од таа куќа излегле две девојчиња, кои му рекле и тој да се прибере во таа куќа. При средбата, Гоце направил распоред за одбраната, а потоа, штом забележал дека војската одела по куќите и претресувала, заповедал да излезат и тргнат низ селото. 

Јаворов по род Македонец од Пловдив со Гоце Делчев


      Пејо Јаворов дава малку поинаква верзија. Рано изутрина Гоце и другарите биле разбудени од некоја баба која им рекла: Станете, момци! Аскер го загради селото и пребарува по куќите. Гоце и комитетите биле готови за борба. Војската пребарувала по куќите и го собирала населението. Тие стигнале до куќата каде што бил Гоце со другарите. Гоце предложил да излезат од селото за да не биде запалено. Наместо да го чека мракот во утврдената камена куќа, наредил да излезат и да тргнат низ селото. По решението на Гоце, сите излегле на улица и се провлекувале до крајот на селото, каде што се наоѓала последната војска, и според Јаворов, Гоце извикал: Легнувајте! Првата пушка тој ја пукнал. Сите залегнале, а Гоце, според Чаков, застанал простум да ја полни пушката. Како луд му свикав: Легнувај, Гоце! Легна, но на самото легнување еден куршум го пронижа во левата града, и тој падна врз својата пушка... ги кладе двете раце наземи и се обиде да се крене гледајќи кон другарите што беа се растуриле покрај ѕидот на куќата и ги рече последните зборови: 
Ах, момци, рани...
и пушти душа. Веднаш го фатив за левиот опинок, како што беше легнал по очи и колку глас ме држи викав: Гоце, Гоце! - Никаков одговор. Изгасна за секогаш јуначката натура. Во борбата кај Баница учествувале 14 борци. Биле убиени: Гоце, Стефчо Трлишанчето, Кољо Консулата, Димитар Гуштанов. Бил ранет: Ѓорѓи Савеклијата. Другите се извлекле преку една плевна и заминале од селото. За одмазда, аскерот го запалил селото и го бомбардирал со топови. Биле изгорени 124 куќи, изгорени селани 5, убиени 4, затворени 24. За овој подвиг Тефиков добил полковнички чин. Во текот на борбата телото на Гоце останало на местото каде што тој паднал. По борбата Тефиков го познал Гоце и дал наредба да се пренесе во Серез. Тоа го сакале и некои други видни турски управници од Сер за да го носат Гоцета како воен трофеј и да го деморализираат населението. Меѓутоа, пристигнала наредба од Солун да се остави Гоцевото тело во Баница и тука се погребе. Така загинал Гоце во Баница, храбро и достоинствено. Го даде својот живот за ослободување на Македонија. 

Битката

      Пред почетокот на самата битка турските власти добиле точни подтоци за бројот на четниците и каде точно тие биле сместени, во кои куќи. Ноќта на 3 мај селото било опколено од страна на османликста војска. Бројот на турските сили се состоел од 300 војници и жандармериски и башибозлучки формации, од. Од друга страна пак бројот на четата изнесувала 21 четник на кои им се придружиле и околу 40 селани. 

Борбата започнала утрото во 10 часот на 4 мај, Гоце Делчев прв припукал кон аскерот по што бил погоден и паднал на земја, при обидот да стане повторно бил погоден и загинал, а останатите продолжиле да стрелаат. Битката траела 30 часа и завршила на 5 мај во 16 часот. 

Во текот на борбата загинал еден од најистакните водачи на Организацијата зедно со 11 четници. По судирот турците го запалиле селото, а 166 селани биле затворени. Османалиите од своја страна имале 8 ранети и 5 загинати. 

   Гоцевата саможртва за делото на ослободувањето на народот во Македонија и Одринско и создавање на независна или автономна македонска држава му  донесе  признание и почит. Неговото име стана легенда, вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги возбудуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.

       Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало „Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребени во главниот град на независна Македонија. Август 1923, Илинден“. Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.

goce delchev

Завет за Гоце Делчев

goce delchev

Весникот МИР, Софија 27 мај, 1903 година

(!903 Софија, седиште на тогашното османлиско вазално кнежество - Бугарија, не држва до 1908)

Известува за отслужување панихида за македонскиот револуционер Гоце Делчев (а, според весникот Делчов) во Ќустендилската црква "Св.Богородица".
Поворката носејќи го портретот на Делчев поминала покрај куќата на Дедо Иљо Малешевски, а говор одржале учителите Васков, Вјажаров и некои од македонските дејци.

