Filippoy Makedonon

Филип Македонски нашиот славен Васил Македонски

 

''- Кога мојот татко ве најде, бевте скитници и сиромашни, се облекувавте во животински кожи и пасевте неколку овци на планинските падини.

Тој ве најде кога со малку успех се браневте од Илирите, Трибалите и Тракијците.
Наместо со вашите животински кожи, тој ве облече во наметки. Од планините, ве донесе долу во низините. Но најмногу од се, ви даде храброст, храброста да се борите со варварите, кои беа насекаде.

Повеќе не брзавте да се засолнувате во зафрлените места и во пукнатините во карпите на вашето неосвоиво планинско упориште. Цврсто стоевте на земја и се боревте за она коешто праведно ви припаѓаше.

Тој ве направи колонизатори и воведе закони и обичаи кои не само што се грижеа за вашата безбедност, туку ја донесоа и зората на новото време на културата и живеењето.
Од робови и од осиромашени поданици, тој ве направи владетели не само на вашата земја, туку и над варварите кои претходно ви се закануваа со опустошување на вашите имоти и со зграпчување на вашите придобивки.


Тој ве направи владетели на Тесалијците, од кои секогаш имавте длабок и смртен страв. Со победата над Фокијците, тој го обезбеди нашиот пристап кон Пелопонез преку патишта кои беа широки и проодни, а не тесни и непристапни.

Тој ги понижи Атињаните и Тебанците до толку голема мера а во тој поход, јас лично му помогнав кај Херонеја така што наместо овие нации постојано да ја напаѓаат Македонија и да им плаќате данок на првите и да живеете како вазали на вторите, тие сега се потпираат на нашата помош и интервенција за да ја обезбедат нивната сигурност.

Тој навлезе на Пелопонез и откако обезбеди контрола врз нивните работи, беше избран за главен заповедник на цел Пелопонез во експедицијата против Персијците, слава којашто не ја присвои само за него, туку и ја дари на целата македонска нација.''....

 

 

 

 

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ ☼ MAKEDONIJAeSE.com ☼ Сите Права Задржани

Македонија е СЕ ☼ Партија на Народот на Слободата ☼ МС ПНС
Историја на Македонија
Македонија

Makedonija

Macedonia

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