 

Странските весници од времето за смртта на Македонскиот ''шеф'', ''генерал'', главниот Македонски лидер Гоце Делчев

 

Песна за Гоце

 

ГИ ЗАКОЛНЕМЕ ИДНИТЕ ПОКОЛЕНИЈА ДЕКА СВЕТИТЕ МОШТИ ЌЕ ГИ ЗАКОПАМЕ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

Завет за Гоце Делчев од Михаил Чахов - ВМРО

Завет за Гоце Делчев од Михаил Чахов - ВМРО

Протокол

Пренесување на светите мошти на Гоце Делчев во Главниот град на Независна Македонија

НА ДЕН 07/01/1946 Е исполнет е заветот – светите коски на Гоце Делчев од Бугарија да се носат на почивање во главниот град на слободна Македонија!

Чествувањето на ликот на Гоце Делчев е тесно поврзано со неговата револуционерно национално-ослободителна борба. Едно од најголемите чествувања е пренесувањето на Гоцевите останки од Софија во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ова чествување било една од најголемите манифестации во историјата на современата македонска држава со највисоки државни и воени почести.

Михаил Чаков и Таската Серски една ноќ во 1906 годината се упатуваат скришно во Егејска Македонија или поточно во Баница со една цел: Да ги откопат коските на Гоце Делчев кои ќе бидат потопени во шпиртус и ќе бидат положени кај олтарот на црквата во Баница. Неколку години подоцна, односно во текот на двете Балкански војни, Баница била трипати палена, а еднаш и црквата во која се наоѓале и коските на Гоце, но тие останале целосно неоштетени.

Михаил Чаков мислел дека црквата повторно може да се најде во опасност, па затоа во 1919 година тајно ги зема моштите и ги пренесува во неговата куќа каде ги чувал дури 4 години. Веќе во 1923 години ковчегот е однесен во Софија во просториите на Илинденската организација, организација на македонските револуционери – емигранти кои биле следбеници на идеалите за Слободна и Независна македонска држава. Михаил Чаков пред да го пренесе во Софија на ковчегот напишал:

„Ги заколнуваме поколенијата, светите коски да бидат погребани во идната столица на Независна Македонија. Август 1923, Илинден“.

Овој величествен чин за македонската историја е документиран и снимен со камера во документарниот филм „Македонија“ кој ќе биде забранет од бугарските власти, а режисерот на филмот по наредба од бугарскиот слуга Ванчо Михајлов е заклан!

Во 1946 година Гоцевите свети коски се пренесени во Македонија. Интересен факт е дека Македонците во знак на почит го носеле три дена (7,8,9 октомври) пешки го носеле ковчегот од Софија преку Пиринска Македонија. На 8 октомври коските пристигнале и во Струмица а доцна ноќта и во Штип. На 9 октомври Гоце конечно е пренесен и во Скопје каде и до ден денешен уште неговите коски почиваат таму. Вечна слава!

 


Неколку градови и села го носат името на Гоце.

Постојат повеќе теории за тоа што довело до загинувањето на Делчев. Една од најистражуваните е таа што вели дека предавник е Андреј Хрлев од Броди, учител и благајник на Организацијата, кого и Даме Груев го споменува во своите спомени. Него го посочува и Пејо Јаворов, бугарски поет со ерменско потекло, прв биограф на Делчев, близок пријател на војводата, а пред неколку години и бугарскиот историчар д-р Димитар Тулеков објави ексклузивни материјали за можните предавници на Гоце, меѓу кои го спомнува и името на Андреј Хрлев. Но и тој не ја расчистува мистеријата. Со Хрлев посебно се има занимавано д-р Христо Андонов Полјански, за на крајот да заклучи дека прашањето за предавството на Делчев и „натаму останува под превезот на таинственоста“.

УЧИТЕЛОТ ОД БРОДИ

Андреј Хрлев имал зет Турчин, а пролетта 1903 година веќе бил разочаран од македонското ослободително движење. Тој навистина би можел да биде предавникот, но симптоматично е што бил поштеден од одмаздата на Организацијата, која наместо него убила десетина селани од Баница и од Броди, сметајќи ги за виновници за смртта на Делчев. Меѓу ликвидираните е и Ѓорѓи Агов од с. Старчишта, Неврокопско. Обвинението е дека тој бил облечен во турски алишта и ја водел потерата кон Баница. Во декември истата година, во речиси изгореното село Баница, Марин Георгакиев е исечен на парчиња токму на местото каде што е убиен Гоце, а Коста Маџаров, Ѓорѓи Орешков и Коста Петров се заклани врз гробот на Гоце. Неколку ликвидации извршил и војводата Таската Серски, а од страна на четата на Илија Тешовалијата биле убиени и таткото Апостолов од селото Баница, неговите двајца синови и едната снаа. Како учесници во други предавства биле ликвидирани и Георги Дурата, Михаил Каптовали и Атанас Костов.

Триесетина години подоцна, Андреј Хрлев, за кого уште во тоа време по весниците се пишувало дека го предал Делчев, напишал текст во кој тврди дека предавството е извршено од двајца врховисти во врвот на Организацијата во Солун. Меѓутоа, ниту тој ниту кој било друг наведува поконкретни податоци за тоа кои би можеле да бидат тие двајца предавници. Интересно е, меѓутоа, што во една турска шифрирана телеграма поврзана со убиството на Делчев стои дека даскалот од Броди, Андреја Ѓорѓи Хрлев, на 16 мај 1903 година примил „бомби донесени од Неврокопско и ги внел во црквата“. Значи, власта знае дека скрил бомби. Зошто тогаш не го уапсила, кога за такви работи се одело дури и во Дијарбакир?

Следната линија на предавството ја загатнува Ѓорче Петров, кој, повикувајќи се на разговор со сестрата на Делчев, Руша, во своите спомени вели дека војводата бил откриен уште во Солун. Гоце во Солун пристигнал на Велигден 1903 година, за да се сретне со Даме Груев и да расчистат за различните ставови околу самото востание. Двајцата останале три дена затворени во соба во солунската гимназија и што разговарале таму никогаш не е разјаснето.

БУГАРСКА ТРАГА

За разговорите во Солун главно е прифатено искажувањето на Груев во неговите спомени дека Делчев бил вознемирен поради одлуката за востание, зашто сметал дека недостига оружје. Меѓутоа, Груев наводно успеал да го смири убедувајќи го дека ќе се отворат нови канали за снабдување, по што наводно Делчев бил принуден да го прифати аргументите на Даме.

Наспроти тоа, Ѓорче Петров тврди дека Делчев во Солун го доживеал „последниот удар на разочарување“ и дека во градот имало некој „шпион близок до нашите луѓе“, кој, според него, ги известил турските власти за движењето на Делчев. Трагата може да оди до врвот на ЦК на ВМРО, но и оваа линија засега не може цврсто да потврди, ниту отфрли. Една од последните траги во истражувањата за убиството на Делчев е откритието на д-р Михајло Миновски од пред неколку години, кој во Софија дошол до еден текст во весникот „Македонско знаме“ од 1934 година, во кој е отпечатено сведоштво на учесник во Илинденското востание. Сведокот ги пренесува искажувањата на Георги Думчев Карчо (загинува со Даме Груев во декември 1906 г.), кој бил со Гоце во Баница. Според сведоштвото, кога сфатиле дека Баница е опколена, Карчо му предложил на Гоце да откријат послабо бранет пункт низ кој би можеле да се извлечат од опсадата. На тоа Гоце му одговорил со следните зборови: 

„ Карчо, ако бевме предадени од овде, ќе најдевме можност да излеземе од опсадата, но изгледа дека сме предадени од Софија. Затоа не можеме да се спасиме“.

Интересни моменти за загинувањето на Делчев пред неколку години раскажуваше еден потомок на славен македонски револуционер од тоа време, според кого во архивот во Истанбул постои телеграма што јасно посочува на предавство на Делчев, а која била испратена до турските власти од лице чие име се наоѓа во македонската химна! ... ( се однесува збор за Даме Груев) ,.... Тука некаде се и шпекулациите што велат оти уште одамна турски извори им сугерирале на нашите научници дека е подобро и да не ја дознаеме вистината за загинувањето на Делчев.

– Како одела линијата на движење на Гоце од Солун кон селото Баница. Реконструкција на неговите последни денови, со кого се сретнал, што зборувал, каде отседнал во Баница, но и кој го предал, и зошто тој бил ликвидиран пред најавеното општо народно востание во Македонија? Како предавниците дознале дека тој од 27 до 29 април 1903 година во Солун (стар календар), значи два-три дена бил затворен во соба со Даме Груев, кој се обидувал да го убеди да го прифати донесеното решение за кревање на востанието? Дека имало добро организирано предавство потврдува и шифрираната телеграма од турската управа на Серскиот санџак, испратена на 4 мај 1903 година до Назим -бег, во која известува дека ‘врз основа на тајно спроведена истрага и примените известувања од разузнавачи (шпиони) добиени се информации за движењето на Гоце Делчев кон Банско.


– Како одела линијата на движење на Гоце од Солун кон селото Баница. Реконструкција на неговите последни денови, со кого се сретнал, што зборувал, каде отседнал во Баница, но и кој го предал, и зошто тој бил ликвидиран пред најавеното општо народно востание во Македонија? Како се одвивала битката во Баница од час во час, во колку часот почнала, како се движел Делчев, зошто не сакал војводите да го штитат и да се спаси? Како предавниците дознале дека тој од 27 до 29 април 1903 година во Солун, значи два-три дена бил затворен во соба со Даме Груев, кој се обидувал да го убеди да го прифати донесеното решение за кревање на востанието? Дека имало добро организирано предавство потврдува и шифрираната телеграма од турската управа на Серскиот санџак, испратена на 4 мај 1903 година до Назим-бег. Со неа известува дека ‘врз основа на тајно спроведена истрага и примените известувања од разузнавачи (шпиони), дознавме дека во серските села Раховица, Баница, Фраштан М’клен и во нивната околина, обиколува една бунтовничка чета. Откако од извршената претрага се дозна дека во гореспоменатото село Баница се кријат дваесет души, оваа ноќ пред зори ова село е блокирано. Од исказот на едно лице од жандармеријата, дојдено од споменатото село, судирот започнал во 11 часот…’

Од документот шо се чува во турскиот архив во Истанбул се гледа дека Гоце бил предаден од шпиони, а турската војска имала прецизни податоци за неговото движење. И без овој документ, сите досегашни сознанија на историчарите водат кон тоа дека предавството е извршено во Солун, каде што Делчев неколку дена разговарал со Даме Груев и Иван Гарванов, објаснувајќи ги своите аргументи против општонародно востание во Македонија. По таа средба, разочаран од цврстиот став на Даме Груев дека востание мора да има, Гоце Делев тргнува кон Сер а потоа од Сер кон Баница.. .

ДАЛИ АНДРЕЈ ХРЛЕВ ИМАЛ ИНСТРУКЦИИ ЗА ПРЕДАВСТВО ОД СОЛУН?

Бугарскиот историчар д-р Димитар Тулеков, кој долго време ги истражувал сите околности околу убиството на Делчев, пред неколку години објави ексклузивни материјали за можните предавници на Гоце, меѓу кои го споменува и името на Андреј Хрлев, учител и раководител на Организацијата во серското село Броди. Дали Хрлев е човекот за кој Даме Груев вели дека предавството го ‘извршил касиерот во Броди’, или пак тој е некоја друга личност. Факт е дека Андреј Хрлев пролетта во 1903-та година, значи во времето кога е ликвидиран Делчев, ве}е бил разочаран од македонското ослободително движење, но симптоматично е тоа зошто, доколку навистина тој е предавникот, бил поштеден од одмаздата на Организацијата, која наместо него убила десеттина селани од Баница и Броди како директни виновници за смртта на Делчев. Триесеттина години подоцна истиот Хрлев, за кој уште во тоа време по весниците се пишувало дека го предал Делчев, напишал текст во кој тврди дека предавството е извршено од двајца врховисти во врвот на Организацијата во Солун. Од друга страна, во една шифрирана телеграма поврзана со убиството на Делчев испратена од Окружната управа на Серез до Големиот везир во Стамбол, стои дека даскалот од Броди, Андреја Ѓорѓи Хрлев, на 16 мај 1903 година, значи 12 дена по убиството на Гоце, примил ‘бомби донесени од Неврокопско и ги внесол во црквата’.

Како и да е, по предавството турската војска го опколува селото со два одреда војска, еден одред жандармерија, а на помош доаѓаат и околу двеста коњаници од специјалната единица што се користела само за значајни акции. Оттука може да се претпостави дека тие знаеле кој е во селото, зашто инаку не би посветиле толку големо внимание. Ако имале информација дека се работи само дваесеттина обични бунтовници, тогаш ќе прателе обичен башибозук или локална жандармерија. Фактот што само за тој настан, во кој е убиен идеологот на македонското ослободително движење, сите турски служби со шифрирани телеграми ја изветиле Портата во Цариград, доволно говори за големината на самиот настан.

КАКО Е ОРГАНИЗИРАНО ПРЕДАВСТВОТО?

Иако од убиството на Гоце Делчев се поминати 116 години, се уште поставува прашањето кој го извршил предавството и како е извршена целата предавничка акција, почнувајќи од главниот извор во Солун? Според истражувањата на проф. д-р Христо Андонов -Пољански, кој беше еден најупорните истражувачи на Гоцевото време и дело, убиството на Делчев и ‘натаму останува во превезот на таинственоста’ се’ додека не бидат отворени ‘трезорите на цариградските, софиските, атинските и другите архиви во регионот’.

Од друга страна, проф. д-р Александар Стојановски, пак, кој пред десеттина години успеа да пронајде непознати турски документи поврзани со убиството на Гоце Делчев, смета дека судот на историјата е валиден само ако се базира на автентични информации и документи, кои ќе расчистат многу дијаметрално спротивставени тврдења околу убиството на идеологот на македонското ослободително движење.
Како почнал патот кој ќе заврши со смрт на највлијателната личност на македонската револуционерна организација во почетокот на двесеттиот век? Според автентичното сведоштво на Пеју Јаворов, кој бил со војводата во деновите пред убиството во Баница, Делчев уште на седми април 1903-та година му соопштил дека ќе оди во Слун за да се сретне со членовите на ЦК, како и со неговиот ‘најсакан другар Груев’ со надеж да најдат заедничко гледиште во врска со најавеното востание. Две недели подоцна Делчев тргнува за Солун, преправен како селанец од блиските села, со кошница вапцани велигденски јајца. Тоа се случува на 26 април 1903-та година. Во Солун тој се сретнува со Иван Гарванов и Даме Груев, и лично од Груев го доживува ‘последниот удар на разочарување’, како што потврдува и Ѓорче Петров во своите спомени.

Од друга страна, лично Груев во своите спомени признава дека Гоце бил многу возбуден и разочаран од решението за востание, тврдејќи дека народот не е доволно вооружен а серскиот санџак е сосема без оружје. Разочаран од својот близок пријател Груев, проблечен како ќумурџија, со поцрнето лице, метла во едната рака и сноп праз под мишката, Гоце го напушта Солун најверојатно на 29-ти април. Не знаејќи дека веќе е предаден, тргнува кон Сер, следен од шпионот кој редовно го известува штабот на Третата армија во Солун. Бидејќи по пат поминал низ неколку села, во селото Ловча бил на први мај, со идеја да свика Окружен конгрес на TМOРО, за кој, како што изгледа, ништо не знае ни Даме Груев, ни другите од раководството на Организацијата. Конгресот бил планиран за 6-ти мај 1903 година, и на него требало да се донесе конечна одлука за тоа дали Серскиот округ ќе учествува во востанието и доколку учествува, да се направи ‘план за предвидените дејствија’. Се разбира, за жал, Делчев не стигнува да го одржи Конгресот, бидејќи два дена пред тоа е ликвидиран во Баница. Значи, по краткиот одмор и таен состанок во селото Ловча, тргнува кон селото Дутли, каде што ја има оставено униформата и оружјето.

Гоце Делчев во униформа и оружје

Гоце Делчев во униформа и оружје

Таму е на втори мај, и веднаш продолжува кон Баница, каде што се сместува во куќата на Георги Трендафилов, со широк двор ограден со камени ѕидови. Утрото на трети мај Делчев раскажува сон за убиството на неговиот брат Милан, а истиот ден четите на војводите Михаил Чаков и Димитар Гоштанов веќе се во ‘Лескиот’ над селото. Тие веќе биле известени дека на 6-ти мај треба да се одржи Окружен конгрес за да се заземе конечен став во врска со најавеното востание. Бидејќи местото каде што биле сметени било прилично повисоко од селото Баница, тие први забележале дека војската го затвора обрачот од правецот на селото Горно Броди, значи од правецот што го посочува Даме Груев преку ‘предавството на касиерот’.

ЛИКВИДАЦИЈА ЗАТОА ШТО СЕ СПРОТИВСТАВИЛ НА ОДЛУКАТА ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ?

Како што тврди бугарскиот историчар д-р Димитар Тулеков, кој последниве неколку години интензивно истражувал во бугарските, но и во архивите на соседните земји за убиството на Делчев, војводите истата ноќ, на 3-ти мај, добиваат наредба преку серскиот окружен раководител Лазар Димитров, да дојдат на средба со Делчев во Баница. Уште ноќта тргнуваат надолу кон селото, и на 4-ти мај, околу 2 часот по полноќ, веќе се Баница. Делчев ги прима во куќата на Запро Ципаров. На таа средба е договорено Конгресот да се одржи на предвидениот датум, а во меѓувреме обрачот околу Баница веќе е поставен. Значи, турската војска добро знаела што се случува и кого бара. Според него, ако Турците немала прецизни информации дека во селото е Гоце Делчев со својата чета, прво немало да ангажираат толку војска и второ немало да прават таков обрач, кој во други прилики не го правеле ни за многу поголеми чети за кои добивале информации од месните шпиони. Тие добро знаеле кого имаат во обрачот и што значи неговата ликивидација за македонското револуционерно движење. Предавството им дошло како премија. Тоа е факт кој не може да се негира, иако некои ‘официјални’ информации , кои се всушност се само покривање на трагите, оперираат со тоа дека војската барала комити воопшто, а не лично војводата Гоце Делчев. Еве еден доказ за тоа.

Веднаш штом изгреало сонцето, турските војници го започнуват деталниот претрес на селото. За тоа постои сведоштво на старецот Иван Калин од Беница: ‘Ја претресуваа секоја куќа од дворот до таванот, барајќи човек ‘чија глава е проценета на 1000 лири и бимбашиски чин’ од Султанот . Сите мажи не’ собраа кај ‘камбанаријата’, не’ наредија во долга редица и тогаш пред нас излезе еден турски офицер, кој говореше на наш јазик подобро и почисто од нас…’ Се поставува прашањето кој е тој Турчин? Тоа е Х. Тефиков, стар познаник на Гоце, со кого заедно учеле во Софиското воено училиште. Зошто токму тој е дојден во Баница? Едноставно токму за да го идентификува Делчев, доколку биде фатен или убиен. Тој тоа и ќе го прави. Кога војската доаѓа до убиениот војвода, по наредба на Тефиков ги превртуваат убиените, а меѓу нив и трупот на Делчев. Според сведоштвото на очевидци, кои биле донесени за да ги идентификуваат убиените, Тефиков радосно извикал: ‘Ете, тоа е Делчев’.

Кој ги добил 1000 златни лири не се знае, но се знае дека Тефиков набрзо бил унапреден. Оттука нема никакви дилема дека тој доаѓа во Баница за Гоце, за да се ликвидира токму тој што го барале. Затоа тој лично го потврдува идентитет на убиениот Делчев. Секако, за тоа однапред имале точни податоци од Солун, а потоа и добри шпиони кои го следеле движењето на Делчев низ селата.
Како се одвивале акцијата за ликвидација на Гоце Делчев? Благодарејќи на сведоци, но и на документи на турската војска кои се објавени и во Македонија, реконструирана е целата операција. Знаејќи со кого си има работа, турската војска најпрво сака да знае точно во која куќа е Делчев. За да ги заплашат селаните, го убиваат Стојан Попов, раководител на TМOРО во Баница, и тргнуваат да палат куќа по куќа во селото. Војводата Делчев, заедно со Михаил Чаков, Георги Радев, Димитар Гоштанов и нивните чети го напуштаат домот на Георги Трендафилов и Запро Ципарев негде околу десет часот претпладне. Нивната намера е да стигнат до горниот крај на селото, до последната плевна на ‘Рамница’ и оттука да се повлечат кон патот за Фраштани. Групата што ја предводел Гоце Делчев излегла на ‘Бакарово гумно’ и останувало само да се мине ‘Дешковата пољана’. Сето тоа го гледале и Катерина Демерџиева од Баница, која подоцна го раскажала како сеќавање за крвавиот настан во нејзиното село. За жал, таа била сведок и на последните минути од животот на Гоце. Имено, кога тој излегол на ‘Бакарево гумно’, од другата страна се појавиле неколку турски војници, кои биле скриени зад нискиот камен ѕид на гумното. Според директното сведоштво на Демерџиева, Гоце стрелал прв кон војниците, но пред да залегне еден куршум му ги пронижува градите. Тука веќе е завршена работата која требало да ја заврши специјалната потера, која тргнала со добри информации добиени од Солун за движењето на Гоце Делчев.

Се поставува прашањето кој знаел дека Гоце ќе оди токму во Сер и дека во Баница треба да се сретне со војводите кои требало да го носат товарот на востанието, ако воопшто се согласеле да има востание во Серскиот округ? Или, со кого Гоце единствено се видел од Солун? Дали некој не бил уплашен дека највлијателниот човек во македонското револуционерно движење може да ги наруши плановите за кревање на општонародно востание, за кое до последникот ден сметал дека е предвремено и недоволно подготвено?

НЕ САКАЛ ДА ГО ШТИТАТ, САМ ТРГНАЛ

Заедно со Делчев, во последната негова битка, загинуваат и Димитар Гоштанов, Стефан Тодоров, Димитар Паљанков, а Ѓорѓи Савеклијата е ранет. Лекуван, суден а потоа во 1906-та година амнестириран од Турците. Според турските документи што ги објави проф. д-р Александар Стојановски, во Баница се водела 30 часовна борба, во која загинале 11 комити и војводи. Сведоштвата на оние што биле во селото, потврдуваат дека меѓу оние што се спасиле биле Михаил Чаков, Георги Радев, Димо хаџи Димов, Таската Серски, Атанас Савеклијата и други. Иако војводите што биле околу него, инсистирале тие да го штитат а тој да се повлече со неколкумина четници, Делчев одлучил сам да се пробива низ обрачот. Некои тврдат дека тоа бил и некаков негов револт кон она што му се случувало во последните три-четири месеци, откако дознал дека некои луѓе во врвот на Организацијата донеле одлука за востание, без да ги знаат состојбите на теренот. Според војводата Михаил Чаков, на петти мај утрото, значи речиси дваесет и четири часа по убиството на Гоце, турскиот аскер доаѓа кај убиените, од кои некои лежеле ничкум. Ничкум лежел и Гоце. По заповед на командирот, војниците почнале да ги превртуваат труповите, а кого го првртеле Гоце, офицерот Тефиков веднаш покажал со прст во него, велејќи дека тој е човекот што го барале: “Тоа е Гоце”.

Историчарот д-р Димитар Тулеков, тврди дека веднаш по убиството на Делчев меѓу народот кружеле информации за предавство на Делчев, но и имиња на предавници кои ја помогнале нарачаната ликвидација да се реализира. Бугарскиот историчар тврди дека предавство има, но голем број од верзиите се противречни или взаемно се исклучуваат. Меѓу имињата кои најчесто се спомнуваат како директна врска меѓу нарачателот и штабот на Третата армија на Турската армија во Солун, е учителот Андреј Хрлев од Баница, кој имал зет Турчин, и одлично живеел со него. Од друга страна, Даме Груев, кој последен се видел со Гоце само неколку дена пред да биде убиен, во своите спомени тврди дека Гоце е ‘предаден во селото Броди од благајникот’, веројатно се мисли на благајникот на селскиот комитет на Организацијата. Ако е така, тогаш зошто во Баница се убиени четворица селани како предавници, иако нив никој не ги спомнува во тој контекст? Или: луѓето на ТМОРО во Серско, веднаш по убиството на Гоце, вршат своја истрага, па во врска со тоа , речиси 16 месеци подоцна го убиваат Ѓорѓи Агов од селото Старчишта, Неврокопско. Обвинението е дека тој бил облечен во турска алишта и ја водел потерата кон Баница. Во декември истата година, во речиси изгореното село Баница, четата на серскиот војвода Георги Радев, кој бил со Делчев во миговите кога бил убиен, казнува со смрт четворица селани: Марин Георгиев е исечен на парчиња токму на местото каде што е убиен Гоце, а Коста Маџаров, Ѓорѓи Орешков и Коста Петров се заклани врз гробот на Гоце. Единствено обвинение за овие четворица луѓе е тоа што не ја исполниле наредбата на Радев да го убијат турскиот стражар во селото пролетта во 1903-та година. Потрагата по предавници ја продолжува и војводата Таската Серски, кој ликвидира неколкумина поради сомневања дека се предавници на Делчев.

Од друга страна, старицата Катерина Демерџиева во своите подоцнежни спомени како можен предавник го посочива и некој си Енус Мутафчиев, кој бил убиен дури во 1912 година. Нигде нема податоци што се случило со ‘благајникот’ што го посочува Даме Груев, но најсимптоматично е исто така дека нема податоци ни за евентуална одлука на ЦК на ТМОРО за конкретна и сеопфатна истрага во врска со убиството на Делчев, какви што се правеле при убиства на други видни дејци на ревиолуционерното движење. Се добива впечаток дека другарите од ‘врвот’ како многу брзо да го заборавиле апостолот на македонското револуционерно движење.

Што се однесува пак до Андреј Хрлев, Георги Баждаров, подоцнежен задграничен преставник наTМOРО, се согласува дека тој бил предан член на ВМРО, но како селски раководител, пролетта во 1903-та година, кога Гоце е убиен, тој ја ‘губи претходната увереност во успехот на народното дело’. Во таква состојба, разочаран и колеблив, тој бил собран од турската војска при опсадата на селото Горно Броди. Дали Даме Груев мисли на него кога го спомува ‘благајникот’ од Броди, не се знае. Но, фактот што го потврдува и турската власт во документите е дека признал многу работи, но меѓу нив нема пишан доказ дека тој навистина го извшрил предавството.

Според д-р Тулеков, самиот Андреј Хрлев, триесет години подоцна, публикува спомени со наслов: ‘Кој го предаде Гоце?’. Во тој текст Хрлев тврди дека турската војска при опколувањето на Баница ја воделе двајца врховисти испратени од Солун?! Кои се тие двајца врховисти никој не знае, но сепак може да има и некаква логика во тоа, зашто токму врховистиката струја е таа која упорно се залага за кревање предвремено востание во Македонија. Сепак, доколку предавството го извршил Андреј Хрлев, тогаш зошто тој не е казнет од TМOРО, туку се казнети некои селани за нешто што нема директна врска со настанот во Баница?
Благодарејќи на документи од европските дипломати пред извесно време се откриени две нови верзии за убиството на Гоце Делчев. Едната е од 12 мај 1903-та година на англискиот генерален конзул во Солун, Алфред Билиоти до амбасадорот О’ конор во Цариград:

„На 4 мај 1903 учител во Баница е уапсен близо до Сер поради поседување на неколку куршуми за манлихерка. Тој бил затворен, и дал значајни информации кои доведоа до блокирање на Баница и до последниот судир…“

Другиот документ е допис од 13-ти мај 1903-та година на францускиот конзул во Солун, Стег, до министерот на надворешни работи Делкесе. Според тој документ ‘еден селанец од Горно Броди им кажал на Турците дека во Баница има лица од комитетот (TМOРО). Селото е блокирано и по 20 часа четата е уништена’.

Значи предавство има, а сите канали водат во Солун од каде што е тргната информацијата за движењето на Делчев. Оттука, од Солун и тој тргнал кон Баница.

Сведoштва за Гоце Делчев

Сведoштва за Гоце од внукaтa

 

Народот македонски за Гоце испеал многу песни

 

Песна за Гоце

Песна за Гоце

 

 

Песна за Гоце

Песна за Гоце

 

Mакедонски песни за македонскиoт воjводa Гоце Делчев

Чествување 100 години од раѓањето на Гоце Делчев во СР Македонија

МакедонскаРО - ТМакедонскаОРО - ВМакедонскаОРО - ВМакедонскаPО,
во своите редови имале и припадници од другите народи, но СИТЕ тие се бореле за Независна Македонија со главен град Солун.
Значи бугарите и останатите да си ја гледаат "мувата на капата" и да не се занимаваат со Македонски револуционери кои се само дел од Македонската историја.

На политичките структури кои го негираат Македонскиот народ треба да им се забрани пристап кон гробот на Македонскиот револуционер Гоце Делчев, засекогаш.

На Македонскиот народ во Пиринскиот дел на Македонија, не им дозволиле да вејат Македонски знамиња, на прославата по повод 151 години на раѓањето на Македонскиот револуционер Гоце Делчев, тие сепак го одбележале поводот.


Од ЕУ цивлизација Издвојуваме

Можеби идната година

Како што рекол Александар Македонски, ништо не е невозможно, за тој што ќе се обиде

Треба да ја познавате Македонската историја, за да во сегашноста изградите подобра иднина. Ако историјата е изградена врз фалсификати ќе изградите лажна иднина.

 

 

 

 

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

'' ,.. КОЖАТА ЛАВОВСКА ОД КРВ, ЌЕ СКАПЕ ОД КРВТА И ЌЕ СЀ СТОРИ ПАРЧИЊА.

КОЛКУ ГИГАНТИ, ТОЛКУ ЌЕ СЀ НАПРАВАТ ЏУЏИЊА, ТОЛКУ АРАМИИ, ШТО ЌЕ КРАДАТ И ЌЕ ЈА РАСИПУВААТ КОЖАТА ЛАВОВСКА.

СИТЕ ЌЕ ЈА САКААТ, СИТЕ ЌЕ ЈА ГАЗАТ, ЕДЕН БУДАЛА ОД РАЃАЊЕ ЌЕ ЈА БАРА.
ПУРПУРОТ ЌЕ СЕ ИСКИНЕ И ЌЕ СЕ НАПРАВИ ВАЛКАН ОД КРВТА И КАЛТА.
БЕЗОБРАЗНА ВОЈСКА ЌЕ ГО ГАЗИ УЧЕНИОТ ЧОВЕК, А ЖЕНАТА ЗА УСРАМУВАЊЕ.

НА ПОП ЌЕ ГО ДАДАТ ПУРПУРОТ ЗА ЛАЖЕЊЕ.
ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА ЌЕ СЕ КОЛАТ И ЌЕ СЕ НАДЕВААТ НА РAЖЕН.
СИНОТ НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ СМЕЕ И ЌЕ СЕ СМЕАТ ДО НЕГО.

ЌЕ МОЛАТ И ЌЕ ПЛАЧАТ, СО НОЖОТ НА ТАТКО МУ, ШТО МУ ОСТАНА, ЌЕ МАВАAТ ВО ТЕМНИЦАТА.
ТРИЕСЕТ И СЕДУМ ДЕНА ЌЕ ПОМИНАТ КОГА ВИДЕЛОТО НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ УГАСИ И ПУРПУРОТ (СОНЦЕТО) ШТО ГО МИНУВА СИНОТО ВИДЕЛО НА НЕБОТО, ЌЕ СЕ ВРАТИ И ЌЕ ГО СТОЛИСА ВЕКОТ.

СКАПАНОТО СО ОГАН, ДЕЦАТА НА БОЖИЦАТА МАЈКА ( ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА), ЌЕ ГО ИСЧИСТАТ БОЛНИОТ ВЕТAР.

ЗОШТО 1000 ГОДИНИ СЀ КАКО ДЕНОТ ОД ВЧЕРА. ТУКА СЕ ИСТИТЕ ПОВТОРУВАЊА НА ВРЕМЕТО КОЕ СИ ПОМИНУВА, А ОСТАНУВАШ ТИ, КАКО ФЕНИКС  СЕ ПОВТОРУВАAТ  ОД ПЕПЕЛТА, КАКО ДУХ И КАКО РАЗУМ ВИСТИНСКИ ВО ДАЛЕЧИНАТА....''

 

 

 

На ден 03 / Ma / 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден16 / Жустар / 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.